И јас имав нередовна менструација,и тоа некогаш и два месеци не добивав. На прегледи одев на секој 3 месеци, мајками се плашеше да не има некоја циста, но се беше нормално. Сум ги пиела и примолут-нор, а после тоа јасмин неколку месеци, но ми ги замени со Diane, и така се две години. Но после неколку дози на примолут-нор се појавија некои симптоми како нервоза, надуеност на стомакот... За тоа го известив и мојот гинеколог, со што реши да ја прекинеме терапијата па да види дали ке се регулира менструацијата. После тоа повторно имав нердовна менструација, но со тек на време почна сама да се регулира, сега добивам секој месец, но не на исти датум, не на 28 дена, но важно добивам еднаш месечно. Инаку сметам дека примолут-нор не се штетни штом лекар ти ги препишал, но ако почувствуваш некои несакани дејства најдобро да го известиш твојот лекар. поззз
Менструација На 7ми овој месец добив и имав до 13ти.Сега гледам пак сум добила а имав на почеток на месец што е проблемот.вака неколку пати ми се има случено во еден месец двапати да имам добиено.(иначе имам 15 години)
Ми касни 13 дена Сум немала односи. Во последно време имав доста засилена физичка активност бев настината пиев капсули и бев под стрес има врска тоа или...?
мене секогаш ми е нередовна а понекогаш ми се има случено да не добијам цел месец како на пример сега требаше првите денови од јуни ама пак не дојде
Понекогаш со вежбање може да се пролонгира циклусот, односно да добиеш подоцна. Исто тука и настинката, поточно антибиотикот може да влијае, а да не го заборавиме и стресот. Ќе ти дојде, не се секирај.
и јас имам нередовна менструација...пиев многу апчина неколку пати ја предизвикував со инјекција али не бидна ништо пак не доаѓа.ми касни дури и по пет месеци.последно имав добиено накај март.почетокот на март.и уште не ми дошло од тогаш..од прво ми доаѓаше редовно но имав премногу.а сега дури понекогаш и по една капка.и тоа е се.на лекар проверував хормонии некој хормон ми бил намален не се разбирам јас баш од тоа.ама тоа беше пред 5години кога проверував.се одлучив да пијам апчиња.на лекар ми препорачаа JAZZ така се викале.некои нови.па не знам шо да правам.ќе треба да ги пијам најмалку година дена.најпрво се отказав од лекари и апчина ама сепак сакам уште еднаш да се обидам.некое мислење?
Уште од кога добив некаде во 2009/2010 ми е нередовна. Порано малку поредовно добивав, ама последнава година и пол добивам на секои два и пол, три месеци. Еднаш дури пет месеци немав добиено. Понекогаш ме фаќа страв зошто не добивам, мајка ми многу пати се има сомневано дека сум направила белја и сака да ме носи на гинеколог, ама мене едноставно не ми се оди. Страв ми е. Понекогаш ми е супер кога немам добиено со месеци, ама кога ќе добијам ми е олеснување. Последен пат имам добиено некаде на 16 април, а од тогаш уште еднаш некаде во мај ми се случи да имам само неколку капки и тоа само еден ден. Не знам зошто вака ми прави. Некогаш ми е тешко кога немам подолго време добиено.
Значи јас имам нередовна менструација и моментално се нервирам, се плашам, само на тоа мислам.. Требаше вчера да ми дојде на 7ми, но еве денес е 8ми а од менструацијата ни трага ни глас. Ова ми е прва година како имам менструација, ми дојде лани во август. Порано ми идело 7, 8, 9 дена порано...Само во октомври ми доцнеше 14 дена но сеуште беше меѓу првите мои менструации...И сега премногу се грижам. Сестра ми пак, се зеза со мене, „Ти ќе бидеш изгледа првото девојче кое на 15 години останува трудно“ и колку повеќе ме зеза така јас уште толку се нервирам што почнувам сама да верувам во тоа. Што да правам, барем да имав сигурни причини да не кревам паника..
Мене веќе 2 години ми е нередовна, еве сега веќе 2 месеци немам добиено, а еднаш немав 6, па пиев некои апчиња и неколку месеци беше ок, па пак почна нередовно. Ми кажаа дека имам полицистични јајници. Ќе ми се регулира некогаш, или се вака ќе ми биде?
Не се грижи нормално е да ти е нередовна, бидејки во тој период организмот се уште се развива, значи подоцна, отприлика после 20 -та година, треба циклусот да се средува, да е редовен и точен на време
Ништо не мозе да ја смени генетиката не се нервирај и јас пиев хормонални апчиња Јасмин и тоа цели 2 години па кога престанав пак по стара песна пак ми каснеше.Еднаш не ми дојде цели 8 месеци и тоа ми се појави само 2 пати нешто кафено како пред менструација и тоа прекина усте првиот ден кога ми доагаше.А плус геникологот ми беше голема тапа демек прочуен и добар гениколок и ми викаше пиј ги апчињтата имаш потешка форма на полицистични јајници и ке биде тешко за тебе да останеш трудна.Е сега се случи да остана трудна и тоа несакајки и тоа сум 3 недели за џабе сум се нервирала.А има и други вакви случаеви,само пази да не ти влиае многу на психата оти ке паднеш во депресија позз
Jас имам редовна менструација, но ослабнев некаде 5 кг со вежбање и со намалување на штетна храна иначе не држев никаква диета, за неколку месеци..и знам дека со ослабнување може да ти се поремети циклусот а иначе секогаш ми беше редовна, но сега од јуни наваму ми нема дојдено. Bи се случило ли ова на некоја од вас. Дали ке се нормализира и кога, бидејки почнувам да се нервирам ај помош...
Мене ми е отсекогаш нередовна, добивам секој месец ама со каснење по 10тина дена. Лани летото накачив 4-5 кила и од август месец до јануари ми беше редовна, некогаш точно на ден кога треба да добијам или 1-2 дена покасно. Во јануари ги симнав тие што ги качив, имав испити не јадев баш многу и намалив со брза храна и повторно од тогаш имам нередовно, т.е. со поголемо каснење.. Еве сега пак ми касни баш кога не треба и мноооогу се нервирам, кај мене не се нормализира си тера веќе 5-6 месеци вака, така да искрено не знам дали ќе ти биде скроз редовна ако останеш со иста килажа и со вежбање..
Вежбањето, слабењето нема никаква врска циклусот, нити пак може да го поремети.Проблемот може да е до некаква промена на јајниците, пример, може нели да доцни од бременост, но незначи, не мора само поради бременост да доцни.Најубаво и најсигурно консултирај се со доктор
Јас имам многу нередовна менструација.Добивам 2 пати во месец,па после ниеднаш,па ми трае по 14,15 дена.Стварно незнам што е.Добив уште пред 1 и пол година.Може да ми каже некоја ако има слично искуство ??
Гордана тотално си грешка. Кога слабееме нормално губиме и потребни хранливи материи. Оние кои се битни во врска со менструацијата се протеините, затоа што и самите хормони се протеини и мастите кои го регулираат ослободувањето на естроген. Нема масти - нема естроген, нема естроген - нема овулација, нема менструација. Или ќе се појави некое кратко крварење така наречено анеструсно, или ановулаторна менструација. Логично, девојките претежно вежбаат да го зацврстат газето и бутовите и да го намалат мешето. Со тоа се губи масното ткиво околу, а се губи и способноста на телото физички да се заштити плодот ако дојде до бременост. Затоа телото се обидува на секој можен начин да спречи бременост, а прво и основно е да изостане циклус. Нормално, губитокот на 2-3 килограми не треба да предизвика драстични промени општо, ама нечив организам е поосетлив на промени. Ако телото ги прима сите потребни хранливи материи би требало за некој месец да се врати се во нормала и ќе се навикна на новиот режим на исхрана и новата килажа. Само еве кај мене лично тоа не се случува веќе 7 месеци скоро. И кај мене лично нема друго објаснување за тоа што со 52 килограми ми е нередовна со години, со 57 килограми добивам точно на време. И повторно се враќам на 52, а со тоа ми се враќа и нередовна менструација. Така да има и тоа многу врска. Се во организмот зависи од внесените хранливи материи и од тоа колку се преработиле во потребните форми, а колку се истрошиле со вежбање пред да се искористат.
Сметам дека нема врска со вежбањето, бидејки еве јас константо вежбам, некогаш и претерувам со вежбање, а дури и кога работев, бев под ослабната, па пак ми е редовна како и секогаш, без разлика на тежината.Не велам дека секој организам е ист, но вежбањето не е причина поради нередовна менструација.Се зависи од самиот организам и колку истиот е имун.Мислам општопознато е зошто менструацијата би била нередовна, а кога мислам општопознато, мислам на тоа што докторите го велат.Тоа што го споменав погоре.
Не знам кој е тој доктор кој би побил теорија дека слабеењето нема врска со нередовна менструација, ако посетуваш таков - смени го Не е ова што го напишав моја фантазија, него логичко објаснување кое можеш многу лесно да го најдеш ако прогуглаш и ако го поврзеш со основно познавање од биологија или биохемија Поздрав