1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нечие (лошо) мислење за вашата личност

Дискусија во 'Психологија' започната од ma4o4female, 16 јуни 2010.

  1. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Сум слушнала и тоа повеќе пати,ама искрено не ме засега.Секој има право на свое мислење.Битно е јас да сум задоволна со самата себеси,другите ако имаат лошо мислење не е воопшто важно,како и да е не може да им се допаднеме на сите.Само понекогаш ми пречи што луѓе што не ме познаваат добро,донесуваат заклучок за мене и мојата личност.Јас за да имам оформено мислење за некого треба подобро да го проценам и запознаам,не на прв пик одма да донесувам заклучоци и да давам лошо мислење или коментари за било кого.
     
    На barbiegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Зошто би се замарала со нечии рекла -казала муабети? Јас си ги знам моите квалитети,моите блиски луѓе исто така ги знаат,а сите оние што си го хранат егото со малограѓански муабети само нека повелат.

    Кучињата лаат ,караванот си врви!

    Што се однесува до совети,критики прифаќам да,но само во лице,кажани во очи како што и треба да бидат,исто така и своето мислење го кажувам на оној што треба да го знае.
    Не очекувам нормално сите да ме сакаат ,секој има право да ме доживува на свој начин.На крајот на краиштата и на трепки да одиш секогаш ќе има некој што нема да те сака и точка.Секој човек си е приказна сама по себе ;)
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    леле колку сум се смеела на небитни коментари, колку сум била лоша, не сум била другарка, лигава, незнам уште што... и тоа од личност со која освен здраво немам ништо друго. :D ми ги пренесе нејзината соговорничка :D

    затоа викам: прво нека ме запознаат после нека јадат.
    многу можат да велат дека ме знаат каква сум, ама многу малку навистина ме познаваат.

    Ме иритираше тоа што личности кои ми значат заради желба да се здружат со друга, пред неа рекле коментари од типот :пфф, мавни ја пинк, тоа помина, сега сум со тебе.. |(

    секоја чест штом така мислат, затоа кога некоја ке почни да ми збори и да ја оговара нејзината бившата другарка знам дека после пола година истото ке го збори и за мене.

    Епа од такви другарки подалеку :fubar:
     
  4. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    ме погодуваат негативните мислења од сите,но најмногуу од своите блиски(особено пријателите)
    јас сум таква личност премногу чувствителна,и од кога ке ми кажи некој дека нешто не чини кај мене,се нервирам ,а можам да западнам и во депресија ;(
    свесна сум дека треба да го променам таквото размислување и дека треба да сум поцврста личност,но сето то некако тешко ми пага...сепак не е така лесно да се промениш самата себе
    на крај краеви и мене не ми се допаднале некој работи кај други,па инает ме фака зошто тие не се променат...па тогаш ке се променам и јас :envy: ако ме сака некој ке ме сака таква каква шо сум :!: 8)
     
  5. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Ооф.
    Јас порано многу се замарав со тоа, но сега воопшто не ми е гајле.
    Мислам неможеш да им затвориш уста на луѓето, всушност тие што го украсуваат твоето име со разни атрибути секогаш се луѓе што се крајно искомплексирани.
    Јас никогаш не верувам ниту пак се впуштам во некои муабети за некого што не го познавам.
    Имало многу случаеви каде што некои кокошки,алапачи ќе пробаат да ми направат муабет за некого но едноставно се повлекувам, несакам да бидам учесник во тоа нивно пополнување на досадното време!
    Лично јас сум била во таква ситуација каде што имало група ЈАКИ ТИПКИ што ширеле секакви невистини за мене, но со моето однесување и со тек на време јас го докажав спротивното, така да.. сами се лажат сами си веруваат! ;)

    Секогаш си велам, прво запознај го човекот па потоа суди му.
    Некогаш изгледот многу знае да излаже.. а устата не завидливите уште повеќе! :lol:
     
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Многу ретко се случува некој правилно да ме процени, а на лоши проценки веќе се навикнав (особено ако биле само од гледање). Веќе ми се смачи, но сепак е ме радува што откако ќе ме запознаат луѓето го менуваат мислењето :)
    Муабети си имам слушнато, ама ако нека си зборат...позади добриот коњ се крева прашина ;)
     
  7. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Моето секојдневие. Често за мојот карактер зборуваат моите другарки. И секогаш нешто кај мене фали. Но ми се смачи од тоа јас вечно да изигрувам добра вила и решив да ги оставам да си зборуваат што сакаат. Јас сум таа што сум. Ако некој сака да знае каква сум ке дојде и лично ќе се запознае. Во спротивно ќе ги слуша озборувачите, ќе има погрешна слика за мене, а во моите очи тој ќе остане глупав бидејќи верува во муабетите на другите. ;)
     
  8. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Нечие лошо мислење за вашата личност


    И јас мислам така! ;)
     
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Поради тие мислења и озборувања, кругот на друштвото ни се сведе да минимум. Ме повреди лошто мислење на другарка што сум ја сакала и се сум споделувала со неа, али тоа..рани куче да те лае. Не се замарам и не ме интересира што мислат за мене некои што немаат попаметна работа освен оговарање, ми значи мислењето на најблиските и само тоа го прифаќам, затоа што тие најдобро ме знаат. Никој друг неможе да си земе за право да збори за мене што сум и каква сум додека добро не ме запознае.
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Веќе ич гајле не ми е.
    Нека поминат еден единствен ден во моја кожа, па ќе сфатат. Никој не може да си земе за право да суди површно.
    Ме боли само кога тоа се некои мои блиски личности, но само кога мислењето е погрешно, а кога е точно и лошо немам право да се лутам.
     
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    ич уво не ме боли за таквите мислења и воопшто не влијаат на мене!
    Јас си знам која сум, зашто постојам и колку вредам. А оние кои зборуваат најверојатно немаат попаметна работа па се замараат со животот на другите.
    Леле кога ќе се сетам порано колку се замарав, се нервирав, ќе слушнев нешто такво и доаѓав дома плачев...сега??? Сега НЕ
    Сфатив дека ако еден човек сам не се уништи нема да го уништи никој
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Воопшто не се замарам со тоа .
    Јас сум јас и неможам да се сменам .
    Ако не му чинам на некој ,нека бега подалеку од мене .
     
  13. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    кога ќе ми текне порано колку внимание сум обраќала и сум внимавала што ке кажам за да не навредам никој и секогаш излегував црната овца во друштвото и за што сите тие стресирања за некои луѓе кои не вредат и сите се покажаа во своето вистинско светло.сега веќе е обрнат листот не ме интересира она што имат да ми го кажат едноставно си го оставам мозокот на релакс и не се замарам со нивните муабети имам еднаш кажано ако ти се допаѓам добро ако не патот ти е прав.
     
  14. LightOFF

    LightOFF Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    72
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    На мене ми е битно мислењето на најблиските од нив можам се да прифатам и критики и пофалби... а тие што не ме познаваат можат да зборат колку сакаат,и да кажат толку многу работи за мене, сепак за мене ке биде како ништо да не кажале... треба секогаш да бидеш тоа што си ,бидејки на тие сто ми значиш баш таква те сакаат без никакви промени на себе :)
     
  15. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    ми се има случено, иако ми е криво што така зборува сепак не си земам се при срце, затоа што ако се потресувам за секој што ќе каже нешо лошо за мене кај ќе ми биде крај :lol:
     
  16. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    зад секој добар коњ се крева прашина и на народот уста никој не затворил ,така да јас сум си јас и тука не ми е битно мислењето на некој со кој сме анонимуси
     
  17. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Мене директно, а не зад грб ми имаат кажано во неколку наврати дека знам да бидам преарогантен и да не бирам средства да го постигнам она што сум го зацртал. Има вистина во тоа што ми го кажале, и затоа ни им го земам за лошо, ниту се навредувам.
     
  18. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Порано многу ме погодуваше што мислат луѓето за мене и се трудев со сите да бидам фина. Сега ич ама ич не ми е гајле кој што мисли, нека мислат сите што сакаат јас си знам каква сум, моите блиски знаат каква сум и најважно Господ знае каква сум. Се друго не е важно, ако зборат за мене во негативен контекст притоа немаат никакви аргументи, само нека продолжат така, нека зборат. ;)
     
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Дека се дрогирам !

    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    Помагај мајко, цигара не сум пробала до дрога стигнав. :rofl:
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Нечие лошо мислење за вашата личност

    Не во последно време не ме засега што мислат останатите за мене,порано се нервирав сега на моменти и ми годи дали се тоа позитивни или негативни озборувања значи предизвикувам внимание сум им интересна па си зборуваат и вистина и невистина.Имам другарка која секој ден ми кажува како си слушала лоши муабети за неа и ужасно се нервира па се докажува правда и сл.Многу ја советував да не се обзира на тугите мислења и дека тоа е небитно во животот,ама нема фајде никако тоа да и го искоренам,оптеретена е со тоа кој какво мислење ќе имал за неа.