Несоница (инсомнија)

Дискусија во 'Психологија' започната од LadyStyle, 8 јули 2010.

  1. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас сум во слична ситуација како мајка ти зависник сум од хелекс зимам санвал диазепам сега пробувам со витамини да го намалам хелексот.
     
  2. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Tesko odi so vitamini zamena na heleks,ako sakas pisi mi poraka ,za blisko iskustvo sto pomognalo so otkazuvanje od heleksot po preporaka od psihijatar po sema.Stvarno tesko odi ,bez pomos.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ivanchos

    ivanchos Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    18.910
    Пол:
    Женски
    Ако некој поминал низ ова нека дава совет јас не знам што да пробувам веќе. Колку мг Дијазепам испив, колку Мелатонини и нема ефект, око не можам да склопам.. Ако успеам да заспијам кога ќе станам имам страшни главоболки по цел ден не реагираат на никаков аналгетик. Еден месец се мачам вака а да нагласам не сум под некој голем стрес. Со анксиозно-депресивно растројство сум била со години и пак успевав да заспијам ова не знам што ќе биде. Не можам ни секојдневните обврски да си го завршам камоли нешто друго.
     
  4. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    Јас имав ваков проблем. Не ми помагаше ни едно апче. Ама тоа беше негде на средина на анскиозноста.
    Сега ми се среди самото. Понекогаш спијам и претерано. Одам од крајност во крајност.
    Периодов се нервирам зашто многу спијам што не можам да се фокусирам на обврските. Обратна сум од тебе сега. Си размислувам дека е подобро да не спиеш ама само јас и ти знаеме какво измачување е тоа.
    Ако не смени некоја друга терапија. Или обиди се со медитација. Можеш и со пиво да пробаш. Мене тоа ме успиваше еден период. :rofl: Друго решение не сум сретнала. Еве и некој друг нека каже со што се справувал во вакви ситуации. Како нашиве.:?:
     
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    24.275
    Пол:
    Женски
    Добредојдов на темава, имам тешка несоница, причина моето бебе, сега дете, првите 2 и пол години не спиеше повеќе од 2ч, значи немав врзано сон повеќе од 2ч, еве веќе цела година детето спие, сега е 3 и пол години, но јас не спијам никако повеќе од 4ч, заспивам со него во 22, 23ч и најмногу спијам без прекин до 1 или 2ч ноќе, после никако неможам да презаспијам....или ако презаспијам то ќе биди пак броено во минути и така се мачам :| во 7 станувам секој ден и така секој ден без енергија го туркам, на работа плус со дете мало.
    Пијав валеријана капки не ми помагаат, 2,3 пати имам пиено лексилиум или дијазепам, јок, ништо, никаков ефект, не ја имам читано темава сега ми текна да побарам, само да се пожалам :doh:
     
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.305
    Пол:
    Женски
    Го пишав ова во темата совети, но мислам дека е нешто што треба да е во оваа тема и што сите што имаат проблем со спиење да се информираат:

    „Сонот, кога спиеш ноќе и повеќе саати се одвива во циклуси.
    Значи не легнуваш и одма штом заспиеш да почнеш да сонуваш и свеста не се исклучува од надворешниот свет одма после заспивање, туку постепено.

    Еден циклус трае некаде помеѓу 90 минути и два часа. Во една ноќ обично човек поминува во просек 4-6 циклуси, зависно од тоа колку саати континуирано спиел. Во текот на еден циклус од саат ипол до два, има различни пократкотрајни фази за кои се карактеристични различни мозочни активности. Според некои има 3 според други 4 такви фази во еден циклус.

    Првите неколку фази од сонот (се викаат не-РЕМ фази), се фази кога не сонуваме туку тогаш телото постепено се опушта и мозокот постепено се успорува. Значи во првите три фази се оди од фаза на полесен кон фаза на подлабок сон.

    Првата фаза е кога од будни се успиваме (ги опфаќа и подготовките за спиење, ритуалите, легнувањето, местењето и фаќањето положба).

    Втората фаза е онаа на полесен сон кога се менува ритамот на работа на срцето, дишењето, паѓа телесната температура и се гасат движењата на телото т.е. моториката. Во оваа фаза се нормални оние ненадејни и неволни трзаи со екстремитети како дел од тоа „гаснење“ на моториката и периферниот нервен систем.
    Будењето, ако се случи, во оваа фаза е многу полесно.

    Претпоставувам тебе те будат во тој период зошто велиш дека лесно се будиш.
    Во тој период, според поновите истражувања, мозокот може уште да е конектиран со кората на мозокот (која е одговорна за свеста) и да сеуште примаш понекоја дразба од надворешната средина.

    Во длабок сон е фазата кога мозокот има најуспорена функција брановите му се најдолги (делта бранови), притисокот е намален, дишењето е бавно.Во оваа фаза се врши репарација и регенерација на мозокот и на телото, се чисти отпадот од клетките, растат ткивата (се ослободува хормонот на раст најмногу) крвта се насочува да тече во мускулите заради нивна репарација.
    Ако некој те разбуди во оваа фаза потешко ќе се расониш и ќе бидеш гроги извесно време.

    Сонот се случува само во една фаза од циклусот, таа последната - РЕМ фазата (rapid eye movement фаза). Сите останатите се не-РЕМ фази.

    Оваа фаза не настанува одма штом затвориш очи туку после 1 ч. до 1.5 ч после заспивањето. Оваа фаза карактеризира со брзи движења на очите под капаците во разни правци, по што го добила и името. И покрај овие движења очите не примаат дразби, дури и малку да се подотворат капаците. Ја викаат и парадоксална, затоа што спротивно на првичните очекувања дека тогаш треба да е мозокот најсмирен, тој е многу активен. Активноста на мозокот тогаш е послична на таа во будна состојба. Во оваа фаза се забрзува пулсот, притисокот расте и дишењето е позабрзано и неправилно, температурата на телото се менува. Клучна е за когнитивните активности, учење, меморија, креативност.

    Во една ноќ значи ќе имаш неколку РЕМ фази со тоа што првата трае околу 10 минути, наредните нешто подолго, обично последната РЕМ фаза е најдолга и може да трае и до 1ч.

    Многу е битно кога спиеш да ги поминеш целите циклуси.
    Тоа будење пред да стигнеш во РЕМ фаза ако се повторува често води до депривација од сон. Долгорочната депривација од сон има штетни последици и физички и психички.“
     
    На Sara<3 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Тема како за мене. Сон не ме фаќа навечер, да легнам, се мачам да заспијам. Кога ќе се раздени заспивам одма.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Исто богами. Од кога беа карантините во пандемијата ептен си расипав sleep schedule.
     
    На en5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Најлошо нешто..
     
    На Dream-Girl и en5 им се допаѓа ова.
  10. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    За работа ми смета, прва смена многу тешко ја издржувам.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам скроз, ме нервираат и мене обврски рано сабајле баш затоа што секогаш сум вечно ненаспана пошо не знам да си легнам у нормално време.
     
    На en5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Чаре некое без седативи?
     
  13. Maryy.

    Maryy. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Исто и јас имам проблем со спиењето особено пред прва смена, не можам да се смирам. Некое решение девојки? Многу исцрпува не можам да ги смирам мислите.
     
  14. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Кафе ви помага да се освестите на сабајле, колку енергија да ви даде ден да истуркате, зошто не сте доволно спиени?
     
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Да, без кафе не функционирам. :rofl:
     
    На en5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Пробувам и јас со кафе да се освестам, но пак ми се спие... Кога ќе дојдам дома од работа морам да отспијам малку.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Преспивам попладне често и јас по малку. :$ Ама со кафе насабајле барем колку толку поенергична сум. :D
     
    На en5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Нема спас изгледа за мене (facepalm).. Ни кафе не помага, ништо. Ги мразам утрата. :(
     
  19. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    5.315
    Пол:
    Женски
    Еј едино кафе шо ќе ме освести е coffee brew остало буквално ништо. Љубоморам кога некој ќе каже кафе ме освестува..
     
    На en5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Исто, се чудам како им делува. :D