Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несоница (инсомнија)

Дискусија во 'Психологија' започната од LadyStyle, 8 јули 2010.

  1. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Пиши кои ти ги препишале, еве рисперидал мене па многу ми помогна за спиење, има и неспецифични работи за кои се користат во различни дози.
     
    На ek_ser му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ek_ser

    ek_ser Нов член

    Се зачлени на:
    14 септември 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    mene mi prepisaa heleks, zalasta, i seroksat
     
  3. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    Хелексот тргни го во најскоро време.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и ek_ser им се допаѓа ова.
  4. ek_ser

    ek_ser Нов член

    Се зачлени на:
    14 септември 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    zosto hahaha
     
  5. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    Ствара зависност,со еден збор дрога
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.268
    Допаѓања:
    13.036
    Пол:
    Женски
    Ништо не помага, џабе ..

    Изглеа време е за нешо појако, од типот на хелекси и чуда.

    Нема полошо од тоа да си исцрпен изморен до степен на лудило, а сепак ништо не те успива.

    Добредојде назад проклетијо, ете ја пак да ме потсети дека не сум се ратисала засекогаш..
    За ова нема лек изглеа, на периоди ќе ни доаѓа, ќе не ебава, мир колку да нема чоек.

    Веќе не знам колку саати сум будна, не можам ни да бројам..
    Мозокот не се гаси едноставно, какво опуштање бре, све се има пореметено, не знам веќе шо ќе се праи вака..
     
    На IamSexyAndIKnowIt и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.982
    Пробај со NON-SLEEP DEEP REST, исто така познато како YOGA NIDRA:




     
    На NoirSerpentine и Mrs. right им се допаѓа ова.
  8. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    На помлади години кога одев на факултет имав несоница или инсомнија. Сега за сега добра ама често ми се случува и да не спијам. Инаку интересно е нешто поврзано со темата состојбата на "кататонија" кога поради лекарско експериментирање не е дозволено пациентот да заспие. Сето тоа е со цел да се постави дијагноза и поради лекување на пациентот и подобрување на неговата општа и здравствена благосостојба.
     
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Ништо освен ХИПНОТИК, САНВАЛ.

    Пеколот го минав од несоница. А, последиците од хипнотици се зафркнати.
     
  10. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    7.685
    Пол:
    Женски
    Мене последниве денови ме мачи несоница. Преку ден сум супер, али некако штом ќе спадне вечер сите мисли шо се собирале, испливуваат

    Вака сум уште од предтинејџерска возраст. Матичната ми има даено некои витаминки, знам имаше едни со бувој бувосани, али џабе е. Ко бонбонки обични ми беа, па прекинав да ги пијам

    Коа се периоди на стрес, секад ми се поебува циклус на спиење и се враќа у нормала дур по неколку недели само од себе. Али дур да се врати, јас мука мучам навечер сама со себе и со своите мисли, а преку ден ми е мука од што немам спиено вечерта

    Или следниот ден ако немам работа се преспивам или бркам обврски неспиена, али баш онака неспиена ни со 5 минути сон...
     
  11. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    1.480
    Движи се повеќе во текот на денот и воопшто ќе немаш проблем со несоница.
     
  12. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    И тоа не менува ништо
    Движам премногу,гледам денот да ми е исполнет и пак не можам да спиам навечер
     
    На Anyshka и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  13. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    7.685
    Пол:
    Женски
    Јас секој ден сум ваму таму. Преку ден ми е супер. Ќе се видиш со луѓе, ќе свртиш два - три реда муабет, ќе се насмееш и подруго е.

    Но кога ќе зеам да спијам друга прича е. Еден куп мисли кои ме држат будна. Ќе земеш да спиеш, ќе легнеш, ќе се ушушкаш и едноставно не ти иде да спиеш.

    Сумњам дека ова највише од стрес ми е. Оти коа го неам, магично ми се решава и проблемот со неспиењето.
     
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.268
    Допаѓања:
    13.036
    Пол:
    Женски
    Неам пробано вакви работи.

    И јас долго мачев мака со гнаснава несоница, првпат ми се поремети уште околу 6 - то одделение. Баш пекол ко што викаш, никако не моеш колку и да сакаш, не ти иде сонот.. Се препив Мелатонин, Лунерба, па и други суплементи разни. Тогаш ко да не ми делуваа скоро ич. Ко полошо да се осеќав.

    Не знам како реагираше ти и како се бореше со чудовиштево, али дете бев шо се вика уште, секоја вечер до сабајле сум плачела, рикала.. :(

    Идев и на психијатар и на психолог. На околу 17 години мислам ми препишаа Асентра, ама не ги почнав.. Можеби грешка беше тоа..
    Иначе мојава несоница онака акутно, траеше негде до кај 20/21 година, сеа 25 сум. Фала Богу е подобро, додуша ете знае да ме потсети, ко пред некое време коа го пишав постот, и тоа цели 3 дена око не можев да склопам.. Којзнае шо беше ама одамна не ме имаше фатено така. Е во меѓувреме, и ПЦОС дијагноза ми открија и цел хормонален статус сјебан , па сеа, дали ради тоа сите проблеми биле, а не сум знаела или сепак на психичка база беше све..

    Битно, претерано гадно е, не е само непријатно туку во целост се измачуваш.
    Последниов пат, баш пеколот го видов, и си викам толку од мене, пак се врати ;(
    Ќе полудев ејј , жими се ќе полудев.
    И си "помина" само од себе.. Хахаха притоа со малце поише дијазепами испиени :| Коа дојде ред и два дијазепами да не ме успијат.. :worried:
    Хелекс не се напив, не ни иам, никад не сум пиела, така си се мачев самата, се борев шо се вика.
    И нема како да не разберат оние кои не де мачат или мачеле со овој проблем.
    Стварно преку глава од муабетот 'ајде опуштено само' |(
    Абе не моеш, џабе, не може, се осетив ко закочен цел мозок да ми е, ко да не се лачи хормонот мелатонин, ко да не работи делчето одговорно за спиење..
    Ужас, функционираш така ко некој дух, глава те кине, ама не главоболка онаква туку тежење, кај очите исто, се молиш ајде вајда оваа вечер ќе ја отспијам, и пак не.. :x Потоа не знам конечно како заспав..
    Дури чудно ми дое, као зар е можно, мислев нема веќе одмор за мене :( до толку очајно се осеќав.
    И ти добро знаеш, не знам зашо пишувам, ете, да знаат и другите кои се соочуваат со истото дека не се сами. Одлично ги разбираме. :hug:

    Јас и нарушен биоритам иам со години од коа почна ова, и тешко оправање глеам.. Искрено ко невозможна мисија ми личи. Или не знаеме како да се справиме, па затоа тапкаме у место?

    Иам периоди коа сум океј, ни овертинкинг не ме мачи, добро се чувствувам, лабаво и се е океј, ама, а нешто ново ми се дешава, нов предизвик, нова околина или слично, знае јако да ме мавне, и да потрае. Нормално несоницата пак се активира. Ама и навиките лоши ми се, морам да си признаам.

    Сеа како си, подобрување имаш? Какви последици си имала од лековите?

    Лунерба

    Пишав погоре, ја не видов некој ефект, а од Мелатонинот ко уште полошо да ми беше, дали така ми се чинеше само, мислам дека не.. Ќе се земев, посебно од тие како ленти што беа, и чекаш ај сон да те фати, коа ќе ми дојдеше еден наплив на нервоза, и ќе се истурев од плачење. И уште едни иам пиено, па и еден ко раствор кој смрдеше на алкохол, и имаше чист алкохол во него, и тоа превисока доза, и ништо бре, не те успива..
    Може требаше да мавнам неколку ракии :rofl: дете бев инаку сѐ уште, али така се заебаваа со мене. Секако ќе се заебаваат, коа не го искусиле тоа. :)
    Со години како не сум се напила од тие чуда, не ни планирам. Б6 едино може.

    Секако. Од што друго може, најчесто од тоа ни е на сите.

    Џабе и движење и све, коа си под стрес и ете така влијае кај тебе, на спиењето те мава, што и да праиш те држи, се дур си постои стресот и тлее во тебе. Коа ќе помине стресот, и несоницата ти поминува.

    Сум наприала споредба како е коа си уморен онака од работа, обврски нели, и природно ти иде уморот, си легнуваш ко чоек фино лепо, си се опушташ и си заспиваш без некои проблеми. А каков е тој умор после денови неспиење, потиштено се осеќаш, без воља за живот, ти се спие ти се плаче, легнуваш на перница, па се вртиш цело време на сто страни, и веќе после неколку обиди мене почиња нервозата да ме фаќа уште поише, и да мислам оти полудувам. Уморен преуморен си, но од тоа гадно чувство на тешка ултра изморена глава, не моеш ни да се опуштиш. :(
    Затоа мислам вака коа сум нервна, колку и да не сум спиена и раздразлива од умор, уште поише не успевам да заспијам.

    Истоооооо, потполно исто. Прво треба некој период да помине, па да си бидам ко што треба. Не може одма да се 'реши' и ај од денес сум ок.. Не сум, не е ни решението најдено што е најлошо.. :|

    Пак ќе речам, не очекувам секој да нѐ разбере, обично викаат претерувам, не сум доволно опуштена, сама не си давам шанса да се опуштам.. Океј, така нека биде. А истите само еден ебан ден да не спијат ко шо треба, викаат дека се осеќаат ко воз да ги смачкал.. :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  15. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Се слагам 1000% , мене никој не ме разбира оти не можам да заспијам кога знам дека морам да станам рано за работа или за било што. Ете сум на пола хипнотик и се мачам.. Чудна психологија. Многу ретко скоро ич не заспивам кога сум 1 смена. Ја мразам, ми го уништува животот, изгледот, здравјето пред се!
     
    На christinnn, Mrs. right и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.530
    Допаѓања:
    10.629
    Пол:
    Женски
    Леле и мене деновиве, сега таман заспав едвај пола час и изрипав. Кај мене мислам и времето плус влијае и почеток на ПМС. Во овулација па и многу глупости сонувам и мислам дека психата ми ја поремети. (facepalm)
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    7.685
    Пол:
    Женски
    Јас у моментов не го можам ни тоа пола саат. Еднаш ко ќе заспијам јас, 10 саати ко бебе спијам. Али дур да заспијам, ехееее. Иста мука опет вечерас:whew:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.530
    Допаѓања:
    10.629
    Пол:
    Женски
    Едвај заспав во 7 и спиев 3 часа, толку имав време инаку ќе поспиев некој час. Ова ужасно ми смета. Мене прво не ми се спие, па мисли ме шетат и на крај почнува да ми се лоши и ме фаќа некоја вознемиреност од нигде никаде.
    Кога сум под стрес ајде разбирам ама како сега кога ми е вака без причина ќе шизнам мислам.
    Последно тироидни хормони беа ок, ќе треба пак другите да ги проверам ама и кога ми беа ок вакви испади имав.
    Во бременост и додека не добив циклус, што значи година ипол јас немав вакви проблеми.
    Е кога дојде циклус и со бебе беше многу тешко. Пак почна несоница и вознемиреност. Не знам и јас како функционирав тој период.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    7.685
    Пол:
    Женски
    Јас до сега спиев. Од 4 ноќеска до пред малку. Јас коа ќе заспијам заспиено е, али ноќите што не можам да ги заспијам е друго:nod:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.410
    Допаѓања:
    3.592
    Пол:
    Машки
    Еве ви за сите пробајте не губите ништо
    https://hardcoreshop.mk/prodavnica/gaba-750/

    Или вака нешто уште подобро
    https://www.pbc.mk/aminokiselini/pgаба-2500
     
    На IamSexyAndIKnowIt и ForeverME им се допаѓа ова.