1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нечие (лошо) мислење за вашата личност

Дискусија во 'Психологија' започната од ma4o4female, 16 јуни 2010.

  1. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Дали сте се нашле во ситуација да слушнете лоши муабети за вас од некоја личност и истата таа да дрдори наоколу за тоа колку сте вие лоша, дека сте наивна (понекогаш глупа |( ) ,а потоа и другите да се убедени во тоа :( . Е токму јас сум во таа ситуација, а сето тоа е само искривена слика за мене. Јас воопшто не сум таква. Сега ми е разнишана самодовребата :( . Хелп !!!!
     
    На Nate- princeza, elisabeta и ELLen им се допаѓа ова.
  2. maleckata.22

    maleckata.22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    17
    Не треба воопшто да се замараш...Ти знаеш која си и луѓето што се околу тебе и најмногу ти значат битно е што мислат за тебе...А за тие што менуваат мислења преку муабети ич не ти требаат во животот...А вистината секогаш излегува на виделина...Затоа don't worry just be you ;)
     
    На Nate- princeza и interesna им се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    само главата горе ;) знаеш ти сепак која си и што си... не се замарај за другите :) кога тогаш се ќе се дознае ;)
     
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Немој ич да се секираш, нека зборува ако нема друга работа. И мене истото ми се случи пред 3-4 год а најверојатно и сега се случува само што не се замарам повеќе - мојата прве братучетка ми зборувала зад грб секакви глупости и измислици и јас дознав. Таа ги убедила нејзините другарки со тие глупости ама после и тие видоа каква сум навистина и сфатија дека им ги полнела главите. Прво ми беше мака, не ми беше сеедно ама ја видов каква е и сфатив дека од љубомора и завист го направила тоа, па сега ја игнорирам и не се замарам ич. Немој да се замараш и ти, биди си ти, биди си своја и само напред со главата горе, прави како што мислиш дека е најдобро според тебе и ќе видиш дека само така луѓето ќе ја сфатат и видат вистината и ќе ја добијат вистинската слика и мислење за тебе. Поздрав
    Р.Ѕ. Не рекле за џабе дека ако некој ти зборува зад грб ти си 2 чекори пред него и дека ако некој постојано се замара зборувајќи за тебе дека ти си центар на неговиот свет ;)
     
    На StarSky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    хм ајде јас ќе ти кажам мое искуство па заклучи сама. јас сум девојче не да се фалам али многу дружељубива, сакам со сите да се дружам и вака или така секогаш се вклопувам во секое друштво. стигнав на факс и таму луѓе од секаде неможеш со секој да комуницираш. но се здружив и бевме топ друштво некој влегуваа некој излагуваат од друштвото 4 години па неможеш се со исти да се дружиш, но ние остававме 4 -5 колеги што ностоп бевме заедно и замисли сите тие колеги јаделе г***а за мене каква сум препотентна , демек не сум била ок и такви моабети (кој ги дознавам после завршување на факс) дали љубомора дека прва дипломирав или што али тоа е балкан. и имаше две девојчиња кој се приклучија покасно и знаејки од моабети дека јас сум дигната и никаква дури мразеле да седат со мене на кафе иако седеа, или ко што самите ми кажаа дека дури и станувале кога ќе сум седнела јас :( , но јас со зборење со дружење затоа што незнаев тие дека имале лошо мислење си зборам мислам се е ок . денес тие две девојчиња што го имаа лошото мислење за мене наметнато од злобните луѓе ми се најдобри другарки на едната ќе и бидам кума, со другата се слушаме што почесто и ден денес се смееме за тоа колку имале лошо мислење за мене. моабетот ми беше кој што сака нека си збори ти си таа и твојата внатрешна добрина ќе се препознае од вистинските личности ;)
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Зад секој добар коњ се крева прашина, запомни го тоа :!: Зборат луѓето од љубомора и оти немаат попаметна работа. Ти игнорирај ги и однесувај се природно, таква каква што си! Секој што ќе те запознае подобро ќе сфати каква си ти навистина.Оние кои не те познаваат а тропаат глупости за тебе или се водат по некои лажни оговарања остави ги во заблуда. Еден ден ќе сфатат дека грешат.
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    точно дека оние кои не те знаат од прв впечаток или од муабети можно е да создадат погрешна слика за тебе. Баш од ваквите луѓе потекнуваат и лошите зборови кои ги слушаме за нас. И вистина дека тоа е од љубомора....
    Немаш зошто да си ја рушиш самодовербата. Единсвено за кое треба да се грижиш , ако тие муабети се произлезени од луѓе кои те знаат , блиски или пријатели.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја прошириме малку темава, да не отворам нова. Дали ве погодуваат мислењата на другите? Дали правите се за да се допаднете некому?
    Оние што јас ги ценам и ги сакам, правам се за нив. Бескомпромисно. И јас тие што ги сакам мора да ме сакаат, па не знам што да е. А оние што не ги сакам и ценам не ги погледнувам, исто како да не постојат.
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Важно ми е туѓото мислење доколку се работи за мене блиска особа, а тука спаѓаат семејството и поблиските другарки. Би направила се за нив, како што кажа Реинбоу, бескомпромисно. Но да се секирам јас што рекол за мене некој кој едвај го познавам? Како не :lol: Тие луѓе за мене се само објекти во природата, како дрвјата и континјерите.
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Ме погодуваат само мислењата на оние личности кои ми значат,а за другите ако е некој лош збор или навреда секако дека допира до мене,не сум имун на тоа,но потоа сфаќам дека тие личности се никој и ништо во мојот живот и ги игнорирам.Често се случува да оставам погрешен впечаток некаде,но потоа силно се трудам да го исправам. :)
    Никогаш не правам се за да се допаднам некому и премногу ме иритираат таквите што се прават нешто што не се само за да му се допаднат на некој.Подобро да ме мразат за тоа што сум,отколку да ме сакаат за нешто што не сум. ;)
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    јас имам другарка која едноставно пати од комплекс на ниска вредност, и мисли дека со тоа што кај некого ке каже лошо за мене, и кај мене ке каже нешто лошо за таа другата страна, со тоа добива поени. Бидејки иде секаде каде што ке ја викнат ко јадната да нема кука, сите разгвори ми ги пренесува, и се е тоа лошо кој што кажал за мене, па демек со иронија прашувале дали пак сум фатила дечко, јас знам дека сето тоа е само во нејзината глава бидејки е љубоморна, премногу....и она што таа го мисли го кажува како да го кажал некој друг.
    Не се замарам со тоа, бидејки каква и да сум таква сум за себе, не за неа или за луѓето околу мене. Имам свој морал, фала богу, и незнам што има да се замарам со тоа што би го збореле другите. Тоа за мене се само љубоморни суштества.
     
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    А зашто се замарате со нечие мислење кога си знаете кои сте и колку вредите
    Луѓето знаат да бидат со зли јазици и не познаваат граници .....
     
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    глеј воопшто немој да се замараш со такви луѓе, и јас сум била во истата ситуација и знам како ти е.
    едноставно не им обрнувај внимание, тие само ти љубоморат или немаат што да прават со животот, а другите ако те знаат каква си нема што да се плашиш дека некој ќе ги убедува во спротивното освен ако не се некои премногу наивни :)
     
  14. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25
    Вистината секогаш излегува на виделина нели? :^)
    Не грижи се се ќе се дознае!

    Поздравче и бацки :*
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Уф, често им оставам погрешен впечаток на луѓето. Не знам, изгледа таква ми е појавата. Инаку такви проблеми сум имала до додека бевме помали и кога имав едно дваесетина “најдобри другарки“. Тогаш си мислев секој добро ми мисли и сите ме сакаат. Наивна. И какви работи потоа сум се изнаслушала, со денови сум плачела. Меѓутоа и тоа мора да помине инаку не би сфатиле дека не мора да веруваме секому. Сега ретко може нечие мислење да допре до мене, само мислењето на дечко ми и семејството. На се друго се насмевнувам и продолжувам понатаму.
     
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    За мене имам слушнато дека сум била „намќор и недружељубива“ што воопшто не е точно. Едноставно не сакам да бидам центар внимание, а не сакам ни такви личности во мое друштво. Отворена сум и забавна во кругот на моите најблиски, знам да откачам и да глумам толку добро што ни другарките некогаш не знаат дали сум сериозна или се зезам. :D :D Ама намќор? Во никој случај. Не ме погодија таквите коментари, пред се затоа што беа кажани од колеги на факултет кои тогаш сеуште не ме познаваа, ама досега верувам дека го смениле мислењето ;)
     
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Јас сум емотивна личност и не сум од оние што не ги регистрираат таквите обвинувања.Можам да ти речам да не се замараш и да си тераш понатаму бидејќи самата ти во себе знаеш дека тоа што го зборуваат се само трачови и ништо не е вистина ;)
     
  18. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Е значи воопшто не ми е гајле што мислат за мене некои кои не ми значат ништо. Оние кои си ги сакам , ме знаат каква сума, а за другите (ме боли). Ако немаат попаметна работа, па нека си го трошат времето за глупости. Секое чудо за 3 дена. Ќе зборуваат и ќе престанат.
     
  19. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    97
    јас имам таква другарка како демек се неа нешто и кажуваат за мене а не на некој дрг.Стварно чудно.
    Инаку имам слушнато како машките зборувале дека сум била лоша и дека не се допирало до мене......епа не сум до толку лоша де
     
  20. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    :lol: нека зборат што им душа сака, да не се замараш и да не ти е гајле...
    на прославата од матура, еден фраер од нашата генерација се сликаше со мене, и една ваљда љубоморна школска извала муабет дека сум се мувала со типот... |( глупости живи, кога ми кажаа се изнасмеав бидејќи знам која сум, знам дека не правам секакви глупости, и имајќи предвид од кого е муабетот ха“ ха“ ха“ Не ме боли...

    Да не се замараш со глупости и да не им се правдаш, ако знаеш дека не си направила ништо - крцкај си... 8)