Да да, откога ме најде мм отишол го грабнал докторот и муу рекол веднаш да ја носиш на царски и ќе ти дадам пари. И ајде одма хитен царски го извадиле бебето и овој дошол кај мм го однел во некоја соба и му рекол ајде на мене и колешката вади пари сега отти ќе ја оставиме женати отворена и нема да ја шиеме. И пари дал , шта чеш. Од кој попрво да се плаши човек.
Да му дај пари за работата за која веќе е платен??? Абе не заслужваме да постоиме! *Па ќе врескаат дека низок бил наталитетот Многу се нервирам
Не знаеме кој пријавил, а кој не. Оставете жени да си ја раскажат приказната, поддршка за тие што си поминале со лошо.
Дури се праи муабет за џабе, ништо не се решава, само е муабет за џабе. Ај вака- каква акција може да произлезе од овие искуства, која ќе води кон подобрување? Мислам, да се отпуштат сите доктори и сестри не е решение ваљда? Значи што останува? Не се реторички прашањава, баш се прашања за предлози.
Прв чекор при решавање некој проблем, е да признаеш дека го имаш тој проблем. Не памтам да сум чула досега јавна дебата, или медиумски прилог за тематикава... Шо значи, не е доволно покриена и 99,99% од траумите, не ги ни знаеме. А дали нешто ќе се смени...? Не знам... Прво дебатираш, па дефинираш проблематични точки, па правиш план за решавање на проблематичните точки, па го гласаш во сообрание, па станува закон, па потоа се спроведува и целиот процес се мониторира е отворен и транспарентен. Е овој синџир, не опфаќа буквално сите. Сите сме дел од процесов, за одредена фаза, со одредена ингеренција. ... шо значи... на форум, се' што можеш да направиш, е да дебатираш. Ај сеа, нека течи муабетот, да не го гушиме секој со непотребни објаснувања.
36 недела, мртов плод. На ГАК одам во 18 часот и одма ме примаат. Седнувам на ехо и нај ама нај рамнодушно добивам информација од докторот Госпожа па тука нема никаква реакција. Толку. Не ни знам кој беше докторот,нит се претстави нит стои негово име некаде. Напушта сопче , мене ме напаѓаат 6,7 млади деца па си мерат, па си коментираат па си брцааг кој како стигне. Ме однесоа на бокс, сестрите не се замараат многу со мене. Не ми влезе некоја, си седеа во собата од карши и само ми викаа ако се искривам од болки за да се исправам. Жими имаше една девојка мислам дека стажираше и се викаше Фросина што да не беше она јас стварно мислев дека ќе го родам сама. Молев за вода, добив одговор па ако си носиш пиј. Извинете не ме беше испланирано денеска да раѓам мртво бебе па не се набавив. На крај после толку молби за вода хигиеничарка Албанка отиде донесе нејзина чаша и ми наполни вода. Ме оставија во соба во 22 часот никој ама никој не влезе во соба до утрото до 8. Па може сум се фрлила бре од прозор, може сум искрварела....а имаше и плус земјотрес во тек на ноќта. Така да како сакате наречете го ова однесување насилство, непријатности или како уште не ама тоа реално постои. И секоја една трудница треба добро да биде запознаена со тоа за да може да го препознае
Ќе ви кажам како изгледа привелигирано пораѓање кај нас. Не раѓав во Скопје. Свекор ми беше актуелен пратеник, баш тоа време. Цела болница дозна дека снаа му на Пратеникот раѓа! Пола породилна сала беше полна со различен персонал. Кога заврши се', тие што беа дојдени 'да ми поможат' заради врски, први се испотепаа да се испоздрават со свекор ми, да му честитаат и да му кажат дека и тие помагале во пораѓајот. Две се породија паралелно со мене, дека со провокација, 14-15 саати бев на бокс со инфузија. Ни десеттина внимание не добија, во однос на то шо добив јас. Мразев се' што видов. Ова е една од причините зошто не сакам врски и не сакам привилегии, туку сите да сме исти.
Ги оставаат на бокс, демеш уште е рано, излегуваат и не се враќаат. И јас имам слушано за вакви хорори. Е сега дали на ГАК и Чаир не знам ама за во внатрешноста какви хорори имам слушано.. Еве @LazaLaza ме демантира и кај нас било ужас.. Инаку знам за случај " Цената да ти го спасиме бебето е толку и толку илјади евра".. На ГАК!! @WildMk аман шо се чудиш на приказниве. Јас не знам зашто кај нас нема одзив за движење како во србија.
Си тажиме сите ама не се менува. Еве со Жан Митрев ука бука за 3 дена пројде се заборави.. Јеби га, тука ни било к'смет да се родиме. Кој има пари ќе се пораѓа на приватно, кој има врски како царица на државно, а кој нема ни едно ни друго ќе се моли на господ да не и се трефне пијан доктор, неебана исфрустрирана сестра, итн итн итн
Затоа треба повеќе да се зборува. Јавно. Кој е доволно храбар, нека пријавува, нека пишува до медиуми, нека се обраќа до НВО-а.
Ќе пријави, ќе му се јават два тројца ќе се заканат.. И ? Во оваа монти пајтон држава очекуваш правда? Ајде те молам.
Не идеализирам ништо. Кој има доволно ташаци, ќе се спротивстави. Кој има доволно стамина, ќе се бори. Затоа некои ги читаме по медиуми, а некои не. *Најекспониран последен случај: Жртвите во сторијата на ИРЛ. Ете, тие се охрабриле да обелоденат. Не треба да ги сметаме за 'идеалисти' и 'будали', туку за храбри луѓе.
Женски Ве молам без чет - муабети. Доколку имате лошо искуство од породилиште споделете. Пожелно е да е ваше, лично, а такви 1-2 има споделено. Воздржете се од рекла-казала муабети за золва на трета братучетка на јатрвата. Не сте биле таму, не знаете како било и колку детали се скокнати, додадени или преувеличени.
Тие грди, одвратни, гнасни бабици и сестришта ми го уништија пораѓајот. Long story short, бабицата изиграваше Господ, постојано му викаше на гинекологот да си искочи од сала, што мене ќе ме чекал, јас НЕ СУМ САКАЛА ДА СТАНАМ ОД БОКС И ДА ПРАВАМ ЧУЧЊЕВИ, НЕЖНА СУМ БИЛА!!! Они ми вииикале ама јас не сум сакала. Никој не праша можеш ли. Значи секоја коска ми се тресеше. Не ми даваа кислород додека не се раздра докторот, а и кога дадоа ме тераа да го трган за да ставам маска. Само докторот ми викаше вади маска. На бокс искрварев, а бабицата пак го тераше докторот да искочи, да не се замарал, па пак и се развика да прекине, да се види од што е крварењето. Почна да се смее како улава кога ми рече пак ќе дојдеш ти тука, па се смееја покрај мене разговарајќи која докторка со кого се е*ела. После испадна да мора царски, па анестезиолозите ми се дереа зошто не можам да седам апсолутно мирно иако имав контракции. Не разбираа зошто не можам да сим мирна без да трепнам. НЕ РАЗБИРАА ОНИ!!! 2ца анестезиолози беа, првата решето ме направи. После ме држеа неколку души, помина и тоа. Во шпк соба ми викаа дигај газот, што си залегнала (2 саата откако ме донесоа), па ги нервирав што подолго се тресев. Па ги изнервирав што имам 2 презимиња, што сум се замишљала. Па ги нервираше што ниту една од нас не е многу слаба, им досадило од тешки жени ( немаше ниту една со прекумерна тежина). Па ја изнервиравме таа во ноќна што и покрај диазепамите што ни ги даде не спиевме, зошто она требало да спие. Си ја преспа цела ноќна истата ни рече дека се знаело како се раѓаат деца, а не со царски. А ниту една од нас немаше избрано, туку морало. Едната сестра не сакаше да ни ги погледне раните, туку со шипка креваше спаваќа со фаца на гнасење , јас не и дозволив и имаше среќа што бев беспомошна во моментот. Лежев во крв, никој не сакаше да смени ништо. Искрваревме и јас и цимерката на под и требаше да ги молиме да исчистат. Цел ден и вечер не сакаа да ми донесат чиста спаваќа. Детето ми беше гладно, нон стоп плачеше, не им беше гајле. Ми се дереа што немам млеко, што сум се замишљала, гладно ми било детето, мислеа дека не сакам да дојам. Се гледало дека сум прворотка, не сум имала појма, а не ми кажаа ништо. Болничарката ми се дереше 15 минути што сум му ја отворила тетра пелената на МОЕТО дете. Ми буричкале во ташна. Ми украдоа пратки од моите што праќале. Не хранеа со кришка леб и варено јајце и со вода разблажен чај. Помини замини ти брцаат раце доле. Албанката не сакаше да ми одговара на НИШТО, туку су разговараше на албански со другите во соба. Докторка е. На излегување друга Албанка се нервираше што не сме брзи при легнување на еден низок кревет и станување, тоа за ехо. Гнаси смрдливи