Последен период имам несоница. Глупаво чувство. Ем ми се спие ,а кога затворам очи одма ми се сече сонот. Сега сум разбудена од 3 часот и после веќе во 7 ќе ме фати дремка а веќе треба да станам за на работа. И после денот си тера ок, до кај ручек време и после тоа како 5 ниви да сум копала.Без разлика дали сум имала лош ден или не, несоницата ме фаќа. Валда кога нешто те мачи некој период и дента да си заборавил на тоа,потсвеста е тука да те потсети Се надевам е период само.
Што би можело да значи подолго време будење во приближно исто време, околу 5 часот наутро? Плус ова утро нешто чудно се случи.. се разбудив овој пат од силна остра болка на десниот ребрен лак што кога се разбудив ја немаше.
Од вчера од 8 сум станата и око немам склопено, а испив се на сѐ 4 кафиња вчера од кои последното во 8-9. Не ми се ни спие..
Јас веќе година дена спијам така наречено спиење на рати, легнувам спијам 2-3 часа, се будам и будна сум 1 час, па пак заспивам и така цела вечер додека не треба да станам официјално. Како волку ви делуваат кафињата на некој алал да ви е. Јас и 10 да испијам пак можам да заспијам кога сакам.
Па пијам кафе и кога треба и кога не треба. Онака од ќејф си го пијам и ете ти.. Ќе си направам сега едно, не дека ќе заспијам ама превентивно Повели
Јас го имам потполно истиот проблем веќе 2ипол години. Кога и да дремнам(а многу ретко и малку спијам) јас сум во сонот на работа и си ја работам смената потполно исто. И се будам. Почнав да пијам Санвал, апчиња за хипнотизирање и брзо заспивање, т.е тешка дрога се. Еве сега не ги пиев бидејки утрово кога ќе станам ми се повраќа од нив и се осеќам многу лошо. Се мачам да заспијам а сабајле сум 1ва смена. Мене малку ми помогнаа видеата на YT (EFT TAPPING FOR SLEEP). Ова е препорачано на мој пријател од човек кој мислам дека е психијатар и е специјализиран и посебно се занимава со Несоница/Инсомниа. Повели видеото.
Здраво дечки. Веќе цела недела не спијам ко што треба, премногу сум вознемирена и не можам да си го смирам мозокот. Сè и сешто имам пробано, од чаеви и лекови на природна база до бензодиазепини како диазепам и пак џабе.. Некој совeт? Ко зомби се осеќам, се мрднав веќе.
Зошто не пробаш со медитација да си го смириш мозокот? Како предлог, зашто кажа дека си пробала и со бензодиазепини. Можеш да се консултираш и со доктор, психијатар, психолог.
И јас имам често несоници. Донекаде ми помогна лунерба плус, но најдобар лек против несоница мислам дека е физичка активност, замор. После неспиење и замор во денот телата се истоштени и на крај мора да заспиеш.
Две години се мачам со несоница, се будам најчесто после два саати спиење, некогаш и помалце, и не можам повеќе да заспијам, проблемот ми се јави ненадејно, не можам да го поврзам со ништо друго во животов за да извлечам причинско последична врска,.воопшто од животот сум задоволна и се осеќам среќно, но овој проблем многу ме фрустрира што ми создава нервози, анксиозност и депресија, дали некој друг го имал проблемов, дали има некој на форумов што го решил?
Некој чаре да ми каже за несоница? Цврсто спијам, ама додека ми се приспие, многу време треба. А и кога ќе заспијам, после рано станувам. Сакам нешто на билна или витаминска база.
Јас не знам што да ти κажам затоа што јас не спијам... неκоја дρуга фоρумџиκа ќе ти излезе во пρесρет.
Од зегин земи Мелатонин со Б6. (мелатонин е хормон кој го имаме природно во нас, одговорен за биолошки часовник но не е секогаш во доволни количини, доколку го внесиш тогаш тој го скратува времето потребно за заспивање, и плус една шојља чај еден час пред спијајње од Маточина или Валеријана микс. Позз
Можеби смешно ќе ти звучи, ама си пробала ли со white noise? Побарај на youtube, ќе ти излезат многу видеа. Мене многу ми помага да ги слушам пред спиење, на слушалки.
Кај мене не е типична несоница со денови, месеци.. Ми се јавува пред да добијам или кога сум со мензис како сега. Буквално ме исцрпи и тоа само за два дена. Вчера сабајле станав со затнат нос по 3 часа спиење и не легнав пак, сабајле после два часа сон, имав кошмар се разбудив со тахикардија и страв ми беше пак да заспијам, па затоа подсредив по дома и дремев на форумот. Ама затоа ме малакса, јас сум навикната на повеке сон, иако легнувам подоцна после си спијам до покасно. Ваквите денови без сон сум целата наопаку, сега ми се спие ама таман да заспијам одма срипувам, ај трета среќа вечер може како бебе ќе спијам.