Нечиста крв - истражувачка сторија за методите на лечење на Жан Митрев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mikha4, 17 јули 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    14.223
    Тоа како лаик така мислиш. Пожар е дневен настан, и никако не е истражувачко. Може да се истражува и угинување на пчели и последици од тоа што ќе ги нема на планетата, и таа тема не е контроверзна, туку е едукативна. За таква тема нема никој да ти се заканува и да завршиш на суд. Отвори твитер, па и Фејсбук, ќе видиш секакви коментари. Читни на кајгана, третманот го користеле во Чешка. Има таму и спорење на бројките. Врие од коментари "рекетари" и "хоштаплери" по социјални мрежи. Мислиш љубомори пола Македонија? Не судам, ама 100% верба немам. Овде напнавте здрави оделе во болници, мртви се враќале. Здравите дома ја поминаа короната. Кој е тој здрав што ќе даде 12.000 евра да го примат во приватна болница која веќе е крајна станица? Докторите не се Господ. На 60 години ретко кој нема дијагноза.
     
    Последна измена: 20 јули 2022
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm не се сите 60 годишни што починаа на ист начин во Жан Митрев.
    Јас тој што го знам имаше 40. Ко требаше да го пуштат дома со прележана корона, му се влоши состојбата и почина. Им кажаа не издржа организмот.
    Јасно е сега зошто не издржал на толку интрахоспитални бактерии.

    И кога се враќам назад за неколку сограѓани што се донираше, а починаа, сите беа во Филип Втори. Од 30-40 години.
    И 60 не се некоја длабока старост, па да е сеедно.
    Не се измислени случаи секако.
     
    На buba4e89, deskarada, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    Одлично што напокон се покрена темата. Жан Митрев треба да скапе во затвор ,а ако има правда болницата треба да прејде во државни раце.

    Не станува сепак за не знам какво истражувачко новинарство и преголема храброст, да не се лажеме.
    Раскажана е јавна тајна на филмски начин, дури и естетски убаво снимено.
    Ќе беше храброст да се известувало со првите информации добиени...можеби животи ќе беа сочувани.
    Кога можел рандом лик на форум сам да истражи и напише, секако дека и добар новинар може....докази се приказните на семејствата,па полека...
    И колку ли уште се знае,а не смее да се каже ?
    Така да, дај Боже, да се има храброст и да си ги повлечам зборовиве...
    Немам желба ничиј труд да омаловажам....добар филм,кој отвара многу теми и добро е што е реализиран и прикажан.
    Лошо е што на форумов е забрането да се мисли и каже нешто повеќе од она што е моментално хорска еуфорија....
     
    На Bella •••, Orchidea, azelea и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    14.223
    Сега ќе одам на кајгана да читам. Имаше добри коментари таму. Што сите трчале кај Жан ако било толку лошо, а плус велите здрави биле? Ако сте чуле од комшија, сограѓанин лоши коментари, па зошто сте оделе? И на 18 години ако имаш канцер, дијабетес, притисок, плус корона кој ќе те спаси, па макар сите пари на светот да ги имаш. Како пишувате, па испаѓа Жан бил најлош лекар, и сите сте знаеле, сте чуле, па здрави сте давале илјадници евра. Никој на сила не те тера во приватна болница. Тука по темите неписмен народ што не знае правопис, а се гледа, пека за пари, а не врвен лекар како Жан. Да не треба гратис да работи? Дури и еден Вучич се покаја што ковид болните гратис ги лечеа на државно, респиратори, кислород, тоа се чини. Да почекаме. Да видиме судот што ќе каже. Но, 100% доверба во никој.
     
  5. The Last Pharaoh

    The Last Pharaoh Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2022
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    14.223
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm
    Проблемот е што престиж е да се лекуваш во приватна клиника....новинарите го подржуваа тој наратив...какво истражувачко новинарство,се е горе доле поврзано...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Да, опасно е да си истражувачки новинар.
    Ама ако не си спремен да се носиш со ризикот, не се нарекувај 'истражувачки новинар', нарекувај се content creator.

    По нашиве 'стандарди' секој може да е новинар.
     
    На CameliaMiller, crimson, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    14.223
    Нормално. Те поддржувам. Туку чуден ми е народов. Вели добар филм, а како оценија? Веројатно членките во цел живот гледале 5 документарци, и тоа може и не биле документарци, туку репортажи од одмор во Египет итн. Велат добра сторија? Како оценија ако не знаат дека може да се прави сторија без да ставиш конкретно лице на тапет? Веројатно немаат прочитано ни 5 истражувачки стории, ни наши, не па странски да споредат. Се залепија за исечкани делови од стари прилози. Се сликал со политичари? Со земјоделци ли да се слика кога го канат на приеми? Па мои колеги беа поканети на прием во САД. Ние збориме за Жан Митрев. Велите сте знаеле? Што не сте се јавиле во ДСЗИ? Муабетот ми е, да почекаме. Кога ќе спласне еуфоријата ќе имаме прецизна слика. И во Катица народ се крстеше, па кога испадна дека била со 6-ки абе сите знаеле, свесни биле. Ене ја во затвор.

    Спијте мирно, вас Жан нема да ве бара, од дома не ве збира за експерименти, ниту 12.000 евра од банка ќе ви повлече, туку ако ве стегне срце ќе велите "добро е што има каде да платам и да продолжам да живеам, пари се печалат". Еден куп доктори за короната се самодемантираа себеси и меѓу себе. Значи ново е. Не знаат ни тие. Ни за вакцините не сме начисто. Лекови за шуга нели даваа на луѓе, лек за животни? Па како тоа не е експеримент, а ова е? Не прејудицирам, ама додека не го осудат за мене е еден од најталентираните Македонци. Кога ќе го осудат, на таа слика ќе ставам дамка, дотогаш презумција на невиност.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.952
    Допаѓања:
    24.019
    Читам и се чудам еј.
    Дечки вашето е типично виктим блејминг и аналогно на она - "Сама е крива што му отишла дома" при случаи за силување. Нели, не е битно што он ја присилил, него што она му отишла. Тука не е битно што он си играл играчки со луѓето, криви се овие што му отишле. Мислам....отишле ваљда пошто у доктор гледаш надеж, не сериски убиец. И не е проблемот некој во колку тешка ситуација отишол и што ете починал од тоа туку криењето резултати од пациенти и фамилија, не прашувале за согласност за хемофилтрацијата, не кажувале што е тоа и како е, криеле интрахоспитални. Значи дечки принципите на работа им смрдат, не дали некој отишол или не.
     
    На SmartyWifey, CameliaMiller, crimson и 9 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Шо ти е интересот да го браниш, не ми е јасно?
    Те плаќа ли?
     
    На Калатеа, CameliaMiller, crimson и 12 други им се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    12.278
    Пол:
    Женски
    Шо ти е со пишајнциве? Мислам ок, стварно твое мислење, ама гратис не ќе работел?? |( е не бе, по 15.000 евра нека дрпа, божем гени им пресадува на луѓето. Срамота! Можеби си некоја тамошна вработена, од кај те знаеме, мора да браниш.
    Можда и не си...ама мислење за мислење ти е на одбрамбен став кон него.
    Ако има правда, ќе го снајде казната, посакувам. Ако не, божјата не му бега.
     
    Последна измена: 20 јули 2022
    На azelea, oblace1, hotsauce и 10 други им се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    За ова не си во право.
    Секако е крив,бидејќи како доктор не смеел да лечи на таков начин....а да не зборуваме за парите...
    Премногу грешки му се случиле, премногу сведоштва,додека тој Бог изигрува,или не знам што...

    За првиот дел од постот се сложувам.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.952
    Допаѓања:
    24.019
    Лол.
    Не секоја истражувачка дејност е истовремено новинарска.
    Со вакви проблематики се занимаваат еколози и биолози и тоа не ги прави новинари.
     
    На CameliaMiller, Srckata28 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    14.223
    Не работам кај него, одам сега да читам на друг форум.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Остај 'Божјата'.
    Тука, на земјава да го казнат.
    Да видиме и ние правда, ко за промена.
     
    На CameliaMiller и elenaklasik им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    14.223
    Грешка. Читај повеќе или прашај новинар. Истражуваат и брзи кредити и за картици нешто одамна имам читано.
     
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    12.278
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку посакувам! Жално за сите семејства си останале без блиските. Јас верувам дека е флекосан, им верувам на луѓето, не верувам во докторска етика и морал ако многу пари се вртат. Мрш! Луѓето неповратно ги изгубија блиските, јас за него да релативизирам. Работел е не гратис, ам лечел бил на место...море само казна, и државното да профункционира, а пералниве за пари под клуч. Туку во ова државиште, корупција до срж има и сите би ги исплукала до еден политичар. Вид да не им се види.
     
    На oblace1, azelea, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    12.278
    Пол:
    Женски
    Па ок, како сакаш. Мене не ми се губи време да читам за да најдам оправдувања и помилувања.
    Едноставно е човече, доктор на мака не ограбува пациенти, а притоа и да ги убие. Крај.
     
    На azelea, hotsauce, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lija.ska

    Lija.ska Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2022
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Ме интересира на кој начин и како ги бираат пациентите да одат во систина на операција и лечење, а тоа да биде покриено од фонд?
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.