Имав несоница цел свој живот и не се сеќавам да можев да заспијам пред 3 часот по полноќ без разлика колку часови сум спиела или кога треба да станам... се додека не почнав да одам на вежбање... одтогаш не можам ни да размислувам откако ќе легнам на перница, бидејќи веднаш ми се склопени очите и заспивам како бајче
Patam od nesonica i mozham da kazham deka e neshto n\juzhasno sho mozhe da ve snajde.POrano od 4 saatot navecher ponekogash i 5 nemozham da zaspijam.Se sum probala osven bajachki pa kje vidam mozhebi kje probam xoxo Laly
Несоница(инсомниа) Порано,несоница кога ме фаќаше,броев овци.Денес,менувам канали. помош-Телесна активност Се препорачува телесната активност како секојдневното вежбање во теретана или некоја друга форма на физичка активност, бидејќи уморното тело полесно ќе заспие, дури и кога умот е преоптеретен. Прехрана Обилните оброци, особено масните порции храна се голем непријател на мирниот сон, исто како и гладувањето. Многу луѓе кои практикуваат одредена диета, не јадат после 18 часот, што не е препорачливо, доколку страдате од несоница. Најдоцна 2 часа пред да заминете "под јорган планина" лапнете некој лесен оброк и избегнувајте ги смртните непријатели на добриот сон како кофеинот, алкохолот и цигарите, но и силно зачинетата (лута или солена) храна и чоколадото. За кофеинот, конкретно, се препорачува да не се конзумира и до 8 часа пред спиење. Распоред на дневни активности Кај секое пореметување на сонот клучно е да се воспостави ред во дневните активности, а тоа значи секојдневно да се легнува и станува во исто време (подобро порано, отколку подоцна). Ноќните птици нека примат на знаење дека легнувањето во кревет во 3 часот наутро е одличен темел за добра несоница, посебно доколку неколку пати пред тоа заспале и се разбудиле покрај телевизорот. Научниците ги прифаќаат разликите во биоритмот, но во одредени граници: прифатливо е да се заспие меѓу 22 и 01 после полноќ.
Значи имам инсомнија веќе не знам колку време, не можам да заспијам до 5 часот наутро. Џабе и да лежам во темница само се мачам и никако око не можам да склопам. А кога веќе ќе заспијам, спијам до 2-3 попладне, го губам цел ден. Џабе и саат да навијам, само го исклучувам и се вртам на другата страна. Стварно сакам да се научам да легнувам во пристојно време, ама не можам. Не знам што да правам. Не знам што е причината за ова...
Баш ќе пробам. Стварно се нервирам вака, да заспивам кога се разденува, а да се будам кога се стемнува... Не оди..
Ауу мене инсомнија е фаќа периодично...еве сега ми е таков период до 5 6 сабајле нема шанси да заспијам... и станувам 5 6 навечер и денот поминал...многу се нервирам џабе е бројче имам пробано и така по цел ноќ и ден не спиење...тој ден да ќе заспијам у 10 и ќе станам рано...ама следниот пак исто...па до 5 6 7 сабајле...период глупав!!
Мене ова ми помага да заспијам побрзо кога се мачам и превртувам по цели саати откако сум легнала. За инсомнијата ништо, периодот кога ке си помине, ке биде во ред. Сега ми е мене на неспиење :geek: <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/asg8XMzOvCE?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/asg8XMzOvCE?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>
Несоницата кај мене се јавува на периоди! Понекогаш подолг временски период нема да можам да спијам, ќе дремам на компјутер до раните утрински часови, ќе шетам по дома, се ќе ми се прави само нема да ми се спие! Некој ќе каже демек те фаќа несоница оти те мачи нешто, или многу му ја мислиш... абе нема врска, понекогаш едноставно таков ми е периодот, сон не ме фаќа! Најчесто пијам топло млеко, наводно опуштало и било добро за мирен сон... но јас не сум забележала некој посебен ефект! За среќа одамна ме нема фатено таков период, си заспивам веднаш што ќе легнам во постела!
Често имам несоница и многу се нервирам. Дури по 3-4 часа лежење не можам да заспијам, се коколам како луда... еве утре сум на училиште а дремка не ме фаќа!
Последните два месеца заборавив што значи несоница. Порано знаев да легна и да се превртувам и по 2-3часа, и жива ненаспана бев, но сега е далеку подобро. Од кога почнав да одам на јога овој проблем целосно исчезна. Заспивам во истиот момент кога ќе легнам, а доколку осетам проблем веднаш знам како да се снајдам Секогаш се будам свежа и полна со енергија
Те молам кажи ми каде одиш на јога или пак препорачај ми некое место во Скопје,сакам и јас да почнам, се надевам ке престанат и моите проблеми. позз
Јас почнав со нова рутина за вежбање и навистна ми помага за сонот. Ги искористив јога вежбите вежбите за грбот и кардио вежбите од овој сајт со едноставни вежби за растегнување пред и потоа. Ги правам кога ќе станам (за викенди и кога сум од поручек) или кога ќе си дојдам (кога сум одсабајле. Сега спијам подобро.
Несоницата е мој голем непријател еве и кога го пишувам и ова сега воопшто не ми се спие.Јaс мислам дека несоницата е последица на преокупираноста со некои работи што не мачат подолго време.Последниов период немам легнато пред 5h наутро,а и легнувам од што морам не од што ми се спие и кога ке си легнам го пуштам телевизорот и гледам нешто безвезе некои спотови колку да ме фати дремка и покасно ке ми дојде дремката од што немам што да правам и така заспивам
за несоницата знам дека не треба да се гледа телевизија со тоа мозокот се замара повторно да мисле,и неможе да заспие,иако не се гледа и само нешто да се слуша,понекогаш и резултат на некое нарушување е несоницата за која треба да се консултира лекар.исто касно навечер исхрана го забрзува метаболизмот и не дозволува да спие,и плус на сето ова секиранции безвесе се најголеми виновници за несоница.
Ете вчера имав несоница,бев цела вечер ваква Кога сум депресивна и кога мислам на нешто неможам да заспијам,нема шанси!! Се вртев ко будалче во кревет,те на една страна,те на друга и плачев очите толку зелени никогаш не ми биле ( инаку имам хазел очи ) од плачење. Дури во 6 саат задремав и ми дојде на сон светец...тоа е убаво нешто. Ми даде сила.. но ете некој пусти страв сеа знам дека и вечерва нема шанси да склопам око..
Се пријавувам овде.... Ми се чини дека во цел живот еднаш салам се немам наспано....Лежам, се превртувам, зјапам во таванот, пак се превртувам, пуштам телевизорот, земам книга.... абе не не ништо не помага. Вака од кога знам за себе. Инаку сакав да одам на јога ама не знам за такво место во Прилеп. И не верувам дека има. Ако знае некој некое, нека пиши...
Синоќа имав несоница, и плачев цела вечер незнам ни самата зошто. Денес сум болна, цел ден плачам ни самата незнам зошто очите ми се потечени. Цела ноќ се превртував, се будев на секои 5 минути ако задремам. И тоа често ми се случува во последно време незнам зошто Некој лек....? Можеби е поради нервоза и депресија, во последно време сум некако многу депресивна и нервозна. Еднаш дури си мислев дијазапам да пијам......