Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несоница (инсомнија)

Дискусија во 'Психологија' започната од LadyStyle, 8 јули 2010.

  1. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Заласта пијам последнава недела.. Ама поради тоа што воопшто не можам да заспијам ни минута сон немам...
     
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Среќа проблем со заспивање немам, ама па затоа има периоди кога секоја вечер се будам накај 3-4 саат ноќеска и не можам да презаспијам.
    Ништо посебно, скролам по тикток и твитер и чекам да дојде пак дремката. :smirk:
     
    На nextredstyle и Ajronmen им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.991
    Ова и во темата за несоница го имам пишувано.
    Имав долг период на несоница кој траеше со години. Па си направив една вечерна рутина пред легнување: во ламба ставав етерично масло од лаванда да ми мириса, пиев чај од маточина (понекогаш дупла доза односно со 2 ќесички), пуштав bossa nova на youtube и читав книга. Така се релаксирав, не мислев на проблемите и сето низ што имам поминато во текот на денот, ме фаќаше дремка и лесно заспивав кога ќе легнев во кревет.
    Откако ми помина несоницата, најлесно заспивав со серија. Обично советуваат темница без екрани, но мене баш гледањето серии ми помогна. Ќе си пуштев некоја полесна серија (2 години по ред секоја вечер гледав Star Trek, започнувајќи од најстарите од 60-тите) и приказната ме успиваше, ретко догледував епизода.
     
    На Pea, Mikha4, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Читам книга. Но работите можат да отидат во две насоки, и кај мене во последно време е во обататната од тоа што сакам.

    Па место да презаспијам да половина час/ час, јас стојам до сабајле до алармот.
    Но ова ми е копинг механизам од тинејџерските години, и е феномен за период под поголем стрес.

    Во нормални околности ќе заспијам читајќи.
    Тоа и сега се случува, но тоа е кога денови по ред сум на 2-3 час сон, па логично е некој ден подоцна додека читам да заспијам околу 10 во некоја чудна поза, и да се разбудам во 1.
     
  5. saritabarita

    saritabarita Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Се трудам да не мислам на проблемите кои ги имам,релаксирачка музика...
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Мене ме заспиваат видеата на 5 minutes crafts, craftypanda. Но кога треба да добијам ова воопшто не ми помага и седам до доцна навечер дур не ми се приспие.
     
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    55.528
    Пол:
    Женски
    Чај од камилица пред спиење, а ако тоа не ми помага тогаш неколку ноќи пијам мелатонин пура актив. Една лента е 150 денари во аптека, на природна база се, се пие 15 минути пред спиење.
    Многу е битно и да си легнуваш и стануваш отприлика во исто време, колку што можиш повеќе.
    Јас сум од оние луѓе што не поднесуваат воопшто звук и светлина за спиење, па затоа не би ми делувале оние релаксирачки музики што наводно опуштаат за да заспиеш.
     
    На _feminka_, sweet-cherry, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    125.424
    Пол:
    Женски
    ASMR често ми иритираат кожа.
    Најчесто ми помагаат чај од нане или камилица и предењето на мачорот.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dekoo

    Dekoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Машки
    Не помага.
     
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.283
    Допаѓања:
    12.345
    Пол:
    Машки
    Имав пишано во друга тема, а гледам и @Amellie13 напишала за мелатонин. Во прва втора/трета година на факс има проблеми со спиење и земав мелатонин. Од тогаш до ден денес(три години подоцна) заспивам во рок од неколку минути од легнување и не сум имал некој значаен проблем со заспивање.

    Избегавај кафе доцна навечер, некои викаат да се избегава дремење на тел пред легнување, ама мене со АСМР видеава експресно ми се приспива.
     
    На Amellie13 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    16.245
    Пол:
    Женски
    И јас имам проблеми со спиењето, некогаш и да сум уморна не можам да спијам. Најмногу ми помагаат бинаурални звуци, така заспивам во рок од 15 минути. Исто така ми помага чај од маточина пред спиење.
    Во план сум да пробам со мелатонин.
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.556
    Допаѓања:
    10.746
    Пол:
    Женски
    Јас со ова да заспијам најверојатно ќе бидам со кошмари цела ноќ дека куќата ми се запалила :tmi: :D
     
    На Feminka22 и Miiaa98 им се допаѓа ова.
  13. Miiaa98

    Miiaa98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски

    Легенда :rofl::rofl:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Хелекс и Санвал.
     
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    29.332
    Пол:
    Женски
    Јас долги години се борев со несоница, имав една година каде што константно не можев да спијам повеќе од 2-3 саати, имаше ноќи кога и воопшто не заспивав и стварно е тешко да функционираш така.

    Мене лично што ми помогна е рутината. Да си определиш точно одредено време кога да легнуваш и стануваш, препорачливо е да се спие 7 ипол или 9 саати и според тоа си местиш аларми. Е сега на почетокот нели нема шанси да заспиваш одма, ама со тек на време ќе се нормализира. За оваа рутина да биде успешна други работи кои ги правев беа: пиење чај од маточина/валеријана/камилица(или микс од 3те) саат време пред спиење, ако ова не ме успиваше(а реално само чајов не ме успиваше толку) пиев мелатонинче, исто така навечер пред легнување гледам да изгасам телефон/лаптоп, уредите да не ми зрачат. Мелатонинот навистина прави разлика да си го нормализираш спиењето меѓутоа од мое искуство долго користење не ми беше убаво, ако не спиев доволно после тоа цел ден бев гроги и многу по moody ме правеше. Али пример една недела да пиеш мелатонин саат време пред спиење е доволно да си го средиш sleep cycle-от и да легнуваш и стануваш редовно.
     
    На Cosmic Girl, Amellie13 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Заборавив да додадам, ако не ми се спие навистина, не легнувам. Ако решам да легнам порано со цел да спијам некој саат повеќе (пример ако треба следното утро да станам рано), а не ми се спие... Тогаш само се превртувам и уште повеќе се нервирам.
    Си легнувам во вообичаеното време, па следната вечер надокнадувам ако сум поуморна.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Навечер слушам музика и замислувам нереални сценарија дур не ми се приспие ептен. После тоа гасам и спијам во целосна темница и тишина.

    Јас па иам проблем со премногу спиење, можам во било кој период од денот да заспијам и тоа асално да трае по неколку саати. Кажете чаре за како да не се спие толку :D.
     
  18. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Дај ми малку мене од твоето спиење :D
     
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    И јас обично тешко заспивам. Многу често имам премногу активен ум навечер, и тогаш ми доаѓа енергија и креативност. А наутро ми е најслаткото спиење и тешко станувам.
    Ми помага тоа да станувам и легнувам во ист период во денот. На пр. најдобро ми е кога ќе легнам меѓу 23 и 00:30. Да станам кон 8.30. Да не преспивам напладне, зошто не знам да дремнувам,ако легнам ќе спијам 3 саати минимум а можам и до сабајле да продолжам ако сум преморена. Никогаш не легнувам јадена со тежок стомак, ама ни прегладнета. Ако ме копа за храна желудникот едно суво бисквитче или корче леб јадам пред спиење. Колку да не ме боли желудникот.
    Не пијам никакви апчиња и суплементи и чаеви.
    Гледам добро да се изморам во тек на денот, ако сум седела доста обавезно вежбам. После такво исцрпување, обавезно ми бара телото сон.
    Не практикувам АСРМ страшно ме иритираат. Живци ми кинат такви звуци.
    Но немам проблем да заспивам со музика за спиење. Има на youtube еден куп такви, секому по мерка да се најде. Мене ми пријаат тие што се со пониски тонови и со дувачки инструменти, не сакам пиано, гитара, превесели ми се. Може да имаат во позадина лесен дожд, но не некоја страшна олуја :D
    Ваљда треба да пробаш разни, па која се погоди.

    И верувале или не заспивам многу често со страшни видеа на youtube, оние каде што бараат духови и сл. :rofl: Пуштам ли тоа абе неможам повеќе од 15 мин да останам будна. :drunk:
     
  20. SwEeT_WaY

    SwEeT_WaY Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Ve molam kazete apcinja za spienje i nesonici