Речиси секоја ноќ ми е така. Треба да сум многу исцрпена за да заспијам веднаш. Инаку секоја вечер се превртувам по пола саат некогаш и цел саат и не можам да заспијам. Ми помага кога ќе ја ставам раката врз очи тогаш побрзо заспивам.
оффф џабе се испофалив на темава пред некој месец пак се активира! сега ни Валеријан, ни книга.... ни станување секој ден у 07.00, ни долго пешачење на кеј.....ништо не помага
Е сега е многу топло и не се спие. Ти треба море или езеро убаво да се испливаш па да спиеш како бебе. 1 шоља млеко пред легнување знае да го опушти нервниот систем и не решавај равенки со 3 непознати кога ќе си легнеш туку едноставно опушти се.
нема врска топлото кај мене, никогаш не ми сметало....а тоа дека решавам равенки-решавам! ама не можам против тоа, не можам да го заќутам мојов мозок - алапача се погласен станува кога ќе си легнам....изгледа медитација е чарето
Моментално сум во ПМС и само тогаш имам несоница, ама буквално воопшто неспиење и не се осеќам изморено во текот на денот... валеријан не ми помага, но некогаш ете ако имам испит морам да спијам па мавнувам по едно дијазепамче и заспивам
Моментално страдам од несоница. Ништо не помага, обично во лето пред спиење седам на тераса ама веќе и тоа е џабе. Книга уште помалку ми помага. Изморена сум, ама незнам што ми се случува. Како што спомна една феминка пред мене, решавам равенки со три непознати кога ќе си легнам, па изгледа тоа е проблемот.
Не ми е жешко, климата работи цела ноќ, дури и малку ладничко е во собава, баш е пријатно за спиење. Ама ете јас неможам да заспијам до ова време, и да легна во 12 ќе се превртувам до 3-4 додека од досада не заспијам. Почнува да ми пречи ова легнување во 5-6 и да станам окулу 1-2 на пладне, сакам да функционирам ко нормален човек, да легнувљм во нормално време, и во нормално време да се будам а не вака да ги чувам домашните додека спијат.
Јас се напив вчера персен форте во комбинација со чај од валериан, многу ми пријаше и одма заспав ти препорачувам и тебе, ама мислам дека ќе треба и рано да стануваш и да легнуваш у 23.00 за да ти се врати биоритамот во нормала...имаш конверзија на сон Советов важи и за Најубава
еве ја инсомнијата ме стигна,ме прогонува и изгледа и е убаво со мене па не ме напушта шала на страна,има едно добри 2недели како си страдам од несоница,ишш ма
Чекај, а што е тоа? Песната од Јелена Карлеуша, или на Faithless? Шала на страна, па ме фаќа често, ко што глеате.
ооо добро е не потерала, ја вака седам и се чудам кај ми се жените си викам само јас ли патам од инсомнија
И кај мене е исто само едно месец дена ме држи,во 8 саат сабајле си легнувам ,сите ги испраќам наработа,средувам низ куќа и ако ми се спие легнувам..
Уфф ме прогонува, итоа како, често нервозата е крива за све.. се додека не сменам кревет,перница или место на кое спијам нема да заспијам..
Несоница имам, особено летово. Неможам понекогаш и до 7 сабајле да заспијам. Лек за тоа ми е музиката (поонекогаш) или пак на тераса да ме фати ладен воздух.
Море цел живот ме мачи. Во последните 48 часа, спиено имам само 10. Овој ден сум само со 2 часа спиење и тоа не цврсто, туку како дремка. И кога е жешко и кога е ладно се мачам. И плус на периоди кога сум многу напната станувам параноична, мислам дека од секоја страна нешто ќе ми излезе, на секое шушкање се потресувам. Како мала со мама ќе легнев и одма ми поминуваше се. Ама кај е сега чарето? Ех, колку сакам да си легнам како човек да се наспијам.
Сакав да прашам за некој совет:Вака последниве два месеца буквално секоја ноќ неможам да заспијам,ми требаат два и понекогаш дури три-четири часа да заспијам Поспивам еден ипол час и повторно се будам и пак се малтретирам да заспијам,незнам зошто... Секој совет би ми бил добродојден