1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несоодветно постапување во породилиште

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Mazegin, 27 јули 2022.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Чаир
     
    На Tea SK и WildMk им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Гадови. Нека не се повтори.
     
    На cresa-jagoda и Серотин им се допаѓа ова.
  3. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Не ме сфаќајте погрешно ама сакам да прашам дали усти имате? Крвишта, агресивни бабици..Не нагазиле кај некој што не треба. Буквално би ги боксирала откако ќе се породам па кај сакаат нека пријавуваат..Како можете да поминете низ тоа смирени..Гледаат некоја не е конфликтен човек и си играат курот
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Море не дај боже речи..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Ако им позвраќаш уште полошо ќе си поминиш. Другарка моја дека не сакаше доктор да ја пораѓа се караше за докторка да и дојди , на крај и рекоја да оди дома и да се пораѓа и ја расцепија цела , плус без анестезија ја шиеја. Од ко ќе заврши цел кошмар таму гледаш што побрзо да си одиш со бебе и никогаш да не се вратиш
     
    На WildMk, Milobebence, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Што не дај боже бе Нене.. Кај секој тоа не пали..Доволно си се знам себе си дека скраја да е тоа да ми се случило после цела болница ќе ечела, буквално усвет би фанале. Јас викам си играат со мирни женички..Ќе се чуделе што ги снашло коа би станала од кревет. Се карав со сестри никоја не се осуди да ме нападне.
     
    На nena2010 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.193
    Пол:
    Женски
    Ti izgleda ne si zalutala niz lavirintite na
    За жал, во нашето здравство, сестрите се однесуваат како шерифи. По главни од докторите се.
     
    На elimkd и Серотин им се допаѓа ова.
  8. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    197
    Можеби немам искуство на темата, и сум пресреќна што го немам. Сакам само да ве охрабрам сите што сте мининале низ "пекол" за време на пораѓајот, што сте трпеле навреди, омаловажување, да не молчите. Оваа тортура низ болниците мора да престане. Во стомак ми се превртува кога помислам дека некој се осмелува на жена која е најмногу ранлива во тој момент, на која и треба само поддршка и смерница како да го помине полесно пораѓајот, да ја навредува и да се иживува врз неа. Мислам да ми се случило мене, немало да молчам. Ниту во моментот ниту после. Би направила таков скандал што добро би го запаметиле. Се извинувам, може не е темата сега во оваа насока но, сакам да го посочам моето искуство.Не живеам во МКД, се породив во странство. Кога ме примаа во болница ми дадоа мени, да изберам храна за наредните 3 дена кои ќе престојувам во болницата. Прво прашање беше дали имам некои лични желби што би сакала да им ги посочам, кога прашав на што мислат ми рекоа- На се! Се породив царски, иако бабиците направија се што е во нивна моќ да се породам природно, од вежби, масажи, топла када. За време кога ми ставаа спинална анестезија бабицата ме гушна и ми шепотеше на уво да бидам мирна, имав контракции, толку ми беше поддршка во моментот, беше млада девојка, полна со разбирање. Да не зборувам колку настојуваат за контакт "кожа на кожа", додека ме шиеја бебето беше кај маж ми, го соблекле гол и му го ставиле на гради. Добив огромна поддршка за доењето, сестрите беа толку упорни да ме научат како да дојам, како да го пресоблекувам, како да го оставам и земам од креветчето, заради раната. Од болница излегов спремна, бебе цицаше, јас знаев како и што треба да правам. Во болницата имаше се што е потребно за хигиена, за мајката и за бебето. Тоа сакам да кажам, ако може така да биде третирана жената во странство може и кај нас. Додека не чуе јавноста како жените во МКД поминуваат и каков третман имаат, ништо нема да се смени. Кога јавно и пред сите ќе кажеме со име и презиме каков третман сме добиле, незнам дали ќе се дрзнат да го повторат. Сакам да напоменам дека се породив во државна болница, и моето мислење е дека доколку некоја жена овде, кога би била навредувана и понижувана, а плаќа и тоа дебело за здравство, случајот би стигнал на суд! За тоа сум сигурна.
     
    На MeowMeow, Amelia, Despinaa и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Па во главно затоа што немаме сила.
    Бар за себе зборувам. Не сум агресивна ама не давам на себе, но во тој степен на болка не ми беше до тоа да ја зашлапам.
    А и после.
    Не дека ќутев, но најмногу со педијатрите се карав. И за нив сим заборавила да пишам. Однос нула.
    Им поставувам некои многу битни прашања (некои компликацои кои ми ги спомна матичната додека бев трудна) и ми беше кажано од др. Шпишик, кога ќе се породам да разговарам со педијатрите.
    Сега се мислам, да ги натепав, ќе поминев со помалку нервози одколку што прашав.
    Едната па кога и реков имам колострум, многу малку за сега и што да правам да се зголеми количински ми вика а ти се мислиш дека си крава, па сакаш да ти е бело млекото? Кај луѓето не е млекото бело! И се изнасмеа и си искочи, па на сестриште некое и вика ха ха ха, ја слушна ли.
     
    На MilaSs12, WildMk, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Како велат, тој што го молиш не го лути, епа иста е и оваа ситуација, молиш во тие моменти за помош, мозокот ти е насочен кон тоа се да испадне во ред и со плодот и со тебе, не ти е дојдено до оправање на ситуацијата и распрвии. Откако се ќе заврши и ќе дојдеш дома е тогаш ти се враќа филмот за односот и низ што се си поминал
     
    На Madrugada, Осе, minne992 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Јас со докторка и неонатолог имав проблем . Кај ми се погоди за првото , па и за второто породување . За третото , среќа моја , не ми се трефна на смена тоа бабиште :envy: .

    Докторкава една накурчена до небо , ја знаете сите , од трауматичното искуство на Дона ..

    Оваа неонатологов , упорно настојува дека имам млеко за доење . Толку беше убедлива , што дури и маж ми и свекрва ми ги убеди дека го чуствува млекото во моите гради :^) . Аха , my (mooning) . Имам наследно генетско пореметување и моите жлезди не лачат млеко :^) . Лачат да , но 60 мл во 24 часа . Мало бебе , новороденче , пие 60 мл на секои 3 часа (facepalm) . Поради тоа бабиште завршив на операција на гради . Кога ќе се сетам колку немоќно се осеќав тогаш .. ми идеше да ја задавам на лице место . Уште да имаше таков закон , па да не одговарав за убиство , жими се ќе ја задавев :@ . Ја молев да не ме тера со сила да дојам , кога млеко нема . Ќе дојдело , аха да , воз е па ќе дојде . Или имаш или немаш . Не се градиве мои железничка станица , па ќе дојде . Чекав 3 дена во болница и уште 7 дома ( до контролата по една недела што е ) и немаше ни м од млеко ( имаше само колку да се излаже дете да отвори уста шо се вика ) . А викнав и патронажна и кај баби ме носеше свекрва ми , се и сешто пробавме во тие 7 дена . Ништо . Ни капка повеќе не се излачи . Барем да имав за едно доење доволно млеко , ќе бев уште поупорна и ќе настојував да го решам тоа . Ама не , госпоѓа Антигона најубаво го знае МОЕТО тело , знае дека јас сум тврдоглава коза ( баш ова ми го рече ) и не сакам да дојам . Од толку малтретирање и ден и ноќ , не знам што се случи и завршив на операција . Добив маститис , од оној колострум што го имав . Не затоа што го имав многу количински , ми објаснија на хирургија како дошло до тоа . Всушност , премногу сум настојувала да извлечам млеко со пумпата . Некако сум ги воспалила жлездите и тие отекувале .. поради отокот , колострумот ( тој што бил , малку ) некако не успеал да излезе и се згрутчил во жлездите и така сум дошла до ситуација да морам да се оперирам .

    Откако го поминав сето ова , ми поверуваа дека кај мене организмот не излачува доволно млеко , па бебето мора да е фул тајм на формула . Од тогаш родив уште две и сите беа на формула , и никој не ми спомна доење од тогаш . Ама џабе . Траумата не поминува , измачувањето не се заборава никогаш . Моите гради никогаш веќе нема да се исти . Изгубија облик , и се останато .. ама најважно е што сум жива , и што можев да ја предупредам сестра ми , да не ја слуша таа Антигона . Барем сестра ми се спаси од вакви маки .

    Колку имаат разбирање помладите неонатолози да се чуди човек . Со третово кога се породив , ми се падна млада Албанка на смена , неонатолог , и воопшто не ме тераше да дојам . Ме допираше за да види дали има млеко и ми рече " тешко дека ќе имаш млеко , а ако имаш , тоа ќе биде многу малку ќе мора да му даваш и формула " . Во тој момент и кажав дека немав и со другите две деца .

    Со третово воопшто немав трауми , ама затоа со првото и второто се изнамачив за сите пари .

    Да ми е тој памет сега , кога ме навредуваше бабана , да и стегнев тужба една за навреда па да и покажев кај и е местото :devil: .
     
    На DarkStormm, nena2010, MilaSs12 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал што си минала така со Антигона, мене не ме напна да дојам, ама па јас како педијатар се знам, не се породив таму, не знам дека така се однесувала.. Искрено сум зачудена затоа што ја знам во многу подруго светло, и ужасната во ист момент сум...



    Искрено ми е жал за сите со трауматични искуства.
    Не треба да биде така, стојам на тоа дека тие моменти, треба да бидат убав спомен и сите околу треба да се потрудат да е така. Сепак е жена најранлива во тие моменти.
    На тастатурата сме сите јаки и отпосле што би направиле...
    И мене да ми е сестрата од Ремедика сега пред очи ќе си ја плукнам па и ќе и ја залепам една, ама тогаш не знаев кај се наоѓам, таа зборуваше, јас само плачев, нит па се пожалив после од неа, а во намера ми беше...
    Не се споредува ова со вашето, не можам ни да замислам како ви е било, да не даде Бог никому да се повтори...
    Јас од блиски, во Тетово што се породиле, не знам да е некој задоволен за жал, па и во Скопје, и се дереа на другарка; кога имаше секс убаво ти беше, сега не викај ;(

    Стиснати заби ни се за следново за пак во Ремедика, кратиме секаде кај што можеме, а не треба, треба таков третман секаде да имаат жени кои раѓаат :( ама со скратен цервикс од почеток ми е ужасно страв дали ќе дојдам до 35та недела за таму да се породам, инаку Гак не ми бега, колку страв имам набиено в коски само од вакви работи, не од болки, не од услови, ами од луѓе исфрустрирани :swear:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.963
    Допаѓања:
    134.825
    Пол:
    Женски
    Јас уште еднаш ве замолувам да се држете до темава и да не почнувате со чет муабети после секое споделено искуство за да нема санкции.
    Пишете бар име на болницата тие што споделувате искуство, ако сакате и име на докторот или останатиот персонал.
     
    На senjorita-v, mariz, mommy's love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Кога ме сместија во собата со мене имаше уште две трудници. Едната пред раѓање, другата 5ти месец, со крварење кое беше средено и требаше утредента да си замине дома.
    Задоволна бев како ме пречекаа. Ај пукнал водењакот и сега што ќе правиме? Ајде женска насмеј се, види сонце како убав ден за раѓање :) Ама не родив дента, немав болки, не сум отворена. Договор, чекаме до следното утро, ако не се отворам ќе одиме царски. Немав никакви посебни врски. Освен доктор кој ме следеше од 36+ кој беше многу отворен за комуникација, коректен, и на кој му бев ужасно здодевна дека сакам/барам/замолувам тој да ме породи. За среќа се погоди така. Вечерта тивко, нема скоро никој од сестри и доктори. Трудницата почнува да крвари. Вели дека има болки за раѓање. Нема никој. Жената цел ден беше пресреќна дека ќе си оди утредента кај сопругот и другото детенце со кои цело време се слушаше на телефон. Сега исплашена, вознемирена, плаче и кажува дека има контракции ќе раѓа. Крвари многу. Одам барам некој да дојде, ги замолувам да дојдат, крвари многу, нешто не е во ред. Доаѓаат сестри, и даваат нешто, ништо не е ќе помине. Жената крвари, има контракции, после полноќ некој час конечно доаѓа некоја Докторка. Какво раѓање, нема да раѓаш не се тоа контракции! Дајте и нешто за смирување, за болка и средете го крвавењето. Жената плаче, моли, крвари, раѓа.. Ги викам, молам да дојдат. Доаѓаат две докторки, сестри. Докторката- Ауу оваа сериозно ќе раѓа! Жената плаче, вреска, крвавењето не може да се сопре, ниту нагонот за раѓање. Нема време за друг оддел. Ајде вие завртете се на другата страна! Се завртев и слушав како една мајка очајно моли за помош и се труди да го задржи плодот во својата утроба. Искрваре до спонтан абортус. -Леле ма како не успеа да издржиш, искрваре бре! Го роди, го роди! Додека стоеја и набљудуваа само. Бебчето не преживеа. Мајката не ја видов сабајлето. Јас го заклучив тоа некаде во некој дел од умот затоа што сабајлето требаше да раѓам. Имав коректен однос, поминав добро и покрај непредвидениот начин на раѓање. Немав никаков посебен проблем со персоналот. Освен што дојдоа да прашаат дали сум земала два пати супа. Ама никогаш не ја заборавив несреќната трудница. Ако си тука и можеби читаш, многу ми е жал за тоа што ти се случи. :hug:
     
    На buba4e89, Dumbledore, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    @Вереничка Скроз исто искуство имав со мојата цимерка во Чаир, патем и познаница ми беше. И пукна водењак и за жал го изгуби бебето 5 ти месец беше.. а ја примија дека се пожалила на болки. Цела вечер муабет топ одеднаш..
    Среќа па сега веќе има и друго детенце:l:
    Во главно од Чаир бев онака задоволна, од докторот многу навистина, а од сестрите.. не како и повеќето. 8 дена лежев се и сешто видов, малиот имаше инфекција фатено таму, па една сестра ме извади од памет како малиот “засега е стабилен не е на апарати”
    Тогаш почнав да паничам, татко ми дојде во посета и сите мои, Кировски кога ги виде моите во посета ни се испонаша као “ Гужва е овде нема да ја видам родилкава”

    Дур бев на бокс имаше една ромка оставена сама да се мачи..

    Иако во Чаир лично знаев најмалку 3 сестри плус докторот што ми беше врска па за второто отидов во Санте што ми е досега најдобра одлука. :)
     
    На Вереничка, WildMk и Adidas888 им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Знаеш, ти ми остана во памет.
    Се сеќавам дека ми предложи дека е подобро во Сантеод Чаир..и ден денес ми е криво што не отидов
     
    На WildMk и mssuniquee им се допаѓа ова.
  17. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Ајде здравје поминало веќе.. така се тешиме, но траумите остануваат..

    Во другите теми кога се жалат на Санте не знам јас ништо од тоа немам доживеано, навистина предобар третман имав, пораѓај безболен баш, 8 мин од соба до бебе во раце.. Ако пак раѓаш само кај др Елма, нема да згрешиш:f:
     
    На WildMk и Emotional123 им се допаѓа ова.
  18. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    - што мислеше ти , ко ќе раѓаш убаво е како кога го правиш хаха е ова болии ...
    Тука сестрата му вика леле којзнае јас како ќе раѓам ... како што сум нежна
    Ааа колешке за тебе друг е третманот.
    Поткрени го задникот , не диши ги издишуваш контракциите.. па кажи ми како - ете така.
    Чекај вака ќе направиме ти докторе качи и се на стомак , јас од тука ќе сецнам и ќе излезе ајде сега стисни ти. Еве го .. а не не ај доктор уште еднаш на стомак ете така. Да докторот ми беше на стомак цело време . А отидов 7 прсти отворена и со не многу јаки болки. Според тоа требало мнпгу полесно да поминам.
    Чаир , др Мујович ( и чудно ми е како го фалат толку човеков ) и сестра Мели.

    Затоа што си беспомошна , обесена на бокс со нозе во вис. Плус зависиш и ти и твоето дете од нив ...
     
    На buba4e89, WildMk и Серотин им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    И мене болничкиот педијатар 2 недели ме убедуваше дека имам млеко.
    Детето ми се роди 3440 и за тие две недли (дома) стаса до 3020.
    Една 1/6тина од тежината ми ја изгуби чупето, оти докторката ме убедуваше дека јас не сум знаела да дојам.

    Кога измолзував, вадев по 5-20мл.

    Во тој истиот период, носето и' се затна и и' препиша антибиотик.
    Детето мое живееше на антибиотик првите две недели.

    Душата ме боли шо и' верував.
    Никогаш нема да си простам...
     
    На buba4e89, Серотин и Осе им се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.221
    Допаѓања:
    7.952
    Пол:
    Женски
    Истово во шок соба и го направија на ГАК на жената што беше со мене, Албанка. И викаа ајде дигај газ, 2 саати после царски.
    Јас бев со огромни врски и се потресуваа сите околу мене, ме покриваа со јорганчиња, ми вадеа работи од торба ми ги даваа, ми даваа вода они, да не се напрегам.
    Со нејзе се однесуваа одвратно. И префрлаа е да бе не разбираш, па што си дошла тука ако не разбираш и сл. И секако мене прва ме однесоа во соба иако она беше оперирана пред мене.
     
    На buba4e89, Emotional123, Серотин и 1 друга личност им се допаѓа ова.