1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нечие (лошо) мислење за вашата личност

Дискусија во 'Психологија' започната од ma4o4female, 16 јуни 2010.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Get in line. :D
    Јас слушам критика, сакам да знам како некој ме гледа. Тоа не значи дека јас ќе се сменам по нечија желба или дека ќе ме допри длабоко или воопшто, туку можеби тоа е конструктивна критика која ќе ми помогни да пораснам како личност и човек.
     
    На hermosa, Kolekcionerka, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Се трудам да сфатам дали можеби е точно, ако е, да направам позитивна промена. Не сум многу инаетлива во последно време.
     
    На crazylady и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не велам дека секогаш ми е сеедно за туѓото мислење за мене, не го ни сметам тоа за правилно. Прифаќам критики, па и посериозни замерки од луѓе што ги ценам како личности, што ги сметам за квалитетни карактери – и работам на тоа да ги применам. :)
    Ама од останатите... научив со тек на време дека од некои личности лошото мислење и неодобрувањето може да се сфати како ништо друго туку своевиден комплимент :nod: 8)
     
    На hermosa, Nausicaa, Srcka $ и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Ова лошо-не лошо мислење многу релативна работа бидејќи додека некој има интерес од мене по било која основа многу добро мислење има за мене,а потоа независно дали ме искористил или не за лични цели добива лошо мислење за мене:D.
    Ова повеќе говори за однесувањето на таа/тие личности воопшто и говори за (не)релавантноста на нивното независно лошо-добро мислење за мене.
    Во превод ич не ми е гајле кој и што мисли за мене додека јас си го гледам мојот пат под нога и си го чекорам како што сум замислила дека треба.
    А овие критичариве слободно нека се сликаат и продолжат да критикуваат ако јас сум им центар на секојдневието.:D
     
    На Srcka $ и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  5. geminita

    geminita Нов член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е..Преемотивна сум,ме кршат секакви ситници и глупости прво.Една глупост ми се случи пред некој ден.Прочитав разговор од една другарка која ја знам 12 години,ја сакав.Го имаше пишано со друга девојка следново(за мене):,,Тој и тој излегол на кафе со Геминита? Хахахахахаххахаахха дали е нормален?" Па подолу:и онака ми беше грд,сега од кога излегол со неа уште толку ми се згади" и сл..И на крај знаете што?Девојчево ме нарече ненормална,сум читала кај неа,сум и рушела приватност блабла.И кој испадна на крај крив?Јас :) Аку сè беше против мене во раз.јас сум крива што сум читала и се осетив крива.На сите другарки им го смена мислењето за мене,вчера сите се договориле излегле мене не ме викнале.Ај тоа туку во разговоров ги имаше направено будали луѓето што излегувале со мене,дали биле нормални со некој како мене што излегле.А сега уште толку ќе сум претставена како чудак кој и рушел приватност или како ненормална..И криво ми е што пола град ме мрази,и тоа некој што не ги ни знам,немам ни здраво,не ми паднале на ум,а тие ме гледаат в лице ми се смеат едноставно.И зошто?Можда зошто на мои 18г.сум излегла само со еден,не сум 24/7 пијана по кафичи и излезена,не праќам голи слики,не пушам..?Се чувствувам како неприфатена во околинава,како поинаква,што не ми се допаѓа..Не сум во ,,елитата" не се движам со дигнати и сл.А си набив комплекси како на пр.сега мислам дека срамота е некој да биде виден со мене,се чувствувам како да ќе го срамам тој што ќе е со мене,мислам дека дечко нема да си најдам бидејќи ќе му е срам да се појави со мене,не знам :) Мислам дека не сум достојна за никого,се понижувам себе си,среќа имам 1-2 другари кои ми рекоа дека никогаш не би ме оставиле сами,бидејќи сум имала предобра душа која им попушта на сите и дозволува да е направена будала само затоа што не сакам караници..Сепак лошо ми е што осеќам дека никој не ме сака,и не знам како да се ослободам од чувствава, и да престанам да се самопонижувам.Како би се справиле вие?Како да престанам да се замарам за туѓите мислења?Се извинувам за рефератот,морав да се,,испукам"..
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ми е гајле кој што мисли за мене.
     
    На Purelove92, hermosa, "Zoki" и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    И наравоучение од сето ова а?:^)
    Никој ама никој и најголем непријател не сака шпион плус кодош.
    Ај кај си ја исшпионирала што пишала не можеше да си молчиш и да си траеш т.е. да знаеш со каква (не)другарка имаш работа ама да си користиш што ти одговарало дотогаш ете ко што спомна што те дружеле?
    Преку дружење и излегување ќе си запознавала други луѓе и со тек на време ќе си создадела свој круг. Среќна околност што имаш 1-2пријателки кои поред се те сакаат таква каква си.
    Прво ти самата треба да се прифатиш и засакаш каква си,потоа нема да ти е гајле за нечие мислење за тебе.
    Многу си млада и мислиш крај на свет е што се расчуло дека си прочитала и се тоа.
    По некое време нема да го памтиш ова.
    Билдај си ја самодовербата и сакај се себе си.
    Ако не си се сакаш ти самата никој нема да те сака само ќе те користат и чао.:)
     
    На hermosa, geminita и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    @geminita кога некој такви работи кажува за другите, најчесто им завидува за нешто. Имаш нешто што нема таа. Или само лечи комплекси и фрустрации зборувајќи лошо за тебе. Она што треба да го сфатиш е дека таа со тие зборови се опишува самата себе, а не тебе. Со тоа што го зборуваме за другите, не ги дефинираме нив, туку самите себе. Така да, нема зошто да се чувствуваш лошо. Не им обрнувај внимание на тие што те понижуваат и немој да станеш како нив.
     
    Последна измена: 7 јануари 2018
    На hermosa и geminita им се допаѓа ова.
  9. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    За мене не сум слушнала од некој лошо мислење да има.
    Но онаа фразата ја знаете е Ако некој е со тебе и зборе за друг и тогаш отиде кај тој другиот и зборе за тебе, тогаш мислам дека и мене ме збориле.
    Ама веќе со тоа не се замарам кој што сака нека си лапа јас барем знам што правам ако другиот не знае.
    Најважно во животот е да имаш свое мислење за себе, да знаеш каква си во одредени ситуации, и што за тебе претставува лошо мислење, а што добро, па од таму ќе заклучеш каква си.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски

    Девојче премногу си мала па најверојатно што и да ти пишам, нема да ме сфатиш како што треба.
    Со тек на време ќе научиш да живееш и со лоши коментари (кои секогаш ги и ќе ги има) и со разни животни ситуации кои ќе треба од едното уво да ти влезат а па од другото излезат.
    Нема потреба да си набиваш комплекси за вакви работи.Чим имаш 2 другарки излегувај дружи се со нив. Сигурно и тие имаат некои познаници, па ќе те запознаат и ќе излегувате во друштво.
    Од искуство ти кажувам не дозволувај најубавите години да ти поминат дома ради вакви глупости.
    Тавите другарки што пишувале така за тебе и не ти се баш некои другарки. Нема потреба да се караш со нив туку пробај ете да се одалечиш. Средбите нека ви бидат поретки со изговор дека си зафатена или имаш некои обврски и секако престани да споделуваш лични работи со нив.
    Контактите нека ви бидат сведени на минимум. Секако дека ти треба другар/ка со кој/а ќе можеш да испиеш и барем еднокафе во неделата и размениш два муабета ама сепак не се врзувај за никого.
    И да секако треба да знаеш и да прифатиш и критика и совет ама тра муабети нека не те интересираат.
    Така си зацртала во главата некои работи и затоа мислиш дека ид ругите те дожувуваат така, за што сум сигурна дека не е вистина.
    Сакај се самата себеси таква каква што си, секој е посебен и уникатен на свој начин.
     
    На geminita му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ова мислење е за оваа тема,но не најдов нешто посоодветно.

    Почнав да губам пријатели,се оддалечив од сите..Дали јас сум лоша личност?
    Знам да избувнам,да се спречкам но потоа ми минува,се обидувам да сум искрена иако никој не е секогаш искрен.Им мислам добро на сите но можеби тоа го искажувам на погрешен начин.Лесно се повредувам и ме повредуваат ситници..Мојата мајка ми кажа дека имам лош карактер,дека во иднина ниеден шеф не би сакал ваков работник и слично.Мразам неправда и не можам да ќутам на неправди,исто така лесно љубоморам.

    Знам дека вие овде не ме познавате лично,но би сакала да прашам како би можела да го променам ова?
    Се уште сум млада па мислам дека има простор за промена.Никој не е Мајка Тереза но по ова што ми го кажа мајка ми морам неколку од овие лоши карактеристики да ги искоренам..

    Што мислите вие? :(
     
  12. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    Прифаќам критики само од блиску луѓе. А ова го имам добиено од повеќето, дека сум многу ладна и не покажувам интерес и емоции (иако сите знаат дека ги имам). Исто дека имам мала толеранција за луѓе, и затоа се затварам. Пробувам да го сменам делот со емоциите, другото не.
     
    На poenta, hermosa и buba4e89 им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Ако кај себе препознаеш лоша карактеристика, тогаш промени ја. Има луѓе со куп лоши карактеристики но не ги препознаваат или не признаваат дека се лоши па си тераат така низ животот. Што се однесува до работното место, таму секако не се однесуваме како и приватно.
     
    На Primadonna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Епа вака..Ако зборуваме за искреност,знаеме дека во денешно време кога си искрен према луѓето,кога ќе им ја кажеш вистината,знаат да се навредат и не им се допаѓа тоа,а сепак се лутат ако ги лажеш,така да никогаш не можеш да им угодиш.Се сеќавам кога бев прва година средно учев со девојче кое беше одделено од сите,немаше друштво,а баш беше воспитана,културна со висок стил на речник,учеше и беше баш за пример.Еднаш ја прашав зошто е без пријатели кога е толку пријатна личност и ми одговори:,,многу сум искрена.Тоа ми е,,маана".Тогаш сето ова ми беше нелогично,но сега потполно ја сфаќам :).
    За љубомората,и јас сум прилично љубоморна,отсекогаш сум слушала коментари како треба да не сум љубоморна,да се сменам и сл.Но сметам дека(мое мислење) љубомората е карактеристика на личност која ја стекнуваш уште како мал(пр.да љубомориш на брат/сестра) и со неа растеш,не е секој многу љубоморен,но тие што се,сметам дека не можат во целост да се ослободат од љубомората,можат само да сфатат дека е лоша навика и да го потиснат чувството на љубомора само за да не влезат во подлабок конфликт.Обиди се да се воздржуваш,ако не можеш да се ослободиш од љубомората,знам дека можеш во одредена ситуација да сфатиш дека нема потреба од расправија,дека моменталното чувство на гнев е резултат на твоја љубомора и дека ќе помине за саат време:D.За другото,не се менувај по желба на луѓето,освен ако имаш навистина да го наречам,,проблем" кој ги турка луѓето од тебе.Знаеме дека не можеш никогаш да им угодиш на луѓето без разлика каков си,а сигурна сум дека ќе најдеш некој кој ќе те прифати со сите твои предности и маани:inlove:.
     
    На hermosa и Primadonna им се допаѓа ова.
  15. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли дека на планетава постојат секакви буквално, и многу подобри од тебе и многу полоши па се прифатени? Само самодоверба и работење на себеси. Она што ТЕБЕ не ти се допаѓа, менувај, а другото не е твој проблем на кој што му смета, зошто како што кажав не има секакви. Не се земај премногу сериозно, тоа само ќе ти штети, од искуство.
     
    На hermosa, theowndemon, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Многу луѓе мислат дека плескањето во фаца е мада фака, па го сфаќаат тоа здраво за готово, и си плескаат и што треба и што не треба. Некогаш е паметно да не плескаш ако не те допира тоа во животот.
    Плус за да плескаш некому во фаца треба да знаеш како, на кој начин, и треба да имаш став, неможе така ти дошло, па ај ќе си кажам јас што си имам. Знам за една таква особа во мојот живот, што плеска и што треба и што не треба, нејзиното повеќе личи на мешање во туѓ живот неповикан, зачин у манџа, отколку на искрен човек со став. И сите таа особа ја есапат за таква, а никој не ја сфаќа за озбилно, туку за ебиветер.
    Може си искрена, ама на погрешен начин. И неможе да очекуваш да си искрена а пак сите да те сакаат, тоа нема :D Има една поговорка, “луѓето ја ценат твојата искреност, се додека не почнеш да бидеш искрен со нив, тогаш си шупак„.
    Така што размисли на кој начин ти ја искажуваш твојата искреност, дали ја има и кај што треба и кај што не треба, и човек кој е искрен со другите многу не го допира што за него мислат, затоа што најважно му е да си го искаже својот став, значи зборуваме за став, а не за кокодакање пред порта непотребно. Ако сакаш да те сакаат, ќути си и биди фина со сите, смешкај им се на сите, па на сите ќе им бидеш плишено мече, глуфче, душа итд.
     
    На theowndemon, Alisa22, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Ми значат и ги ценам мислењата исклучиво само од оние личности кои ги почитувам и сакам, вклучувајќи го моето семејство.
    Се стремам кон тоа да не се лутам на нивните критики упатени до мене, затоа што тие ми помагаат да се сменам.
    Понекогаш сакам да знам и да слушам што мислат за мене луѓето кои не ме познаваат или поточно на кој начин ме осудуваат, затоа што нели, тоа е најлесно во денешницава. Некогаш знаат да ме допрат тие размислувања и осудувања, но потоа сфаќам дека токму таквите луѓе никогаш нема да бидат на мое ниво и секогаш тоа ќе им биде главната кулминација во животот. Озборувања и осудувања.:)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Позитивните мислења ги прифаќам како поддршка и поттик. А негативните ги користам како споредбен материјал со моите постапки. Некогаш знам да извлечам поука и од нив,но се почесто јас сум си најголемиот самокритичар и се водам од личните одлуки.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Не ми е гајле што мислат другите.
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Навистина сум горда на самодовербата што ја имам стекнато да правам точно онака како што сакам и да си терам своја работа.

    Уште се вежбам за некои полиња од мојот живот и се трудам да не заборавам дека секој различно ме перципира и треба првично јас да сум сигурна која сум, а не другите да ми диктираат.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.