Здраво , мојата беше поттикната од голем стрес лани и ми траеше околу 3 месеци. Откако се смирив ми помина и убаво спиев до есенва кога ми почна пак. Повеќе е како циклично. Од 2 до 4 дена едвај од 2 до 4 саати ќе спијам, па после неколку дена до недела две спијам пак убаво, па пак неколку дена едвај и така во круг еве веќе месец два вака. Ме нервира тоа што во цел мој живот после една вечер малку сон следната задолжително си спиев супер , а сега ми продолжува повеќе денови. Нешто слично некој? Иначе имам анксиозност и посттрауматско растројство.
Порано имав несоници долги периоди, единствено нешто што ме спаси е ова: (со актив конкретно, има и без послаби) На природна база се, мислам дека се пијат веднаш пред спиење и треба да гледаш отприлика исто време да си легнуваш секоја вечер. Можеби нема од прва вечер одма да заспиеш цврсто, за неколку дена ми помогнаа нормално да спијам. Ако немаш пробано ти ги препорачувам.
Ти благодарам. Ќе ги земам. Засега ништо не земам, евентуално некој чај камилица/маточина. А дали исто те движеше циклично и дали во тие периоди имаше многу нерешени животни прашања? Мене пак ми се врати кога почнаа нови проблеми. Кога бев смирен со месеци спиев супер. Исто ме чуди зошто како помлад го немав ова. Колку и да имав проблеми си спиев супер. Знаеш сите имаме лоши ноќи, ама мојот биоритам беше секогаш без исклучок следната ноќ да се наспијам добро. Природно ми доаѓаше така. Лани прв пат вака ме затера после тежок стрес и неизвесност. Криво ми е што ми се враќа пак.
Имав такви периоди одвреме навреме кога не можев со денови да спијам, т.е. ако имав среќа заспивав кога ќе се разденуваше и спиев можеби само 2-3 саати. Имав и стрес, промени, одредени проблеми кои ме држеа во неизвесност. Но не било до толку за да ми дијагностицираат нешто. Сега фала богу нормално спијам, немам посебен стрес, овој ми е помирен период во животот во споредба со последните години. Се надевам ќе ти помогни ова. Баш пиши искуство по некое време ако ги земиш.
Јас имам веќе за жал анксиозност и посттрауматско, ама никогаш не ми било проблем да спијам. Од лани ми почна после многу голем шок. Мозокот во хипер алерт состојба како да ми прејде истиот ден. Ок, спиев по 2/3 дена неделно нормално а остатокот по 2/4 саати и така во круг два три месеци. Пролетта без ништо да земам ми помина и супер спиев до скоро. Почна да е ладно и ми почна исто циклично, неколку дена супер таман ќе речам се среди па пак не ќе можам... Ај ќе ги земам па ќе пишам . Фала ти
И јас препорачувам Ашваганда,јас користам на др.Витон веќе 3 месеци многу ми помага да се опуштам и побрзо да заспијам,а и подлабоко спијам.Инаку ради голем претрпен стрес и огромна ансиозност мака мачев со несоница долг период и мозокот ми беше преоптеретен со лоши мисли.Ашвагандата многу ми помогна во тој дел,топла препорака доколку сте ансиозни и под стрес.
Исто и мене ми помага многу ама внимавај ако имаш проблем со тироидната. Јас не смеам да не ми се покачи ТСХ.
Како ја пиеш ашвагандата, дали има некое специфично време од денот кога треба да се пие (на пример сабајле на гладно, после јадење или пред спиење)? Ја имам истата од др. Витон, ја користев еден месец но никаква промена не видов, си викам да не можеби грешно сум ја земала.
Јас ја пијам само навечер пред спиење.Според упатствата што ги читав може да се пие наутро и навечер,но за старт е препорачливо да се почне со еднаш на ден,најдобро пред спиење,оти може да предизвика намален притисок или вртоглавица.Исто не е препорачлива кај луѓе кои имаат проблем со притисок и автоимони заболувања.Јас немав ништо од тоа и веќе првата недела од користење осетив голема разлика,опуштеност и подлабок сон.Секој организам различно делува,мајка ми исто почна да ја пие но имаше вртоглавици.Јас лично сум многу задоволна,затоа и споделив овде свое лично искуство,затоа што мака мачев со несоница ради постојан стрес и барав нешто на природна база и ете ашвагандата за сега ми помага многу.
Баш ми е драго што си нашол решение. Јас од лани исто си развив несоници на подолги периоди, а никогаш немав порано. Јас мислам дека и одредени години и очекувања во животот многу влијаат на тоа. Претрпев голем стрес лани, се очекуваше голема одговорност од мене за која не бев спремен и ми почна. После се опседнав со тоа и толку од сонот. Нема побанална опсесија нели!?
@Maelina @Mari7 за ашвагандата јас знам дека се препораувс за стрес. исто не сум знаела дека ашвагандата може да има нус појави. Мене за несоница валеријана чај и магнезиум ми помагаат