Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несоница (инсомнија)

Дискусија во 'Психологија' започната од LadyStyle, 8 јули 2010.

  1. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Многу пати, и оваа методика за заспивање ми ја кажа хипнотичар. Едноставно кога не можете да заспиете, обидете се целосно да се опуштите( долната вилица да не допира со горната) и откако ќе ги затворите очите гледајте нагоре.. бидејќи кога спиеме ние се наоѓаме во ваква положба, и обедете се да ги задржите што е можно подолго. Па после ова во мозокот одат импулси дека човекот навистина се подготвува за сон, и методот почнува да делува.
     
    На ivimis и biGirl им се допаѓа ова.
  2. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Aj bash ke probam zosto nisto do sega na svetov mi nema pomognato
     
    На InWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Несоницата ми се појавува во периодот на несигурност и возбуда, по некои лоши настани кои ми го пореметиле мозокот. Се случувало да не можам око да склопам, ме јаде некоја јанза од внатре и не ми дава мира, би ги нарекла панични или параночни напади. Дечко ми ми е најдобар психијатар. Еднаш се случи такво нешто кај него. Не можев никако да заспијам. Забележа дека нешто не е во ред, беше пет наутро, а јас се превртувам во кревет. Почнавме да разговараме и ме праша: Колку мислиш дека она од кое се плашиш е реално? Кои се фактите дека го поткрепуваат твојот страв? Реков шансите се минимални, речиси невозможни. Потоа ме насочи кон позитивно размислување, на тоа колку будалести се моите мисли. Заспав. Потоа после некои дена ме запраша: Дали сега можните дешавки од онаа ноќ ти се далеку нереални? Реков дека да.
    Сега го практикувам тоа. И супер ми оди.

    Инаку инсомнијата е предизвикана од потсвеста, како и лошите соништа. Се случува навечер затоа што сме сами со себе, а тогаш мозокот е фокусиран на потсвеста. Сите лоши соништа се предизвикани од потсвесни стравови и случувања од минатото...
     
    На La diabla и AnaaKareninaa им се допаѓа ова.
  4. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    5.100
    Скоро година немало некој со овој проблем. Мило ми е ама изгледа сте ме чекале мене :)
    Се борам со инсомнија долго време. Првиот пат го искусив ова лани летото и дури морав да земам и апчиња за смирување (на природна база беа) за да ми се смири тахикардијата и да дојдам до сон. Последниов месец повторно ми се враќа несоницата. Имам проблеми и знам дека ми е на нервна база и од стрес, но не можам да си помогнам зашто едноставно живеам во тежок период. Прекинав одамна да пијам апчиња бидејќи сметав дека имаат плацебо ефект врз мојот мозок, а не дека нешто многу ми помогнаа. Сега не сакам повторно да пијам апчиња и вештачки да заспивам.
    Како на природен начин да се борам против ова? И воопшто постои ли таков?
    Дали вие имате искуство со инсомнија, како се борите против тоа? Што најмногу ви помага?
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Defiant

    Defiant Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Здраво дечки! Гледам дека не сум бил сам. Јас сум ветеран во оваа област и можам многу да кажам од искуство .
    Проблеми со спиењето имам одкога знам за себе. Најпрво ги забележав на 14 години кога имав тешкотија во прва смена на училиште. Дефинитивно сфатив дека имам проблем кога почнав да работам , особено кога сум прва смена. Без оглед колку и да немам спиено не сум можел да заспијам пред 5. Ова почна да ми станува голема фрустрација за мене и за оние кои живеат со мене( не е лесно вампир да ви шета дур спиете :D). Пробав природни лекови медитација порано легнување, броење офци ис лични глупости. Ништо не помогна. Едно време земав золпидем хипнотик на своја рака. На почетокот помагаше, но не ми го реши фундаметалниот проблем. Сега сум толерантен. После многу инсомнија групи сфатив дека всуштност немам инсомнија туку синдром на закаснето заспивање. Незгодна појава но инсомнија всушност е полоша. Јас барем можам да спијам добро до пладне. Борбата е константна. Во последно ми е подобро од 2.5 милиграми заласта. заспивам кај 1 наместо 5 , Но ги прекинав зошто малку сум депресивен од нив( или можда од државава во која живееме). Проблемот е фундаметален и гледам дека овде многу се борат со ова.
    Најбитно е да одкриете која е причината за вашата несоница а потоа соодветно да ја третирате.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Јас под Инсомнија ппдразбирам да си буден и да неможеш да заспиеш со денови и вечери. 24/7 a week or a month. Мене ми се случи лани во февруари цел месец да не спијам. Повторно ми се случи во ноември цела недела не спиев. Моментално ми се поврати инсомнијата. Ете има 36 часа откако немам спиено. Ги пробав сите можни техники и правила за заспивање. Пробав милиони таблети. Пробав природни лекови. Ама пусти мозок, пуста психа, пусти трауми..
    Нема нешто полошо од тоа да неможеш да спиеш. Ете мене ме тера на тотална нервоза и напнатост. Сакам се да искршам, плачам од што неможам да заспијам, а сум мртва уморна!
    Кој ќе биде тој шо ќе ме излечи од оваа болест животот би го дала за него/неа!
     
    На katerin и Defiant им се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Imav bas negde napisano za mazot na mojata koleska koj zavrsi vo bolnica i bese prinudno zaspan polni sedum dena.
    I nego ne mu bilo prvpat da nemoze da zaspie so denovi rezultat premorenost, pregolemi i odgovorni zadaci, snosenje odgovornost za pogolema masa na luge,...
    Ne zimaj nisto na svoja raka, javi se na doktor.
    Nesonicata odzema od zdravjeto, kako veke rece nervoza, napnatost,...
     
    На stetoskop и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  8. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Од премореност не ми е, не одам на работа ниту пак имам обврски. Психата е целата мака. И како е сега тој човек? Што се случи?
     
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Toj e menadzer vo edna kompanija za energija, na visoka pozicija.
    Profesijata mu e mnogu odgovorna , a sovesta uste poodgovorna.

    Mu se slucuvaat vakvi nastani ednas do dvapati godisno, no kako rekov prinudno go zaspivaat zosto spienjeto e priroden i neophoden proces za regeneracija na site organi.
    Po nekoj ispituvanja koj mu bile napraveni doktorot mu rekol deka mu e namalena dolgovecnosta.
    Toa znaci ako bilo receno do 85, site ovie prinudni zaspivanja zemaat po nekolku god.

    Nemora da znaci deka odis na rabota i si premorena, mozebi si premorena od misla.
    Eve majka mi isto od koga znam za sebe nemoze da spie kako site luge (vo uredno vreme da legne i stane), veli "koga ke legnam samo misli i planovi mi se vrtat".
    Nemozam da svatam , ja prasav "dali nekogas resila nesto oti ete ne zasopala, razmisluvala".

    I da razmisluvas i ne rabotite na ovoj ili onoj nacin ke se resat, zatoa legni si i probaj da se isklucis i zaspies.

    Poseti doktor. Objasni se po red. Neka te isprati kaj sto treba. Mora da ima nekoe resenie.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.360
    Пол:
    Женски
    Верна друшка ми е.
    Б6 пијам и се комирам.
     
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.075
    Допаѓања:
    55.653
    Пол:
    Женски
    Еве сум, цел живот со несоница. Минатата вечер едвај 2-3 саати спиев, мислев ќе си заспијам вечерва убаво но нее 1 по полноќ не ме фаќа сон. А за преку ден спиење не иди во предвид. Па кога ќе ми речат преспивај преку ден кога не можеш на вечер.. а не знаат колку ми смета светлината. И звук уште повеќе. Блазе си им на оние што можат да заспијаат секогаш и секаде макар и тапани да тропаат над нив. Која среќа ја имаат.
    Не сакам со апчиња да почнам да створам зависност па да не можам без нив. Сум пробала и чај од камилица, ама само на краток рок помага. Кафе после пладне не пијам ни капка. Некогаш воопшто не пијам. Кажете друго чаре. :doh:
     
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Како помала сум немала никакви проблеми и нарушувања со спиењето, но откако имав хроничен Post-traumatic stress disorder (PTSD) - психолошка состојба која се појавува по трауматичен настан, почнав да имам тешкотии.

    Нормалните чувства што се јавуваат кај мене како одговор на траумата - вклучувајќи страв, беспомошност и ужас - може да продолжат и да доведат до несакани последици - а еден од тие е и инсомнијата.

    PTSD ми предизвикува т.н. flashbacks и кошмари каде константно го доживувам трауматичниот настан повторно и повторно, и е многу живописно.
    Поради тоа најчесто се движам и зборувам додека спијам, па дури и се превртувам додека не се разбудам.
     
    На stetoskop и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  13. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Кажувајте лек за несоницава..Не спијам многу по 5-6часанајмногу..Еве веке 2по полнок јас неможам око да затворам и се нервирам бидејки само штом заспијам ке се размрда некое од децава или млеко ке потера или малиот нишкај презаспивај и легнувам немам проблем да презаспијам проблемот ми е што неможам да заспијам и нервозна сум бидејки секоја вечер е баш истото..Пробав и со б6 но немав никаков ефект би се напила и хелекс но ми е страв да не не осетам кога ке стане некој :)
    Ве молам за совет бидејки на нервна база ме води оваа
     
  14. Defiant

    Defiant Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Прво мораш да ја најдеш причината за несоницата. 5-6 часа спиење не е несоница. Пред да земеш какви било апчиња консултирај се со психијатар. Според симптомите немаш инсомија туку DSPS.
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    @Defiant а што е тоа..Значи со децава понекогаш и толку сон не сврзувам и пак неможам да заспијам до рани зори..Ако знаеш нешто повеке за оваа што го спомна..Може и во лп да ми објасниш
     
  16. Defiant

    Defiant Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Синдром на закаснето заспивање. Едноставно кажано спиеме ама не во време кога треба. Туку заспиваме околу 3-5 саатот на сабајле. Ова е состојба од која јас патам од дете. Тоа е мојот нормален рим на спиење. 5- 13 00. Без оглед колку рано да станам не ми се спие до 5 саатот сабајле. Не знам дали и ти ги имаш истите симптоми или тоа ти е заради децата.
     
  17. GentleWoman

    GentleWoman Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Овој проблем со тешко заспивање го имам веќе недела дена, ми се спие, а не можам да заспијам, или па кога ќе заспијам, по кратко време се штрекнувам и се будам и така цела вечер. Снемувам воздух, не можам да издишам, ни да се проѕевам. Дали имате некаков совет во врска со ова?
     
  18. Defiant

    Defiant Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Веројатно анкциозност. Пробај за почеток со мелатонин.
     
  19. katerin

    katerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    sekoj tret se bori so nesonica. jas primer od stres. me fakja panika navecer. misli se rojat vo glava i ne prekinuvaat. sabajlevo duri 6h me fati. ispiv demitrin i ne pomaga... imam i caevi kako valerijana i matocina. neko mislenje...
     
  20. katerin

    katerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    jas piev pivo cel den. ne se napravif daska ama koga se vrativ doma si zaspav. toa bese zafcera. vcera do 6 nautro son ne me fakjase od grizi (sestra mi veli vlupavi grizi bezpotrebni ne se zamaraj so gluposti) ama lesno e da se kaze. vo 6 ispiv demitrin i ne pomogna. vecer mozebi da probam so helex. mislenje...