Мене ова ми личи на аритмија. Маж ми и внук му имаат аритмија ноќе и вака се будат, им снемува воздух. Оди на лекар, може ќе ти стават холтер за да видат дали е аритмија и кога обично се јавува. @blessed.an и јас сум иста. Никогаш не сум имала проблем со несоница, ама еве сега од децава ми се створи навика да се будам ноќе и да не можам да спијам со саати. Спијам од 3-5 саати неврзани. Обично заспивам навечер нормално, за саат-два се будам и не можам до 4-5 да презаспијам. Пред да станувам сабајле пак дремнувам уште саат- два и толку. Вака функционирам последниве неколку години иако децата веќе не ми се будат ноќе.
kamo sreca mene deca da me budat... a ne problemi. pred da mi se sluci strasna promena vo zivotot bev izgorena za krevet i spiev po 10 casa kpga ke imav moznost. sega ne se prepoznavam. . se budam vo 7 najkasno. . ne mi se veruva do kaj srignav so pametov
Имате ли искуство со овое таблети.Последниот период имав нервози многу што ми донесоа несоница и рано будење наутро и сето тоа со голем страв од нешто што ни сама неможам да си го објаснам.Матичниот ми ги даде да си ги пијам навечер пред спиење и наутро кога ке станам, заедно со магнезиум.На природна база биле.
Веќе нколку месеци се борам со несоница. Некогаш се случува да неможам да заспијам а ми се спие многуу,се случува да заспијам и после еден сат да се разбудам и да дремам ке заспијам и пак така и се до сабалје б6 едно време ок беше ама еве пак и пак се појавува ,посабалје кога ке станам се осекам толку многу уморно и нервозно бидејки не сум спиена. Ве молам предложете некој лек за несоница
Малте не цел живот патам од несоница, но овој пат е веќе критично. Отткако ја започнав новата работа пред 2 месеци, секоја вечер не спијам или сум во некаков полу-сон гледајќи настани од работата. Навечер наместо да спијам, јас ја преживувам смената. Колку и да се трудам да ги отргнам тие мисли, не можам, посилно е од мене, сами се создаваат. А затворам очи, ја гледам и слушам работата. Цели конверзации, буквално разговарам со колеги и муштерии. Се мачам да создадам други слики и сценарија за да заспијам, но не можам. Дури и да успеам на момент, повторно ми се враќаат. Кажете некој совет, некое решение. Не можам да издржам секоја вечер веќе 2 месеци. На почетокот мислев дека ми се случува тоа поради промена и стрес од нова работа, но поминаа веќе 2 месеци! По се изгледа нема да помине.
Веќе некое време не спијам добро, не ми е толку тешко да заспијам ама се будам после 3-4 саати. Чувствувам зголема анксиозност и внатрешен немир, а во моментов немам некои сериозни проблеми. Му се случило ли на некој ова? Совет?
Еден коментар над тебе имам пишано уште во јули. Искрено, многу малку се има сменето, се' уште се мачам со несоница. Најпрво, запрашај се што те прави несреќна и под стрес? Пробај тоа да го смениш, а доколку не можеш, пробај да го прифатиш фактот дека не е толку страшно и не вреди да си го трошиш времето на толку грижи и потресувања. Второ, пробај да се релаксираш пред спиење. Јас во последните 2-3 месеци си создадов една рутина што гледам речиси секоја вечер да ја правам. Правам чај комбинација маточина/камилица, палам етерично масло во ламба, си пуштам чил музика, се покривам со плишано ќебенце и читам книга. Барем еден саат навечер пред спиење. Не мислам на ништо, се препуштам на сетилата и амбиентот. Понекогаш е тешко, ама се поднаучив да се опуштам. Трето, иако велат дека не треба да заспиваме со пуштена технологија, мене најмногу ми помага да гледам серија. Односно, на тој начин се успивам. Серијата ме тера да не мислам што се случило во текот на денот и што може да се случи во наредниот. Ми ги отрга мислите и ме успива со приказната која ја гледам. Четврто, по совет од матичната, секоја вечер пијам магнезиум и Б6. Не знам дали е пласибо ефект или дали навистина помага, но како да опушта физички. Пробај. Со среќа.
Блазеси ви со макиве, ви ги исчитав сите коментари јас веќе подолго време се мачам со овој проблем, што е најлошо со цимерка сум во дом и гледам на секој можен начин да не ја вознемирам во текот на ноќта, девојчето е супер но јас не можам да спијам бидејќи постојано во глава ми се враќаат спомени од минатото,имам тука пишувано на темата за мојот живот во средното училиште и таа тортура ми нанесе последици до тој степен да ми е страв да спијам, да не можам да заспијам, сношти буквално срцето си го осеќав, инаку се преселив од македонија но траумите се со мене. Дали има решение за ова но да е трајно? Бидејќи гледам дека сите или сте под моментален стрес или ви е од работа или од не толку огромни проблеми. Инаку што е најлошо сега сум на распуст и имам слободно време и наместо да уживам се замарам.Имам тука многу пријателки и пријатели имам и ептен блиски другарки цимерките ми се срциња невидени грев е да се пожалам ама психава ме уби.Некој со вакво слично ама да не е сврзано со неспиење заради работа, моментални грижи и сл?
Послушај ме, симни ја sleep well (или relax and sleep), нешто така беше, апликацијата на Глен Харолд. Подолгата верзија е со плаќање, јас кога имав несоница, ја платив мислам 4.99$ и слушај што зборува и прави сè како што кажува. Он те води , дава инструкции за дишење и за 20-30 мин си заспана ама кога го слушаш него, го правиш само тоа, не мислиш на ништо друго. Скоро година дена имав проблем со инсомниа, без причина. Освен апликацијата, си купував и по некој аметист и си го ставав под перница или го држев во шака додека да заспијам не знам каменот колку реално помага, ама јас се убедив себе дека помага и така и си ја насочив психата
Ама мене психата ми се блокира.Вчера бев мртва уморна ама не можев да заспијам.И телефон оставив и се ми беше изгасено, се вртев и се чувствував како топла пот да ми се лее од телото.Не знам како сум заспала.
Знам де ти си уморна, ама мозокот има друг план и кога работи мозокот, тишината не помага, напротив, уште пофокусирана си на мислите. А овие аудио медитации ем не се гласни и иритирачки за да те држат будна, ем мозокот ги следи нив, и не те бомбардираат мисли.
Здраво женски.. И јас патам од несоница веќе подолго време незнам кога последен пат сум си легнала пред 3 саат.. Сега почнав да одам на работа и имам 2 дена во неделата прва смена и да станам во 4ипол. Никако неможам да легнам барем накај 12 да поспијам барем 4 саати. Сепак мислам дека тоа е од нервозата и стресот што ги имав месециве поради мојот поранешен дечко со кој сега брзо раскинавме зошто психички ме изеде и вака не го мислам толку ама кога треба да легнам за прва смена одма помислувам на него и уште повеќе се нервирам само на тоа мислам и спијам само по 1 саат некогаш и не спијам така одам на работа. Не спијам цела вечер така одам на работа другиот ден ми се спие преку ден вечерта никало. Исто така и месецов во спиење почнав да ги стискам забите многу силно и се будам навечер многу пати од што ме болат. Сакав дури и Хелекс да се напијам слушнав терале на спиење ама несакам да се трујам со апчиња. Помош некаква? Што да правам?
Поради еден кошмар страдав од инсомнија 1 година. Не спиев воопшто, а ако по некое чудо заспиев, тоа ќе беа 2 часа вкупно во 3 дена. Воопшто не можев да се опуштам, ни со музика ни со филм. Претераното размислување и мислите ми го јадеа мозокот. А немав храброст да разговарам. Потоа некаде прочитав некаде едно мислење и сфатив дека тоа е тоа, ако нешто треба да се случи, ниту мојот страв ниту моето overthinking нема да спречи ништо и тогаш сфатив дека сум изморена, па полека се вратив во колосек. И си створив ритуал да внесувам повеќе витамини, да шетам и да не размислувам толку, навечер некој топол пијалок за опуштање. Сега спијам нормално, но од време на време знам на 2-3 дена да си го пореметам биоритамот ако ја променам рутината