Толку разбира и таа. Тие 4мг никотин кроз пола саат ставени од непце достигнува ниво како на 1/3 што цигара достигнува за 7 секунди во крвта. Баш напротив, не никотинска труење туку никотинска апстиненција си имала. Рачунај една ќесичка е како една цигара ама не наеднаш за неколку секунди во мозокот туку кроз 30 минути и за 2/3 помало ниво во крвта од цигарата.
Ама како не разбираш дека дозата е многу индивидуална работа и дека луѓе имаат доживеано никотинско труење од 2 мг, а некој и од 60мг ( со толеранција ) нема ништо! Не сум тежок пушач, пушам едвај 10 на ден минијатурни од тутун кој е многу слаб и со истиот едвај 4/5 мг ако внесувам цел ден, а со цигара верувам не повеќе од 0.5 едвај. Овие за мене високи шотови со синтетички никотин ми дадоа симптоми кои беа реални- покачен притисок, тахикардија-секогаш кога ги ставав, и на крај завршив со тресење и неспиење за кое и пишав во темава. Можеби кога кесичките би биле од 0.5 или 1 мг никотин би реагирала поинаку. Ако беа толку безбедни ќе беа одамна одобрени од СЗО! Па кога видов уште дека има и од 15 мг никотин се исплашив. А истите ги продаваат по маркети и замисли некој неинформиран и нетолерантен на толку никотин си купи и проба, може да заврши фатално. Да не правиме офф топик и понатаму, друга тема е ова, ама убаво ако прочита некој и размисли околу нив.
Луѓе, јас поинаку освен опсесија и страв од неспиење мојов проблем не го разбирам. Дури ми е срам од сама себе колку не можам да се изборам. До пред една недела и покрај сите проблеми низ кои поминував цела есен јас се убивав од спиење без проблем и тоа и ме држеше всушност силна и стабилна. Само што заврши се', наместо да поуживам конечно во благостојбата, јас будалче се стресив со цигарите и си направив пост трауматски изгледа и цела опсесија со неспиењево. Пред три дена спиев добро не знам како се случи ама последниве два пак едвај два три саати сабајле и тоа, а легната од пред полноќ. Рамењата ме болат од превртување. Не можам да излезам од кругов! А ми се спие ми се плаче ама кога ми доаѓа да се препуштам буквално скокам, како да се борам против сонот! Па после интрусивни мисли почнуваат и така цела ноќ журка. Пробувам некои чаеви и суплементи џабе. Мозокот има решено да држи стража. Дури страв ми е да бидам сама во соба. Утрово за малку што не слегов кај мама и тато да им се пикнам в кревет. На психијатар да одам веќе и терапија? Стварно не знам досадно е и мачно!
Јас само дојдов да се пофалам оти спиев 7 часа без *Золпидем* после 2 месеци, пу пу, шо викат старите, да не чуе "ѓавол". Среќа е да се наспиеш. Same here sis, ми препорачаа една од Скопје. Последна опција ми е психијатар, по можност да биде специјализиран за Инсомнија. Погоре прочитав нешто за никотин? Немам баш време во моментот да дочитам, ама да се надоврзам дека кога не палам цигари полесно заспивам. Не сум пушач(редовен) ама понекогаш знам да испушам 2-3 цигари. И тоа ми влијае на заспивањето, експериментирав доста.
Здраво сестро! За жал многу мачна опсесија е, и веројатно треба да се работи на опсесијава, зашто биолошки проблем немаме за ова. Кога не ѝ се плашиме спиеме нормално не? Во мојов случај е така. Јас лично имам опсесивно компулсивно растројство и сега ме има заглавено на оваа тема, во комбинација со анксиозноста и ова е кругот.. Ок е да се вметнат медикаменти и психијатар ако веќе е неиздржливо ама после доаѓа пак иста прикаска со нивното редуцирање па пак стравови и сигурно нова епизода. Нема за жал долгорочен медикамент за ова кој би го земале цел живот а и не треба кога реално нашиот проблем е опсесијата и стравот. На овој проблем мислам се работи со спец. терапевт за овој тип на опсесија и учење да се ослободи стравот од истата. Редовно одење на работа, обврски..Мене ми дојде и лани една епизода ама во меѓувреме почнав на работа која ми легна многу и истиот ден заборавив на ова. Сега за жал сум без работа некој месец, поминав низ тешки стресови и уште потешко е да се излезе од ова сега. Ќе биде се' во ред секако, само мора да го најдеме првиот начин за справување со ова. Инаку и најголемиот спанко да почне да ги има нашите мисли, стравови и опсесии, ќе му се случи истово. Не е лесно да се работи на ова. И веројатно е долг процес. Читав дека овој страв го носиме од првите луѓе кои поради изложеноста на многу опасности многу малку спиеле оти биле на константен стрес. За жал кај некои луѓе како нас е поизразен. Значи тоа е тоа чувство. Страв да заспиеш оти немаш самоконтрола без разлика што ние сакаме. На ова треба да се работи.
@Mentalna85 а кај тебе потврдено е дека се работи за страв од заспивање? Што знам, кај мене не е така. Туку исклучиво од стрес и само стрес. Инаку неам проблем. На периоди се јавува. Добро, проблем иам со биоритамот, ама се помирив веќе со тоа. Отишол возот више. А коа е баш стрес, или доста сум возбудена поради некое ново поинакво искуство кое треба да го доживеам, ќе се вклучи и овертинкингот, а може и да го нема толку многу, но сепак ќе здрма јако несоницава. Не ми било страв да идам да спијам, туку страв ми е пошо знам дека ќе се мачам пак и таа вечер, знам што ме чека. И да, за инат ете баш тоа се дешава. Откако ќе се преморам веќе веројатно исцрпен секој атом во мене, и ќе ме совлада заморот, ама се дур добро не се измалтретирам, не ме пушта никако. Буквално да молиш и плачеш за сон, се осеќам у тој момент ко казна некаква да ми е тоа. Па и таа вечер коа ќе реши да ме остаи да спијам, тоа е најчесто неколку саати, и пак дента сум за никаде, тек после два три вечери веќе се нормализира да кажам. Колку дена не спиеш? За смирување да пробаш нешо, може ќе те опушти малку, иако мене не ме опуштаат тие работи. Интересно е ова. Иначе од мала се доцна се легнував, у градинка исто така не спиев, другите потонати у сон, јас шанси немаше, си дремев легната и се досадував. А правата несоница во вистинска смисла ја осетив колку била гадна на 12-13 години, и тоа константно беше.
Поздрав другарке паталке ! И јас прв пат ја имав како дете, од нигде никаде почнаа да ме обземаат мисли дека нема да заспијам и нема да бидам способна во школо. И ме подбра убаво. Можеби цел месец со едвај некој саат се мачев. После некако го заборавив тој страв и ми се јави во Ковид времето повторно. Ме држеше две три недели. И оттогаш ме има фатено уште два пати на по некој ден и од лани есента до пред една недела бев супер, заборавено ја имав. И ми почна со никотинските кеси. Ми чепнаа нешто што не треба и еве не поминува. Плус сум многу анксиозна цело време. На тоа со стравот од заспивање мислев дека се штрекувам кога доаѓа време да ме фати сонот. До тој степен сум стресена. Како да ми се брани телото да не спијам. Немам мир едноставно цела недела. Како на најстресна задача сум 24 часовна. А ич не сакам терапии, тешки ми се за оставање после и пак наново. Се надевам ќе пушти наскоро.. Се молам да пушти. Да, потврдено дека имам окп кое ми се манифестира во различни теми. Твоево е класичен стрес , реакција од стрес.
Значи најмногу треба да се работи на стравот од неспиење, а за тоа секако мислам дека би ни помогнало стручно лице. Пред некој ден си најдов маче, не можам да опишам каква енергија ми донесе заспав без апчиња. Имам други две дома ама по лошички се, не им давам да спијат со мене дека знаат да ме будат во 5ч сабајле. Ама ова некако ме смири, прв пат ми се случи од маче да ми пренесе таква енергија смирена од кога го имам заспивам без проблем, се плашам да не заврши. Веќе 2 вечери заспивам нормално. Уште не ми се верува дека можев вака убаво да се осеќам од само едно маало маченце, покрај многуте други мачки штом ги имам изгледано. Ќе видиме до кога ќе ме трае вака. Ако тоа е лекот, посакувам секој да си најде мало маченце и да си го вдоми, да ја осети таа мила, нежна, смирена енергија
Prva dijagnoza psihijatriska mi bila INSOMNIA.Porano imase mislam takov kafic ili mesto za izleguvanje.Koga ke gi videv tie vrabotenite so majci so natpis INSOMNIA,dusata mi se tresese od strav.Togas bev mlada i znam deka patev od ogromen stres od nadvoresni faktori.Koga se smiri toa anksot ,mi ostana stravot ona sto koga ne mozam da zaspijam,i si pravev caj matocina obavezno pred spienje i B6.Sega znam deka ne me zapiva lekot ,cajot ili drugo tuku ritualot deka eve nesto pies pred spienje.So obvrski cel den ,nemam vreme da mislam na ova,samo gledam da imam rutina,obavezno da si legnam do 12 najkasno ,i nautro da stanam sveza i odmorena.I za NOVA GODINA ne mi se rasipuva ovaa sema,mislam deka e mnogu vazno legnuvanje i stanuvanje vo isto vreme.Toa ne samo za nesonicata tuku opsto za celo mentalno zdravje e mnogu vazen sonot.Treta smena mislam deka ne mozam da ja rabotam za niedni pari ,celosno ke me poremeti.Gledame doma film i slucajno primetuvam deka se blizi 12,vo sekunda prekinuvam i idam vo krevet.Mojov mi se cudi kako mozam da se prekinam na najinteresniot del,ama filmot moze da go dogledam i utre ,ama sabajle nejkam da bidam nervozna i da mi curi glavata za son ili kako mamurluk.Toa e preporaka od naucnici sto gi pratam.Za stravot sakam da probam hipnoza,ili NLP ,bidejki klasina psihoterapija nema da pomogne za sostojbava po moe.
Хахаха хаха!!!! Ме изнасмеа да си ми здрава и жива со кафиќов!!! Имам имано слични шеги со асоцијации... Несоницата, ако не е начната од биолошки причини, секако е поврзана со многу стрес и опсесија. Ќе помине како и многу пати.. Да се работи на стравот треба. Чим еднаш се ослободи човек потоа е полесно. Те гушкам!
Луѓе, никако не поминува стресов и опсесијава. Завчера спиев супер без никаква помош и готово реков помина. Синоќа пак до сабајле будна и едвај два три саати до 10. А интересно е што ми се спие ми се плаче и таман да заспијам ми почнуваат мислите и толку. Веќе две недели истата приказна. Во две недели три пати ако имам спиено добро, а се' останато по 2,3 саати како програмирана и будење со ужасен страв. Матичната ми рече дека ми е од претрпениот стрес и тоа што сум без работа и го мислам само тоа. Претешко ми е. Да е лето се издржува некако. А сега во ладново уште и неспана многу е тешко. Уште повеќе ми ја потикнува анксиозноста и хипохондријата. Многу ми е тешко. Мислам никогаш не ќе дојдам при себе повторно. Си имам увртено во глава дека ќе си го уништам здравјето вака плус пушам многу повеќе вака. Во агонија сум едноставно. Ве молам за поддршка. Да си кажеме убав збор дека ќе биде подобро наскоро. Матичната вели повеќе од секој втор страдал од истово денес.
Ќе видеш дека ќе биде подобро. Кај тебе не поминува затоа што паметот само таму ти е. И си набила страв. Дали почна да земаш некои витамини? Почни со ашваганда, одма нема да видиш разлика, затоа што си многу под стрес со спиењето. Кај мене одма ме опушта ама мораш и ти да се потрудиш колку и да е тешко да сфатиш дека нема ништо лошо да ти се случи. Почни со ашваганда за 10 дена ќе почне да те опушта ама редовно да ја пиеш, со тек на времето ќе се средиш. Мораш сама да си даваш поткрепа дека нема ништо страшно, да си средиш мислите. Сосема те разбирам. Мене почнува и во стомак да ми лупа кога не можам да спијам, ми се јавува вознемиреност. И одма си наогам занимација некоја да не го хранам стресот, кога не можам да спијам пеглам или плакари средувам и пуштам музика за опуштање во позадина онаа што има звуци од птици, жуборење на потоци, и тоа ме опушта. Инаку кога ми се јавува вака земам најлути мастики, колку и да е чудно, мене ми помагаат, или ментол бонбони. Ќе помине, работа ќе најдеш се ќе се среди ќе видиш. Јас вака кога имам моменти сама со себе во мислите се крепам дека ништо не ми е само обичен паничен напад, дека ќе помине и утре ќе биде подобро. Пешачи, вежбај, читај. Исфрли токсични луѓе и полека ќе се вратиш во нормала. Слободно пишувај кога ти е мака, овде сме за подршка.
Duso napatena i nenaspana,te razbiram poveke od sestra(imama sestra de,ama ne se razbirame bas),ako ne se trpi ,ne se trpi ,zimame terapija i apovi.Licno imav psiholog eden sto e mnogu protiv hemija,ama ne mozam da prostam deka go posusav za toa i ne piev A.D.,koga mi trebase vistinski.Bas mi e krivo sto ne pocnav so vreme togas i go slusav ovoj ,i ne mi pomina i zavrsiv posle na pojaka doza i na izguben del od zivotot za nisto.Sama si znaes,melatonin,b6,matocina filter po 3 kesi pred spienje,aktivnost,bez ekran 2 saata pred spienje .Ako ova ne pomaga i se ti e probano ne se maci za nisto.Asvaganda pijam redovno vo prav od ZEGIN,i vlijae najmnogu na libido.So pomin.
Ani mila, blagodaram na razbiranje I soveti. Kaj mene konkretno ne e sama po sebe nesonica, nego intrusivni misli I strav pred spienje. Pred dva dena se iznaspav super bez nisto. Snosti pak imav nekoj strav misli I ne mozev. Stresot koga ke go reduciram I pocnam da ziveam poopusteno mislam deka ke dojdam pri sebe.. Ke bide se' vo red.❣️
Merlinke i jas koga imav na vremeto nesonica i posle koga se opraiv imav dolgo vreme strav od nespienje,i nekogas seuste zimam b6 ili nesto na prirodna baza od toj strav ,ne znam dali ti go vikas intusivni misli ili kako i da e,ama znam deka JAS ZAPIVAM,ne pomosta sto ja baram ama pak uste ja baram.Me razbra neli ?
Си направивме цела опсесија од ова! Сношти бев преокупирана со нешто друго и заспав како бебе. А ни чај не се напив. Тажно е на какви банални опсесии си го трошиме и онака прекраткиот живот... Она на кое треба да работиме е опсесивноста, оти истата ни се манифестира во многу теми.. Мора да се најде канал каде ќе ја трошиме на попродуктивни теми. И да се прифати неизвесноста на животот. Сите луѓе имаат стравови и лоши ноќи ама не прават цела драма од тоа. Ние правиме. Во тоа е разликата. Ние сакаме секој ден да ни е линеарен и мирен. А ако го доживееме тоа, ќе не фати страв дека ќе заврши и така во круг. Џабе ни е и најдобрата терапија ако не умееме да кликнеме со себе и сфатиме. Те гушкам.
Одговорот е во тоа што го пиша- дека сами треба да си сфатиме што не мачи во нашите глави, да се обидеме да се ставиме во ред. Џабе да се мачиш со чаеви, ако не се справиш со она што те загрижува и не ти дава сон. Имам и јас последниов период проблем со несоница. Мислев дека е хормонските промени, перименопауза и сл. Ама сега сфаќам дека не е само до тоа, зошто и претходно бев во истата состојба ама немав несоница. Мене лично ми е од постојана премореност што е истотака стрес особено ако не се одмориш и не прекинеш да се истоштуваш. Ама најмногу ми е од што мислам на се и сешто. Overthinking цел ден, ама навечер ми е најлошо. Ти спомна за дел од проблемите што ги имаш и веројатно ќе се смириш кога и тие ќе се решат. Проблемите околку егзистенционалните прашања (пари, работа, дом, здравје) се многу стресни проблеми, а не се решаваат секогаш лесно ниту па брзо. Со некои може само со помош од другите да се справиме. Биди прагматична и фати се во костец со оној проблем што те мачи. Не го одложувај решавањето на проблемот, не го игнорирај, не го одложувај. Работи на решението активно. Без разлика дали ќе го решиш или не, психички ќе ти направи голема разлика во смисла ќе знаеш дека ти правиш се што можеш и дека ти имаш контрола врз тоа што ти се случува. Сите викаат овде помалку телефон пред спиење, мене пак ми е од корист. Зошто само така се исклучувам од работа и од тоа премислувањето. Вака еден филм, една епизода од омилената серија пред спиење ќе ме натераат да се седнам физички, а ментално да се фокусирам на нешто друго и ќе ми се приспие. Една вечер долго се мачев да заспијам, почнав да осеќам дури и како склет по рацете и нозете, се чешав по нив и сл. Како синдром на немирни нозе. Тоа се нервите. Си почнав б витамини да си пијам, а следната ноќ пола саат пред спиење си се напив и дијазепам. Мирно спиев цела ноќ, првпат после две недели. Откако се одморив еднаш, после наредната ноќ не ме фаќаа такви нерви и не се напив пак седатив. Мене јога многу ми помага за контролата врз мислите и емоциите. На крајот од сесијата правам некои вежби за дишење или малку медитирам, си кажувам некои афирмации што ми требаат во моментот.