Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несоница (инсомнија)

Дискусија во 'Психологија' започната од LadyStyle, 8 јули 2010.

  1. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Ne moze da vleze vo mozokot ova, djabe
     
  2. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.611
    Допаѓања:
    7.717
    Пол:
    Женски
    И па ми е исто и вечер. Се наместив да спијам и едноставно сонот не доаѓа... и вака ќе биде се додека не ми се опраи редот на спиење, а за тоа ќе треба период да помине. И по тој период па од по ново ќе се вртам у круг.

    Матичната ми даде пред некое време б6 и мелатонин, али ни еден од овие не ми помага. Ко обични бонбони имаат ефект на мојот сон.
     
    На Sweetymk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    13.063
    А ти или било кој друг сте праеле ли вака: као демек у покушај да го вратиш биоритамот у нормала и да спиеш ко шо треба, остануваш будна, значи не спиеш ич дента, се дур веќе не моеш да издржиш нели и конечно те фаќа сон? Редовно ова го праам иначе, и никад биоритамот не се враќа, пак се заебавам..
    Баш вртење у круг ти е ова. Немање ред, џабе све.

    Се дур точно у саат не се научиме да легнуваме, ама точно без отстапки, изглеа ништо не праиме. Не знам ни ова дали би помогнало.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.483
    Пол:
    Женски
    Зависи имам пробано, ама многу е битно кај мене дали и под колкав стрес сум. Бидејќи ако имам стрес ништо нема да помогне да заспијам.
    Дното го имам пробушено засега само 2 пати со пиење 5 апчиња Дијазепам од 5мг одеднаш. Ама морав бидејќи веќе со денови не спиев.
    Најчесто ако уморот ме совлада втората вечер можеби не, ама третата спијам ради умор. Па пак така у круг.
    Ама тоа е периодично зависи од стрес
    А биоритамот не би рекла дека се враќа колку што хроничниот умор ме совладува па сакаш нејќеш ќе заспиеш
     
    На Mumoftwo30 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    13.063
    Исто, скорз исто :|

    5 одеднаш? :o Аууу, до толку не сум пробала, две се напив од 2мг, и секако не делуваше, па си продужив така да се мачам. Додуша дента и уште некое се напив, ама не одеднаш ко тебе, од 2мг обично ги пијам.
    И се додека ко што рече вајда конечно уморот не те совлада, нема спиење, после 3 дена конкретно неспиење, или 3 ипол како беше не памтам, ми дојде сонот едвај врзав неколку часа.

    Колку се поише и поише млади патат од ова, ужас..

    Не верувам да се врати биоритамот ко што бил. Сјебан си е тој, готово е веќе. Најголем успех би ми било ако го средам ама...
     
    На Mumoftwo30 и Selena01 им се допаѓа ова.
  6. Dorotka

    Dorotka Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    I jas pred godina i nesto imav golema maka so nesonicata, koj ne iskusil ne znae kakvo izmacuvanje e, nisto poloso oci ti se zatvarat a mozok ne se isklucuva, kako so pogore napisa clenkata kako da ne postoi vo glavata dugme za zaspivanje, pa pocnuvas da razvivas strav sekoja vecer dali ke zaspies, ili so otvoreni oci utroto ke go docekas i se taka se vrtis vo krug. Mene najveke mi pomogna Magnesium bysglicinat sekoja vecer pred spienje, tusiranje so topla voda i caj od matocina,koga ke se osetam nervozna navecer zimam valerijana kapki, ete toa mi e spasot.
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Луѓе не ми се верува дека пак сум овде. Ама тоа е што е. Не било ништо линеарно во животов.
    Влегов во филм да ги откажам цигарите и ги заменав со никотински кесички од најслабата варијанта никотин кај нас 4 мг ама сепак доволно јаки за да ме вознемират. Неколку дена ставав по само 3/4 на ден но јас почнав да се чувствувам преанксиозно и да ми се редуцира сонот.
    Реално ако ме читавте по други теми есенва ми беше пеколна поради здравствени проблеми на моите но се заврши добро на крајот, но дури и тогаш јас спиев добро и психолошки бев многу јака.
    Од пред недела дена кога ги пробав кесичкиве јас веќе не можам да спијам.
    Ги прекинав завчера и почнав пак да палам по некоја цигара но исто се чувствувам. Растревожено и речиси да не спијам веќе 3 дена.
    Таман кога дома се' е во ред и почнаа да ми се случуваат убави нешта наместо да уживам во престојните празници јас пропаѓам...
    Цела есен спиев по 8/9 саати од ноќ и во најтешките периоди кога родителот ми имаше тешка операција немав несоница напротив реагирав трезно, се борев и спиењето ме лечеше..
    Сега кога се' е супер да паднам олку и тоа од никотински кесички? Не е фер!
    Молам за поддршка и муабет.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Ne koristis dovolno nikotinski kesicki. Fakticki si vo withdrawal od nikotin. Zgolemi go brojot na kesicki na den.
     
  9. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    4 мг никотинска кесичка мислиш е малку? Заменувала 3/4 цигари. А јас ставав по 3/4 на ден. Не сум некој голем пушач. Околу 10 пушам.
    Да се вратам на кесички ни во лудило.
    Па после едно пакетче да не ме смирува..
     
  10. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Da malku e. Toa e najslabata doza na pazarot I fakticki se koristi za odviknuvanje. Не може точно да се спореди со цигара заради различната брзина на апсорпција. Дали кога престана да со цигари и почна со лексички пак имаше крејвинг за цигара? Ако да, тоа ти е withdrawal.
     
  11. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Не бе мила, интересна работа немав нешто посебно. Сега нормално ми прелетуваа мисли одвреме-навреме кога ќе видев некој со цигара ама ништо неиздржливо.
    Нешто што веднаш приметив е дека кесичката ме растревожува.
    И баш мерев притисок и ми беше малку покачен а и срцевиот ритам. Притисокот ми е 110 со 65 горе долу секогаш. Само што ќе ставев кесичка и притисокот ми се качуваше и до 135/72.
    После почнав да се чувствувам анксиозна и последниве денови и несоница и веќе прекинав завчера ама симптомиве ми останаа иако пак се вратив на цигарите.
    Ништо не ме смирува.
    Изгрешкав некои работи. Предизвикав шок со наглиот никотин. Мојот тутун Пуебло сино е од најслабите.
    Плус природно си имам склоност на вакви состојби и ова баш ме допре таму.
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.536
    Допаѓања:
    10.690
    Пол:
    Женски
    Иста сум и јас, во најголем стрес сум јака, се држам, барам решенија, одам од еден на друг да тешам, крепам, и кога се ќе помине, и се ќе се среди, мене почнува да ме мава вознемиреност. Научив дека така реагирам после секој стрес и тоа е. Читам книги, правам работи и занимации во тие моменти што ми одвлекуваат внимание, ама кога ми се јави анксиозен напад во сред ноќ мислам дека куќата наопачки можам да ја превртам.

    Можам само да ти кажам дека ќе помине, период е. Освен стресот исто така и на зима времето допринесува, мачно, сиво..
    Прави работи што те опуштаат, мисли позитивно контра на она што те мачи. Капсули ашваганда се супер, многу помагаат,барем мене ми беше супер со нив.И исфрли кафе обавезно и цигари, не ти треба тоа.
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Реакција од стресот ти е.
    Фактички телото кога ќе се олабави и опушти после поминати стресни ситуации во животот тогаш се чувствуваат ефектите на стресот највеќе.
     
    На Mumoftwo30 и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  14. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам Ангелу!
    Ми значи кога ќе чујам мислење и поддршка од сличен паталец!
    Две години поминував низ многу интензивни животни потреси..Од развод до болест на родител.
    Освен лани есента која ми беше баш мирна и убава, се' останато изминативе две год ми беше голгота.
    Низ таа голгота заборавив да читам, гледам содржини кои ме смируваат.. Кога немам што да правам обично висам на тел, правам муабет со пријатели или преокупирана сум со здравјето..
    Заборавив да уживам во работи во кои сум уживала.
    Ќе морам да менувам нешта од корен и повторно да го гледам животот како игра..
    ❣️
     
    На Mumoftwo30 и anggell им се допаѓа ова.
  15. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Го мислам истото.
    Стресот со цигарите беше капак.
    А матичната ме молеше да не ги оставам сега оти знаеше дека е лош период.
     
    На TrueToMyself му/ѝ се допаѓа ова.
  16. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Те молела да не ги оставиш за да не те фаќа никотинска апстиненција...
     
  17. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    ,
    Знаејќи ми го и онака стресниот период. Никотински кризи и вака и онака се имаат, ама многу е битен периодот во кој ги откажуваш за како евентуално и шокот би бил поподнослив во подобри животни услови.
     
  18. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Добар ден друштво.
    Мало подобрување имав сношти, поточно бев доста смирена и буквално дремев до сабајле, кога конечно подзаспав 3/4 саати што е ништо ама и толку е нешто.
    Она што го приметувам е дека инстиктивно се бранам да не заспијам. Толку многу ми се спиеше а кога ќе дојдеше моментот да ме "снема" јас скокнував. Тоа е стравот. Примарен наш дел кој не' тера да чуваме стража оти се наоѓаме во опасност.
    Се сетив дека пред Ковид немав вакви епизоди. Се случувало и како мала пред тест/испит важен настан да не спијам ден два ама не сум правела драма од тоа.
    Првата посериозна епизода ја имав 2020 и оттогаш почнав да си правам опсесија од ова, и секогаш е поврзана со некој минат стрес или промена.
    Матичната ми вели клучно е да не се прави драма од ова. Ми даваше примери за бремени жени кои не спиеле цела бременост воопшто и преживеале. Некоја друга пациентка цел живот едвај два саати спиела, сега има 70год и е ок. Секако, сето ова е многу индивидуално, ама поентата и' беше да не се потресуваме толку и да не гледаме на сонот како невозможна мисија.
    Таа е дури против ритуали и алтернативи навечер константно оти било исто како да правиш ритуали и да се подготвуваш за јадење. Ти се јаде кога јадеш и јадеш со задоволство и не гледаш како на невозможна мисија на тоа освен ако немаш проблем со истото.
    На истиот начин требало да се гледа и на сонот. Да се заборава "невозможноста" и да се ужива во него како на нешто што ти следува природно.
    А да дојде до тоа, требало да градиме здрави навики и одење во кревет порано и горе долу исто време.
    Ова секако важи за ние кои од само анксиозни причини страдаме, оти има и биолошки причини за несоница.
     
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.536
    Допаѓања:
    10.690
    Пол:
    Женски
    Рачунај дека сето ова на нас жените во ПМС ни е дупло изразено. Имај на ум дека околу тој период и ПМС може да биде причина за анксиозноста.
     
  20. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Ухх и те како!
    Лично, докторката смета дека имав никотинско труење оти имав и болки во стомакот и дијареа покрај анксиозноста и неспиењето.
    16 мг синтетички никотин биле многу за пушач како мене ...
    Се надевам ќе ми е подобро наскоро.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.