Ме мачи несоница уште од малечка, лежам и со саати се мачам да заспијам најмалку еден час а ми се случува и до зори да останам будна, а и кога спијам постојано сум како на штрек. Ми стана како ритуал пред легнување да слушам музика со слушалчиња на ушите и така ми иде некоја дремка па да заспијам некако.
Јас мислам дека несоницата е последица од депресија или било какво лошо расположение, нервози, мисли Не знам, мене ова веќе ми е нормално.. 3 мелахонични години од мојот мизерен живот исполнет со се' освен спиење. Спијам многу, многу малку.. и како бебе не сум спиела повеќе од 7 часа. Денес да успеам да спијам 7 часа, батериите ми се фул за наредните неколку денови Знам дека ми треба стучна помош, ама едноставно се навикнав на ваквиот живот. Порано успевав да спијам, поради тоа што се изморував со школо и учење, ама депресијата ме натера да се откажам и од училиштето и сега како што не учам-никако не ми се спие Лек, според мене - посетете си психијатар, затоа што секој организам и човек е различен. На некој од јога и медитација му се приспива, мене повеќе ме прави awake, отколку да ме релаксира.
Несоница имам на полна месечина 2 дена ми се фаќаат јас ко за инатен ќе легнам порано да се изморам од мислење и да заспијам ама намерно испаѓа да заспијам во 4 оцабајле.Летово не ми сметаше пошто дома бев и ќе спијам утредента ама сега покрај школово жива ненаспана сум тие 2дена. А вака кога неможам да заспијам се задлабочувам во сопственото дишење и заспивам.
јас си спијам по 3 до 5 сати максимум и ми е многу убаво и плус рачунајте уште 1 час да заспијам...ама ми нема лек
А од дома ми се дерат лош термин сум имала за спиење... Не можам да спијам.. Не помага нит музика, нит не мислење.. не можам. И кога сум најуморна ми требаат некои саат два за да заспијам. Која и смена да сум у школо исто.. Пред 3-4 легнување нема............. А коа сум нервозна бетер, цела вечер не спијам.
Несоница ми се јавува секогаш кога претходниот ден ми бил напорен и имам многу малце спиено, сите кога се уморни едвај чекат да легнат и одма заспиваат, а мене тогаш ми е најтешко да заспијам, ми се плачи за спиење а јас не можам да заспијам и јас не се разбирам самата
i jas isto patam od nesonica koj ne ja imal neznae kako e jas se boram edna god veke zaspivam vo 3 i nemem miren son sto seto toa mi predizvikuva hronicen zamor preku den pa oditov na psihijatar i sega pokusavame da najdeme soodvetna terapija a caevite sum pokusavala gi pijam ali izgleda tie pomagaat pri blaga nesonica pozd do site
Вчера воопшто не ми се спиеше...несоница ме фати...и јас како некој будалетинка од 11 и пол саатот вечерта си фатив ливчиња А4 формат и стилото в рака и си пишувам, пишувам, пишувам...и така јас пишувам,пишувам,пишувам и после ми беше мака и си реков да легнам...го гледам саато-2....си велам шо стори бе....инаку си пишев домашното по македонски јазик и литература-наша верзија на Пеколот од Данте она книгата шо е,состав така...и така вчера си развив една фантазија во мојата глава и си ја пишував до 2 саато ноќе... Сега не знам дали за другите ќе помогне,најпрост начин за да ја победите несоницата е броење овци-но ретко тоа да помага...но пробајте ако имате несоница земете лист хартија и пенкало и пишете нешто...и така ќе си се занесете и ќе се изморите и ете го сонот ќе пристигне кај вас и вие ќе си продолжите кај ди џеј перница после...
Има ГОЛЕМА разлика од несоница и инсомнија на секој од нас сигурно му се има случено да се мачи да неможе да заспие до ниедно време е тоа е несоница,а инсомнија е да неможеш да заспиеш со денови.јас после пораѓај добив инсомнија,по лошо искуство во животот не сум имала.
Не можам да заспијам кога сум вознемирена или кога сум болна (или нешто ме боли). Лек (ако сум вознемирена) - онаа добро познатото „исчисти ги мислите“ успева, но ако нешто ме боли или не се чувствувам добро, тогаш, лек - апче.
Незнам шо ми е, ама последниов месец неможам да заспијам ноќе. Насабајле секогаш треба рано да станувам... Или во 6 или во 9...... Си легнувам уште во 11 навечер а неможам да заспијам до 4-5 насабајле. После цело време сум ненеаспана. Ве молам за помош!!! Многу ми е лошо!! Многу!!!!!!!!! Очите ми паѓаат за спиење ама јас не можам да заспијам. Глупаво се осеќам!
Многу често ми се случува ова, посебно пред некое време кога константно патев од носеница. Едноставно не можев да заспијам, колку и да сум преморена, ги затварам очите и не сака, а пред тоа не сум можела да гледам од што ми се спие. Што не иам пробувано, со тв, без тв, со музика, со броење ама ништо не ми помогнало. Апче не сум ни помислила да земам. Не сакам да се навикнам на тоа. Сега да не се подречам, во последно време ми е подобро. Се случува но поретко. Сменив душек, вероватно до тоа бил проблемот.
Моментално се мачам да заспијам, ама кај мене моментално хормоните ми лудуваат и ова ми е вообичаено ден, два во месец да се мачам, очи ми се затвараат а јас не можам да заспијам, мачно е многу, ни чај, ни витамини, ништооо не помага
Моево не е со дијагноза ама се случува... Си имам лек, едно пивце,и што убаво си спијам. Како сега, се мачев, се мачев, станав, дрмнав една чаша на екс и ариведерчи, сонот ме стига