@Mami3 Јас сум во слична ситуација со золва ми. Накратко, односите ни се за навек нарушени поради нејзините испади и навикната да држи се во свои раце. По природа не сум толерантна личност, односно со текот на годините станав таква, ама станува збор за член на семејство од другава страна т.е. на мм и ете се обидов, се со најдобра намера од почеток, ама доживеав крајна непочит, 2 пати имаше испад, веќе 3 пат ставив точка затоа што ми го нарушуваше мирот при секое гледање. Буквално секаков контакт прекинав со неа, исто како да не постои и мм не може да каже ништо околу тоа затоа што беше сведок на сите случувања. Со тоа се отежна комуникацијата и со свекор ми и свекрва ми итн... ситуацијата кај мене е многу комплексна, затоа не би да должам сега да појаснувам што точно се случи. Мм и понатаму се слуша со сестра му и немам намера да му наметнувам да си наруши односи или слично, не ме засега едноставно. Знам дека нејзиниот однос е многу тактички, се прави промислено и сето тоа е глума и кон него, ама ете таа му е сестра, каква-таква. Имам некакво чувство дека мм ќе се обидува и понатаму да ги оправи односите помеѓу нас две, ама разликата е што овој пат јас не сакам ништо со таа личност, за мене таа е пречкртана и немам намера никогаш повеќе да комуницирам, ете до толку е. Од моја гледна точка, најмалку што сакам е некој да ме замара да се "смирам" со неа, па би ти препорачала да оставиш на времето и да видиш како ќе се одвиваат работите. Ти држи си неутрална страна, разговарај со брат ти и отворено прашај го зошто е сменет односот помеѓу вас двајца и сл. и како би можеле да ја решите ситуацијата, што смета тој дека би било добро да се практикува во овој случај. Сепак, се зависи од тоа што се случило што ги довело до тој степен да не комуницираат, ама еве, ако е слично на моево верувај, оправдано е! Јас на пример сум сигурна дека нема повторно да ја гледам со исти очи никогаш повеќе и тоа е тоа, треба сите да си се помириме со тој факт. Ништо не бидува со сила, затоа остави работите да одат по свој тек и можеби еден ден ќе наидат на заеднички јазик. Знам дека е тешко да си ставен на средина на ваква ситуација, ама размисли реално кој бил во право и зошто довело дотаму.
Rabotata se kalese dolgo i na kraj na mm mu se spoija zicite no toj ne se kara ni so mene ni so bratmi,ednostavno se oddaleci od nego ne mu zbora. Pricinata ne deka e mala no od dr stana ni se nasol mnogu i mnogu pati i na mn nacini,no i ova drugovo ne e malku. Zolvami pak e dr pesna i mm ne ja obazava se se kontra se neso pametuva... Neznam ne sym pametna no mi smeta...
Ne , ne... On si ja saka ama ona si ima mnogu bubacki i nejzinata prikazna nema vrska so ova. Toa e podelba od roditelite nivni napravena. A so bratmi e druga rabotata, Vo princip e toleeanten,miren i ne se kara so nikoj pa i so mene...kavgata mi e monolog Za zal
За каква навреда се работи? Ако брат ти го навредил маж ти и никогаш не му се извинил, зошто маж ти да му се смирува? Тоа што ти е тешко што не се гледате често како порано треба брат ти да мисли за тоа, не ти. Ако тој не мисли, никогаш не се извинал, не гледам причина зошто маж ти да се смирува. Ете, ти гледај се со брат ти колку сакаш. Ама маж ти не мора да се гледа. Значи јас кога се мажам не планирам да поклопувам карактери со семејството на маж ми. Доколку ни оди муабетот, во ред, доколку не ни оди, не мора да се гледаме. Вие сте потесно семејство со маж ти и децата, брат ти ти е поширока фамилија. Плус ти гледај се колку сакаш, ама треба да знаеш дека брат ти и да се извини маж ти пак може да не сака да чуе за смирување и тоа е негово право. Секој си ги трпи последиците од своите постапки
Pa toa e taka i jas go pisav deka e.. Samo napisav deka mi e krivo. Ubavo znam deka ne e za prostuvanje,iako se izvini,ne e ednostavno,posto gi poznavam dvajcata. Ke pokaze vremeto! Ne deka nie se karame za toa,mm ne znae da se kara i ne se kara,nitu pa nie imavme problem zaradi toa,ednostavno mene mi nekako nikakvo...
Можеби треба да се помириш едноставно дека ситуацијата е таква каква што е...не разбрав зошто брат ти да не ти крева кога му ѕвониш, за да имате убава врска треба и тој да сака и да се труди, не само ти..
Zasto se e komplicirano, Mozi pa samo jas sum ludaca vo muabetov ama Zdravje...ke ne bide... Sto ne ne ubilo ke ne napravi posilni...
Брат ти се извинил и можеби навистина се кае. Јас би пробала да разговарам со мм и би му објаснила дека разбирам дека е повреден но уште еднаш да ја разгледа ситуацијата за помирување ако ништо друго поради тебе и твојот мир. Јас се најдов во иста ситуација како мт и размислував малку подлабоко и решив да простам. Навредата беше за никогаш да не ги погледнам но сватив дека доколку недај боже слушнам нешто лошо за нив или децата прва ќе отрчам па дури и пред мм. Си реков зошто тогаш да чекам години да поминат за да попуштам, или треба ли нешто лошо да се случи за да се погледнеме и презбориме. Кај нас беше разлика што ни мм не комуницираше па јас ем прва попуштив ем бев иницијатор и тој да попушти. Верувај дека на душата ми е полесно после тоа, не вреди да живее човек со горчина во душата.
Jas znam deka eden den ke se sredi ama me jade vremeto vo cekanje... Emotivka sum za zal... Kako be nemozam da ja resam situacijava ne mi se veruva znaci! Neznam kako da postapam i kako da mu objasnam. Sega pa i novi muabeti doznav pa i tie me macat... e ke si umram!
Muabeti sto me nerviraat .... A toptalno nikogo ne treba da gi zasegaat. Trpenie imam i ladna glava imam ama mene ova mnogu me nervira i nemozam da ne mislam na toa. Ete takva sum...za zal. Inaku brat mi ne se javi ni rodenden da mi cestita.
Тогаш ете го решението, игнорирај го, кога го нема ни за добро ни за лошо што има да му се нервираш. Знам дека е тешко и дека боли, ама зошто па ти да го носиш туѓиот терет. Уживај, ќе дојде ден кога ќе се покае, а тогаш од тебе ќе зависи дали би му опростила.