Добро што ја најдов темата зошто споделувам со блиски меѓутоа никој не ме разбира. Од мала 6-7год имам нездрав однос кон спиењето, не знам точно од каде произлезе проблемот, мислам дека е поради фактот што имам генетски подочници и уште од малечка кога едвај ми се познаваа си направив притисок дека јас мора да спијам. Па на пладне секогаш спиење, па прашување дали сум спиела, колку сум спиела, па плачење ако не сум заспала, некогаш дури и ситуации спијам меѓутоа се будам во паника дека не сум заспала. Како тинејџер ми варираше опсесијата без некои позначителни проблеми, знаев една недела во 3-4 месеци да спијам една вечер 3 саати, наредната ич меѓутоа ништо страшно. На факултет се влоши повеќе и нели поради стрес околу испити, ако треба мн да учам утредента притисок дали ќе стигнам, па и мислата ми доаѓа, што ако не заспијам и утре не сум сконцентрирана да доучам. Пред полагање исто, скоро сите испити ми се положени без сон претходната ноќ. Периодот после факс кога барав работа 10тина месеци неподнослива несоница и огромна опсесија конкретно страв дека нема да заспијам и тој страв не ми даваше да заспијам, како за инат да ми работи организмот. Еве сега сум на работа, се е океј, не сум под некој стрес во текот на денот, меѓутоа навечер пак проблеми. Смената ни почнува од 6, а од 5 станувам, очекував потешко да ми е дури се навикнам, ама поминаа месеци, спиев океј скоро месец дена добро и во средата случајно ми текна колку обврски имам во текот на утрешниот ден и толку, недела дена сум без сон. Чаеви, мелатонин актив, ашваганда, хелекс и диазепам имам пробано со тие работи меѓутоа ништо. Вчера и денес првично заспав и по 3 саати станав и толку, не можев да презаспијам. Не можам веќе да се справам со себеси, се што сакам е нормален сон зошто пазам на исхрана, вежбам, пробувам се да е океј меѓутоа сонот е нешто што не може да го контролирам и потсвесно сама себе се саботирам.
Јас ваков проблем имав во ПМС и тоа еднаш во месецот и не секој месец. Овој месец преку два дена имам несоница. Попиздев искрено, не знам што да правам Искрено не сум под стрес. Мене магнезиум ми помагаше многу како бајче со нив сум. Овој пат не, значи нешто ми се дешава со телото, дали хормони, железо не знам и почнав со испитувања Тироидна и хормони стакло, сега уште репродуктивните хормони да испитам, чекам циклус да ми дојде и да испитам и тоа. Ако ми се во ред, најдов и психолог се конслултирав и чекам прво да проверам резултати од хормони ако се и тие добри нека ме средува психолог. Ова не се трпи, дури и чудно ми е што ми е вака. Дома овој месец каде најдам удобност таму заспивам мм не ме буди само да спијам, гледа дека се изнамачив, како бебе дома да чува со мене, уште да земе да ме нишка А најлошо што од несоницата ми се јавува немир и вознемиреност. Ти го имаш ова?
Јас па спијам 5 6 7 часа И се нервирам зошто не спијам 8 9часа Бог да чува значи Некако мислам дека малце спијам и тоа ме вознемирува дури почнав да се опседнувам со тоа колку спијам Инаку магнезиум пијам бисглицинат 2 од 375 Одкога ко пијам имам спиење во еден комад предходно се будев
Ми се случува и мене да, во текот на денот нервозна и потиштена некако и штом дојде 7-8 одма стрес за дали сон ќе ми дојде вечерта.. Хормони немам никогаш испитано, а на психолози сум одела меѓутоа моментално ме смирува и после тоа пак стравот ми преовладува
Мене општо 7 саати ми е рекорд( како нова сум тогаш), а вака кога не ме мачи несоница 5-6 саати максимум и терам. Не ми е толку проблем за функционирање ко што кажав цел факултет така го завршив ама ми е страв долгорочно да не ми се одрази некако башка што од неспиење како вампир се осеќам со подочњаците
Nesonicata e pretezno od stress, nemozam da zaspiam, pa si pustam muzika tivko i zaspivam no losoto e so nemozam da se rasonam od premnogu spienje ponekogas.
Кај мене несоницата е последица на менопаузата. Сум имала проблем и пред неа да заспијам навечер, ама сега се потенцира. Дури и кога конечно ќе заспијам, се случува да ме штрекне во првите пола саат до саат некој звук (куче надвор, луѓе под прозор, комшии до нас, децата низ дома, значи крај нема..) и ќе почне да ми лупа срцето, па ќе почнат жешките бранови, па нервоза и се расонувам и пак се мачам да заспијам. И спротивно на сите мои стари навики да спијам во тишина, сега најбрзо заспивам со монотони звуци пуштени во уши преку слушалки, за да се изолирам од глупите шумови од околината. Ми помага мелатонин пола саат до саат пред спиење и кафе никако после 18ч. Сум приметила дека ми е подобро од лунерба плус отколку од чиста таблетка мелатонин. Кој не сте пробале да си пробате.
Јас во ПМС или овулација имав вакви периоди, сега овие 2,3 месеци почесто Исто и јас ќе ме разбуди комшијата во сред ноќ со кучињата кога оди на лов или комшиите кога се тепат, се будам добивам тахикардија и готово крај ми се јавува немир и оди па смири се после Мајке ми зарем во менопауза влегувам немам уште 40,имам редовен циклус и овулација , требаше претходниот циклус да проверам хормони, ама не стигнав здравје овој. Се надевам период ми е, а може и порано ќе ме стрефи Најчесто слушам музика за опуштање, или звуци од дожд, ме смирува. А успат пеглам и тоа ме опушта. Магнезиум бисглуцинат и б12 помага а некогаш чудно не знам зошто не ми помага, најверојатно хормоните се шардисале. Е кога комшиите прават врева мислам дека слушалките ќе ми пропаднат во уши, некогаш многу се слуша и многу се вознемирувам кога се карат и така останувам без сон