Нечиста крв - истражувачка сторија за методите на лечење на Жан Митрев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mikha4, 17 јули 2022.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.478
    Допаѓања:
    91.144
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам право колку е до нас веќе не знам.
    Порано мислев така ама повеќе не.
    Јас ниту придонесувам ниту сум вклучена во овој проклет систем кој политичките партии и избраната власт го прават.
    Ниту ги гласам.
    Верувам во лична одговорност ,а не префрлање на колективната.
    Виновен е Жан,Филипче,Вмро што му ја подари болницата,институциите.
    Јас и ти не сме.
    И тоа што се избрани од народот не им дава легитимитет вакви злосторства да прават.
    Инаку жена му на Грујо во Систина раѓаше.:mm: А и на доста други,партиска болница им беше.
     
    На Harper, MilaSs12, Mikha4 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.670
    Допаѓања:
    126.519
    Пол:
    Женски
    Оти ко?
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.006
    Во стара градска лежеше за сосема друго жената, нема таму гинекологија.

    И јас бев истовремено пациент и не работев во здравство тогаш, да не испадне тајни информации ширам јавно.

    Небитно, еве сега како вработена во здравство, тврдам дека се' живо функционерско државно се лекува.

    Иначе, знаеш зошто е до нас?

    Оти да имавме малце, малце мозок, со полиција и војска ќе му ја затворевме болницата.
    Полицајците се дел од нас. Војниците исто така. Кога веќе институциите нели, го оставаат УШТЕ да работи.

    Ама не сме. Мирни сме и покорни.
    Наша најголема грешка.
     
    На sj *O*, WildMk, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.006
    Знам дека има.
    И не смее да биде така, не смее едноставно.
    Сите потпишуваме дека сме известени за ризиците. Епа нека не' известат тогаш.
     
    На sj *O*, WildMk, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    Така е , се сложувам.

    Сепак короната ги измени сите правила , ако сум добро упатена....многу луѓе кажуваат потресни работи и од приватно и од државно здравство...и не само во Македонија.
    Во тој контекст напишав....сигурно луѓето биле избезумени од страв, а со полна доверба , бидејќи медијски и политички најдобар....

    Па откако се случило што се случило, се запрашале како , па тужби....и така...до филмов...сега сите сме зачудени,згрозени...

    Сакаш ли да кажеш дека во државното здраство се почитувале сите процедури?
    Ако е така,браво тогаш....
     
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Не сакам да звучам злобно, ама кога човек има корона(или некој друг вирус), имунитетот значајно му ослабнува, а со тоа е и повеќе подложен на други бактерии, вируси, болести.. Значи и една обична кандида ти прави многу голем проблем кога имуниот систем ти е ослабнат, така што, логично е човек да добие и да е изложен на повеќе бактерии кога е му е ослабен имунитетот. Ние имаме многу бактерии во нас, кој што што не ни прават проблем, и дел од нив се добри бактерии, ама дел не се, ама не ни прават проблем доколку имунитетот не ни е ослабнат.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.006
    Не.
    Разликата е што во државното свесни сме на "ризикот" дека не се почитува, дека мито се зема, дека уште милион работи можам да набројам, ама ЗНАЕМЕ дека за к*р не го бива.

    Овде е веќе грабеж, свесно и намерно експериментирање врз луѓе кои НЕ ЗНААТ дека врз нив се експериментира.
     
    На sj *O*, WildMk, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.006
    Бактерија не паѓа од небо, ја има во болницата и влегува со контаминација и не е нешто НЕВООБИЧАЕНО.

    Знаеш што е невообичаено?
    Да знаеш дека на оддел МРСА имаш и да се правиш луд.
    Во болница по сите највисоки стандарди направена.
    Каде што посети нема (како извор на контаминација да се посетители).

    Не случајно постојат интерхоспитални бактерии и тука и секаде во свет и во сите болници во свет.

    Ама точно се знае што се прави кога имаш случај, а тоа дефинитивно не е криење на случајот и изигравање наудрен.
     
    На Harper, Priroden, Annath и 33 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.952
    Допаѓања:
    24.018
    Све океј ама таа бактерија мора да ја внесеш од надвор, не се појавува магично од нигде никаде во тебе.
    Бактерии језда има во воздух и на земја и тие доаѓаат во контакт со пациентот. Ама не е нормално во една установа толку многу пациенти да фатиле бактерии и тоа некои што се многу опасни. И плус како што кажаа, треба да пријавиш кои бактерии кој пациент ги фатил во болница.
    И јас после ковид фатив бактерија ради паднат имунитет ама се испостави дека е фекална бактерија, то ест што нормално ја има во телото на друго место. А не некоја прилично опасна што ја фаќаш од надвор.
     
    На sj *O*, buba4e89, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.394
    Пол:
    Женски
    Кој сака нека се осеќа крив слободно, јас ич не се осеќам крива за мизеријава во државава.
    Големи корпорации кои се заслужни за 70 посто од загадувањето во светот почнале пропаганда дека ако земам нескафе со пластична цефка треба ко индивидуалец без многу моќ да се осеќам тотално крива за климатските промени.
    Така и ова.
    Мијалков станови од 30 милиони евра, јас ќе се осеќам крива за скината паркинг казна, не бе дечки.
    Колку Мијалковци има во државава? Обичниот човек само преживува.
    Многу нормално дека ќе се запрашам зошто јас да плаќам паркинг казна, кога доктори не се казнуваат за вадење органи по грешка.
    Како е тоа праведно?
    Докторот има пари да ја плати казната и пак убаво да живее, а мене парите за паркинг може ми се последните во месецот.
    И пак тој со паркингот ќе плати, а докторот не.
    Богатите се збогатуваат уште повеќе, сиромашните се осиромашуваат.
    Арно си ја наредиле работава - не имаат толку јако изманипулирано да мислиме дека чувството на чесност што секое даноче ни е платено до денар е поважно од тоа да имаш пари, здравство, школо, чист воздух.
    Нека се умира, битно да се умре како поштен граѓанин :l:
    Овој муабетов дека сме криви ми е станат толку досаден и одбивен и мислам дека еднаш засекогаш треба да се прекине со него.
    Единствено сме криви што сме дозволиле да не убедат дека ние сме криви.
     
    На Harper, M.B., sj *O* и 37 други им се допаѓа ова.
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    Хемофилтрација е инвазивна процедура и тој ризик се зголемува уште повеќе.
     
    На sj *O*, WildMk, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    Тој глава не можел да крене од правење пари и калкулации,ќе пријавува....трагедија....профитерство чисто...
     
    На sj *O*, WildMk, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.952
    Допаѓања:
    24.018
    Тие што им викате криви се, пробуваа да ни отворат очи и да нѐ освестат што се дешава, бараа помош. Ама не им верувавме, памтите?
    Збореа и бараа правда по социјални мрежи. Ама другите ги исмејуваа до немајкаде.
    И сега криви биле оти ќутеле. Не луѓе, они збореа многу одамна. Ама вие бевте глуви.
    Криви се тие што им се смееја во фаца и што ги нарекуваа Славици и 5џипери и теоретичари на заговор оти кажале дека блискиот починал под сомнителни услови. Тие што им викаа "па касно идете во болница", "па све е тоа од ковидот". Е тие се криви.
     
    Последна измена: 20 јули 2022
    На sj *O*, WildMk, Mikha4 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Така е... 100% си во право. Доколку секој е казнет, нека биде и обичниот граѓанин. Ама ете вака милиони се наполнаа со буквално убивање луѓе, како копуков Жан, никому ништо, некој за ќебапи ќе лежи.
     
    На sj *O*, andrejko82 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.006
    Криви сме што сме понизни.
    Што не палиме институции сосе нив внатре.
     
    На sj *O*, WildMk, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.490
    Допаѓања:
    191.137
    Neka trepka:bow:
     
    На sj *O*, andrejko82, Mikha4 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    Јас бев една од тие, са жал. Знаев само дека во државни услови многу лошо ги третираат потешките случаеви, сестрите и докторите од страв не прегледуваат, даваат антибиотицити за џабе и бев бесна.

    Ама тоа што се збореше дека болеста е непредвидлива и дури откако си се излечил може да ти се искомплицира состојбата го прифатив како факт... а уствари друго била работата.
     
    На sj *O*, Mikha4, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    9.406
    Пол:
    Женски
    Го прочитав постот на членката каде што објасни дека прво во Жан им рекле добар е човекот, па за два дена починал.
    И во државните и во приватните болници ова се случуваше. Бидејќи маж ми беше хоспитализиран со ковид во државна болница слично искуство таму видел во однос на тоа прогнозирање на развојот на болеста.
    Односно пациентот го лечат извесно време и као подобар е. Така му кажуваат и на пациентот и пациентите им пренесуваат веднаш на блиските дома.
    А пациентот покажува симптоми кои укажуваат дека пати мозокот за кислород, или уште не диши како што треба или резултат од крвта не му е добар, и сл. Во најмала рака еве и да не бил толку во лоша состојба ама не бил ни оздравен до толку да му се каже дека може да го отпуштат набргу.
    И наместо подобри набргу се тргнува на полошо и полошо и умираат за два дена (Сега овде нели без методи на филтрација зборуваме.)
    Не разбирам зошто да се каже некому дека за два дена ќе го пуштат кога не е излезен од густото? За да му дадеш кураж да се бори и тој да оздрави? Многу ми е сурово тоа. Подобро не давај прогнози никакви, ни добри ни лоши.

    Тоа е мислам подобро од аспект на пациентот и нивните семејства. Наместо да им прават шокови.
    И остава простор да се појави сомнеж во болницата и стручноста на докторите.
     
    На sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.670
    Допаѓања:
    126.519
    Пол:
    Женски
    Тоа од откачување на тромбови им се случуваше. Првиот тип на ковид правеше згрутчување на крвта.. многу од тоа отидоа, откачување на тромб, емболија и толку е. Не само кај нас, многу се плашеа од тој период од 7 до 10 ден од текот на болеста. Факт е дека беше непознаница ковидот ама да експериментираш на луѓе..
     
    На sj *O*, buba4e89, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.952
    Допаѓања:
    24.018
    Па океј, знае да биде непредвидлива.
    Ама буквално работата беше што било што да е причина за смрт, важното беше само дали е позитивен или не. Комотно можеше да убиеш некој и ако е позитивен, спасен си, умрел од ковид. Родилка доби сепса на пороѓај и почина, ама оти позитивна, случајот се затвори таму. Може и неа некој јајник ѝ пресекле ама не, ковид имаше. Во 8ми Септември еден се фрли и почина, исто влегува во ковид статистика. Луѓе во тешки состојби од други болести не беа лечени од нив само зашто беа позитивни. И ако починат? Па компликации од ковид. А обдукција јок. Можеш и сама да увидиш колку простор за криење лекарски грешки остави ваквото работење.
    Не му давале вода, му давале 10 дози антибиотици, му дале три инекции инсулин...ама нц. Само ковид.
    И луѓе пишуваа вакви стории ама сите им велеа дека не е битно ништо освен што бил позитивен.
     
    Последна измена: 20 јули 2022
    На sj *O*, WildMk, Amelia и 3 други им се допаѓа ова.