Нечие лошо мислење за вашата личност многу луге ми зборувале се и сешто зад мој грб, и сум останувала кога сум слушала,па дури и втора братучедка ми вадеше афери кога учевме заедно како јас се мувам со цело школо т.е. со сите машки во средно научив да ги препознавам вистинските личности и не се замарам со останатите и почитувам мислење на драги личности секако
Нечие лошо мислење за вашата личност Кој што сака нека зборува за мене јас знам што сум и каква сум....бидејќи луѓето понекогаш и немаат работа знаат да кажат се што ке им дојде на ум ...можам да прифатам критики само од најблиските оние со кои сум речиси секој ден
Нечие лошо мислење за вашата личност Добро е кажано во темата ..Нечие! Битно ми е само што они што ме познаваат,а не само што ми го знаат името,мислат за мене. Ако некој од нив ми замери за било која моја постапка,ми каже дека сум се сменила на полошо или најбанална работа,се зема во предвид,да. Се останато,мислење,коментари,пофалби ( ) од непознати,можат да се носат. Јас сум економист,мене времето ми е пари,немам време да ѕирнам,а камоли да помислам да размислувам за тие луѓе!
Нечие лошо мислење за вашата личност Не обрнувам внимание на тие ''нечии'' мислења.Секој има право на мислење! И мене не ми се допаѓаат некои личности и едноставно ги одбегнувам.Негативни се премногу за мене.Мојот темперамент е многу поинаков многу малку од луѓето кои ги познавам ме прифатиле ваква.Но тоа не значи дека ке се сменам,не ни имам пробано да се сменам за да им одговарам на некои од таквите луѓе
Нечие лошо мислење за вашата личност Посакувам да можев и јас да се пофалам со тоа дека не ми е битно туѓото мислење, но не е така. Тешко ми паѓа кога ќе дознаам дека некој шири лоши гласини за мене и скоро никогаш не можам да се носам со тоа А сум се обидувала да се уверам дека не е важно што мислат другите за мене, но не иде, веднаш ми се намалува самодовербата..А не сакам да биде така
Нечие лошо мислење за вашата личност Истото ми се случува и на мене. Кога ќе слушнам дека некој кажал нешто лошо за мене се правам дека не ми е гајле, ама јас си знам како ми е на душата. Се нервирам, зошто некој така да мисли, јас не сум таква, јас на никого ништо лошо не сум му помислила ни направила бла бла бла. Од тие глупави секирации дојдов до тој степен да си пијам секој ден по 6 b-complex (препорачана дневна доза од лекар) а навечер знае и некое дијазепамче да залета. Се нервирам што треба да носам фиксни зашто?? Зошто ке ми се смеат другите, а не мислам на тоа дека забите после ке ми бидат уште поубави Кога доволувам секаква глупост да допре до мене, малку ми е!
Нечие лошо мислење за вашата личност Девојки, се е пракса И јас бев како вас (затоа и ја отворив тогаш темата), но денес сфаќам дека јас сум си најважна, и моето мислење е најдобро, а нивните коментари ме научија за тоа какви се тие навистина. Што и да разбереш, кој што да ти рече насмевни се и тоа ќе ти стане навика. Секогаш ќе се насмевнуваш, но длабоко во себе ќе знаеш дека тие се едни големи алапачи кои денес те земале на пик, а утре заборавиле што искоментирале за тебе. Затоа, главата горе и на таквите.
Нечие лошо мислење за вашата личност ЕХЕ ако мие гајле за това што мислат другите за мене ! да земам да се утепам ама ич да не ви чуе уво за това што мисли некој друг за вас, ако ве почитува и сака ке ве прифати какви што сте нема да покушава да ве промене.
Нечие лошо мислење за вашата личност Мене ми изгледа дека имате вишок од слободно време па затоа и размислувате што мислат другите.Такви се и времињата наместо да дадеме свое мислење ние судиме.Сите станавме судии,кажуваме што треба и што не треба а не се гледаме самите.Мораш да сватиш дека ретко некој ќе те прифати таква каква што си со сите твои мани и доблести.Најпрво мораш да се убедиш самата себе дека си битна само ТИ!гледај се на огледало и кажувај си колку си убава,на едно ливче запиши ги твоите позитивни и лоши карактеристики,ако мислиш дека има некои лоши карактеристики кои треба да ги смениш само заради САМАТА СЕБЕ,тогаш смени ги.Но никогаш ама баш никогаш немој да се менуваш за опшеството да те прифати.И друга работа што е многу битна,уреди ја својата соба,купи си нешто ново,награди се самата себе.Почни да си ја зголемуваш самодовербата,излегувај,пијај,смеј се,пееј...немој да си затворена во соба Види запиши се на некој курс или пак отвори блог,спортувај...искористејте го максимално времето
Нечие лошо мислење за вашата личност Знаете што е полошо? Личноста која ве оцрнувала претходно сега ви зборува сосем спротивно. Со еден збор, жив лицемер. Од оваа категорија на луѓе коса ми се крева. И тоа ми се случи неодамна. Таа се уште не знае дека јас знам што зборувала за мене, и така е, верувајте, најслатко. Да ми збори некој зад грб, значи да е многу зад ( и под) мене!
Нечие лошо мислење за вашата личност постојано слушам колку добри коментари за мене толку и лоши но не обрнувам внимание можеби ова звучи како клише или дека се преправам, ама навистина не ме засегаат, добро се случува некогаш некое мислње да те погоди но ми поминува многу брзо, а на таквите само у фаца им се смеам, поосебно кога ќе ми дојдат нешто да ми побараат, аххх тогаш ми се најинтересни .
Нечие лошо мислење за вашата личност порано или подоцна твоите квалитети кои ги имаш ќе испливаат на површина тоа мора да се случи неможе вечно да трае, а тие во своите лаги ќе потонат. и јас сум била во слична ситуација не е лесно ни најмалку, во себе вриеш и урлаш, ти доаѓа со нешто да ги згазиш амааа не можеш, кога и да е ќе престане да те измачува, а за тоа му е мајката ново друштво кое нема да го запознаваш со старото, држи го понастрана, јас така сум излегувала од таквата ситуација а вистината за мене секогаш излегувала на површина. тоа што не ме убива ме прави посилен, ако истраеш ќе се изникнеш како јака личност, ако потклекнеш ќе бидеш слабак.
Нечие лошо мислење за вашата личност Таков ни е менталитетот!Има многу луѓе кои немаат со што да се занимаваат во животот па пуштаат приказни.Од мравка прават слон.. свашта..Ич да не се замарате со таквите,не се вредни за замарање. Пампкин иста бев и јас.. тоа е затоа што сме дозволиле погрешни личности да влезат во нашите животи,и тоа што зборат го прават од пуста љубомора,бидејки сме над нив... Од толку љубомора,лицемерие,и лоши особи сум отрпната...веќе нема ПАЗИ само ГАЗИ ! така најдобро ке поминеш пампкин..не се замарај! позз
Нечие лошо мислење за вашата личност Се трудам да не се замарам со туѓото лошо мислење за мене! Сепак, мислам дека оној кој шири лоши гласини за мене не ми е вистински пријател, не ми мисли добро, а со такви не се замарам. Се случува да слушнам негативен коментар за некоја моја постапка или одлука од за мене драги личности, но седнувам и отворено разговарам. Искреноста пред се ја ставам и тие кои што ме знаат и познаваат добро, знаат дека за мене искреноста е најважна. Ми кажуваат зошто рекле/помислиле така и тоа не го сфаќам толку лошо. Се случило тоа да ме повреди, но не го покажувам тоа. Си збирам во себе.
Нечие лошо мислење за вашата личност Хмм.. секако дека ми се случило. Многу пати. Имам заприметено дека неколку личности до сега, првиот впечаток што го имале за мене бил негативен. Нешто како дигната, препотентна. Најверојатно е така затоа што не сакам да зборам многу на почетокот на некое ново познанство. А јас воопшто не се сметам за таква. Помагам на секому во склад со моите можности. Има и такви што од бес и безделништво знаат да зборат глупости само. Таквите воопшто не ги ни земам во предвид. Битно, ако знаеш дека не се во право, секогаш ќе си дојде на твоето. Ќе дојде ред ќе затребаш за нешто токму на тој човек. А тогаш... еее тогаш е најслатко
Нечие лошо мислење за вашата личност Хех, исто и за мене другите имале мислење дека сум препотентна и одважна, затоа што многу сум резервирана кога сум во друштво со нови луѓе, ретко некој човек да ми се допадне од прва и да му правам муабет, обично ми треба време. Кога ќе ме запознае човек сум многу пријатна и подготвена секогаш да помогнам.Тоа е мислењето што го имале во глобала, а индивидуално, паа да не изложувам. Па, искрена да бидам не ме интересира многу мислењето на други луѓе што не ги познавам мислам, на најблиските секако дека ми е важно, иако некогаш треба и таквите мислења да се земаат в обзир зашто сигурно ќе допринесат да видиш со какви очи те гледаат другите а можеби нешто и да смениш.
Нечие лошо мислење за вашата личност И јас имам еден мал пригусен проблем,се правам индиферентна но искрено многу ми смета. После многу години повторно се сретнав со брату4едка и веднас се зблизив со неа,така сум воспитана да по4итувам фамилија и веднас се опустам,ни бесе многу интересно излегувавме и 4есто пренокевав кај неа,тазе бесе верена па и зетот стварно е мелем на рана за разлика од тоа она каква е по карактер.се бесе добро се додека таа ме тесесе зосто во мегјувреме раскинав со де4ко ми и имав узасна криза период во кој таа ми се најде.Нејзиното лицемерие поцна да излегува на поврсина кога слуснав дека зборувала дека му се пустам на зетот зити се се колнам дека и последен да е на планетава не би отисла со него.се тоа ми е толку под ниво.постојано си слусам гласини и немозам да си поверувам зосто јас не дадов никаков повод,јас сум многу поубава од нејзе соврсена во нејзините о4и но дали толку о4ајно се пласи и дали затоа зборува.Да бесе некоја пријателка или некоја друга немасе да се замарам,но јас имам голем углед во фамилијата во однос на по4итуванје и сколо и се а тоа го зборувала пред роднини се само да ми настети и да ја искриви сликата за мене.како да не се замарам сто да направам?
Нечие лошо мислење за вашата личност Ги имало и ќе ги има. Факт. И добри и лоши мислња за мојата личност. И добри и лоши мислења од моја страна за некоја друга личност. Така е скроен светот, човештвото, животот. Што ќе се случи ако сите имаме добро мислење еден за друг и се сакаме? Демек ружи ќе ни цветаат и ќе си пееме песнички под вечно виножито? Ќе лажам ако кажам дека не ме болат лошите мислења. Човек сум, ме боли кога ќе слушнам погрдни зборови. Сепак, троа малку повеќе од блиски, отколку од рандом луѓе што не ме познаваат воопшто, ама си дале за право да коментираат. Последниве години се соочувам со обратен проблем. Започна уште од факултет - колешки од таму, а подоцна и од различните работни места. Дали е до мене или мојата карма, ама сите жени кои ги запознавам мистериозно сакаат да ми станат најдобри пријателки. Едноставно - да сме блиски. Не сакам бре луѓе, после поминати 8 часа заедно, а приморани на тоа, нормално, не сакам да одам повторно на кафе, иди-ми-дојди-ми дома, на шопинг заедно, на приватни прослави и веселби... Немам одбранбен механизам освен доза на ароганција и незаинтересираност. Не можам да сфатам како некој очекува на 25 да створи трајно пријателство и да си најде најдобра другарка. Јас веќе си имам најдобри другари и другарка и други - не ми се потребни. Сите останати - ми се просто пријатели и познаници. Ништо повеќе. И токму заради тоа сум осудувана за препотентна, дигната, самобендисана, егоцентрична и умислена. So be it.
Нечие лошо мислење за вашата личност Мислењата замене ме интересираат само од моите блиски, а да разберам рајко петко ова-она рекол ма ич гајле не ми е без разлика дали е вистина или не