Несоодветно постапување во породилиште

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Mazegin, 27 јули 2022.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.312
    Ваквиот однос е последица на отсуство на емпатија (способност да се сочувствува како му е на другиот) и за жал не се среќава само низ установите за породување туку и низ други места, но веројатно се таму позабележливи бидејќи родилката зависи од добрата волја на медицинскиот персонал. Проблемот е подлабок, системски - како биле воспитувани и обучувани да работат и да се однесуваат генерации и генерации. Но тука е и балканскиот менталитет на површен пристап но и извитопереното задоволство во исмевање и понижување на послабиот со цел да се зголеми сопственото чувство на надмоќ.
     
    На andromedae, Angie1432, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  2. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.918
    Пол:
    Женски
    Ова и мене ми се случи. Скроз ист одговор добив. Друга сестра замолив, и велам имам многу болки, она ми рече ќе ми поминело. Да не зборувам немаа клексан, си донесов, немале рогам, си купив, за болки ми донесоа моите таблети пиев. Кога почнав психички да паѓам на своја рака земав диазепами и хелекси. Иако ми викаа психолог затоа што плачев по цел ден, психологот како против мене да беше, ме напаѓаше и ми велеше дека условите во болницата се тие, битно е живо и здраво детето да се роди, а не на каков кревет ќе спијам и дали се ќе ми се допадне. Нема да кажам која болница овде јавно, не е ни битно. Скоро секаде е исто.
     
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Баш.... со ова се сложувам 100%. Сношти ме болеше увото, трпев болка, не отидов на итна оти знам дека ќе ми се однесуваат како на идиот. Сега упат ќе вадам, ќе чекам регуларно со термин, а до тогаш ќе пијам блокмакси. Имам одбивност кон медицинскиот персонал во болниците многу се некултурни, надмени, гадни... мразам кога човек се однесува како Бог.
     
    На DarkStormm, nena2010 и cooll им се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано за односот на докторот кон мене се дереше па дури и шлаканица си добив. И на тој истиот не му било прв пат..
     
  5. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.277
    Допаѓања:
    47.106
    Пол:
    Женски
    :o што зборуваш жено? Зарем?
     
    На cresa-jagoda и Серотин им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Да за жал ова во Чаир пред 5 години со првото. Од другиот персонал презадоволна.
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.918
    Пол:
    Женски
    Јас за моето искуство пишав погоре, и во други теми имам спомнувано. Катастрофа беше !
    Но имам другарки кои поминале и полошо и животот им бил загрозен. Не сакаат да зборуваат на таа тема. Имаше една пишано во Соба за Доење и АД што точно поминала, со имиња и презимиња, со се ! И знаете што доби? Ништо ! Неколку лајкови, многу сожалување и на крај доби повици од сите споменати во постот кои ѝ се закануваа дека ги клеветела и дека ќе изгубеле работно место заради нејзе. Бидејќи кон нејзиното искуство се придружија уште неколку жени, докториве контактираа со администратори и сето тоа се избриша како никогаш да не било пишано. А на другарка ми по телефон и упатуваа закани и ја обвинија дека лаже !
     
  8. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Професија која треба да ја работат луѓе што го сакаат тоа а не некои што ете имале среќа или врски да се вработат и како со сила некој да ги држи таму. Се однесуваат како да си им се тупнала дома, без трошка емпатија кон родилките. Со часови никој не доаѓа да види како си а преку ноќ никој не можеш да најдеш. Никој ништо не кажува или објаснува што е како е. Можеби немаше да имам толку трауматично искуство да имаше малку емпатија од нивна страна. После царски те сместуваат во соба ти го оставаат бебето и чао снаоѓај се, толку ги чуваме ние.
     
    На mommy's love, Осе и DarkStormm им се допаѓа ова.