Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несоница (инсомнија)

Дискусија во 'Психологија' започната од LadyStyle, 8 јули 2010.

  1. Ivchence

    Ivchence Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2021
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Дечки овие неколку денови скроз ми се поремети спиењето месецов останував се покасно гледајќи филмови и завршив легнувајќи во 8 сабајле сега 30 саати неможев да заспијам ич и дури после се напив 5мг диазепам и спиев 6 саати ама се будев и пак продожував секој саат и еве сега подсле 14 саати откако станав пак неможам да заспијам ме удара на психа и ми почнуваат негативни мисли бил ли некој во слична ситуација има ли некој апчиња:^) ужасно е чуствотоо;(
     
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.451
    Пол:
    Женски
    Си го нарушила дневниот ритам со останувањето до доцна и гледањето филмови. Исто како да си патувала во друга временска зона. Место да станеш тоа време, ти си легнала тогаш и сега телото треба да се навикне на промената во ритамот. И луѓето што работат во три смени имаат вакви проблеми. Од заморот може да осеќаш физички симптоми кои може да се тригер за психички проблеми - пр од замор да имаш срцебиење, а тоа да ти разбуди страв и вознемиреност. И хормоните кои се лачат во текот на еден ден а кои се поврзани со сонот може да ти предизвикаат психички промени. Не се плаши од нив, кога ќе се одмориш убаво, ноќно време и кога ќе го вратиш ритамот во нормала ќе ти помине. Би ти рекла да не пробуваш со апчиња, туку да издржиш првиве денови и да се обидеш да си го повратиш ритамот. Не преспивај преку ден, па легни навечер. Или стани на време наутро и не се доспивај преку ден, издржи до вечер кога треба да си легнеш. Тргни дистракции и филмови настрана, прави си секој ден ист ритуал пред спиење и по станување и држи се до распоредот. Малку дисциплина треба и ќе се вратиш на колосек. Денското спиење нема ист ефект како ноќното, не се лачат хормоните кои се лачат ноќе, а со тоа ниту сонот ќе те регенерира, ниту ќе е квалитетен. На мозокот и на телото им треба ноќно спиење за да може да функционираат со полн капацитет преку денот.
     
    На Ivchence и Idedemja им се допаѓа ова.
  3. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Дали некој има правено еег за несоница? Не можам да заспијам без лекарства воопшто. А со лекарствата спијам 4-5 саати со прекини.
     
  4. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    867
    Пол:
    Женски
    Ne znaev deka ima takvo nesto,mislis na obicno ekg,i sto pies za spienje?
     
  5. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Заласта а во краен случај Санвал. И ептен ми е неквалитетно спиењето. ЕЕГ не ЕКГ
     
    Последна измена: 29 декември 2021
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Постои еег - електроенцефалограм, се користи за снимање и регистрација на мозочната активност. :) Не е исто со екг.
     
    На S.W.A.G и Lavender4 им се допаѓа ова.
  7. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Јас сум правела, но не беше за несоница. Не се разбирам многу, но ако ти треба искуство пиши ми.
     
  8. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Постои некој што не може воопшто да заспие сам од себе без лекарства или само јас?
     
  9. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Постои да. Тетка ми од кога и умре мажот и без лекарства не може воопшто да спие
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ThePharmacist

    ThePharmacist Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Машки
    Добро е и што лекарствата ти помагаат. Има случаи каде и тие не помагаат. Ако ти е некаква утеха.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  11. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Па не знам колку ми е утеха.. Бидејќи сум уште млада..
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Дечки давајте совети како да заспијам. Во послесно време се мачам ноќно време да заспијам, а често морам да се будам бидејќи имам бебенце кое го дојам ноќеска. После подој не можам пак да заспијам. Ниту денски не спијам. Во последните неколку месеци дали по 4 саати од 24 спијам. Не можам вака да функционирам, преморена сум, а не можам да заспијам никако. И телефон оставам и пак со саати се мачам.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mollami

    Mollami Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    I jas imam problemi so spienje, ne me fakja son, oci nemozam da sklopam, pijam caj od kamilica i toa ne pomaga, pa kje ispijam Lunerba apcinja za spienje se toa, Melatonin pure i taka...pomagaat
     
  14. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    867
    Пол:
    Женски
    Pij B 6 ili bedoksin,ke ti pomogne vo prezapivanje za tebe koga dois.,i stanuvas.,ili kapki valerijana.
     
  15. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Некои природни начини за справување со ова?;( Све живо пробав, не иде.
     
  16. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Слушај ја illa tiðandi од Burzum :mm:
     
  17. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    574
    Пол:
    Женски
    Откако дознав една вест што доста ме вознемири пред 2 недели, воопшто не можам да спијам, во неколку наврати ќе се напијам диазепам, но и покрај тоа максимум спиење ми е 4-5 саати.
    Преку ден сум уморна и имам и тахикардии од што не сум спиела со недели како што треба.

    Некој совет?
     
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.868
    Допаѓања:
    4.625
    Иста сум. Ако се справиш некако кажи. Еве дојде ли вечер и паника ме фаќа дали и колку ќе спијам. Порано ми успевале техники на дишење и опуштање на тело, сега јок.
     
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.777
    Допаѓања:
    33.649
    Пол:
    Женски
    Мојата "омилена" тема.
    Од бременоста со првото бебе почнаа несониците од страв што како и дали ќе се снајдам сама со бебе.Па после 1 година доење, на 3 ч будење, па втора година со чести болести од градинка , се пореметив ептен.Ќе заспиев и после се будев во 2 до 4 не можев да заспијам.Бев и на доктор за сон( ова во Де). Ме приклучија на еден апарат и ништо супер сум спиела, а се мачев да заспијам од чудото до 1ч ,и не можев да спијам после 5ч кога го извадив.Во тие 4 ч се било ок само сум имала синдром на немирни нози-рипање на нозете .
    Ме пратија на псијијатар ми препиша магнезиум|(.
    После 4,5год останав трудна со второ . Е таму добив во 6месец ангст од спиење.Кога ќе заспиев добивав лупање на срце кое ме будеше.Грдо чувство у (wtf).Од тоа лупање добив ангс од спиење, мислев дека ќе добијам срцев удар и страв ми беше да си легнам.Не спиев бев зомби. Не знам како преживеав. Пиев едни таблети за спиење и од нив двапати добив паничен напад.Во бременоста беше хорор се молев само бебето да остане живо:sweat:.Пак отидов кај психијатарот оти ми се фати во 7 дена да имав спиено едвај 7ч.Пред да отидам на др си гуглав и открив дека од ниско железо може да се случува срце биењето, а со тоа и несоница. Почнав да пијам железо и после 2-3ден почнав да спијам.После тоа бев кај психијатарот и таа ми кажа железо, б-комплекс и магнезиум да пијам.Јас пиев се и уствари сама си помогнав на себе.
    Вие што имате несоница испитајте си ги овие три работи и ако имате недостаток на нешто пробајте да пиете може ќе ви помогне.
    Исто многу шетање на сонце,сонцето помага во лачење на мелатонин . Нормално легнување порано за да може да се излечи мелатонинот.
    Важно и те како е физичка активност и поретко дремење пред екран.
    Се надевам на некој ќе помогнам:angel:.
     
    На lackygirl, P.S.love и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  20. Alfina

    Alfina Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Мајка ми има еден голем проблем со здравјето. Не може воопшто да спие, да заспие има несоница веќе бројни години по ред, мозокот и е нон-стоп буден, пие разни лекови за спиење не се знае што ли не пробала, секоја вечер е приморана да пие по 4-5 вида на апчиња луната, дијазепам. мелатонини секакви, б-комплекси, за да малку ја опуштат да има мирна ноќ, но ниту една таблета не и делува, нема ефект, и велам да престане да ги пие бидејќи знам дека таблетите за спиење се штетни по здравјето кога се земаат долго време, но не ме слуша и не престанува бидејќи е зависна од нив. Беше и на неколку психијатри, невролози на државно, но само и препишуваат лекови од кои нема никакво подобрување, и само ја влошуваат состојбата. Со тоа што не може да спие, мајка ми нема енергија да работи, да прави било што, многу е исцрпена, ја боли главата, во последно време многу ја стегаат градите и осеќа болки на срцето, меморијата и е ослабната, заборава често некои работи. По карактер е стресна и нервозна личност, што се нервира за многу ситници и за други луѓе кои прават грешки и имаат згрешено во животот, и многу често се навраќа во минатото и ги спомнува лошите моменти на нашата фамилија. Во минатото многу се има секирано и си ставаше се на душа. И се тоа со години доведе до ова. Има 49 години.

    Луѓе помогнете ми, кое е решението за мајка ми, кажете совет, некој да сподели искуство слично или исто, кај кој доктори да се оди, клиники. болници без разлика дали државно или приватно или во странство. Дали има ефект ако прави духовно исцелување. Некој што има познавање околу проблемот(болеста) или го изучува ова го молам нека сподели, или знаете некој луѓе што го препробиле ова, некои ваши блиски, роднини, пријатели.