Признавам дека порано имаше денови кога се замарав и повеќе од што би требало , па се затварав во соба и со часови размислував зошто тие дотични особи имаат лошо мислење за мене . Како поминуваше времето и како се повеќе се градеше мојата личност се помалце ме интересираше туѓото мислење , без разлика дали е добро или лошо . Јас сум таа што сум и воопшто не ме интересира дали некој ќе ме прифати ваква или не . Луѓето ме осудуваа - бев злобна за нив а тоа демек се должело на мојот хороскопски знак , подобра причина не можеа да смислат . Исто така бев осудувана и сеуште сум затоа што посетувам психијатар и пијам лекови за смирување , според нив јас сум луда - нека сум ! Кога некои блиски луѓе дознаа за моите анксиозни напади бегаа од мене ко да имам некоја заразна болест или сум опасност за околината . Затоа мојот живот го исчистив од таквите луѓе . моите блиски ме знаат каква сум, а околината може да збори што сака , немам волја , ни сила покрај секојдневните проблеми да се замарам со маалски муабети .
Никој не може да има лошо мислење за мене, јас сум ангелче. Се зезам. Оние што ме познаваат добро знаат каква сум и каква душа имам, знаат дека можам да помогнам на секого. А оние што не ме познаваат може само да зборуваат. Немам слушнато до сега некој да каже нешто лошо за мене, но сигурно тоа ми го прават зад грб. Не можам да кажам дека не ме интересира што зборуваат другите, затоа што тогаш ќе ве излажам. Искрено многу ме нервираат луѓе што зборуваат за мене без врска. Но се тоа е со причина. Или ми љубоморат или сакат да бидат како мене.
Не се замарам со туѓите мислења ич. Ова го имам секогаш на ум: When it comes down to it, I let them think what they want. If they care enough to bother with what I do or how I am, then I'm already better than them.
Баш скоро ми се случи ова, од личност која што мислев дека ми е блиска да разгласува наоколу и уште потрагично, да убедува моја многу добра другарка дека таа не ме познава вистински, па уште ја викнал на кафе, да разговараат, да и каже каква сум вистински ЈАС. Другаркава на која што и беше ова кажано ми вика - Добро што има “Х’’ да ми кажува каква си ти?? Па кога почнала да ме брани, уште толку да ја убедува дека не е во право. Што е најлошо, почнал да зборува и за дечко ми којшто НЕ го познава! Премногу ме повреди затоа што сметав дека ми е вистински другар и дека од сите, само тој збори лошо за мене. Скоро секој пат пробувам да го поправам мислењето на другите (ако е лошо), многу ми е тешко кога некој зборува невистини за мене... Незнам како да се одвикнам од тоа..
Не сакам да звучам очајно,но ме интересираат нечиите мислења.Искрено. Порано се замарав многу,па макар и да е од некој што не го ни познавам доволно,а што коментира за мојот изглед и слично. Сега не се замарам премногу,но знам да се изнервирам и повредам кога лошото мислење доаѓа од некој што не сум очекувала дека има такво мислење за мене.Едноставно јас не сакам да се замарам,и сум пробала многу пати,но НЕ ОДИ! Морам да му префрлам или да го подбуцнам тој што имал лошо мислење за мене,а со тоа знам дека му ја исполнувам желбата и му го правам ќеифот. Ама не се откажувам јас така лесно и јас имам свои граници на нервоза.
Искрено би сакала да слушнам. Понекогаш (секогаш) другите повеќе ги гледаат нашите недостатоци (гревови) повеќе од нас самите. Така би се обидела колку што можам повеќе да се поправам и повеќе да не правам така. Но, има и некои кои намерно го прават тоа без никаква причина. За нив би кажала дека ако си добар и ако тоа со убаво го примеиш, тие зборови и тоа мислење ќе те направи уште подобар.
Би излажала кога би рекла дека не ми е грижа. Не дека нешто посебно сум оптеретена, но што се однесува до одредени луѓе (не сите), ми значи многу да имаат реална слика за мене (нити лажно позитивна, нити лажно негативна). Свесна сум за своите недостатоци, но сосема е друга приказната кога друг ќе ти ги предочи. За мене тоа е мотив да се корегирам. Е сега, не сакам зборување позади грб, рекла-казала, кажување на работите со иронија или според народната - ти кажувам ќерко, сети се снао. Ценам отвореност и директност, но за жал денес ретки се луѓето кои имаат три чисти да ти укажат на недостатокот отворено, но притоа внимавајќи да не те навредат, со изразување почит и потенцирање и на позитивните особини. Е сега некои луѓе не се ни трудат да ме запознаат, донесуваат брзи заклучоци, етикетираат, имаат предрасуди...но тоа е нивен проблем. Таман работа да се оптеретувам со мислењето на завидните и исфрустрираните.
Да ви кажам искрено, до пред некој извесен период мислев дека сум добар проценувач на луѓето, но се испостави дека не е така. Бар не за сите. Луѓето кои ми значат може да се избројат на една рака. Бидејки сфатив дека е погрешно во луѓето да се има доверба. Веројатно сега ќе речете, зависи во кој. Но, не! Најчесто не! Бидејки во оној кој најмногу верувате може да се промени за 360 степени. Затоа мој совет е доколку сакате нештото да остане тајна, тогаш задржете го само за себе. Не споделувајте премногу лични работи, бидејки еден ден луѓето секако ќе најдат начин за сето тоа да го употребат против вас. А тоа класично озборување, рекла - казала, кое се сведува на крај со исмевање и осудување мене ми е смешно. Јас вообичаено не озборувам..Секако доколку некој не ми даден силен повод за истото, па за да не го загрозам сопствениот статус вообичаено возвраќам со иста мера, или тродупло. Па, најчесто и успевам. И мило ми е за тоа. Инаку знам дека имам многу непријатели кои би дале се да ме видат на дното, и мене ми е сеуште сеедно бидејки си го гледам сопствениот живот и интересите. А тоа што тие го зборуваат може само да го прават поради тоа што се незрели, примитивни, конзервативни или хејтери. Бидејки само овие групи на луѓе во нашето општество се наклонети кон озборување. Лично немам сретнато интелектуалец да озборува. Или музичар, или некој со високо образование кој ја заслужил дипломата и вложил енормен труд за да стигне до истата. Доколку таков некој (не велам дека нема, само велам дека се ретки), чујам да ме озборува тогаш првенствено ќе се свртам кон себе си чисто за да проверам дали нештото кое се зборува е вистина и дали треба да го прменам истото кај себе. Во спротивно ич не се замарам! Особено главата од ѕид не си ја лупам за личности кои незнаат ништо друго во животот освен да озборуваат. Тоа според мене е сељачки манир. Јас сум дама.
Ма не се замарај, кој што сака нека мисли. Јас сум каква што сум и не морам да давам отчет за моите постапки, дали сум постапила како што треба или не. Една другарка абе толку маубети ми спушташе пред други луѓе да ме претстави дека сум нешто “затворена“, “штедлива„, “работохолик“, што не. Ама таквите на крај ќе се заглават и нема да знаат што со себе. Од такви што подалеку од Скопје не отишле , не направиле ништо во својот живот, не очекувај нешто, само озборување.
Па не ми се случувале често такви ситуации..или ги имало ама јас не сум им давала многу значение.. Ама сепак каква реакција предизвикува кај мене зависи од личноста и од тоа јас какво мислење имам за неа .. Ако е некој за кој немам богзнае какво мислење многу и не ме потресуваат лошите мислења за мене од тие лица.. Но ако се работи за некој за кој јас сум имала позитивно мислење е тогаш ррррр е проблем...ама не за мене туку за таа личност.. не само што ме заболува туку започнувам со иронија и сарказам да ги коментирам зборовите кои биле кажани за мене и тоа и пред таа личност..истата ја губи мојата доверба неповратно иииии целата ситуација завршува со тотална игнорација на истата личност од моја страна како конечна казна .
Незнам зошто,многупати ми се има случено пријателки одпосле да ми кажуваат како имале лошо мислење од прв впечаток. Очигледно таква ми е ѕвездата за првиот впечаток.Небитно. Искрено порано многу повеќе се замарав и придавав значење, не дека сега не ми е битно....али не толкуколку порано.Едноставно отрпнав со тоа што сватив дека одредени луѓе тоа го прават од зло,завист,љубомора и слично.
Се нервирам во момент, ама и во момент се смирувам. Зашто согледувам дека оние кои оговараат се всушност неизживеани луѓе. Луѓе кои немаат свое јас за градење па се замараат со туѓото. Затоа осмех на лице и терај даље и успат дај им е една убиствена насмевка која кажува fuck off, bitches
За жал има многу такви. Но не за џабе се вика: кој што сака нека мисли за мене, ја пак воопшто не мислам на нив.. кога и да е ке престанат и ке се посрамат. Секогаш е така.. познавам многу такви и секој од нас има кажано лошо за некој деуг... сите сме исти
Ма ич не се замарај кој што сака нека си мисли ке дојде време ке сватат каква си ти а какви се тие кои шираат муабети. Луѓетоодпуста љубомора веќе и жива да те изедат нема да име достаа во каков живот живееме
Па не се замарам многу со туѓите мислења за мене. Ако имам некоја битна личност во животот,тогаш би ме погодило нејзиното мислење и би ми значело. А инаку,останатите знам дека е не искрено и воопшто не ме интересира
Ме оговараат тие што ми завидуваат, тоа значи дека сум на ниво над нив! Тогаш зошто да се грижам што ќе речат оние под мене?