Нечие лошо мислење за вашата личност Секојдневно ми се случува ова! На почетокот многу ме повредуваше и запаѓав во депресија. Сега воопшто не се замарам. Сигурно ги повредува тоа што си над нив и сакат да те спуштат. Тоа е само туѓиот простотилок и комплексите. Се додека ти веруваш во себе нема кој да ти ја намалува самодовербата.
Нечие лошо мислење за вашата личност неможе на секого да му се допаѓам како личност,а и не го очекувам тоа,така да имало случаеви но не обрнувам внимание,јас сум тоа што сум ако ти чини арно ако не чао и тоа е тоа
Нечие лошо мислење за вашата личност Сега за прашувам зашто сум била премногу глупава и сум се преоптеретувала со вакви банални работи? Ја сум таа што сум, знам која сум, што сум, од каде доаѓам без разлика што ти утре ќе кажеш (поточно излислиш).. ако не ти се допаѓам оди си ..
Нечие лошо мислење за вашата личност има едно девојче шо ме нервира и ми доаѓа дома демек другарка ова она а ако се здржам со нејзе ќе почнат да ме викаат уличарка еднаш дојде дома ми кажа еден куп работи ко демек така викале за мене а уствари јас ко демек не знам како ме викаат ја излажа сестра и за да дојде кај мене бидејки сите ја откачуваат нема со кого да скита по улицине е ај кај мене ама ако уште еднаш ми се појави на врата незнам што да направам ми ги вреѓа моите најдобри другарки ко демек овакви биле онакви они се златни девојчиња што си ги сакам и никогаш не ми го свртеле грбот ама овааа оваа оваа е претеризам
Нечие лошо мислење за вашата личност Не сум совршена,и?Имав проблеми од ваков тип кога бев 14 години.Животот е за да се пронајдеш себеси да изградиш сопствена личност,важно е да се има некаква бариера меѓу своето јас и опшеството само така никој и ничие мислење нема да ти ја наруши хармонијата.Лошото мислење на некоја блиска личност за тебе секако дека ќе не заиритира но доколку ги знаеме вистинските вредности на животот и таа бариера е доволно цврста,нема да може да не повреди.А ти Special.Someone искрено звучиш како да имаш 12 години..како да си дел од досадното опшество на стереотипи и осудувања,ако е таа уличарка и лоша личност спрема тебе едноставно не треба да те засега и биди подалеку од неа со твојте златни девојчина,оставија нека го живее животот на нејзин начин,без тебе.
Нечие лошо мислење за вашата личност Па... не требало да се дружам со повозрасни , сум била ненормална, сум се перчела со тоа што сум слушала рок и метал,сум претерувала,многу сум критикувала, демек сум се правела интересна.. а всушност сум била тапа глупа ..?! Можеби сум , а можеби и не, кој ме сака ме сака, а кој не неможам да го терам со сила Не критикувам , него искрена сум и кажувам што мислам ... па ме сметаат за самобендисана кучка ? Па кај да се дружам бе со мали кога вака го сваќаат ова ? А и не се мали , врсници ми се (мачниве души) ... И си се мислев како да ги наречам Може : Истражувачи на туѓи животи, со тоа што после даваат критика , па да знам што да сменам во животов :up: A jас ненормалната одлучив Дека нема да се сменам за да му се допаднам на некого !
Нечие лошо мислење за вашата личност Порано кога бев помала повеќе ме погодуваше мислењето на другите (на они љубоморните) но сега веќе не јас сум таква каква што сум .Некои зборуваат дека многу сум била занесена,дека сум била многу глупава,самобендисана,и сум била ненормална бидеќи дечко ми е поголем 7 год. од мене Но ако на сите не му обрнуваш внимание , не се нервираш за нивните глупости што ги зборуваат и одиш со крената глава тогаш ти си занесена , самобендисана сум бидеќи немам влакна на јазикот и се што ќе кажам е искрено кажано а ненормална сум бидеќи сум се заљубила во поголем од мене и глупава сум бидеќи понекогаш пречутувам нешто за да не настани кавга дека некогаш не ми се зборува си чутам За некој овие сите работи не ме прават глупава , занесена , ненормална и самобендисана но за некого овие работи ме прават најпрекрасна личност и затоа нема никогаш да се сменам поради љубоморните критики на некој што нема друго што да прави И јас сум таа ако ти чини остани со мене ако не го знаеш патот и можеш да си одиш нама што да тресиш глупости
Нечие лошо мислење за вашата личност па бидејки сум човек без влакна на јазикот многу пати ке мислеле дека сум на дрога па дека сум премногу опушена со сите знам да се нашалам е сега ако се погодил некој од друштво што е спротива од мој карактер сешто ке помисли.. Или изгледам многу дигната затоа што многу имам проблем со меморија па нема да застанам да им напраам муабет на луѓето а они ке си помислат еве дигната е оваа или има многу пари (а да знаат каква ми е состојбата) едноставно си се држам бе нема врска.. ееееее не можам да ги избројам колку пати имале кажано лошо мислење а јас сум толку дружељубива да можам на сите ке им помогнам ама ете.. мора да има и такви што не те сакаат
Нечие лошо мислење за вашата личност порано многу се секирав за тоа што како кажал за мене .. па леле како можел да каже такво нешто за мене па незнам што..абе узбуни за глупости кревав на тој што му одговарам нека остани на тој што не ЧАО !
Нечие лошо мислење за вашата личност Такви луѓе секогаш имало и ќе има. Не на сите им се допаѓа тоа што ти го правиш или кажуваш, кај некој дури и да не сакаш едноставно оставаш лош впечаток. Има, сум се сретнала со доста такви луѓе кои што погрешно ме сфатиле па од тоа донеле уште попогрешен заклучок за мојата личност, али искрено не ми е гајле. Се разбира ако се работи за битна личност, сакам тоа да ми го каже и заедно да го решиме, али ако се работи за сосем трет, уопште не ме интересира. Таква особа сум, си се поштувам, некој да ми каже дека не му се допаѓа мојот карактер и да ми се изнајаде тоаштонетреба, само би му се изнасмеала у фаца
Нечие лошо мислење за вашата личност Сум слушнала доста лоши работи за мене.. и не ми е криво што зборуваат за мене лоши работи туку криво ми е што тие работи не ми ги кажуваа во лице туку секогаш дознавам од некој трет.. а што е најтрагично таквите лоши коментари ги изговараат луѓе што не ме познаваат приватно па затоа не го земам здраво за готово и ич не го ставам на срце..
Нечие лошо мислење за вашата личност Искрено не ме засега многу тоа мислење на друг.. Јас знам каква сум и нема потреба да се расправам .. тоа е ниско.. игнорирај и заборави... нема потреба да се враќа со иста мерка и со трачарење само ти ќе изгубиш..
Нечие лошо мислење за вашата личност Јас живеам само за СЕБЕ , и за никој друг (и за дечкоми и моите дома се разбира ) .... Не ми е гајле што другите зборуваат за мене, па тие и не ме знаат која сум јас всушност, никогаш не слушам некој кога ке ми каже :- Ее слушнав за тебе муабет, едноставно не го регистрирам и си продолжувам по мое. Доволно е оние оклу мене да ме знаат а другите, и не се битни . Поздрав и главата горе, никој неможе да ни ја разниша самодовербата, освен ако ние самите дозволиме
Нечие лошо мислење за вашата личност мене ми е јасно само едно во Животот, дека дури ако отидеш и на крај свет, и на друга планета, секогаш ке се најдеш во ситуација кога ке бидеш оговарана јас го свакам тоа како ЧовеЧки менталитет на некои кои воопшто не размислуваат и не гледаат за себе туку се хранат од болки или радости на други секако дека ако се нервираме или пак дури осудуваме и се замараме со неЧии Живот нема да добиеме некаква корист од тоа воопшто, а доколку седнеме да ги согледаме нашите сопствени проблеми и грешки, тогаш добиваме тродупла корист
Нечие лошо мислење за вашата личност Јас никогаш не губам самодоверба... не треба ни ти оној кој доволно те познава и те знае како личност ги знае твоите предности и мани, и те прифаќа како таква, никој па колку и да се обидувал нема да може да му го смени мислењето. Па всушност и што ти е гајле за оние кои не те познаваат доволно и можат да поверуваат во се и сешто, тие не ти се вистински и добри пријатели, зар не?
Нечие лошо мислење за вашата личност Мислам дека го прават личности кои се уште не се созреани, или немаат свој живот се занимаваат со рекла-кажала, или премногу се егоисти во себе да признаат дека некои успеваат, и си ги отвараат устите. Ама имам чуство дека тие такви работи узимираат. Постојам не сум направила грешка, не крадам туѓо, си ги гледам своите стапки, и не сум се заинтересилала многу,не сум чула нешто конкретно, ама и да зборат, ко што викаат зад добар коњ прашина се крева. Ако некој има време да се замара со мене, нека повели, јас сум среќна што воопшто помислуваат на мене
Нечие лошо мислење за вашата личност Koлку и бидеш добар,најдобар,од озборувања нема да се спасиш Зошто? Зошто постојат такви луѓе кои место да си гледаат какво ѓубре имаат во двор -а имаат си ја хранат душата со тебе ,поттикнати од бујната фантазија,зошто кога човек е таков беден малограѓанин друго не може да се очекува од него Па и не им се замарам на таквите,кој што сака нека мисли.Не се трудам да угодувам никому,само затоа да нема лошо мислење за мене.Дури и ги сфаќам таквите малечки луѓенца,гревчиња живи .Што да си прават,таков им е менталитетот А убаво велат-Ако некој ти зборува зад грб,значи дека си чекор пред него За мене имам еве најчесто слушано,ама ова во лице ми го имаат кажано(не дека и зад грб не збореле)-дека првпат кога ме запознале имале впечаток дека сум дигната,а при второ веќе запознавање сум го кршела тој впечаток за мене.Знам дека при прво видување делувам така,зошто не се опуштам многу многу. Сега некој на шега ми вели-Леле каква сум те мислела,ама ич не ми е гајле и за тоа. Имам мирна совест пред самата себе,а на друг не полагам сметки!
Нечие лошо мислење за вашата личност Ако е од површни пријателки, комшивки, свекрва ми или личности кои едвај и ги познавам а си зборуваат онака дур си го пијат кафенцето, не за друго туку на самите да им е подобро-ако, нека...ако им служам како терапија нека се испразнат, па нека им биде подобро... Но ми се има случено на работно место, од завист, љубомора, конкуренција, а таму не можам да игнорирам од причина што заради такви муабети лесно се ствара погрешна слика за тебе, па ти го загрозуваат работното место, а тоа очигледно и им е намера...Затоа веднаш реагирам, не вртам глава и не велам-Што ми е гајле...Морам така, искуство...
Нечие лошо мислење за вашата личност Вистина е дека колку и да си добар и да се трудиш., пак ке најдат нешто што не чини кај тебе. Јас кога запознавам нови личности, секогаш се трудам да оставам добар впечаток, не да глумам туку каква како што сум, па ако тие го промениле мислењето по некое време, ме боли искрено таквата оти поим немааат што и како ми е мене за да донесат било каков заклучок, да јадат лајна или да па сменуваат мислење замене без да прашаат. Ме интересира дали ке го променат мислењето на лошо личностите кои ги сакам и кои ми се добри пријатели. И ме боли кога ми кажат нешто такво од нив и се трудам се да поправам. Другите одстрана, абе ич не ми е галје ни се трудам да се објаснувам не е така вака е. Од што се толкави гнаси, дури и му распалувам огинче, и си играм и јас играчки со нив. На пример на работа, сите лице ми правеа, и после си слушнав муабети со врски сум била не знам како сум била и за се сам ко ке се се измачиш со свои раце кога ке си добиеш, не очекуваш огномети нормално,барем малку почит и ова ти е смешно. Ич не се трудам да сменам нешто за на работа, оти тие што стварно треба да имаат мислење за мене го имаат, ако не им е нешто јасно ме прашуваат. И на една од тие алапачите ми дојде, и и викам леле немој да кажуваш ти ми се гледаш вака како најарна од сите, да ти кажам само ми идат овдека, и туку ми кажуваат овај вака рече за тебе, онај онака рече за тебе, а не знаат дека сум со врски и дека ако ми згреши некој од тука одма може да лета ако сакам, оти да го носат некој на душа? одтогаш не ми иди на оговарање фала богу, и ме нема спомнато никаде И општо на сите, што сакаат да слушнат и без да прашаат смениле мислење тоа и им кажувам, колку само не ми е галје. Јас најубаво си знам мене како ми е, што сакаат нека мислат и нека менуваат мислења.
Нечие лошо мислење за вашата личност Многу ме повредува кога некој има лошо мислење за мене. Не сакам да е така но не можам против себе.Едноставно ме нервира кога некој ме гледа под око или пак има нешто против мене.Но мислам дека колку и да негираме сите барем по малку сме загрижени што мислат останатите за нас.