Нечиста крв - истражувачка сторија за методите на лечење на Жан Митрев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mikha4, 17 јули 2022.

  1. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски

    Ако добро прочиташ во сведоштвото убаво пишува отидов таму во последен момент.
    ФДА ја дозволи хемофилтрацијата САМО и САМО кај пациенти кај кои сите други можности за лекување не даваат резултат, односно само кај пациенти во живототзагрозувачка состојба и на интенивна нега. Односно, употребата на хемофилтрација кај сите пациенти кај кои сеуште не настапила цитокинска бура е off label. Он на пациентите не им објаснил дека се работи за клиничка студија (за која не биле известени ни од МАЛМЕД), не побарал согласност од пациентите и не им ги објаснил ризиците од процедурата. И министерот и самиот Митрев имаат изјави дека хемофилтрацијата
    НЕ е докажан и не е одобрен третман за ковид.
    Во државните болници кога настапува цитокинска бура мислам дека беа давани кортикосероиди. Никој во државните клиники немаше дадено кортикостероиди пред да настапи цитокинска бура како што правеше Митрев со хемофилтрацијата. И според видеото бројот на почитати е повисок кај Митрев во однос на државите болници.
    За интрахоспиталните бактерии немаш ништо пишано, а тоа е исто така престрашно.
     
    На JuLleE, CameliaMiller, Lianna Anna и 8 други им се допаѓа ова.
  2. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Овде не станува збор за неговата успешност како кардиохирург, тој можи да е најдобриот во цел свет така? А и не е тоа за величаље за тоа учел, за тоа се надградвал, тоа му е работа. Знаеш колку хирурзи тука незнајни имат спасено животи? Не се промовират никогаш, не си прават маркетинг затоа што си знат колку вредат, а и немаат потреба. Тука се зборва за тоа што си првел измами од секаков размер, си правел недозволени работи, непријавени работи кои некој го чинеле живот.
     
    На Angie1432, WildMk, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Не е , но ја прифатил таа улога.....каков човек треба да бидеш, лекар пред се , а да го ставиш бизнисот пред етиката?....да прифатиш да изигруваш спасител со купени титули, а знаеш дека си само просечен лекар?...бидејќи јас сум уверена дека и тој и тие кои го поставиле го знаеле тоа....

    Инаку се сложувам со останатото што си го напишал, околу истражувачкото новинарство и одбраниот тајминг.

    Ее сега....има и нешто добро во приказнава....неговиот клинички центар....треба да стане државен, тоа е најмалку што државата треба да стори,после се што му овозможила на докторов и на којзнае кого уште...
     
  4. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Имаме и ние други академици и доктори на науки.

    Ти текнуе на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски кој откри лажни докторати добиени на Тетовскиот универзитет? Членови на ДУИ. Ѓорѓи го разрешија. Случајот се стави во фиока. Оп трас, сите среќни:)

    https://glas.mk/2019/09/просветниот-инспектор-ѓорги-илиевск/

    Жан Митрев бил проблемот. Со илјадници и илјадници успешни операции.

    Ако типот не чини, зошто тогаш го викнаа на прва трансплантација на срце. Ете, има конкуренција меѓу доктори, љубоморни се едни на други, ама што не се нафатија сами да ја направат операцијата?

    Тоа со академик ми е бизарно и мене, но не оспорувајте таму каде нема место за оспорување. Жан Митрев и уште 4-5 кардиохирурзи во Македонија можат да прават покомплицирани операции. Се друго е трета лига.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Ова треба да биде спорно,исто така.
    Очигледно тенденциозно си направил монопол....вистински стручњак треба да обучува кадар и шири знаење.
     
    На Lianna Anna, VDT2906, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Директорот и сите главни во МТВ се истите кои се поставени од дпмне. Сѐ надолу што си пишал е гола вода.
    Сашка е професионалец и тоа што ти пречи зошто некој не сработил тоа што тебе ти се присакало не ѝ ја намалува вредноста на сработеното, и нејзе и цела екипа на ИРЛ.
     
    На neno0o, CameliaMiller, Lianna Anna и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Не е од вчера. Инспекција има кај Митрев со денови. Btw и да е вистина за Ремедика, дејностите во Ремедика немаат врска со дејностите во Жан Митрев. Како стекнале пари за да ја купат (ако е вистина) не е предмет на темава.
     
    На _beautyy_, FridaodaMk, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    И сите грешки од таму завршуваат или во 8ми Септември или на КАРИЛ :x

    Кога ќе ми текне дека во 2-3 наврати аплицирав за работа таму :headbang: толку не професионални не сум видела. И точно е дека бараа првична уплата од 10К евра за да однесеш пациент, лично ги носев уплатниците таму :puke:
    Знаев уште на почетокот кога се испофалија дека смрди нешто, и на мм му реков, ќе видиш шо ќе се деси- ќе паднат ко кула од карти. За таква болница таков спектар на интрахоспитални бактерии :envy: ауу... страшно
     
    На JuLleE, Billy Idol, Waverly Raven и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Македонското државно здравство. Повели. Лечење по “проверени“ методи. Праќани здрави, враќани мртви со Корона. Ве молам.



    Еден куп околу мене лежеа по државни болници. Прво нешто што кажуваат е ХАОС, а потоа се останато.

    Факт е дека државното здравство потклекна при прв сериозен тест.
    Факт е дека сите добри доктори и сестри пребегаа во приватното здравство.

    Има врвни доктори по државните болници, но веќе тие се ендемски вид.

    Видеото не може да е извор на точни информации. Дај бројки од Државен завод за статистика, Министерство за здравство итн...

    Најголем дел од популацијата се лечеше по државните болници. Немаше кревети, места, респиратори, лекови. Знам од прва рака. Тотален хаос. Никој не те гледа без мито.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Беа. И, Марјан Цветковски го ставија под контрола после реизборот. Му пуштаа нон-стоп финансиски инспекции. Човекот си легна на брашното.
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    МРТ е со власта која и да е.
     
  12. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Но приватните болници како ЖМ или Систина НЕ СМЕАТ да дозволат пациентите да лежат во сопствениот измет 2 дена, затоа луѓето плаќаат, за да добијат подобра нега и хигиена!
     
    На Harper, Billy Idol, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Никој не збори дека во државно е мед и млеко, ама тоа не значи дека треба да замижиме на тоа што го правел Митрев. Било да е од државна или приватна болница, за експериментирање со здравјето на луѓето мора да се одговара.
     
    На Billy Idol, cresa-jagoda и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Машки
    Не бе, кога и да се открие криминал, измама, или во овој случај уште полошо - експерименти со туѓо здравје, секогаш, ама баш секогаш има многу луѓе што ги бранат сторителите. Никогаш нема да разберам како и функционира мозокот на тие и никогаш нема да имам почит за нив. Па мешање политики, па дефокус, па курци палци. И после зошто сме биле најдолу во секоја сфера од општеството. Е зошто де, ептен чудно.
     
    На Кена Рис, Hija.de.la.luna, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Јас не гледам редици од доктори и сестри да бегаат од Жан Митрев и Систина кон државното здравство. Обратно е. Да не беа овие клиники истите доктори ќе беа некаде на Запад и целосно ќе ги изгубевме како кадар.

    На Скопска клиника има врвни доктори. Жан Митрев и Систина немаат таков финансиски капацитет и можност да имаат по 20 доктори од иста фела, да им даваат подеднакво високи плати, подеднакви услови за работа во смисла операциони сали, опрема, помошници итн...

    Јавното здравство е доминантно во нашата држава. Градено е 80 години со пари од цела СФРЈ.
     
    На Didajo и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    На _beautyy_ и buba4e89 им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.973
    Пол:
    Женски
    Лично го познавам семејството. Зад секој збор што го кажа жената, тврдам дека е така. Они си знаат како се снајдоа и како собраа пари. И они си знаат како им е кога здрав човек од таму искочи во кома и НИКОГАШ веќе нема да се врати назад.

    Не знам како не се срамите да коментирате вакви гадотии, ова се вистински луѓе, со вистински приказни, а не некои актери од лош филм.

    А ти @Abracadaver може да прескокнеш една тема и да не ја обоиш политички. Недај Боже на ваш близок да се случи ова, ќе ве видам тогаш дали пак вака ќе коментирате, дека стручњак бил. И дали нема да барате некој да ви помогне да ја кажете вистината.
     
    На Bella •••, JuLleE, sweet-cherry и 32 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно и е побитно парите од каде им се на луѓево неголи човечкиот живот.
    Страшно е што сѐ пишува колку да се најде во муабет…:x
     
    На cresa-jagoda, _beautyy_ и Lima24 им се допаѓа ова.
  19. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    Јас зборувам од аспект на бивша трудница која ја разубедуваа да се породи во Систина, тогаш кажаа еден куп трудници завршиле на ГАК ради „професионалноста“ во Систина, Ремедика, Плодност, Санте Плус.... Македонија уште пред Жан изгуби врвни лекари, меѓу кои и мои другари професионалци во својата област. Не го правдајте аман! Ацинетобактер му ја заврши кариерата на Митрев.
    Едвај чекам да го стрепаат и Таше Плодност, кај шо на 23 годишни му вели не можи вака мора со инвирто, имаш тумор, имаш јајцевод извртен, дај 90К денари да средиме. Жими баба ми, и баба имала извртен јајцевод па 4 пати била трудна.
     
    На JuLleE, Billy Idol, eli25 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Јас, од друга страна, знам стотици трудници од моја околина што се породиле во Систина. Генерално поситуирани брачни парови. Сите добиле врвна услуга. Никоја не се вратила од ГАК. Секоја девојка што има повеќе пари оди во Систина. Факт.

    @KateKane Секоја приказна треба да се гледа од неколку агли. Жан Митрев не е партиски обоен. Човекот е бизнисмен. Беше со ВМРО, па со СДСМ. Човекот си гледа приватен бизнис и негови лични интереси. Од друга страна, човекот се појавуваше во рекламите за промена на име на државата, си го смени името на клиниката во склоп со Преспанскиот договор итн.. Од таа гледна точка јас денес би требал да го плукам, но не го правам тоа, затоа што приказната има повеќе страни. Не секогаш искрени во намерата.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.