Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нерешлив проблем

Дискусија во 'Брак' започната од polzela, 13 октомври 2011.

  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Сестра ти се залетува по тој дечко, во тие години е кога сите „летаат“ и мислат дека се можат и смеат и дека никој ништо не им може, одат потив се и сите, но тоа не е оправдување. Можеби е заљубена, но разликата меѓу нив е голема - таа е уште дете, а тој маж што се вели. Таа сега не е свесна дека може да биде искористена и повредена на крајот, не размислува, туку само лета и мисли дека вие и зборувате за инает или дека сте љубоморни итн.
    Unhappy, разговарај со неа и предупреди ја, но обавезно кажи им и на родителите се како што е. Најдобро е да знаат и тие, па да преземат нешто со време (се надевам дека не е доцна), сепак родители се и поавторитетни се од браќата и сестрите.
     
  2. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Да би кажала на моите ама не се родители какви што треба,затоа мислам ако немаат ефект разговорите и со него,дечко ми ке превземе а ако нема и тоа ефект ке им кажам на моите па што бидне нека бидне,знам дека таа ке ми напрај и мене проблеми во врската,знам дека ке морам да ја прекинам врскава и пак моите ке дознаат за него но подобро тоа отколку некој да ја искористи и да ја фрли.
     
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Чим си во таква ситуација првин ти постапи со разговор и машко до тебе ! А за врската нема зашо да си ја уништуваш со дечкото ;)
    Ипак помагаш на сестра ти !
     
  4. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Не дозволуваат моите да бидам со него,различна вера сме..иако долго сме заедно..а ја знам сестра ми ке нјправи некоја ујдурма и пак јас крива накрај нејзиното нема да го гледааат повеќе ке се кон мене наострени подобро јас да пробам да решам отколку да им кажам на моиве
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Анхепи, да не се повторувам и јас се согласувам со скоро се што девојките го кажаа погоре. ;) Ама откако сега пиша ти, гледам дека не си се наоѓала и ти во добра ситуација заради работата со дечко ти. Епа вака, најпрво ти малолетна си, колку години имаш? Ако си полнолетна неможат твоите родители да ти забрануваат да се гледаш со некого, можат само да ти дадат совет и да ти посочат убаво. Што е тоа битно која вера е, еве претпоставувам дека е босанец, колку добар испаднал што зборувал со сестра ти.. тоа ретко кој би го направил. Инаку, ако си малолетна а веќе твоите знаат за него ако те откријат ќе им кажеш дека навистина се сакате и се почитувате и неможат тие да ти забранат да се гледаш со него, ама онака со фин тон, без карање. :)
    И знам дека сестра ти многу ти значи и сакаш на секаков начин да ја заштитиш, ама сепак не вреди да си ја жртвуваш и сопствената врска заради неа. Зборувај уште неколку пати со неа, и види со дечко ти дали ќе можат да средат со тој да се тргне од неа. И јас сум тука некаде со годините со сестра ти па знам како и е, во пубертет сме па се залетуваме многу брзо. И јас имам познајници на таа возраст, 21, 22 години ама тоа ми се само познајници, еден дечко беше обезбедување кај мене во основно и од таму се знаеме па контактираме повремено, дури сме збореле и за некои така позрели теми, ама се на зезанција, ништо сериозно. Да бидам искрена, на почеток на осмо како јас бев заљубена во него, ау бау :D па си трескав глава од ѕид за него, он дозна.. моите другарки збореа дека сум плачела за него ама секако се знаеше дека ништо од тоа неможе да бидне и фино лепо ми помина тоа и си се откажав. И најбитно кажи и што се може да и се случи ако остане сама со него, или ако не мисли во моментот да направи нешто што не сака а подоцна да се кае. Посочи и што сакаат момците на тие години и дека нема тој да се задоволи само со мазење и бакнување,ќе сака и нешто друго што таа сега не е подготвена да му го даде. Се надевам дека ќе и дојде така памет и на сестра ти, ако не мораш да превземеш и ти некои мерки.
     
  6. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ах,според муабетов дечково нема мозок чим бара вакво нешто (според разговоров се познава) од девојче на 14 години...може и разликава немаше толку да смета ако беше некој фин дечко,што знае дека си пишува со помала девојка,полека да оди работава,да се запознаваат,па врска, вамте-тамте па после он да и зборува за ова... и неможе он толку нападно да го тера муабетов,посебно не со дејвоче од 14 години...овој мене ми изгледа како без мозок и како да сака само да направи нешто со сестра ти (знаеме што ),а не нешто повеќе....од толку женски на негова возраст,он нашол на сестра ти да и нуди да одат некаде сами :fubar:
     
  7. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Нема фајде од зборување ја избегнува оваа тема,јас ке почнам а таа ке оди или во соба или нема ни да ми одговара..сега кога ке има состанок и јас и дечко ми ке сме таму па ке зборуваме со дечково да видам што како..blueeparadise за скоро ке полнам 18
    CIA да и јас тоа и го реков неможе да најде на негова воздраст,па сега ке иде по 14 годишни,она пак ништо не ми одоговори,исто како сама со ѕидот да си зборувам,од толку зборување додека беше помала,сега испадна сосем спротивното,мене немало кој да ми збори,ни мајка ни никој за неа барем јас сум тука и пак глупост да напраи незнам стварно незнам
     
  8. sanja-bt

    sanja-bt Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    еве каков е мојот проблем-живеам во странство веке скоро 4 години и уште неколку месеци ке идиме на шетање во мк а откако ке се вратиме пак тука ке добиеме државјанство е сега странство како странство се зема пари ама многу се скапи трошоците и работиме колку за кирија и јадење и пак немаме ништо а јас многу сакам да се вратам во мк да живеам барем имам станбено прашање а за јадење никој не умрел до сега.е сега проблемот е што родителите на мојот сопруг се против то да се вратиме назат и на секој можен начин го убедват мојот сопруг да останеме овде јас не знам какви родители се тие да несакаат детето да е покрај нив и да работи некаде само за кирија да плака во 30 квадрати стан а јас не можам овде да живеам едноставно не можам да го поднесам животот овде и сакам мк а мажотми е притиснат од неговите и не сака да се врати кажетеми како да го натерам мажотми да се вратиме назат после добивањето на државјанство,а неговите родители несакат зато шо ке му остават се на другио син за да не може овај ништо да бара да не делат на двајца па нека биди овај како избркан од дома само со 1 куфер а на другио све да му дат е немозам појке веке нерви искинав тука
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ако не можиш да седиш странство-не можиш! Нема со сила да го поминуваш животот на место каде не сакаш!
    Крај краева, твоето барање не е страшно, само сакаш да си се вратиш во родната земја.
    Навистина и овде е кризна ситуација, ама не секој може да издржи да живее во странство.
    Убаво објасни му на маж ти дека не можеш да живееш таму, дека не си среќна таму, дека и на здравјето може да ти влијае и на се`! Ако не слуша (поради родителите), кажи му дека ќе си ги спакуваш куферите и си заминуваш. Дај му до знаење дека побитна си ти и вашата среќа.
    Дојдите ваму, ако имате усови за живот.
    Ако не ви се допаѓа, ете ќе имате државјанство, кога сакате пак може да се вратите назад.
    Тоа е убава прилика. Ништо не губите, си имате документи за секој случај.
    С
    амо ако планирате да живеете со неговите, а по кажувањево го форсираат другиот син, може да си имате семејни проблеми...
    Поздрав ;)
     
  10. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Sanja ako se sakate medjusebniot dogovor e mnogu vazen.....I tuka nema druzba kako sto bese nekogas...Dojdete,videte ....ako ne vi odgovara pak vratete se tamu....dvajcata zaednicki treba da si najdete resenie,poentata ne e sama da se vracas....Pozzzzz :hai:
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Sanja-bt четири години во странство и не се баш долго време за да се некој навикне на таа средина. За некои луѓе побрзо за некои е потешко. Ама мене си ми многу носталгична и сакам да те охрабрам дека еден ден ќе се навикнеш, и еве сега кога ќе си одите на шетање во Македонија, ќе видиш дека не е исто како што си замислуваш дека сеуште е како што сте оставиле. Стамбеното прашање велиш би ви било решено. По тоа што напиша за неговите и брат му на маж ти, душо не ви е баш решено. А работното прашање? Можеби во странство немате ништо повеќе од кирија и јадење, ама во Македонија би имале ли и толку? Плус и сама знаеш не сте добродојдени назад кај маж ти, па уште ако треба тие да ве ранат, тогаш дури ќе ти се услади тој живот.

    Ти зборувам вака оти знам луѓе(маж и жена) кои се вратија во Македонија оти им беше тешко тука во странство, оти тука кафето не е исто слатко, си потрошија заштедата ама сега сакаат да се вратат назад во странство. Златни работни места си оставија овде, а каде сега ќе се враќаат во ова криза? Затоа прошетајте се во Македонија, ама ќе речам вратете се каде имате шанса да искарате некој денар па макар малку да ви е ама да има за живеачка.

    Мажот ти подолго од тебе е таму? А ти душо работиш ли таму? Дали имаш шанси да си запознаеш нови другарки, да си имаш луѓе за муабет, полесно ќе се прилагодиш, а работно место е добар почеток за нови познатства. Доаѓај си почесто за Македонија ако не можеш без некои луѓе толку долго. Јас те советувам да стиснеш заби, и се надевам ќе си дадеш уште една шанса таму, малку повеќе време, ама ако не можеш не можеш, и таа е веќе, против себе не можеш. Можеби маж ти веќе е навикнат, или едноставно полесно се навикнува на нова средина па за 4 години нему му е полесно и можеби затоа не види дека тебе ти е уште тешко. Не верувам јас дека тој не сака да се врати во МК оти неговите го притискаат да не се враќа, туку едноставно му е добро, му одговара средината, работата...така да драми правење со пакување куфери нема да постигнеш ништо добро. Ама верувам ќе размисли и тој повеќе ако го седнеш и му кажеш како се чуствуваш, Ти како се чуствуваш живеејќи таму, без да расправате за имање делење или свекрва и свекор кудење. Ќе те ислуша тој тебе ама ќе го ислушаш и ти него, и заедно ќе се договорите.
     
    На Doozy и girl.23 им се допаѓа ова.
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Твојата ситуација е многу лесна, чим го добиете државјанството можете да живеете каде сакате :) .

    Во МК е прекрасен животот ако имаш пари, лежерно е сѐ а и друштво се наоѓа. Чим рмбате ко коњи во странство не се исплати трудот и нервозите, земете државјанство и доаѓајте дома :).

    Сепак ќе мора однапред да си размислите за семејниот буџет зашто тука работни места за 800 евра се бројат на прсти а и тешко се добиваат така да ако сакате удобен живот без нервози мислете и на приватен бизнис :).

    Некој да ти вика не се враќај ако имаш државјанство е смешно и неиздржано зашто секогаш можете пак да идете во странство ако тука не ви е убаво ама со пари тука е прекрасно ако не си пасивна или мрчкава личност па се да ти смета. Мене порано ништо не ми се свиѓаше кај нас и се ме нервираше ама си прошетав и јас надвор и сеа ми е кај нас супер, сѐ ми се свиѓа и ретко што ме нервира, едино не палете вести и ќе бидете ок :).

    И пак ќе повторам парите се клуч за убав живот кај нас зашто без пари жив човек не те рецка (како и секаде :)).
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Оф мори муко, да имаа они капитал да отвараат бизнис во Македонија ќе се нервираше ли Сања дека само за ќирија и јадење имаат таму, и како родителите од маж и се спремаат да не им остават дел? А што ќе им државјанство од друга земја ако седат во заедница со родителите во Македонија? Ќе ги вработи некој во Македонија оти имаат туѓо државјанство? Еве и јас сум државјанин на друга земја ама да се вратам во Македонија, таму нема од што да живеам, а ваму ќе ја изгубам куќата ако не работам тука за да го отплатам кредитот, и кај ќе се враќам после? Не е само пасошот гаранција за иди ми дојди ми како јас сакам, ах не биде ова враќањето во Македонија па ајде пак во странство. Е не е така стани-крени и се по старо ќе си е како што беше, пу пу не се важи, туку напротив, уште потешко ќе е.

    Кога треба на ново да бараш стан,со сите додавки на депозит, барај гарантори, неколку месечна кирија унапред и осигурање уште пред да отвориш влезната врата, па немало стан во која околина сакаш, па наместен ли е или треба на ново фурнитура да бараш, макар на старо нека е. Јово на ново барај работа(со дупка во CVто па се објаснувај на интервју), а сите знаете во каква каша е економијата секаде и колку е само тешко денеска да се најде работа.

    Да Икс, во право си дека парите се клуч за убав живот во Македонија, поготово заработени надвор а трошени таму оти е поевтинко сеуште, ама иди заработи ги во Македонија. Ако имале они пари во Македонија немало е да бараат подобар живот некаде. Епа и таму не е трендафили и славејчиња, ама има. Едно е нашата емоционална страна а друго е онаа практичната, реалната, па затоа за ваков потег јас ја повикувам повеќе да размисли, да разговара со маж и, оти они двајцата најубаво си ја знаат ситуацијата.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сања, прво тоа ви е работа на договор помеѓу тебе и твојот сопруг. Вие двајца треба да се договорите кое е најдоброто решение. Не гледај да си блиску до твоите, гледај и на човекот со кој моментално си во брак. Ти веќе имаш оформено свое семејство и треба да се насочуваш кон негово одржување.
    Неговите родители до некаде ги разбирам....и што ако имате решено станбено прашање- кога тука нема работа. Сакате да зависите од некој друг и тоа да ви биде плескано по нос?
    Биди поголем оптимист, потруди се повеќе, побарај подобро работно место....а ако веќе сте цврсто решени да се вратите во Македонија, направете го тоа.....но ако сте зависни од други (во случајов вашите родители) бидете подготвени да ви се мешаат во животот.
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Многу често оние што се во странство се со едната нога таму а со другата ваму...Имам многу роднини во странство и преку цела год. ги слушам нивните лелекања по Македонија, па планови да почнат некој мал бизнис овде колку за плата или две, па како сум била среќна што во секој момент можам да се видам со сите роднини и да пијам кафе а тие немале никој... а ја душа давам да сум на нивно место, ни роднини ме интересираат ни ништо :D
    И идат во лето обично на месец дена, и после првата еуфорија која им трае недела дена-знаете плачки, солзи, сите ве сакам, тука ќе си останам, за брзо време ја согледуваат реалната слика и едвај чекаат да го фатат авионот за назад...И после пак по старо ги слушаш на скајп, сакам дома...што значи ни таму ни тука не ги држи место...
    А Сања ти зар сакаш да се расправаш со свекрва и јатрва за делби, поделби? Ако имате можност да се вработите некаде за добра плата разбирам, но да сакаш да се вратиш само заради носталгија без други работи средени, не верувам дека многу ќе останеш тука...
     
    На imelda, girl.23, wolf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Јас никогаш не пишувам на непроверено :) . Да си читнала уште некој пост од неа ќе видеше дека се интересира за отварање пицерија што значи мојот пост и те како има смисол :).

    И кај нас се прават пари и тоа големи ама треба да те бива, да не си мрзлив, да имаш минимум капитал за старт (да речеме 3 000 евра, што е можно да се заработат) и да си спремен првите две години стварно да запнеш, кој вика не е можно не знае што збори. Македонија во моментов а РАЈ за приватен бизнис зашто конкуренцијата а и квалитетот се ниски во споредба со ЕУ. Кој е умен ќе заработи за пет поколенија а да не го спомнувам и рамниот данок :).

    Во краен случај нека слушнат повеќе мислења па нека си решат самите. Ние можеме само да им дадеме совет, крајното е сепак на нив :).
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Сања, седи каде што си, зашто тука поубаво нема да те дочека, особено без поддршка од блиските.
    Сега може не заработувате доволно, ама ете, ќе добиете државјанство, ќе имате може повеќе отворени врати, ќе биде подобро.
    Сите што ги знам и се вратиле, се каат, издржуваат еден месец и толку. Не си таму сама, го имаш маж ти, млада си.
    Ете, си прашувала за пицерија, не знам колку време не си дошла тука ич, ама од поштено работење со пицерија, нема ништо повеќе да заработиш од тоа што сега заработуваш.
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    По муабетов осеќам дека сте Америка. Не вреди да си дојдиш во Македонија затоа што ти се пие кафе со твоите.. Имаш таму се, и со заштеда, се прават пари... многу и тоа. Доволно за да имаш нормален живот за 4 члено семејство. Знам од искуство... Ако си дојдиш тука, со среќа наоѓање работа затоа што НЕМА!! Искрено седи таму, подобро ти е..
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Жива вистина, како за мене да раскажуваш. И јас така кукам за да се вратам и после 10 дена неможам повеќе, гледам колешките мои со просеци како волонтираат 4 години, роднините сите работат и саботи неплатено, дома фрижидер се полни затоа што јас сум тука. Убаво ми е со мама кафе да пијам ама не би се вратила за стално.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sanja-bt

    sanja-bt Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    i jas mislam deka e taka najubo da probame pa ako ne odi ne odi pak mozime da se vratimo so drzavjanstvo