некој стварно мислат дека многу пари се прат во странство ама не е така.јас не работам имам 2г керка,работи само мазотми и тоцно е така рмбас како коњ за киријата и ја јадењето,а јас нема ни да мозам да работам зато со нема кој да ја чува керками а платата кнап колку за трошоците и одвај собравме пари за да можиме да напрајме крштевка во мк.а плус тука треба најмалце 10 год да берис пари за учество за кука а после то 30 години да му бидиш роб на младоста и да ја исплакаш шо значи јас ке имам 60г ко ке ја исплатам,а мазотми работи секој ден од сабајле заминва и се врака навечер за спиење и зато велам подобро е таму,а и јас сум единка мојте немат никој освен мене а имам кука, овде никогаш нема да можам да си дозволам да имам кука,да му направм детска соба на децата како со имат сите деца,моето цупе нема детсто и другарцина како другите деца моето цупе е по цел ден дома со мене овде не е исто како мк нема друзенје а посебно за децата е многу затворено.јас сакам да имам нормален зивот да имам кука и работа а не лакомам за големо богатство ниту пак сакам младоста да ја поминам во 30 квадрати стан под кирија сакам нормален зивот и со фамилијата,а родителите на мажотми ако му дат подршка само со 2 збора(дојтете пробајте како ке ви биди)мажотми одма ке прифати а тој е притиснат од нив само од со му се жалат а земаат месецно примање 35 000 и имат и кука и стан и пак се жалат само за тој да има негативно мислење за мк и по пријатели казуват како синму многу убо живеел во странство и сетал и ред други работи а уствари синму стеди на јадењеи на се друго за да можи да си оди мк да направи крстевка.стварно не е фер
Сања, прво не ми е јасно зошто ќерка ти не оди во градинка?, а има 2 год . Ако ја пуштиш нејзе во градинка, ќе можеш да си побараш работа и да не седиш дома по цел ден, па така и твојот социјален шивот ќе се смени малку. Од една страна викаш дека сте кнап со пари, а од др страна се спремаш да дојдеш во Мк и да правиш крштевка (што мислам дека нема потреба, овде да ја правиш) и да ја потрошиш целата заштеда И јас живеам во странство, и точно знам како е, но јас одам на работа, имам пријатели, ќерка ми одеше во градинка. На почеток на сите им е тешко. Е сега сум во Мк, дојдов бидејќи сакав тука да се породам, и сум на породилно. Сега гледам како е во Мк. Трагично и жалосно. немој да мислиш дека овде рози ќе ти цветаат.
Не дека се прават во странство многу пари, ама барем има од каде да се прават, ако се сака. Не зборам на памет, и јас сум надвор. Ама со еден вработен и чување мало дете многу јасно дека нема да искараш нешто повеќе. Еве како што ти кажа Неса, детето во градинка ти на работа, ќе отпркнете малку со финансии, детето ќе има друштво, ти ќе имаш друштво и ќе видиш дека можело и подобро да е. Брат ми и сестра ми се во странство и они, имаат деца, ама пак сите работат и нивните деца баба и дедо не ги чуваат. Јас кога ќе помислам, тука не познавам лично ниту една домаќинка. Жените што раѓаат се враќаат на работа за една година. Затворена дома во четири зида и јас ќе сакам да бегам, не за Македонија, било дека ќе ми се бега само не во тие 4 зида. Јас работам веќе 12та година, и маж ми работи, и двајцата сме излезени сабајле а се враќаме вечер, ама поарно ќе работам цел ден и јас барабар како и сите други, што всушност е 8 часа работно време плус пат, ама платата ми е добра тука и законот ме штити како што треба а не само на лист, па никој нема да ми сопре и не ми исплати 3 + месеца и така веќе мала плата. ОК, јас куќата ќе ја исплатам пред да бидам 60 оти маж ми заработува повеќе, не да сме лакоми и богати ама имаме доволно за нас. И мнозина од младите што засукале ракави овде ќе ги исплатат своите кредити баш околу 60 а некои може и покасно. Ама работиш и отплаќаш, ко ќирија да отплаќаш, ама еден ден е твое. Младоста е таа кога треба да работиш и ствараш нешто, еден ден ќе имаш да оставиш нешто посолидно на твојата ќерка, или други дечиња ако имате во иднина. Само волја треба, а ми се чини малку си ја изгубила. Во Македонија што имаш шанси да создадеш? Е сега, ако ти е доста куќата од твоите и си сигурна дека ќе им овозможиш пристоен живот на децата тогаш во ред, се сложувам. Ако не мораш да работиш 30 години за куќа, тоа најсупер! Ама само од куќа не се јаде. Јас се откажав од куќата во Македонија, не барам ниту дел ниту ништо, еве му ја на брат ми нека ја продава ако сака кога си отидат нашите преку ридот, оти те некој ќе се залета да ја купи таму на господ зад грбот, или ако навистина ја продаде толку ќе искара од неа. Колку Македонци знам што помислиле на мал бизнис отварање назад во Македонија, ама го отвориле само во нивната глава. Замислата во ред, ама мене лично еве местото не ми чини. Пример. Имам капитал, да инвестриам речеме 10- 15 илјади евра, за муабетот пицерија оти се интересираш, а дека ќе отвориш нешто саглам со 3 илјади како што Икс вели, тоа утре сабајле! Можам да го замислам тој објект и кој би дошол во него. Значи изнајмам чист објект, во градот блиску од кај доаѓам, повеќе народ-повеќе бизнис отколку на село, ама и повеќе компетиција. Го реновирам, опремам, и ајде јас нека сум таа што готви за да не плаќам шеф, ама најмалку една келнерка ќе треба да плаќам, и некое дете чат пат да ја покрива оти треба и викенд и одмор да и дадам на главната. Нека е отворен 24/7 и ден слободен да немам јас, не да лежам, значи со сета сила. Ама каде со тој народ невработен бе? Имавме пицерија во село пред десетина години, преку ден народ идеше на кафе и вода од чешмата, вечерно време беше кафич, ама пак повеќето младите одеа во оној другиот „кафичот„ кафич, опремен, исфарбан, музика, се како кафич. За викенд ќе се собереа 10 деца на една маса да прослават роденден, ќе порачаа 3 пици меѓу сите нив и по едно сокче. Ја затворија пицеријата за две години. Од каде јас ќе направам доволно промет за да имам профит кој ќе треба да го вложувам во идни нарачки, келнерката да ја платам, ќиријата на објектот, струјата, водата, данокот, сметководителот, и бог те пита што уште давачки, мене плата треба да си дадам, или во нај екстремен случај уште ми фали да го платам батката кој ми продава обезбедување(фамозното обезбедување дека не ми треба обезбедување од рекетарите во кочани). За враќање на тој инвестмент капитал не правам ни муабет! За Скопје не знам какви проспекти и услови има, ама јас не сум од таму а како што мислам не си ни ти. Извини многу што сум ваква досадна и безобразна, ама навистина ми е страв дека ќе направиш голема грешка ако се вратите на база на тоа како се чувствуваш засега, според мене поради тоа што привремено си малку осамена и превише носталгична, пред да му дадеш шанса на тој живот, за кој сте заминале, да всушност почне да се создава. Сепак јас размислувам како мене и така советувам, на крај одлуката е ваша.
Сум живеела странство... И сестра ми е моментално странство... Кога отидоја, и беше досадно како тебе пошто не работеше... Ама најде работи, внука ми оди во градинка и сега и е интересно... Гледај реши си го ова прашање, и ќе имаш посреќа иднина. А за враќање назад,немој да помислуваш.
Ооо, па кој не сака нормален живот ?! Мислиш ние сите тука луксузи сакаме ?? Се лажеш ако мислиш дека тие што отишле во странство барале луксуз. Не е луксуз да се шеташ низ земји, да имаш сопствена кола и куќа, да вечераш во ресторани, да одиш по одмори и слично... Тоа е луксуз во Македонија, во странство тоа се вика нормален живот. Затоа и си отишле луѓето, како што некогаш и јас ќе си отидам од овде. Надежно. Затоа што нема дел од оваа држава што не ме разочарал, а знај дека имам само 18 години. Жалосно е на 18 години да не гледаш иднина, ама и така иде во државичкава. Па ќе се мислат некој ден кај им отишле талентите... Е, па, им отишле, да. Јас мислам дека ти си отишла да живееш во странство со македонски менталитет. Нема таму драга моја, кафе со комшиката секој ден од јутра до сутра и цигарот... Има работа, ама таа работа ќе ти се жисплати. Македонче, сирото, кај е учено да работи, па сега тешко му е. Нема лежи лебу да те јадам, затоа си се зафркнала сега и сакаш назад. За бизнис овде, не ни помислувај. И моите родители, и многу мои роднини почнале и завршиле со ОЛКАВИ загуби, па наместо да отплаќаме кирија, или стан, или било што, ние отплаќаме кредити оти работеле години и години со загуба. Шипки што ќе успееме некој ден куќа да направиме, или шипки што ќе ни се вратат парите што ги даваат за мене и за факултет. Мисли си ти дека во Македонија ружи цветаат... Опрај се таму, ќерката во градинка, учи јазик и уживај си во живеачката. Имаш мал милион курсеви, запиши се, посетувај јоги, тае боа, што ти знам, прави ќупови, запознај се со луѓе... Ќе видиш дека ќе ти биде убаво. Оти извини ми на грубоста, ама треба да си глупав да не знаеш да ја искористиш таа прилика - да си во странство и пред добивање државјанство. Ако не го сакаш, дај ми го мене, ќе знам да го искористам.
А кај тоа сум спомнал пицерија за 3000 евра, многу ми е смешно кога ќе кажам нешто ептен јасно и некој ќе ми изврти зборови, реков приватен бизнис за 3000 а каков не спомнав. Лично знам неколку бизниса што можат да се почнат за 3000 евра. Како и зборите на девојката небаре во камено време живееме и се сиромашни шетаат по улиците, па не е можно јас да сум единствен на кого му е убаво и кој не се жали. Може супер да се заработи тука со добра идеја и основен капитал како што кажав претходно. Ако имаш и поголем капитал ти се отварат и повеќе можности. Рмбање до 60 години за после да имаш своја куќа и детето да го даваш одма во градинка е ГЛУПОСТ и не знам како така и зборите дека е тоа ок, не е воопшто ок, детето треба да е со мајката што подолго додека е мало и ако сака да биде со него треба да ја охрабрите а не да и викате најди работа а него дај го во градинка. Ако сака тука нека проба, мене овој наш лежерен менталитет сега ми се свиѓа и не ми паѓа на памет животот да го поминам во работа од утро до мрак, не фала. Кој сака да проба приватно кај нас сега му е моментот додека не е заситен пазарот и има равен данок а дека не можело да се биде успешен не е точно. Едно купче луѓе знам што им оди супер во најразлични професии ама нормално се бара снаодливост, умешност и добра идеја. Чим таму не си гледа перспектива јасно е дека треба да мисли и на други алтернативи а враќањето и отварање на приватен бизнис е секако една од нив.
Со овој дел воопшто не се согласувам, детето ако се даде во градинка не значи дека нема да биде со мајката, ќе си биде, само после работното време. Има позитивна страна на сето тоа, ќе се научи уште од мало да не биде себично, да може да дели, ќе си има другарчиња, ќе се социјализира, а нема да гледа турски серии во скут на мајката. Спојлер турски среии само спомнав така, без навреда. Јас сум секако да се даваат деца во градинка, без разлика дали мајката има можност да го чува или не. Мајка ми немала можност да ме чува, зошто морала да оди на работа, значи во јасли сум дадена, подоцна и во градинка. (каде што до ден денес имам другарки од таму) а мене љубов никогаш не ми фалело.
^^Што уствари подразбираш под рмбање? Што е подобро да рмбаш до 60 години за да отплатиш куќа или да се тесниш во 80 квадрата 3 генерации? Мене лично страшно ме иритира зборот рмбање, јас одам на работа 8 часа, имам пауза од 1 час за ручек и две паузи за цигара од 15 минути, ми се погодува 1-2 дежурства во месецот и тогаш сатницата ми е дупла, платата ми легнува на сметка секој четврток во 00.00.На работа одам релаксирана и се враќам релаксирана никој не ме замара, не ми прави сопки и ако сето ово е рмбање, добро така нека биде.
Ок де, вие вашите деца ќе ги давате во градинка јас моите нема да ги дадам, секој со своите убедувања. Мене ми е непоимливо да работам за друг до 60 година и секој ден да се враќам во 5 дома а вас ви е тоа супер. Впрочем секој ќе си го среди животот како нему највеќе му одговара и во склад со своите можности така да некој ќе си отвори приватен бизнис а некој ќе си работи до 60-та за пензија, секому своето и колку е способен да постигне. Девојката рече дека немаат пари така да јасно е дека мора да бара алтернативи, да спомнеше дека имаат семеен буџет од 5000 евра секако немаше да и речам да се враќа и да пробува нешто друго иако сметам ако те бива за бизнис и си инвентивен а да не пробаш да работиш приватно правиш грешка. Социјализација и е те како можна и без градинка, небаре деца што не оделе во градинка се несоцијализирани. @ Drugarka, егоизмот во лоша форма не се „лечи“ со градинка ама да не навлегувме ептен оф топик. Егоизмот зависи пред сѐ од генетика и воспитување и ако родителите остават градинката да им го воспитува детето ќе биде тешко нив.
Ај да го внесеме во речник рмба наместо зборот работа, оти очигледно овој вториот си го има изгубено вистинското значење. Рмбам и јас еве, грб ми се искриви на стол седење на работа, ама што да правам, да легнам дома да го исправам и да се жалам дека нема со што да ставам гориво во колата? Абе знам јас дека џабе к`цам заби тука, убаво викаат, на човек можеш да му земеш ама да му дадеш кога не сака, не можеш. При таква дадена шанса, не ми се верува, ама ако некому не му се работи, и поарно да се врати во МК(не Скопје, цела МК, вклучувајќи со изинење да не се налути некој ама и јас сум од тие места, позачуканите градови и села, каде од 5000 жители некоја знае на другата од оној крај кој број гаќи носи, оти ете тоа им е `работа`), така бар нема да се нервира оти ќе му одговара социјалната средина на карактерот.
Не биди picky, се знае што е рмбање . Жаргон кога работиш а не си адекватно платен и плус работата не ти прави ќеиф и психички или физички те исцрпува . Процедурална забелешка
Јас нема да ја советувам девојката што да прави, само ќе ја споделам мојата приказнам со надеж дека ќе и помогне во донесувањето на одлука.(не ми е целта да навредувам некого или да осудувам туги одлуки, само да ја споделам мојата приказна која можеби, ке помогне, може не ) Може приказната е офф, и долга, затоа слободно прескокајте ако немате време и расположение Спојлер Пред 5.5 години, после прекинување на една долга врска заминав на одмор со една другарка. Секако во јака депресија и со голема доза на разочарување, ете тргнав јас. Другарка ми уживаше во секој момент, а јас се криев под сенките на плажа и во ќошињата од дискотеките. Четвртата вечер она здогледа двајца типци и после кратко двоумење кој нејзе и одговара се пушти у поход . Танцуваа , се забавуваа цела вечер, а јас на другарот од типот ниту здраво не му реков(и они беа сами дојдени на одмор). Вечерта се вративме дома, а другарка ми ми рече да се освестам , дека така веќе не бива. Т.С дека она си има пријател , ели да и се придружам ели сама да дремам на плажа. Другиот ден новиот пријател од другарка ми дојде со другар му и следуваше здраво , здраво.... Си го отворив срцето и дозволив да сакам и да бидам сакана, макар и за кратко. Тоа беше најубавата недела во мојот живот. Претпоставувам беше толку убаво што решивме да не остане само на летна авантура. т.с се одлучивме за врска на далечина. Јас сеуште немав дипломирано, затоа наредните две години си останав дома до мама(да завршам, и краток практикум), ако ништо друго интелектуално да се надоградам и да се доизградам како личност а он бидејки сеуште беше студент ме посети само неколку пати(Читај мегу редови живци киневме на тел и нет) мегутоа ако се сака, се се успева. Ама јас си се спремав на животот што ме чека таму. Култура, јазик, менталитет...и пред се јазик. Сватив дека нема цел живот да зборуваме на англиски со него, дека морам да го научам неговиот мајчин јазик. И така јас исполнета со стравови,сонови, желби и предзнаења за суровата реалност заминав преку една програма за размена на студенти и млади лица, само да бидам блиску до него (оти нели немаме виза, а на слепо да се залетувам да се мажам со некој со кого сум имала само врска на далечина колку и да го сакам и верувам е лудост). Видов со свои очи дека животот е многу поразличен како си замислував. Од првиот ден работев и се запишав во школа за јазик. Малку по малку кругот на пријатели ми се зголемуваше, запознав многу од тука, други странци но и наши. Сватив и дека не сум згрешила, се е подруго. Помина година, дури тогаш се чуствував подготвена на тој живот таму, е тогаш решив да се мажам. На старт морав да живеам во едно помало градче(оти е прилично поефтино), се преселивме во поголем град дури кога тоа можевме финансиски да си го дозволиме. првен живеевме во 40 м, после поголем и сега сме во потрага по нашиот трет стан. Мојот сопруг смени работа, една па уште една...оти нели со онаа првата можевме да си дозволиме само мал стан во мал град. Сакавме повеќе , работевме повеќе,не дозволив да си бидам кочница на патот кон моите желби, факт е дека он е тој со дипломаи кој заработува многу а она малку кое јас го внесувам е незначително, но ако се затворам дома и не работам, никогаш нема да имам ниту малку, а камоли повеќе. Од некаде мора да се почне, а кога почнуваш од нула, може само нагоре Секој ден посетував школо за јазик, а за викенд работев. А кога нивотото ми беше доволно високо се запишав на факултет. Сега повторно сум со исти ритам, редовен студент и околу 20 саати неделно на работа. Со усовршување на јазикот, доага и подобрата работа. ЗА неколку години си на исто ниво со со тие кои се таму родени. Среќна сум со тој ритам(целосна спротивност од тој македонски лежерен) а уште посреќна оти знам што сакам, и дека сум на патот кон негово остварување. Учам оти планирам да го поминам животот тука, да живеам, не гајам соништа за македонија(ако било арно немало ни да дојдам тука) а документите леб не носат. Работата носи, а за подобра плата мора јазик, занает, диплома...и години и трпение и макотрпна работа. Првите години се најтешки. После веќе знаеш јазик, имаш некаков круг на пријатели, некакво работно искуство и можеш да бараш покачување или нова подобро платена работа...но МОРА вистински да живееш тука, а не само со тело а со памет да си доле. НИЕ за деца не размислувавме, свативме дека ЗА НАС најиделано би било да оформиме семејство кога стварно ке имаме што да му понудиме. Воопшто не се сметам за себична ако кажам дека со бебе ниту работа ке имав во клучниот период кога требаше на нозе да застанеме, ниту школо ке изучам. Тој божји благослов за нас беше луксуз за кој ниту ментално ниту финансиски бевме способни. Ние одлучивме да ги зацврстиме темелите на нашата врска, и да си поставиме јасни цели во животот. Љубов, хармонија, комоција во домот, кола, две плати у кука и мала заштеда после здравје боже...и тоа ке дојде.(неколку години се доволно за сето ова, барем на западот, да не излезе дека ке работиме цел живот па на 50 ни текна за деца ) Кратко патев од носталгија, депресија или осаменот, немав време. Одморите, луксузите не пагаат од небо.....работиме за тоа. Секој може, само треба да биде спремен на многу работа и старт од нула. Мислам дека нема потреба да вршам компарација на архитектура,инфраструктура,работи кои можат да се видат и посетат за викенд со или без влезница.... Не секој добива втора шанса,. Кога еднаш ни се пружа, мора да ја зграпчиме.
Тотално се пронајдов во твојот текст исто како јас да сум го написала лугето сто немат излезено од насата дрзава не знаат сто е тезина нека дојдат нека испробаат и после нека коментираат дедека немас искусено во зивотот на се гледас со розови оцила но реалноста е многу порзлицна колку го мразам зивотот во странство го унистивме детството на децинјата
Dragi feminki imam golem problem i bi sakala da mi pomozite malce so nekoj sovet dokolku mozete.malce e dolgo no ke probam nakratko ke vi go raskazam mojot problem..Znaci vaka mazot mi ima golem strav skoro nesto recisi kako anksioznost...Isto pie apcinja za pritisok i apaurin.Mnogu pati od nisto nikako mu doaga nekoj strav i neznaeme sto da pravime,odednas go boli glavata mu se kreva pritisokot i posle toa nastanuva haos od sekoja rabota pravi problem ne razgovara so mene nikako ako go prasam nesto samo ke odgovori kratko i tolku,bega sam da sedi i se slucuva i po dva tri dena i poveke da ne zboruvame,jas normalno ke se iznerviram no ne zaradi drugo tuku zaradi toa sto ne mozam nikako da mu pomozam neznam sto da pravam.A obicno veli koga ke sum takov ti ne se luti tuku zborni mi nesto da go smenam umot a jas kako da mu zbornam koga toj neki vo toj moment da komunicira so mene...Bas nekni se sluci vakva slucka si dojde od rabota i gledase televizija jade ova ona a so mene nikakov muabet posle si legnavme i nisto nikako ni dobra nok ni da me bakni nisto i vikam ke mi napravis malku muabet vika ne nemozam napnat sum ne mi se zbora snosti isto...denes se slusnavme na telefon edvaj zbornavme..kako vtor pat da se slusame.Dokolku imam nekoj problem nemozam da kazam zosto ako kazam toj ke se iznervira ke mu kreni pritisokot i sledi kavga od nisto.Neznam sto da pravam kako da se ponasam i sto da storam da pomozam...Isto pred tri nedeli imav spontan a dodeka bev trudna poslednata nedela pred spontaniot ova isto se slucuvase sama spiev edna nedela razocarana rasplakana ne razgovarase so mene.Kosmar mozebi toa go predizvikalo spontaniot...ve molam za pomos sovet ova ne ide vaka sme pravele muabet mu kazuvam deka e loso za nas i brakot ama sto da se pravi toa ne e do nego.. mozebi i toj ne saka taka ima strav.Ve molam pomagajte iskreno se plasam za nas i nasiot brak izvinete dolgo e no moram da pobaram pomos
znaci odime vo poseta na psihijatar porano pocesto sega zaradi rabotata poretko ama neznam so ke bidi
и нема ли никакво подобрување од негова страна? знаете ли за што поточно станува збор? претпоставувам и некакви лекарства му се препишани .
Od koga pocnavme soposeta ima golemo podobruvanje zato sto na pocetokot skraja da e bese uzasno se desavase sekoja vecer,sega vo sporedba so togas e mnogu dobro no sepak e tesko jas potpolno go razbiram sum go pominala toa ama ne sakam koga bega od mene i ne pravi muabet so mene pie da toa sto mu preporaca doktorkata elisea mislam se vikaat.ako nekoja pojma od ova kako jas da postapuvam sto da prezemam nemozam ova da go podnesam tesko mi e zosto da bega od mene i da ne zboruvame zarem sega....sto ke bide ponatamu...