Kолку долго време се соочува со овој "проблем"?дали ти го затекна во таква ситуација како што е сега или овој проблем му се појавил уште пред да се сретнете? Bака реално на форум тешко дека може нешто да се помогне,бидејќи ќе треба целата сторија за него да ја изнесеш јавно. Mој совет пробај со него да одиш на психолог,психијатар не ти препорачувам,пошто заедничкиот проблем тешко ќе го решите на некакви базирани медикаменти,вас ви треба разговор,таму да најдете заеднички јазик,оти дома како што кажуваш е невозможно.
Kako sto kazuva toj toa mu se slucilo pred da se zememe samo ne bilo tolku izrazeno i toa e toa vaka ne se zivee se svakam i jas sum go pominala ova i tesko e ama kaj ke ni odat zivotite,brakot bebeto si go unistiv so toa nerviranje neznam sto da prezemam tesko mi e
Kako sto kazuva toj toa mu se slucilo pred da se zememe samo ne bilo tolku izrazeno i toa e toa vaka ne se zivee se svakam i jas sum go pominala ova i tesko e ama kaj ke ni odat zivotite,brakot bebeto si go unistiv so toa nerviranje neznam sto da prezemam tesko mi e
Фатмагул те разбирам и тебе а и него како му е . А поточно и ти знаеш каква чума е анксиозноста . Треба време и трпение. Еве и ти велиш има подобрување. Со терапијата што ја прима нека посетува и психолог, разговорите се многу битна работа за ова да се намали, многу побитна од АД. Ова не е физичка болка да чекаме да исчезне туку така. Мора да откриете од што му потекнува тоа, затоа што не секој може да се избори сам со анкс. Чувството кога мислиш крвта ти застанува во мозокот и кога мислиш тоталка одлепуваш е многу, многу непријатно. Биди упорна, постојано го прашувај нешто, сврти му ги мислите, додека гледа тв прашувај она - ова макар и глупости, за да му се опушти колку толку психата, да му се отргнат црните мисли. Натерај го да шетате, пешачите често, нека спортува тоа е многу важно. И самиот ти рекол дека дека не е до тебе, ваков период скоро секој, ако не и секој минува во животот. Што да правиме модерно време, стресови за извоз - тоа е . Не губи надеж, ќе се средите, само трпение и позитвните мисли и разговори пренесувај ги и на својот сопруг. Ви посакувам се најдобро .
Ние ќе правиме крштевка со најблиските арно ама живееме лепенка со моите сеуште не сме осамостални до пролет, а они запнале да каниме и 3 луѓе, а ние неможеме. Како да постапан 2 дена се нервираме со маж ми а татко ми е болен од срце на која страна да сум сега. Маж ми се жалии дека не се прашува он за ништо дека тато за се одлучува, за куќата што ја правиме и за се останато?? Помош? Исти нервози ни направија и на свадбата со тие адети ние не сакавме а моите запнале да за адети. Лом се направивме со маж ми за прв пат во врската а јас бев бремена 2 месец.
јас да сум на твое место ќе сум од страна на маж ми, со него треба да го минувам остатокот од животот а не со родителите кои кога тогаш ќе починат... објасни му на татко ти дека не можете да ги канете тие луѓе и од кои причини и дека така сте одлучиле со маж ти... гледај да постигнеш компромис, да не се налути ни маж ти ни татко ти, е ако веќе не бива, јас ти реков што би направила на твое место...
Fatmagul mila probaj koga ce primetis mazti deka e nervozen ili povlecen ednostavno da mu se priblizis da go gusnis ili da mu recis da izlezite malce da prosetate makar na pola sat nemoj toj koga cuti i ti da se povlekuvas taka si pravis i tebe da ti e potesko a i na mazti..pozdravce
ако сте финансиски независни и сами ја подготвувате и плакате крстевката не може и не смее никој од страна да ти сугерира-без разлика дали се твои или негови родители.со твоите можеш сигурно да се разбереш и да објасниш.
Не е дообјаснето! Ама јас сепак мислам ако се работи само за 3-ца прифатете и онака крштевката е трошок. 2-3 ца не се проблем за мир во куќа, е сега кој плаќа? Зошто со маж ти да се правиш лом ако се твои родители? Како ќе постапи тој да се негови? Колку разбрав лепенка сте со твоите, те молам дообјасни ја состојбата за да знаеме како да те советуваме.
Δ Колку се разбирам, лепенка се, во смисла градат куќа до таа на родителите, но сеуште не се преселени на новото, живеат со родителите на невестата. Да почекавте невесте додека седнете на ваше, вака твои или негови родители нема врска со чии седите. Кога сте им дома во скутот ќе ве третираат како деца. Маж ти нема што да се кара со твоите. Ќе си разговараш со татко ти. Како возрасна. Без припаѓања и драми правење. За тројца гости (плус) дали ќе дојдат или не ваква узбуна правење, кавги и секирации за како нечие срце ќе поднесе, е патетично. Нема место. Како? Столови немате уште три? Позајмете од комшиите. А тројца души повеќе кога веќе каните народ, нема овие плус 3 да ве подјадат сигурно. За друго ако не ги сакаш овие луѓе да дојдат ќе му објасниш на татко ти зошто не ги сакаш да ти дојдат. Ќе го слушаш и зошто он запнал да дојдат. Комуникација, не инат само, јас така сакам и готово. За кавгите со маж ти, како само тато се слуша и се чувствува он непрашан за ништо, ќе го ислушаш што има да каже. Не се правите вие лом за овие 3 гости. Имате поголем проблем во комуникацијата како прво, и кој носи одлуки без другиот да биде вклучен. Како каже тато, некој очигледно слуша како каже тато така, а не земање во предвид што сугерира татко ти, ама донесување одлука заедно.
По мое не е проблемот во тројца непланирани гости, туку сопругот се чувствува како безгласна буква затоа што не прашале родителите нејзини туку сами си одлучиле, како и за многу други работи околу куќата како што кажа, ама ете сега за гостите ќе избие сета нервоза. Welcome во светот на снаите Таа сега треба да е миротворец, да држи рамнотежа, оти колку и да сака сопругот да е по негово кога си во туѓа куќа потешко оди, не можеш така храбро и отворено да си кажеш. Кажи им на твоите родители тие тројца гости да ги викнат друг ден и дека тој ден кога ќе правите крштевка ви е само за потесното семејство. Денес за тројца гости, утре за друго, па трето, и крај ќе нема во нивното мешање.
Факт е дека како што ние не сакаме да ни се меша свекрвата во договорите со мажот, така и мажите не сакаат да се чувствуваат како недораснати деца покрај таткото на сопругата. Точно дека кога се прави трошокот тројца повеќе или помалку не значат многу, но сепак мислам дека тука не се работи толку за бројот на луѓе како што е мешањето од страна на родителите, конкретно татко ти (извини ако грешам, таков впечаток имам). Болеста на татко ти не треба да му е изговор за тоа што сака се да биде по негово. Верувај дека знам како ти е, и моите пробаа да се прави свадба по нивни терк Спојлер татко ми сакаше да се прави 2 дена свадба (сабота женска, недела машка свадба) за да не патуваат моите гости во друг град или пак дека се знае со газдата на кафаната каде што брат ми правеше свадба пред 8 години, па сакал пак таму , уште не знам кој му беше филмот со тоа ама јас ги пресеков. Ние си ја плативме свадбата и тоа што си се договоривме со маж ми тоа и си го направивме. Исто и сега за крштевката, сами си одлучуваме за се, си се договараме и моите и неговите ќе бидат поканети само како гости. Дај му подршка на маж ти како што би сакала тој да те подржи тебе во обратна ситуација. На татко ти објасни му дека сакате тој ден да ви биде посветен пред се на детето и дека околу вас сакате да бидат само најблиските луѓе, а тие тројца и не ги сметате баш за блиски, пробај да му објасниш дека повеќе не сте деца и дека знаете да одлучувате сами и дека тоа што ви помага (претпоставувам дека ви помага околу куќата) не му дава за право да одлучува наместо вас. Според мене многу е битно да користиш множина кога зборваш за тебе и за маж ти. Може така ќе почне и тој да ве гледа како посебно семејство Со среќа
Фала ви многу на советите, му кажав на татко ми и се налути ама ќе му помине, како и да е ќе мора да застанеме на нозе понатака сами.
Незнам каде да пишам, оти незнам дали е за овде прашањево. Ако има некој идеја нека ми пише. Имав врска на 15 го со еден децко. Врската заврши пред точно 8 години но го сонувам многу често дали ми направиле некоја магија инаку не верувам во такви равоти ама се е можно, кажете совет, инаку сум во брак година а со дечкото бев во врска 7 години имам и бебе 9 месеци. Совет.
Нема магија едноставно се навраќаш на моменти од кога си била вљубена и си мислиш како би било да си со него сега и ова што го имаш со сопругот да го имаш со него. Мислам дека не си го преболела, а сепак 7 години не се малку. + Ако си се омажила брзоплето за да го заборавиш ете ти проблем.
Ако бракот ти е нормален, ако го сакаш човекот со кој си во брак, тогаш немаш потреба да се заморуваш со бивши или слично. Период е, ќе ти помине со време. Советов држи вода ако ова погоре е точно што го пишав, но ако имаш некои нерешени работи од минатото и ако си расположена да ги споделиш со нас, тогаш ќе ја разглобиме работата на пошироко
Не со мојот сопруг идевме 7 години скоро пред да се земеме и го сакам нормална врска имавем и свадба и бебе сега ама тогаш имав 14 ипол и мислев дека само тој е за мене и траеше до 18 не бил замене на мој ранг и моите ме разделија. Не сум го видела 8 години точно, а го сонувам незнам зашто? Сум имала уште 3 други дечковци со помали врски сите што ги знаела а не ми текнува на нив. А на овој во сон да често во последно време, а се криевме не го сакаа моите, со него имав прв бакнеж, те сакам љубов не спиев со него онака само се допиравме, инаку невиноста ја загибов со маж ми минатата година месец дена пред свадба тогаш и бебето се создаде, маж ми е совршен ме чува, сака и јас мнофу го сакам само ме мачи зашто ми се враќа во сон минатото и тоа само тој човек. Несакам да прашувам за него да не се создадар непријатности кај мене во бракот а и не ме интересира, сакам да си е женет и среќен како што сум си јас.
Мислам дека сепак те интересира каде е и што се случува со него, штом толку размислуваш за него. Мене неретко ми се случува сон како рефлесија на случувањата од предходниот ден. Сакала не сакала во потсвеста ти е.Сепак ако имаш можност потпрашај некаде чисто да си се смириш. Направи го тоа дискретно не мора никој да знае. Искрено и јас понекогаш сакам да знам што се случува со одреден бивши.
@Cacuvche машала, скоро седум години само се бакнувавте? Браво...( не е со иронија ова не ме сваќај погрешно). Соновите знаат да поматат вода, не се замарај, тоа е дел од минатото и не е чудно да го сонуваш.
Temava e neaktivna kolku sto gledam mnogu dolgo vreme... Imam problem koj mi visi na glava,i mn mi e loso i neprijatno sto jas go dozivyvam toa a ne sum zamislila deka ke mi se sluci nikogas. Imeno mm e mn toleranten i ne e kavgadzija,no pred 2 god mu se naluti na bratmi i ne razgovara so nego,so sto site nas odokolu ni ja oteznuva situacijata vo semejstvoto... Pricinata ne e mala i e navredlivA,no se izleze od kolosek! So bratmi bevme premnogu bliski do pred da se sluci toa i sega mi e tesko i si placam koga ke mi tekne kako dete malo. Se gledame si odime na rodendeni ,decata ni se druzat,nisto od toa ne vlijae na niv.mislam ne mi zabeanuva mm da ne se gledame. No,mene cela situacija mi e bolna... A toj ne saka da cue da se smiri... Bratmi pocnuva da ne mi se javuva na tel,ne me bara,ako mu se javam za praznici i za rodendeni mi kreva, a taka da go baram ne mi se javuva veke.. Navistina mene mi e ova mnogu glupavo i od takvo konstantno druzenje i ruceci i idimi dojdimi celo vreme,ova ne go sakam... Ima li nekoj slicen problem da moze da spodeli,barem da ne sum sama