Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несоница (инсомнија)

Дискусија во 'Психологија' започната од LadyStyle, 8 јули 2010.

  1. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Овие денови неможам да спијам. Ми се спие ама ќе склопам очи и неможам да заспијам. ;( Незнам што да правам. Епа среќа овие неколку дена даваа маратон на една серија на еден наш канал па тоа цел викенд го гледав. Ме спаси од нервоза.
     
  2. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    ах не да не можамммм, се убивам :( овие неколку дена легнувам во 2 а станувам у 4 :( :( ах пусти грижи (добро де не се некој грижи, ама ете)
     
  3. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Многу често ми се случува ова, лежам во кревет повеќе од 4 часа и не можам да заспијам...Едноставно премногу размислувам, си замизлувам работи, си пеам (хаха), играм брза географија(меморирам имиња) или слушам музика, едноставно за да ме фати дремка..

    Баш оваа ноќ не заспав се додека мама не стана за на работа :(
     
  4. Leea...22

    Leea...22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    110
    Редовно вежбајте. Подигнувањето на нивото на активности во текот на вечерта, иако сте веќе изморени, сигурно ќе ви помогне полесно и побрзо да заспиете кога ќе отидете во кревет.
    Избегнувајте консумирање кофеин во доцните попладневни часови. Избегнувајте газирани пијалоци и чаеви кои содржат кофеин.
    Одржувајте ја рутината. Поместувањето на ритамот на спиење, и тоа обично преку викенд, може да направи да имате несоница.....
    Кога јас ја имам тогаш ми се најтешките вечери во животот се разбира и најдолгите....толку бавно ми одминува времето...... |(
     
  5. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Јас порано многу патев од несоница,еднаш ми се случи,во цела недела да имам спиено само 5 саати,ке отспиев 10 мин и се будев како да сум спиела две години,а подочњаци до уста....па лесно се будев,едвај ке заспијам и некој од моите да отиде до веце и да слушнам и најтивки чекори јас скокав од кревет...страшна работа...се е поради стрес,нервози...лек што тогаш го користев и што можеби минимално ми помагаше беше чаша топло млеко...лек што сега го користам е љубовта,немам време за загриженост и спијам ко бебче :D
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Секогаш, дури и како бебе, сум мала проблеми со спиењето дома... моите мислеле да не се подземни води... разместувале по дома... и ништо не помогнало, а секогаш кога сум идела на др место не можеле да ме разбудат... така е и сега... еве вечерва имам спиено само саат ипол :(
     
  7. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Баш ваква тема барав...Јас имам проблем со сонот...Ако си легнам накај 12 вечерта ке заспам и накај 1 или 3 ќе станам да се спремам за школо а алрмот ми е направен за во 6 и пол...Ама на крајта ќе видам телефоно пише 2 или 3 и ода во кревет...Мајка ми се станува по мене да види да не сум отишла :worried: Дали некој од вас имал ваков проблем и има ли решение?
     
  8. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    аааааааауууууу јас дури плачам кога неможам да спија.ми се спие ама место не ме фаќа и ништо си пијам по 2-3 диазепам од 2мг и спијам :D
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Имам често проблеми со несоница.
    Еден период со цел да се успијам земав да ја читам Млада месечина како мошне досадана книга според мене, со цел да ме успие досадата од неа. :$
    Не ми помагаат филмови, музика...Порано повеќе, сега мислам дека ич. Правам работи кои би ги правела и кога не е време за спиење, па со тек на време ќе се уморам и одам во кревет.
     
  10. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Ухх јас сум поимот несоница...Биоритамиот ми е премногу нарушен со не знам веке кај да си го барам чарето ова ми се случува од кога работев нокна смена 3 години сега сум некој период дома и нокта е ден а денот ми е нок..Страшна работа..Не знам што да правам со себе.. :x .
     
  11. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Кога неможам да заспијам или си пуштам филмче некое или си слушам чил аут мизиче... препорачувам од кафе дел мар...многу опушта а и тера на спиење ако слушаш подолго време или со слушалки.
     
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Имам такви периоди кога сум под стрес, кога имам грижа на совест или пак некој проблем.
    Така можам да си лежам додека не се раздени и да си го продолжам денот ненаспана, а сепак да имам доволно енергија.

    Инсомнијата мора да е причина на некој психолошки проблем кој те мачи.Мислам дека таа не се јавува туку-така.За решавање не знам баш некој по корисен лек од седење пред компјутер(пред спиење), гледај телевизија или разговарај со некого за да си олесниш.
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    И јас имам такви периоди, па дури и кога не сум под стрес или немам некој конкретен проблем. И некој посебен лек за ова незнам, обично кога неможам да заспијам станувам од кревет и излегувам малку на тераса, или слушам музика. Единствено тоа ми помага понекогаш, а се случило и да помине цела ноќ а јас да не заспијам.
    Инаку, имам слушнато дека не е добро да се седи пред компјутер или да се гледа телевизија еден час пред легнување. Незнам колку е точно ова, ама мене не ми влијае посебно.
     
  14. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Сум имала такви периоди, сега за сега немам фала му на бога.Како што кажаа феминките пред мене обично тоа е резулатат на некој грижа конкретна што ја имав во тој период од животот.
    Ама мене ништо не ми помагаше за да заспијам побргу освем некое дијазапамче, ќе си кркнев и само така можев да заспијам.
     
  15. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    јас имав големи проблеми со спиењето т.е со неспиењето :worried: и тоа траеше прилично долго...отидов и на психијатар, ми дадоа некои лекови кои морам да кажам дека се мн краток период делотворни, после тоа, ги пиев од навика зашто мислев дека без нив нема шанси да заспијам а не ми помагаа веќе. не можев да разберам зошто ми се случуваше тоа, немав никаков конкретен проблем и ми создаваше голема фрустрација тоа што сите околу мене имаа здрав сон а јас одев со страв во кревет. ама почнав да идам на работа, и ситуацијата се смени :) сега многу ретко имам потешкотии да заспијам зашто станувам рано :)
    така да, на сите што имаат несоница им препорачувам да легнуваат најкасно во 00.00, да стануваат рано, да се движат во текот на денот (да пешачат или да вежбаат), да не отвараат FB непосредно пред да легнат, да се напијат чај од валеријан, да читаат некоја релаксирачка книга (не некоја што бара концентрација како на пр. книгите на Ден Браун, кои се исклучително добри ама не се за пред спиење, мене лично ме тераа да размислувам после за нив наместо да спијам :D ), потоа ако имате време, позитивно влијание за сонот има и јогата, мислам дека има и посебна јога против несоница...и најважното:
    ИСКЛУЧЕТЕ ГО МОЗОКОТ КОГА ЌЕ ЛЕГНЕТЕ ВО КРЕВЕТ!нема поголем убиец на сонот од решавање проблеми навечер ;)
    се надевам помогнав :)
     
  16. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Обично пијам чај од маточина. За 15 минути откако ке го испијам сум во зимски сон. 8)
     
  17. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    јас моментално имам таков период,,,до 4 наутро не можам да заспијам...многу грозен осеќај,и 2 вечери по ред пијам дијазепам но нема ефект пак не заспивам,во последно се почесто така,,,можда и од напнатост.А активна сум во текот на денот.Помага и чај од мајчина душица,но мене нисто не ми помага овој период :(
     
  18. Sunshine.love

    Sunshine.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Јас вчера станав во 12 и сеуште не можам да заспијам, ниту пак ми се спие. Се надевам дека вечерва ќе можам да заспијам. Во вакви случаи на мене ништо :D не ми помага. Кога ќе ми дојде сонот ќе легнам да спијам.
     
  19. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Многу ми се спие ама неможам да спијам . Навечер ќе легнам и ќе почнам да зевам и топло е ќе се соблечам , после ладно е ќе се облечам.... и ќе станам во 7 цел ден не спијам навечер во 12 ќе легнам до 3 ќе се соблекувам/облекувам и во 7 .... цела недела се одржувам на 3 саата сон ..... несоница :)
     
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    незнам што ми е ама во последно време се мачам за да заспијам .....а тоа ужасно ме нервира ;( :@ :@