Нечиста крв - истражувачка сторија за методите на лечење на Жан Митрев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mikha4, 17 јули 2022.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Па тоа сме ние како народ... жртва на насилство во токсична врска. Ние сме жртвата, власта (секоја до сега) е насилникот. Затоа секогаш викаме ќути има и полошо, арно е и вака итн. Затоа во секоја тема ќе има неразбудени, на жртвата секогаш и треба многу време за да сфати.
     
    На NoirSerpentine, Orchidea, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.771
    Допаѓања:
    41.768
    Пол:
    Машки
    Само што го изгледав целиот документарец, и вистина сум одземен од можноста да коментирам, затоа што немаше само една работа за шокирање, многу се.

    Прво, да имаш опасни бактерии внатре во болницата и тоа да не го пријавиш никаде?! Каде е докторското тука? Како што и самите од ИРЛ кажуваат, сосема е можно и логично внатре во таа клиника да има/имало локални бактериски епидемии. Притоа зборуваме за болница синоним за престиж во македонското здравство, нова, луксузна, "квалитетна", за разлика од распаднатите државни кои само со поглед од надвор те одбиваат.

    Второ, да спроведуваш клинички студии без никаква согласност, ниту од учесниците во истите, ниту да имаш одобрение од надлежни институции за тоа. Па тоа е болно, монструозно. Да бараш спонзор, а да не сакаш легално да ја пријавиш студијата. Хелоу?!

    Потоа да манипулираш цела јавност преку медиуми кои очигледно не ни проверувале што им се кажувало, да тераш масовна пропаганда со извртени изјави и докази за успешноста на таков метод (во кој и самиот се сомневаш/ пробуваш нелегално да го докажеш) од релевантни интернационални институции (FDA), а со тоа да привлекуваш пациенти и од надвор за да се богатиш на нивната несреќа е... па не знам, немам соодветен збор.

    Конечно, да манипулираш не само народ, туку и стручна јавност дека си Академик или дека имаш тон признанија, и притоа никој да не се посомнева во тебе или истото 20 години да не исплива на површина, е страшно. И добро поткрепено, со голема сигурност. Или добро потплатено. Нема шанси сите владини функционери во најмала рака да биле слепи и да молчат од добра воља.

    Како што и некој претходно напиша: не се чувствувам безбедно. Ти горат државни болници, во приватните масовно се манипулира, а притоа живееш на плодна почва за болести, без очигледно никаква санитарна, ниту здравствена заштита и контрола. Не е ни чудно што се плашиме од доктори и здравствена "нега".

    Пред да дојдам на форумов имав само едно прашање: Дали сè уште таа персона е на слобода и дали сè уште нема покрената постапка, ама ете, барем постапка покренале, зрно надеж.

    Вината не е помала ниту за одговорните во државните институции, посебно министрите кои имаат голема моќ, потоа и до директори на засегнати институции, на докторите соучесници во клиничките испитувања и манипулацијата за успешноста на хемофилтрацијата, но и за медиумите кои буквално не проверувале ништо што им се изјавува.
     
    На CameliaMiller, Oneo, Mr. Scratch и 29 други им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.550
    Допаѓања:
    62.310
    Пол:
    Женски
    Од вчера се спремам да пишам и не можам. Сеа собрав сила.

    Можам да замислам што му се има вртено у глава, народов кај нас е очаен, здравството е ужас, ќе си направам бомбона бизнис и ќе си дрпам по десетици илјади евра од човек.

    Контроли нема, министерот со прстот у нос, закон нема, човек кој ќе лупне на маса нема, горат живи луѓе овие кабли криват и никој не реагира, органи вадат на живи луѓе и искачаат невини, што овој ќе се замара.

    Да примениш толку инвазивна метода која се употребува АКО И САМО АКО се истрошени сите други опции па човекот се трудиш од мртви да го дигнеш како прв избор треба да си монструм. И не е само за пари, има пари не дека нема.

    Како и секогаш жал ми е за Македонскиот народ, понижен, излажан, со одамна изгубена верба во државно, а сега и во приватно здравство. Мајката ни ја расплакаа.

    И браво за девојките. Женишта бре, поголеми јајца имаат од пола од мажињава во државава.
     
    Последна измена: 18 јули 2022
    На CoverGirl10, Amelia., CameliaMiller и 33 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.568
    Допаѓања:
    13.944
    Ако е крив, нека оди во затвор, ама и тие паметните од прилогот кои како сезнајковци не реагирале. Тие си кажуваат теорија, дефиниции, закони, а презеле ли нешто? Не се од овде ко што сфатив. Затвор и за нив.
     
    На Sofronko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    2.806
    Пол:
    Женски
    Чекајте малку не ми е јасно како тоа он е добар доктор, ама еве неговата клиника потфрлува, не е спорно дека спасил човечки животи, па тоа учел, тоа му е професија јас со пенкало, хартија и тастатура пред мене неможам да отидам да оперирам, и никако не треба да се изземе фактот дека подвалувал, не пријавил интрахоспитални бактерии, си играл со луѓе и ќовечки животи кои не биле ниту свесни дека се третирани како експериментални глувци, си купувл титули, алооо си го храни егото човекот и не е никако за оправдување ова што го правел, или ај он спасил човечки животи ова ќе му го простиме, за вакви ситуации нема прошка, згора на се му платиле луѓето кои отишле на операција кај него ииии не така евтино.
    Баш заради тоа што човечкиот живот нема цена не смеел да си дозволи лажно да си поставува титули, да не ги пишува во отпусните писма интра хоспиталните бактерии, тоа е прикривање на докази... уплати толку ако сакаш да те примиме во болница, па нели спасува, спаси ги луѓето па ќе ти платат... се е во парите, светот го вртат парите за жал.
    Искрено се прашувам кој од поштена работа створил толкав капитал???!!!
    Сите работиме во областа за која сме се определиле, поголемиот дел се со некоја позадина стекнати, Љупчо Георгиевски убаво кажува дека државата одвоила милиониии...а он се филма сам створил....
    Секој треба да одговара за своите постапки, и не сум во тек како е на терен, но ако ова беше држава денес веќе треба да има инспекциски надзор и кај него и кај сите други!!!
    Доста беше ова дерење од нродот....
     
    На IRBBB, FridaodaMk, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.731
    Пол:
    Женски
    Тука ќе излезе филтерот што бил користен е крив, не биле исправни уште од фабриката.
     
    На Oneo, FridaodaMk, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    До вчера дерел Жан, утре ќе дере некој друг. Интереси се во прашање, веројатно и политички.
    Не е овој ангажман и хајка од хумани и етички причини, ќе видиме кој ќе ја лапне болницата, кои фаци ќе го изедат стапот, па може ќе ни стане појасна поголемата слика.
     
    На Harper, Oneo, senza.parole и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    188.652
    Аа, не може филтерот, си има он реномиран производител. Мора да биде чистачката, ако она чистела фино со дезинтал ( или како и да се викаше ) ниедна бактерија не ќе останеше:!:
     
    На CameliaMiller, Oneo, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    За тие од Куманово знам и дека воопшто не им дозволил да го видат телото иако претходно им кажале дека бил излекуван од ковид и состојбата му се подобрила, се слушнале со пациентот и се надевале дека ке излезе од болница (а утредента починал) :^)
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    На Kimberly11, staycalm, FridaodaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.568
    Допаѓања:
    13.944
    За ова си во право. Народот лесно се пали на муабети дека некој ни отворил очи. Истото може се случува и на други места, па ништо. Ако било така со години, еве 3 години сме во пандемија, зошто сега и зошто се чекало?
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.731
    Пол:
    Женски
    Зошто требало да се соберат информации, плус луѓето што се вели сеуште се во шок и тек сега се свестуваст што се случувало со нивните блиски. Со ладна глава подобро се мисли.
     
    На Oneo, BezglasnaBukva, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Зашто не ви се погодува никако, затоа :D


    Ако планираат да нѐ биде како држава, ќе му биде одземена од државата и во служба на народот.
    Веќе известија од ИРЛ дека имаат недостаток на кадар и не можат да престигнат со сите пријави од сабајле, апелираат да се пријавува и по институции.
    А за другиве телевизии и т.н. новинари немам коментари, од сабајле е штама секаде. Срам да им е :envy:
     
    На CameliaMiller, Oneo, BezglasnaBukva и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    Наивно е да се помисли дека само Жан стои зад овој геноцид. Нека ги кажат имињата на мозоците кои стојат зад ова. Криминал е и тоа што се кријат имиња на големите риби.
     
    На Harper, CameliaMiller, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.731
    Пол:
    Женски
    Па и не е само Жан крив тој без " Амин" од некој "Поголем" не би имал баш му*а. Тие што ќутеле знаејќи дека ова не е правилно се исто толку криви.
     
    На CameliaMiller, Oneo, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  16. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    2.806
    Пол:
    Женски
    Оваа сторија е поттикната болката на семејство кое сака да знае што се случило со член од нивното семејство, мое мислење е дека новинарките не ни претпоставувале во што ќе навлезат.
    Се согласувам дека ако не еден друг ќе собира пари од народот но од некаде треба да се почне, на некој треба да му се стави стоп, малку да се подзамислат сите кога сакаат на матно да прават пари....
     
    На crimson, Srckata28, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.714
    Пол:
    Женски
    Реков јас дека допрва ќе гледаме кој се стои зад ова. Ама на крај ќе излезе филтерот крив, како што рече некоја погоре. А главните виновници, како и секогаш, ќе се спасат. Болницата некој ќе си ја лапне, или овој ќе си плати дебело и пак ќе си продолжи.
    Друг диригира од сенка, сите овие што се спомнати се само пиончиња, иако се или биле дел од власта.

    @Tanjamm Љубчо збори за парите што му ги дале во опрема за да ја отвори болницата, слушај добро. Не спомна он бактерии и инфекции.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Љубчо не збора ама баш ништо за инфекции. Збора исклучиво за парите и влогот во ЖМ, а го викнале да сведочи заради што беше тогашен премиер и тој бил тој кој одобрувал и обезбедувал средства за него. Да не мешаме баби и жаби сега колку да се каже нешто.
     
    На mkdvesna, staycalm, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.568
    Допаѓања:
    13.944
    Сфатив што кажува Љупчо, ама тоа ми е вишок мене во приказната. Му дале помош, и тоа се народни пари, не на Љупчо. Зошто му дале ако бил лажго како што го претставуваат во прилогот, каде комплет го дискредитираат. По 22 години го дискредитираат? Кај беа досега? Приказните на ИРЛ не може да ги користат други медиуми во целост, си има правила за се. Ќе кажат до вечер. Сегде има по портали.

    Што има врска основање од пред 22 години со починати лани пример? Тоа е исто како да ме дискредитираат денес оти пред 22 години наставник незаслужено петка ми ставил. Му дале пари, не им украл. И што се сликале сите со него, ако веќе денес говорат одеднаш против него? Не ви е чудно?
     
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.550
    Допаѓања:
    62.310
    Пол:
    Женски
    Замисли работиш и печалиш цел живот. Се дешава ковид.

    Продаваш се што си заработил со мака и со пот, се на кое си се радувал, куќа, кола, имот, лични работи, само со цел да спасиш свој човек што ти значи се.

    Се појавува монструм кој те уверува дека вовел нови методи, му веруваш, даваш све за на крај да испадне дека си продукт на похлепаност, на шема на BigPharma, на неодобрен метод, на нешто што жив може под земја да те прати.

    И има луѓе што го бранат.
    Дали сте вие нормални?
    Дали имате 2 мозочни клетки у тоа тиквите, или само за шишање ви се?
    На сите вас што не ви се преврти желудникот од ова и го браните би ви учукала една да се свестите, па каква сакате мислете ме.

    И огромно браво за семејството што прво јавно зборна и ги охрабри и другите. Секоја чест и сочувство за тоа што им се случило.

    Инспекција ќе помине денес или ќе почекаат да се уништат витални документи?
     
    На ALISA0000, Amelia., CameliaMiller и 22 други им се допаѓа ова.