Нечиста крв - истражувачка сторија за методите на лечење на Жан Митрев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mikha4, 17 јули 2022.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.028
    Допаѓања:
    18.943
    Пол:
    Женски
    Уште го правдаш. Монструм. Не лекар.
     
    На ALISA0000, staycalm, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm оди на семејството на починатиот од филмот да му кажеш вака. Речи му, шо туку се лигавите де, со сила не дојде Жан Митрев од дома да ве земи, ниту од банка ви ги собра парите.
     
    На Кена Рис, Bella •••, IRBBB и 15 други им се допаѓа ова.
  3. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.653
    Да ве потсетам само дека без никаков протокол, починатите од ковид беа положувани во херметички затворени ковчези...
    Ова отвара низа можности за манипулација и експлоатација на телата на починатите и не сакам ни да изговорам што се` МОЖЕБИ правеле...
     
    На deskarada, Yowannty, Bella ••• и 27 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.844
    Допаѓања:
    14.407
    Јас ја разбирам болката, и многу пари се, точно, но ако погледнеш се е експеримент, и сумамед, и ивермектин, па и вакцините на крајот. И друго, немало протокол. Тука има една дупка. Ни треба добро јавно здравство, за што си плаќаме секој месец. Во јавното и бебиња и трудници и 18 годишни отидоа јабана, па никој не ги повика на одговорност.
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    25.279
    Ајде нека е така.
    Одговори зашто криеле резултати од фамилиите? Зашто присутните бактерии ги немало во ниеден документ од болницата што им ги дале на фамилиите?
     
    На cresa-jagoda и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  6. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.014
    Допаѓања:
    12.392
    Пол:
    Женски
    Ај аман во име на сите шо доживеале болка, престани со релативизирањево. Доста беше.
    Греота е.
     
    На oblace1, hotsauce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Не ја разбираш болката, ако ја разбираше немаше страници наназад да го правдаш ЖМ. И точно не е само тој сите се за да се откријат јавно и ќе дојде и тој ден за брзо, осеќам. Тоа што сите се криви, не ја намалува кривицата на Митрев, тоа е тоа.
     
    На CameliaMiller, oblace1, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.323
    Допаѓања:
    68.121
    Пол:
    Женски
    Тогаш да не повикуваме никој на одговорност, едноставно нека си прават сите што сакаат, според твоево мислење.
    Неговото експериментирање не било никаде пријавено, луѓето не знаеле дека врз нив се врши експеримент.
    Можеш ли да замислиш колку е тоа страшно?
    Еве, одиш ти на лекар те боли нога, треба операција, додека не си свесна ти прават некаков експеримент и на другата нога, здравата, а на крајот остануваш со две оштетени нозе. Нит си знаела, нит те известиле дека ќе експериментираат на тебе.
    Во ред ќе ти биде ова? Лекарот најдобар, си отишла полна со доверба. И? Ќе речеш ли е добро де, и други експерименти се прават низ светов ништо страшно за моиве нозе. (и тоа нозе само, не животот да го загубиш).
    Ете, тоа браниш во случајов.
     
    На Harper, deskarada, Bella ••• и 23 други им се допаѓа ова.
  9. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    12.279
    Пол:
    Женски
    Уште повеќе нема да има доктори, според то што слушнав ќе одат со 62, односно 64 под пензија, нема да им продолжат, значи пола клинички ќе замини, нема да има ментори за специјализантите, така да тек смо почели со распадот на здравството. Ако одат под пензија старите, младите се веќе Германија, многу одделенија низ болнициве ќе бидат под клуч оти кадар ќе нема
     
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    12.279
    Пол:
    Женски
    Вака сеа со сумамед, ивермектин... сите со ред антибиотици што најголем дел од нас ги примиле непотребно, реално и повеќето од нас за обична настинка пиеме на наша рака антибиотик, тоа е стварно проблем, но не е до тој степен луѓе со ред да ти умираат од интрахоспитални инфекции и ти упорно да не пријавуваш, да криеш, и да форсираш хемофилтрација. Според изнесеното еден филтер го имат користено на повеќе, и пациентите си ги предаваја од еден на друг. Вервај дека ова е злосторство од невидени размери што не се споредува со 2 дози сумамед. Министерството е криво затоа што немаше протокол па докторите беа оставени сами на себе да се снаоѓаат и да даваат што тие мислат, затоа што ковидот е нова болест, и тие не знаеја што да прават. И реално за вакцината никој не те тера, а овде на сите со ред без објаснување им се праело хемофилтрација. Дали им е објаснето на фамилиите што е таа метода, зошто им нуди од 3,4 5 000 евра, која е разликата?
     
    На _beautyy_, Ambitious, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.035
    Допаѓања:
    42.379
    Пол:
    Женски
    Не, не е сѐ експеримент што се почнува туку така ко што му текнало на некој, си има клинички испитувања и процедури што се запазуваат за да се пушти некој лек во масовна употреба или да се вакцинира населението. Во сите тие дејствија секој испитаник своеволно учествува како дел од експериментот.
    Сумамед е антибиотик кој што не го измислија вчера туку со години се користи и точно се знае за што делува а за што не. Ивермектин е лек кој што се препорачуваше со нагласување дека не е сигурно дали делува, башка што е скоро безопасен лек, не процедура за која што плаќаш 10000 евра и е смешно да се споредува.
    Како бе така си релативизирате, не е медицината пазар кај што секој што сака си излага и си продава, туку наука што се базира на докази. Во случајов, имаш измама.
     
    На Bella •••, Lianna Anna, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    64.113
    Пол:
    Женски
    Акај се ти Като, дреми по шалтери у Агенција за вработување кога "даваат" субвенции за млади луѓе што сакаат да започнат бизнис, пишувај по 15 страни апликации за фонд за иновации за на крај да не ти ни вратат на меил, моли се за 2000 евра помош, дури Систина и Жан лапаат по МИЛИОНИ евра секоја година. Пишувај, мачи се, преведувај, губи си здравје.
    ...
    ....
    ......
    .......

    Да цркнете сите во вакви игри што учествувате, па преку кур од све, каква сакате мислете ме, I don't care, не можам а да не ги хејтам со цело срце. Мрш.
     
    На Harper, Priroden, Bella ••• и 21 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.531
    Допаѓања:
    131.048
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm очигледно не разбираш што е клиничко истражување за нова метода на лечење и како тоа се прави. за секоја метода па и лек кој се дава на болен а која не е одобрена од МАЛМЕД кај нас пациентот, семејството, родителот или старателот за малолетно дете МОРА да се информира за се, да се бара согласност дали сака да се подвргне на тој третман. Овде на никој ништо не им било кажано!!! Буквално само дај пари само.
     
    На H.VAGA, Lianna Anna, staycalm и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    За Ивермектинот имаш погрешно размислување. Не е баш безопасен, ниту пак е докажано неговото полезно дејство за третирање ковид во хумана медицина. Дополнително, наидов на податоци каде пишува дека СЗО го одобрува само за употреба во клинички студии.
    https://www.fda.gov/consumers/consu...-not-use-ivermectin-treat-or-prevent-covid-19
    Антибиотици за време на пандемијата се препишуваа како б комплекс. Иако нивното дејство е докажано, сепак и нивното прекумерно дејство е докажано дека влијае негативно на организмот, со тоа што создаваш услови за резистенција на таква терапија. Претпоставувам дека знаеш колку поопасна може да биде резистенцијата отколку самата профилакса.
    Овде плаќаш еднократно, а на клиника секој месец од твојот џеб земаат пари, кој ти навидум не ги гледаш, но на годишно ниво и не се баш малку пари.
    Да беше се регуларно во текот на пандемијата, ќе имаше и обдукции.

    Што се однесува до интрахоспиталните инфекции. Пред некоја година најдоа МРСА на стоматологија во склоп на државна клиника. Болница без такви патогени микроорганизми не постои. Проблемот во целокупната сторија е што болницата на Жан Митрев не ги пријавувала. А уште поголем проблем е, каде се институциите во државата? Излегува дека секој може што сака да си прави, луѓето по институциите одат на работа само кафе да пијат и да ги докористат бенефитите на државната каса, која според нив е дупка без дно и ништо повеќе.

    Јас сепак вината, најголемата, ја гледам во нив, а не во некој што решил да отвори гигантска болница. Ако се има закони, улогата на државата е да ги спроведува и да казнува и спречува она што е потенцијално опасно за човекот.
    Акцентот го ставаме на причинителот, а не на оној што создава поволна средина за развивање на патишта за развој на такви причинители.
     
    На IRBBB, NoirSerpentine, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    4.408
    Пол:
    Женски
    Невин, дури не се докаже спротивното.
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    37.787
    Пол:
    Женски
    А тебе Кајгана ти е репер? :tmi:
    Какво спорење на бројки жити се? На кои бројки? Ај, во кратки црти, оти не ми се отвора жолтиот форум, ќе се стаписам од тамошната „експертиза„
     
    Последна измена: 20 јули 2022
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    9.283
    Пол:
    Женски
    Работата е што сето ова беше јавна тајна. ЖМ самиот си излегуваше со информации за методата, дека си правеле студии и резултатите ги објавувале во медицински светски списанија. И никој надлежен не се заинтересира да прочепка што и како се работи таму. Тоа е мноогу многу пострашно! Тие клинички студии на гугл ги има достапни, значи ништо не е криено! Никој наводно не знаел за бактериите, а во клиничките студии постојат..Кои институции нас нѐ штитат како народ? Никои!
    Ова треба да го суди некој екстерен суд зошто со овие нашиве пак ќе си ја префрлаат топката еден на друг, ќе се завлечка со месеци, години, и пак на крај никој нема да одговара. Како и сите останати случаи до сега што биле. Сега ќе се нафрлат на ЖМК а оние што треба да одговараат први се тие што беа на функции во тоа време. Што ништо не превземале, а знаеле. Што не проверувале. Да сме држава до сега Филипче ќе беше приведен а овие директорчињава од фонд, малмед, цјз и дсзи ќе си поднесеа морални оставки или ќе беа веќе на распит, а ЖМК ќе беше барем привремено затворена. Ај баш да видиме денес шо ќе се деси, шо ќе кажат на прес.
    И доста се фаќте во одбрани за ЖМ. Може спасил многу животи, ама ова што се случи е неопростливо!
     
    На Mikha4, IRBBB, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    9.283
    Пол:
    Женски
    Има нешто како листа веројатно кои операции и интервенции ги покрива ФЗОМ во приватниве болници. На дедо ми пред 5 години беше на преглед кај приватен интернист (не во големиве болници туку си има приватна ординација и исто така работи со фзом) му понудија да се оперира за дисекција на аорта мислам дека беше дијагнозата, во Систина или Жан Митрев. Он избра Систина кај Др Салис Таџер го оперираше. Плати само 2000-3000 денари за некои дополнителни анализи кои не ги покривал фондот. Ние конкретно од интернистот дознавме кај што беше дедо ми на преглед.
     
    На Lija.ska, IRBBB, FridaodaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.568
    Пол:
    Женски
    Дека некои викаа да отвориме на жолтиов форум, па морам да си кажам дека премногу се сложувам со мислењето :bow:
    Screenshot_20220720-115705_Chrome.jpg
     
    На buba4e89, deskarada, Bella ••• и 19 други им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Пациентите не знаеле детали, бидејќи медицински неписмени претежно, а и во голем страв...но знаеле дека е нова метода,фалена,нели?
    Но,уверена сум дека има кој знаел, преголема реклама за клиниката имаше,а и за неговиот метод како да е епохално нешто....зошто докторите ќутеа,новинарите...за министерот да не збориме...
    Премногу е ова сложено и сметам дека е поврзано со којзнае какви малверзации и зделки.
     
    На Lovebug01 и Tanjamm им се допаѓа ова.