1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несоница (инсомнија)

Дискусија во 'Психологија' започната од LadyStyle, 8 јули 2010.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Несоница

    Дали имаш доволна физичка активност? Она здраво да се измориш и да си легнеш да спиеш? Или можеби да не си под стрес периодов? И според мене многупати несоницата ти е на психичка база од самото тоа што си го узвтуваме во глава дека неможеш да заспиеш и цело време со тоа се опседнуваш и стварно неможеш да заспиеш. И кај мене имам приметено дека има периоди кога полесно заспива, а кога потешко.
     
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Тоа со прекини во спиењето е најужасна несоница, барем за мене. Најодвратно чувство е се будиш на сред ноќ и не можеш да презаспиеш. :puke: А што точно последниве два месеца? :?: Пред тоа нормално спиеше? Имаш друг проблем освен несоница?
     
  3. yellowflower

    yellowflower Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Несоница

    Па да баш последниве два месеца.Ај ќе пробам да вежбам нешто пред спиење за да се изморам,па ќе видам дали ќе заспијам,а нема нешто што психички ме мачи,незнам зошто се будам ноќе.Ми имаат кажано дека ме виделе по дома како ноќе шетам,а јас ништо не се сеќавам(малце страшно :o ) :D
     
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Јас несоница во летото интензивно имав секоја ноќ.
    Како што ќе си легнам кај 12,1 часот, заспивав дури во 4,5 часот. Воопшто не ми беше пријатно чувството 4 ипол саати да дремеш, и да се вртиш во кревет секоја можна минута, барајќи погодно место за спиење, инадевајќи и молејќи се да заспиам... Барав многу совети на нет, некои од нив и ги применував ама ништо не ми помагаше. Мислам дека сето тоа ми беше на психичка база, од што бев напната цело време. Мислите ми летаа на милион страни... Де за школо размислував а на распуст бевме, де за друштво размислував, де за дома... За многу работи... И така главата ми пукаше се до 4,5 часот насабајле...

    Сум пробувала и да се напијам чајче некое пред спиење или млеко.. Читав некаде дека миењето на нозе пред спиење е добро за несоницата и тоа го применував ама ефект нула имав од сето ова.

    Исто така една другарка го имаше дома соновникот од Драгче дома, и на заднит страни пишуваше нешто за несоницата, па прочитав нешто и од таму ама ни тоа не ми помагаше..

    И што ќе правам цела ноќ, земав креирав страна една бесплатно на нет, која што моментално ми е запустена... Прикачував слики по сајтови, се допишував со уште една инсомнијка како мене, моја другарка која исто неможеше да спие...

    И така ми помина целото лето.. Кога дојде време за школо јас со недели неможев да се стабилизирам..
    Неможев да заспијам повторно, ама некако почнав да имам навика да си легнам порано за да можам да станам насабајле.. Еве сега, повторно за распустов јас повторно имам несоница.. т.е не сум сигурна дали е несоница... :^)
     
  5. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    И јас го имав овој проблем.
    Кога ќе ме фати несоница само ја вртам перницата на другата страна и заспиивам во рок од 15 минути. Ама понепријатно чуство од тоа да не можеш да заспиеш нема! Обично кога сум под стрес, имам тест, сум направила грешка, некој ме повредил или имам грижа на совест се јавува ова.

    Иди, иди несаницее, да не видим твоје лицее :lol:
     
  6. Natti

    Natti Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    5
    Нема по непријатно чувство од несоницата, нема си веза дали ќе го промениш креветот или пак перницата...веќе цели недели страдам од тоа а зошто причината не ја знам.
     
  7. pepperutka30

    pepperutka30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Несоница

    Драга yellowflower од кога започна да ти се јавува несоницата? Дали тоа можеш да го поврзиш со некој настан во твојот живот во тој период? Не мора да е психички проблем, може да е стрес, некоја промена, нешто што е поразлично од порано. Дали можеш да направиш пресек кога ти се појавува несоница дали тие периоди се поврзани со нешто, циклус и сл?Тоа твое движење ноќе на кое не се сеќаваш колку долго трае. кога започнало?
    Многу е важно да имаш редовен режим на сон/будност. Во кое време е нормално за тебе да легниш да спиеш? yellowflowerо кое време стануваш? Колку саати на сон ти се оптимално доволни за тебе? не е препорачливо да правиш никакви физички вежби пред спиење бидејќи ти иако мислиш дека ќе се измориш всушност го будиш и раздвижуваш твојот организам. Физичките вежби се препорачуваат наутро и не подоцна од 18ч. Исто така не е пожелно да се конзумираат одредени храни после 21ч. Доколку сакаш можам да ти испратам вежби за релаксација и заспивање кои се користат при несоници.
     
  8. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    Неможам да спиам а и неможам ни да јадам,си легнувам во 12 напладне и се будам во 4 напладне јадам 1 дневно нз што ми е ако знаете некој лек да си го вратам сонот ве молам помогнете оти ко станам немам концентрација за ништо неможам да учам а испитите си се пред врата помогнете ако знаете нешто да се наспиам како човек
     
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Скоро не сум имала несоница, ама летото 3 дена по ред не можев и не можев никако да заспијам.
    Што ми помага да заспијам? - Ништо. Читам некоја книга да ми помине времето или само лежам и размислувам се додека не се раздени, па потоа некако да заспијам.
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Порано имав многу такви периоди кога ич ама ич не можев да заспијам.Ама сега откако сама си го контролирам умот а не тој мене можам да им кажам стоп на мислите и едноставно да се опуштам и да потонам во сон.. :)
     
  11. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.138
    Пол:
    Женски
    Велите дека е до преоптерување на мозокот со мисли ? I don't think so.
    Кај мене баш спротивното се случува. Кога ќе си ги решам сите дилеми и проблеми што ме мачеле цел ден, се чувствувам некако .. Што знам. Проблемот почна да се појавува во последниве две недели.
    Како што минува времето и доага 00.00, мене очите ко на був ми стануваат. А што е најчудно, ни преку ден не ми се спие. Значи можам буквално без сон ! А подочници до колена ! Се обидувам да избегнувам кофеин, пијам и топло млеко "пред спиење" што резултира со неколку часовна борба со сонот.
    Пробував на секаков можен начин да го решам проблемов, со книги, музика, порано спиев со една ламба вклучена, сега и неа ја гаснам, ама нема лек. Вие што мислите, што е проблемот ?
     
  12. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    А да се напиеш 2ве таблетки б6? :D Или 1 дијазепамче.Периоди,и мене ми се случувало.
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.138
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам, фала на советот. :)
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Најчесто е поради тоа што премногу е преоптеретен умот со мисли, кога нема мисли, полесно се заспива.Може и кафето да ти прави проблем, ако пиеш кафе.Можеш со музика, некоја релаксирачка, значи не динамична музика, а мислам дека не би требало со помош на книги, пак на некој начин се преоптеретува мозокот или на крај едноставно со јога, мислам дека ќе е подобро со јогата.Најмногу влијае и дали се запазува времето кога е за спиење, ако има нагли временски периоди, исто тоа може да биде проблем, незначи некогаш.Мене ми се случува и премногу уморна да сум и да можам долго време да бидам без сон или пак обратно ич да не ме фати дремка.Зависи и од тоа како ќе го навикнеме организмот.Види на кој начин полесно можеш да го решиш проблемот :)
     
  15. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    123
    Минлива несоница' е несоница што трае од еден до неколку дена (во една епизода). Минлива несоница обично е резултат на стрес или промена на работни планови или на животната средина, како што се промени во временски зони кога се патува.
    Краткорочна несоница трае од неколку дена до 3 недели. Нарушувањето на такво траење обично е предизвикано од продолжен стрес, како што се закрепнување од операција или краткорочни болест , по тешка испитување, смртта на некој близок, со почеток со работа на нова и поодговорна работа, итн.
    Долгорочна несоница трае со месеци или години и е обично одраз на психијатриски или долгорочни здравствени нарушувања, дрога или основни нарушувања при спиењето. Долгорочна несоница може да биде трајна или модификации на епизоди од несоница и нормално спиење. Неколку ноќи на недоволно спиење, обично предизвикано од стрес или возбуда, е заедничка и честа, која не остава трајни последици врз луѓето. Долгорочната несоница, сепак, има значителни негативни последици во форма на неспособност за вршење на секојдневните обврски, промена на расположението, нарушување на семејните врски и го зголемуваат ризикот од повреди предизвикани од намалена дневна грижа и внимателност поради поспаност.
    Видови на несоницата според причината [промена]
    Психофизиолошка несоница [цел]
    'Долгорочни несоница' е нарушување на овој тип на однесување при кое пациентите се преокупирани со исчекување па поради тоа не можат да спијат. пореметувањето при спиењето обично започнува како резултат на емоционален стрес и продолжува долго откако стресниот период завршил. Луѓе кои страдаат од ова нарушување се премногу зафатени со продолжување на напорите да заспие и оваа несоница е, затоа, условен или научен одговор. Лицата со ова нарушување полесно заспиваат во времето кога не се обидуваат да спијат, особено кога се надвор од куќата. Кај овие пациенти изразени се потешкотии при сонувањето како и често будење во кошмар. Третманот е обично корисни вежби за релаксација кај лица кои имаат изразена силна физичка напнатост. Во почетокот на лекувањето може да се користат леково за помагање во заспивањето, но само привремено.
    "Надворешна" несоница -Надворешните фактори може да предизвикаат несоница. Адаптивните нарушувања при спиењето, кои се нарфекуваат привремена несоница предизвикана од околината може да се случи по промената на средината во која спиеме (на пример, спиење во хотел или болнички кревет) и пред или по важен настан во животот, како што се промена на професија, загуба на некој близок , болест или стрес поради роковите на работа или испитување на важен настан што ги очекуваме за (свадба, првиот авион вози, патување). Ова нарушување може да се изрази како тешко спиење, често будење или будење во раните утрински часови. Закрепнувањето е обично многу брзо и настанува по 2-3 недели.
    Неадекватно хигиена при спиењето се однесува на несоодветното однесување пред спиење и/или средина кој е неповолна за спиење. На пример, некои пациенти се обидуваат да спијат пред телевизор , кој го оставаат вклучен во текот на ноќта, или се обидува да заспие веднаш по пристигнувањето дома од работа, на полноќ. Бучавата и/или светлината може да влијае на неможноста да се спие, а исто така и партнер со кого сте легнати кој во текот на спиењето повремено ви ги гмечи нозете или тело, или ако 'рчи гласно.
    Часовници на кои им светат стрелките или бројките, можат да го разбудат пациентот и да му ја зголемат нервозата, поради тоа што пациентот гледа како минува времето, касно е, а тој/таа не може да заспие. Различните лекарства, обилното јадење, напорното вежбање или туширањето со жешка вода непосредо пред спиење, можат да пречат при заспивањето. Лицата со вакво пореметување при спиењето треба да развијат ритуали на опуштање пред спиење и да одржуваат релаксирачка околина за спиење. Исто така времето за будење треба да биде еднакво. треба да се избегнува нередовното заминување на спиење, а времето поминато во кревет треба да се ограничи сдамо на времето кога се спие.
    Несоница поради надморска височина [цел]
    Престојувањето на големи надморски височини обично е поврзано со нарушувања при спиењето. Најчесто растројство е т.н. периодично дишење,за што е одговорно намалувањето на концентрацијата на кислород на големи надморски височини. Честите будења и слабиот квалитет на спиење се типични за овој вид на несоница, која обично е најтешка првите неколку дена, но ваквата состојба може да трае. Одредени видови на лекови може да помогнат во спречувањето на појавата на несоницата поради надморска височина.

    ;) ;)
     
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Неколку пати сум имала несоница, еднаш дури ме држеше година дена. Не се појавува тоа туку така, мора да има причина. Кај мене конкретно било или од преоптеретеност на мозокот, постојан стрес, некој внатрешен немир или пак поради недоволно физичка активност. По природа сум од секогаш многу хиперактивна и ако не направам нешто во денот за да го потрошам тој вишок на енергија често имам проблеми со заспивањето.
    Најбитно е да се најде коренот на проблемот и во никој случај не смее да се дозволи апчињата да станат навика.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Не можам да се борам со неа повеќе, кревам бело знаменце!
    Знам дека е последица на сето она што го преживеав последниве месеци, вид на задоцнета реакција, а не умеам да се справам, тешко ми е..

    Самата несоница си влече и други работи, кај мене највеќе ја забележувам опаднатата концентрација, па и таа со нејзините последици..
    Синџир е ова.
    Едно оди со друго, другото го влече третото и така во круг..

    Многу лошо, се надевам дека најскоро што може ќе ме одмине и заборави! :worried:
     
  18. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    а дане знае некој, некакви таблети за спиење што не треба рецепт за нив??? едноставно време е за спиење, лап едно апченце и готово спиеш како јагне. м?
     
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    http://www.youtube.com/watch?v=wJqhh5t- ... re=related

    Еве ви музика за пред спиење...

    Прво би советувала да се обидете на природен начин да се изборите против несоницата, а потоа да се нафрлате на апчиња.
    Изморете го телото со активности, олабавете го телото и умот, не се напнувајте и преоптоварувајте со помислата „МОРАМ да заспијам“ и голема е веројатноста самото по себе да си дојде. Се разбира не може ништо преку ноќ..
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Леле јас не знам што ми е.
    Дали е инсомнија ама распоредот на спиење ми е пореметен до немајкаде. Понекогаш цела вечер око не можам да заклопам. дури и откако ќе се раздени се превртувам во кревет и пробувам да заспијам или пак дремам пред компјутер како зомби. Чаре некое?

    Или пак вчера станав околу 13 часот и си се наспав нормално, 8-9 саати а пак цел ден бев како малаксана. Не знам што се случува ама не е на арно... :tmi: