Да и јас мислам така но имам сестра на која менструациата и заврши на 43години така немојте да се плашите и ако на 45 48 до 50 години е исто
На секој различно прекинува менструацијата. На мајка ми и прекина на 48 години, и после 2 години на 50 повторно и се врати само на 2 месеци и од тогаш нема повеке. Менопауза е страшна работа, како ПМС да имаш цел живот, час се смее час е нерасположена.
можеби ти е нередовна ако си под стресен период.. од нервоза. Според мене нема потреба од апчиња.. пред 2-3 години не ми дојде цели 3 месеца и отидов на гинеколог и ми кажа дека е од стрес, нервоза, а и затоа што имав 2 операции едно по друго и ми даде хормонски апчиња и ги пиев 10 дена и откако го испив последното ми дојде ама поболна менструација не сум имала ми траеше 7 дена и од тие 4 имав температура
луѓе можеби прашанјето не е за тука но сепак да прашам. вака јас имам 14 години и уште немам добиено менструација можеби и на вас не ви е дојдено ајде кажете ми сакам да знам кога вас ви е дојдено и така иначе сум 8 одделение и на колку години се оди на гинеколог ?
Ќе дојдее бре што му се нервираш каде се видено девојка без менструација мене во 6то ми дојде,а мајка ми ми има кажувано дека после 8мо и дошло,па што еве ме има мене така да немај гајле ќе дојде кога и да е а зошто ќе ти е гинеколог?девојче си
не знаев кај да го пишам прашањево зашто не најдов таква тема ( а може и сум ја промашила) а нејкев да отварам нова па затоа тука решив да пишам..дали може некој што знае да ми објасни што претставуваат полицистични јајници дали е ок да ги имаш или не и некои такви работи.јас бев на гинеколог неделава и ми рекоа дека имам полицистични јајници и нешто почна да ми објаснува докторката бидејќи не знаев али ништо не ја разбрав мн брзо збореше па викам ај да си ве прашам вас жени
Jas imam policisticni i poradi niv nemam redovna menstruacija ako kaj tebe go nema toj problem znaci ne ti pravat nikakov
Тоа е многу честа појава кај женските,може да доведе до нередовна менструација или до зголемување на тежината како и појавата на акни,но добро е тоа што има лек против полицистични јајници.Колку порано се решиш да ги елиминираш многу подобро за тебе,добро е што си почнала веќе со терапија докторот ќе знае како да го реши проблемот,но преземи и ти нешто во врска со ова,јас имам слушнато дека Ајдучката трева е против тие женски болести па можеш да пробаш на гладно пиј од тој чај и редовно консултирај се со доктор за да полесно го елиминираш проблемов,најглавно не се нервирај,не паничи повеќе верувај во позитивни резултати
Здраво Пред една година менструацијата ми стана нередовна... односно се случуваше да ми закасни и до две недели...или да ми порани за една недела. Ми се направија акни по целото лице и забележав дека и косата ми е поретка (кои ги излечив). Периодот до летото доживеав голем стрес ама незнам дали тоа има врска со сета оваа ситуација. Од кога ја добив првата менструација па се до пред два месеци немав болна менструација воопшто. Минатиот пат имав огромни болки и неможев да станам, менструацијата ми беше обилна. Ме загрижува фатктот што менструацијата веке подолг период ми е нередовна а во последно време и болна и отоците на стомакот кои ги немав изминатите години. Се случи да ми биди 6 дена, потоа паузираше еден ден па повторно прокрварив. Кога немам менструација имам чести болки во крстот...тие болки се влошени во текот на менструацијата. Сакам да знам дали и вие имате слични проблеми и од кои причини може тоа да се случува...?
Значи еве и јас да пишам овде , имам едно прашање. Прв пат од кога се породив мензис ми почна на 3-ти февруари. Пред да останам бремена имав обилни меснтруации , проследени со болка и ми треаеја по 7 дена. Еве сега е 11 март и уште немам добиено. Изгледа пак ке биде по старата песна како претходно пред бременоста Но нешто др ме буни. Кога ми заврши по 2 недели имав пак мало крварење но како мешавина со слуз ( нешто како бело прање) и крв. Порано тоа не ми се десило. И тоа ми траеше 4-5 дена. Но мноогу малку крв имаше. И толку. Можно ли е во февруари 2 пати да имав мензис? Пред 2 дена ме болеше долниот дел на стомакот како за добивање ама ништо. Инаку имавме односи со мм , но секако со кондом. Ме интересира дали вакво нешто ви се има случено дали е некое пореметување?
Можно е да си имала два пати менструација во февруари. Сите жени после породувањето мора да поминат период во кој циклусот треба да им се стабилизира. Јас на пример, добив после еден месец од породувањето, и ми беше нередовна, со доцнење и различен интензитет на крварење, со многу или без ич болки, секој циклус ми варираше. Дури сега како да осеќам дека почнува да се средува. Само што сега мене ми трае 5 дена (а ми траеше 7), и помалку крварам. Се надевам дека вака и ќе остане, не сакам да ми се вратат обилните менструации од пред бременоста. Значи, треба време. И не е лошо да те види гинеколог, чисто да ти каже каква е ситуацијата со јајниците и матката
Последен пат имав нешто како добиено пред 4 месеци. Не ми проби, само ми се тегавеше некои 10ина дена. Сега добив и преобилно е, со згрушени парчиња, цело време го чувствувам течењето... Ми било скоро исто и друг пат и траело долго. Околу 6-7 влошки на ден менувам... Ви се случило некогаш и вам така?
Овде можеби има некој проблем со нередовно идење али мене втор пат и ми иде месецов. Имав на 1ви март и сега пак !! Незнам што е работава, да се обратам кај лекар ми е страв да не ми даде некои апчиња па да се здебелам
датум за ментруација далие можно поради сексуалните односи датумот на ментруација сам да се пролангира ?
датум за ментруација сум имала заштитен секс ,и предходниот месец наместо да ми дојде на 28миот ден ми дојде на 29 ,а сега денеска мие 29 ден и уште ми нема дојдено,а имав секс со кондом ((((((( не знам што ми се случува со организмот ве молам за помош???
датум за ментруација Не е мензисот швајцарски саат па да е до секунда точен. Не е ништо страшно да ти закасни некој ден, мене цел живот тоа ми се случува. Различни фактори влијаат на тоа, може да ти касни и ако си била под многу стрес. Чим е заштитен односот, немај гајле, плус паника се крева кога нема да ти дојде подолго време, ти за еден ден дигна узбуна. Смири се.
датум за ментруација Нормален опсег е од 21 до 35 дена, еден ден не прави ама баш никаква разлика. Тоа што ти "доцни" еден ден може да е последица на х фактори кои немаат врска со сексуалната активност. Опушти се, истрчај два три круга околу куќа, неколку склекови и ете го, ќе почне да тече