Јас пред некое време патев од несоница,по цели ноќи се вртев или пак ќе заспиев 5 мин,10 ококорени очите и си мислев еден тон глупости кои што ме тераа да не спијам воопшто. Но,пред да заспијам сега си мислам на убави нешта кои што ми случиле во текот на денот, или пак ако нема такво нешто си мислам на нешто што ми кажал дечкото убаво или некој момент наш заеднички и ми помага да заспијам убаво и воопшто да не се разбудам до утрото. Пробајте и вие така место да се труете со апчиња за спиење.
Навечер кај мене сврати, една инсомнија ме фати. Со часови не ми дава, ни за миг да спуштам глава. Или зјапам или дремам, ноќта минала, абер немам. Од клетата инсомнија пуста, само ми се става некој залак в уста. Какво спиење, в грч се ежам, по пет саати во кревет за џабе лежам. Значи џабе, секој ден го гасам компјутерот накај 4 саат, до 7 саат нема шанси да заспијам. Врти се, сучи се.. не бре брате. Врти канали, све тоа журнал, рано ден изгледав, нејќе и нејќе. Некогаш и до 8 саат не заспивам, не можам.
Симптоми на несоница се: постојани потешкотии при заспивање, будење пред вообичаеното време и неспиење во текот на ноќта. Е сега, несоницата може да биде минлива, која може да биде предизвикана од патување или менување на местото на престој и тоа трае неколку ноќи. Друг вид на несоница ти е краткотрајна, која трае од една до две недели која може да биде придружна појава на стрес или загриженост. Овој вид на несоница исчезнува кога ќе исчезне проболемот што ја предизвикал несоницата. Хронична несоница ти е веќе посложено нарушување со можни тешки последици. Кога не спиеме подолго време се намалува телесното производство на клетките - убијци и истото предизвикува намалување на отпорноста од болести. Причинители за несоницата можат да бидат: физичка болест, стрес, прекумерно користење на кофеин, алкохолизам или злоупотреба на дроги и некои лекови, депресијата, анксиозноста, шизофренијата и други психијатриски нарушувања. Најлошо од овие нарушувања е хроничната несоница која треба да се лекува со психолог/психијатар. Други начини на лекување ти се со помош на: ароматерапија (масло од камилица, лаванда и неролија, роза и мајоран) така што ќе додадете неколку капки во водата за капење; масажата исто така може да го забрза одморот и подобри сонот; лековити билки (чај од камилица, кантарион, цвет од липа, пасифлора, а за несоница предизвикана од нервна напнатост - скутеларија.); психосоматско лекување (медитацијата, јогата или биофидбекот можат да ја намалат напнатоста и да придонесат за подобро спиење.) Исхрана - земањето на калциум и магнезиум 45 минути пред спиењето има смирувачко дејство. (Треба да се земаат во однос 2:1, на пр. 500мг калциум, 250 мг магнезиум во таблетка или капсула.) Високиот или нискиот шеќер во крвта може да го нарушува спиењето. За да го регулирате нивото на шеќерот во крвта, избегнувајте слатки и овошни сокови. За придвижување на седативните невротрансмитери во мозокот јадете храна богата со скроб, печен компир, парче леб или јаболко половина час пред легнувањето. Топлото млеко исто така помага при спиење бидејќи содржи триптофан - аминокиселина која предизвикува сон. Се надевам ова ќе му помогне на некој.
Кога неможам да заспијам си ставам слушалките, си пуштам Лана дел Реј и за едно 20-тина чуствувам како ми доаѓа сонот. Лани летото си пострадав две-три недели од несоница. Причина беа хорор филмови, поточно Insidious и Егзорцизмот на Емили Роуз. Ми беше страв да ги затворам очите оти мислев дека или сестрами ќе се стори како демон или овој демонот од Инсидиоус ми стои до кревет. И секоја вечер така се мачев до 3/4 насабјле. За среќа веќе немам такви проблеми.
Јас веќе немам коментар Сабајле во 6 се слушнавме со дечко ми на скајп, а мене уште не ми се спие. И си викам ај ќе трчам за да се изморам колку да можам веќе еднаш на мира да заспијам. Јок! Веќе 9 часот мене сон не ме фаќа и само се вртам во креветот. Намерно спиев помалку, за вечер порано да ми се преспие, ама знам дека нема. Јас уште од мала си го имам овој проблем. И повеќе сакам да мислам дека немам јас толку проблеми со несоницата, колку што сонот има проблеми со мене. Неискористена енергија валјда. Битно апчињата никако не се решението! Иначе дечки можно е биоритамот на некој од вас да е пореметен, не мора да значи дека се работи за несоница.
Епа навечер пред легнување мозокот ко за инат работи 100 на час додека преку ден мислиш одмор си земал ехех Навечер пред да заспијам правам анализа не само на тој ден туку на цел живот ...мозокот е чудна справа не дека јас сакам баш пред спиење да мислам на 29435 работи ...Тешко заспивам и имам лесен сон ама никогаш сама не сум се разбудила во текот ноќта туку само ако некој влезе во соба ...
Прв пат да имам имам несоница и да ми трае со денови. Ама грешката е моја. Еден ден легни си касно и после дремка нема да те фати и дреми на фемина до 3-4 сатот и спи после до 1 сатот... Сега ќе мора малку да го одморам мозоков, или барем еднаш да легнам рано или да станам рано . Второто ми е подобра опција. Не ми треба лек мене.
Јас можам да кажам дека имам Летна несоница. Значи одсекогаш сум останувала будна до покасно. Пред 2-3 не легнувам. Но во лето дури не се раздени убаво, значи дури не дојде 6-7 јас неможам да заспијам. Без разлика дали цел ден сум го поминала во седење, или сум шетала, сум била на вежбање или слично. И искрено понекогаш лежам и по 2-3 саати ама џабе е. Пробав со не спиење цела ноќ за другата ноќ да легнам порано и стварно се чудев како заспав. Но тоа беше само една вечер, а од наредната истото пак.
Ја победив, бар мислам. Вчера си легнав крај 3, а денеска станав крај 8 и нешто и цел ден ми се спиеше, ама издржав. Чудо дури и сега ми се приспива, ама уште малку нека ме фати дремка.
Овој месец веќе секојдневно патам од несоница. Никако не спијам додека не се раздени.Си ѕиркам од прозорецот да видам дали се разденува и тогаш дури пробувам да заспијам... Незнам што ми е,може и од страв да е...
Летово истата приказна. Колку и да легнам порано, се дур не се раздени не можам никако да заспијам. Пред некој ден дури во 6 часот наутро некако заспав, а се разбудив во 4 напладне. Цела ноќ сум будна, а денот не можам никако да го искористам максимално затоа што пола го преспивам. Не иде вака
Во последно време сонувам некој кошмар во кој татко ми ме силува и сега ме страв да заспијам ноќно време и почнав да заспивам во 5 часот откако убаво ќе се раздени за нигде сум ноќно време не можам ни око да склопам
Еве пак веќе една една недела, колку и да си легнам порано пред 5 не заспивам. А после се разбудувам кај 8 Ама сности си легнав со слушалките в уши, па одма сум заспала И еве се разбудив кај 11 ипол. Слушалките ми биле мене лекот.
Обично кога имам некој проблем -дали нешто со децата ,работа или сл.,ми се јавува несоница која трае со недели.Штом ќе се реши проблемот,така и несоницата ја снемува .Е сега преку лето,оваа несоница не ја сметам за нешто страшно,повеќе станува збор за пореметен био ритам.И најдов лек и на неа.Легнувам и замислувам дека чекам превоз на -20 и оп......заспивам.
Имам периоди кога никако неможам да заспијам, и си пуштам некој филм , го гледам 10мин и јас веке сум заспана а некогаш сум се мачела до 9, 10 наутро и не сум можела да заспијам. Зависи до период