Физички сум активна во текот на денот и избегнувам дремки. Значи никако спиење преку ден колку и да сум уморна. Така ноќе полесно заспивам. А ми помагаат и мене асмр видеата, баш такви какви што кажа и @Snowflake97
Скоро сите што имаат деца мислам дека го имаат испробано ова а и фен исто така. Или јутуб или чистење по дома.
Само да напоменам нешто за магнезиумот како суплемент. Кај голем дел од популацијата може да има негативен ефект - несоница. Направени се доста истражувања, но ниту едно не дава одговор зошто е тоа така. Ама сепак, магнезиумот може да го има тоа дејство, да го разбуди телото. Инаку, тоа е еден од најдобрите суплементи, и најневеројатните минерали кои може да прави чуда во телото. Најдобро е секој лично да тестира дали му одговара да го пие наутро или навечер.
Wow Како ве успива ова.Ја углавном за да заспијам ми треба црна темница+ штама Сеа добро можам да спијам и на забавс али преферирам штама
И јас преферирав исто ко што пиша дур бев млада и не толку згодна како тебе Иначе овие се викаат бели звуци кои најчесто се користат за смирување на бебенце, еве во моментов во позадина си брчи тивко и јас веќе навикнав и ме смирува
Не само усисивач, мене ми помагаат и звуци од фен, вентилатори, летање со авион итн. Секако, сите овие ги наоѓам на youtube. Пиши само white noise и ќе ти излезат еден куп.
Ја ова го имам слушано само Првите минута две Го имам постирано во некоја од темиве памтам и со транс можам да спијам или било каква музика што си слушам, ама ова усисивачи вентилатори-не. Ме нервираат такви звуци дур спијам.Среќа ја усисивам по дома, па не се усисива дур спијам Највеќе пред да заспивање ме нервира ако врне и капките една по една ми се удираат во лимот над глава.Како во моментов.
Јас син ми од 4 месеци го успивам вака со бели звуци дали усисавач, фен, вентилатор, битно нешто што бучи, од почеток ми беше ужасен овој звук и мислев ќе се пореметам ако го слушам долго, ама веќе се навикнав па и јас некогаш така заспивам, ама почесто си пуштам асмр што шепотат или такви со масажа и одма сум во кома. Сега по ново (модерно) гледам на тик ток има навечер обично многу снимаат вакви лајв асмр и топење.