Нечие (лошо) мислење за вашата личност

Дискусија во 'Психологија' започната од ma4o4female, 16 јуни 2010.

  1. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Не сум личност која тежнее по совршенството и е убедена дека е подобра од сите,напротив,не сум личност која ги осудува луѓето.
    За возврат,очекувам и тие да не ме осудуваат мене,но после се,грешката била во мене.
    Премногу очекувам од злобните јазици :)
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Мислам дека на сите ни се има случено ова.
    Најчесто во период на созревање, кога се јавува тоа ривалство помеѓу децата, кога добиваат чувство за доминантност и истакнување.
    Се разбира, многу од нив го прават тоа на погрешен и полесен пат со тоа што измислуваат работи кои наводно некоја личност ги кажала за некоја друга личност со цел да придобијат повеќе пријатели и луѓе кои ќе имаат доверба во нив.
    И повторно, тоа се луѓе кои се лесно измамливи, луѓе кои се уште не знаат да ги ценат вистинските вредности, немаат оформено целосни и цврсти ставови и мислења околку одредени работи и луѓе.
    Ако се случи некој да измислува работи со цел да заврти одредени луѓе против некој друг човек после 15, 16 години најверојатно се работи за недозреан човек, но напреден во своето опшество, лукав што успеал да излаже други исто така заостанати, но малку повеќе од самиот тој - оние кои го менуваат мислењето како што дува ветрот.

    Од друга страна, секој човек различно ги перцепира работите.
    Ако ти си човек кој не го рефлектира јасно своето мислење и својата личност пред другите, ако правиш постапки контрадикторни на твоите верувања од необјасниви причини - тогаш е многу веројатно некој да создаде погрешна слика за тебе, бидејќи не секој има способност да гледа на работите од два или повеќе агли.
    Најчесто е еден агол -својот. Едно мислење - првичното.

    Ако имаш среќа да бидеш антипатична на прв поглед, или твоите лоши особини да бидат поизразити од добрите - тогаш не е чудно да се формира мислење само врз основа на видливото.
    Луѓето го прават тоа секој ден.
    Формираат мислење врз основа на облека, говор, социјален статус, држење, материјална состојба, прв впечаток.. И сите се најчесто погрешни.

    А, жените се познати по озборување.
    И тоа што имаат да кажат нешто лошо за некој друг ја подигнува нивната самодоверба.
    Па, нормално дека своето мислење ќе го споделат со други луѓе од истиот пол.

    Сите го правиме тоа.
    Ги занемаруваме нашите лоши особини многу повеќе отколку што одбиваме да видиме дека секојдневно ги изложуваме на критика и се преправаме дека сме совршени.
    Сакаме да мислиме дека другите грешат во врска со нас, дека проблемот е друг.

    Најдобронамерен совет е да се игнорираат ваквите обиди за намалување на нашата самодоверба доколку се само ниски удари од луѓе кои јасно ни даваат до знаење дека не им се допаѓаме без некаква конретна причина.
    НО, доколку се работи за поголем број на луѓе кои го делат истото мислење околу нас, можеби треба да се потрудиме да се видиме самите себеси низ нивните очи, да ги прифатиме грешките, да станеме по самокртични и да се трудиме истите да ги поправиме, без да покажеме дека тоа е она што се обидуваме да го направиме бидејќи тогаш стануваме ранливи и уште поголема мета.

    Искуството е најдобар учител. :)
     
  3. Anaxandra

    Anaxandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    43
    Не ми смета кога некој измислува работи за мене туку кога ја казува вистината. Многупати кога ке направам некоја глупост од несмасност или глупавост се молам никој да не го запазил моментот. Секогас многу брзам и казувам или правам работи кои се глупи. Едноставно е теско да се сменам.
     
  4. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    me zabole (do.e)koj sto misli za mene[mod-kirilica:1pkjenjx][/mod-kirilica:1pkjenjx]
     
  5. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Не се замарај со такви личности. Има поговорка која вели: Имаш непријатели-тогаш мора да си се борел за нешто во животот. ;)
     
    На Anaxandra и danniela5 им се допаѓа ова.
  6. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    така е ;) :*
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Не ми е битно,затоа што мислењата се менуваат сега има лошо,но кога ке се спријателиме има добро,така да луѓето се првртливи.
     
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.389
    Допаѓања:
    182.913
    Пол:
    Женски
    Уопште не се грижам за тоа. Имаше времиња коа многу ми сметаше зошто одреден круг на луѓе мисли дека сум лоша личност а не ме ни знае...ама тие времиња одамна си заминаа. Дури и оние шо ги сакам и ми се блиски, ако не ја глеаат мојата бескомпромисна жртва за нив, нема да ме загрижува тоа шо тие го мислат, среќа такви нема, но, и да има..сеедно. Јас се обидувам со сите шо ги упознавам било да ми се допаѓаат или не, да бидам културна и љубезна, така сум воспитана. Неам навика нит да осудувам. А ако некој се дрзне да каже било шо за мене и покрај тоа шо не ме знае нит доволно нит воопшто...нејсе. Неам намера да докажувам каква сум, и онака сите си веруваат во она шо сакаат и во она шо ним им одговара.
     
  9. simplyheaven

    simplyheaven Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    7
    Порано многу се нервирав,ама сега не нема шанси.
    Сватив дека со нервирање си наштетувам на самата себеси,а и сватив дека многу повеке вредам.Секој човек епосебен на свој начин.Кој,колку да збори лошо тоа значи дека нема попаметна работа. :)
     
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Порано кога ќе сум дознаела такво нешто дека се збори за мене одма на тепање сум мислела :rofl: а сега ич не ми чуе сум сфатила дека секогаш ќе се збори се и сешто за секого безразлика дали е точно или не но за да се затне муцката на тие кои ни се најблиски најдобро е според мене бришење од список на пријатели и чао засекогаш. Ма ни муабет ни ништо не помага само игнор :) Сум пробала и дејствувало одлично. Јас ќе си правам што и како сакам мој живот си е дали ќе се каам или не мое си е нема кој да ми соли памет освен моите дома кои секогаш се во право.
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.273
    Релално погледнато и без претерување, на сите ни е помалку невкусен тој миг кога слушнеме такво нешто (започнувам од себе). И колку да го негираме и оспоруваме тој факт, некој глас длабоко во нас нешто друго кажува.
    Да им ја задоволиме желбата и вкусот на сите, не можеме. Од тој факт започнуваат и нивните различни позитивни или негативни мислења.

    Сум размислувала доста често, зошто е тоа така?! Зошто е присутно тоа грдо чувство на немир?!
    И искрено пронајдов само еден веродостоен одговор, кој ја отслика реланоста.
    Гордоста.
    Нашата гордост е иницијатор за се.
    Сфатив дека, ако ја победиме во себе гордоста, тоа нечие лошо мислење или чиста шпекулација за нас, во нас ќе предизвика друг тек на настаните. Нема да го имаме немирот, нема да биде присутна тензијата и конфузноста во мислите... се на се, од тоа нема да има ништо. Напротив, во нас ќе заживее во тој миг искреното покајание. И да сме потполно во право, ние заради таа љубов кон ближниот, вината ќе ја бараме во себе. Ако на тој начин размислуваме, сме направиле вистински големо добродетелно дело. Ја уништуваме во себе гордоста, а на нејзино место го ставаме во себе мирот, а тој го потиснува и брка гневот. На крај како подарок на тој мал подвиг во себе, го добиваме и неговото покајание од срце. Извинувањето и најважно поуката која ја добил за цел живот :) .
     
    На Ordinary му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Веќе не се замарам кој што мисли за мене. Не се замарам за ништо.
     
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Муабети не сум слушнала бидејќи ми се досадни таквите „разговори“.
    За оние кои шират муабети (измислици), ви препорачувам да ги „избришете“ од листата на пријатели/познаници. Едноставно немаат друга работа. А ако го прават тоа за да ја искриват вашата слика во очите на другите луѓе (а најчесто затоа шират муабети) тогаш го прават тоа затоа што сте подобри од нив. Тие луѓе кои шират муабети се всушност несреќни и така лечат комплекси.
     
    На elisabeta и vitomir им се допаѓа ова.
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со Serafima,колку и да бидеме полни со самодоверба и да си викаме `не ми е гајле што зборуваат`,не здоболува кога ќе слушнеме нешто такво.
    Но дали ќе дозволите црните мисли да не преокупираат и да не повлечат во провалија во која не чека анксот,или ќе си го продолжиме денот,со насмевка,е наш и само наш избор.
    Секој има ден кога се чуствува повеќе самоуверен и не обрнува толку внимание на туѓите забелешки,но и кога се преокупира со нив.
    Но,спомнав и вчера во една тема,`се што било поминало,и се што ќе биде ќе помине`.
    Живејте,сакајте,радувајте се,подарете љубов! :)
    нели,светски ден на насмевката е. :D :D
     
  15. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Секој има некакво мислење за некого, па и ние имаме за некој друг - мислењето е како задник, секој го има. Многу пати сум слушнала муабети за мене, и добри и лоши и секогаш ме повредувале лошите. Сум се нервирала, сум си викала зошто така мислат или така погрешно сфатиле и тоа е еден бескраен круг на себеизмачувае и себесожалување. После си размислив - што јас мислам за тие што зборуваат лошо за мене? Уште полошо од тоа што тие мислат за мене, ги сметам за безвредни. И тоа е тоа, не може секој да мисли добро за мене - во тој случај нешто јас грешам, јас немам карактер па на сите ќејфот им го правам.
     
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Мене ке ме изненади да каже некој добро за мене,инаку за лошо колку сакаш,а искрено и не ми се толку битни мислењата,кој што сака може да мисли за мене,негов проблем,не е мој,јас си го живеам животот како што јас сакам,а не како што сакаат другите.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Порано навистина се замарав. Сега?
    Ништо не допира до мене.
    Научив да си го живеам животот по мои правила и тоа е тоа.

    Се среќавав со премногу лицемерие во животов, не за друго.
     
    На vitomir, T.e.d.d.y и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Јас ќе речам дека се дур не застанете цврсто зад својата личност, не научите ги подржите своите ставови и размислувања, и да се сакате себе си наместо да се промените, секогаш ќе бидете опкружени со лицемерни луѓе со задни намери и никогаш нема да бидете ценети според вашите лични квалитети туку оние задните кои ги прикажувате со цел полесно да ве прифатат.
    Па, кога - тогаш ќе сфатите дека не вредело бидејки ем што ништо не сторивте за себе, туку и онака нивната лицемерна природа ве отфрли од себе за ништо.
    Оваа лекција ја научив за своите 19 години, и за огромна среќа имам прилика да ја спроведам во пракса, особено сега кога се дистанцирав од сите небитни персони кои ми нудеа злоба наместо вистинско пријателство.
     
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Кога некој има лошо мислење за мојата личност дали чувствувам нешто? Па не. Секако дека не се согласувам со тоа негово мислење ама па и не се бунам. Тоа е негово право да мисли за мене што сака.

    Секој треба да знае колку вреди. И кога си има тој секој пронајдено луѓе со кои може да разговара за се, навистина сфаќа дека не треба да го интересираат што и како мислат другите за него.

    За да не ве погодува лошото мислење за вашата личност треба

    1) да не сте љубопитни за туѓото мислење и туѓиот живот
    2) да верувате во себе и своите способности
    3) да имате огромна верба во ставовите и конструктивните критики на оние кои ви се најблиски
    4) да пораснете малку т.е. да поминете некој период во борба кроз кој некои ќе ви се нафрлаат како мршојадци и ќе сакаат да ви земат се што имате
    5) често девојките/жените кога имаат лошо мислење за друга жена може да се поврзе со некој позитивен коментар добиен од нивниот партнер кој спомнал колку е добра/пријатна таа друга жена.
     
  20. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    сите пишувате дека некој ви зборувал позади грб лоши работи... мене обратно. Бидејки сум навистина слаба личност без самодоверба ми се случи во лице да ми го казат тоа без никаков срам. Во тој момент бев навистина погодена и незнаев како да изреагирам. И сите вие што велите да не се обрнува внимание на таквите луѓе воопшто не сфакам, како го постигнувате тоа... како? Бидејќи јас навистина сум слаба личнот и немозам да не обрнувам внимание на тоа... и мислам дека тоа ми прераснува во проблем :|