Ти благодарам драга на обемниот одговор и советите! Веќе неколку дена сум подобра. Матичната е убедена дека имав никотинско труење, и оттаму несоницата и останатите симптоми како дијареја, тахикардија, покачен притисок и ткн. Пишував погоре дека ова ми почна после користење никотински кесички со висока концентрација на никотин за која не размислив за жал. Но, помина. Ум за друг пат. Капитализмов е немилосрден. Продава сешто. Ве гушкам сите. Убави празници со многу здравје, мир, добар сон и сите сакани на број! ❣️❣️❣️❣️❣️❣️❣️
Среќни празници и на тебе и твоите! И јас имам слушнато дека се јаки тие кесички, особено што се абсорбираат брзо во телото, зошто се ставаат под јазик. Добро што си ги тргнала. Јас не сум пушач ама сакам кафе и тоа еспресо или нес кафе. Сум приметила дека полесно заспивам ако сум пиела само едно кафе дента или ниедно.