Нечиста крв - истражувачка сторија за методите на лечење на Жан Митрев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mikha4, 17 јули 2022.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Од ЖМ не ги давале телата на покојните за погреб додека не потпишат документ дека нема да го дадат телото на обдукција. :x
     
    На _beautyy_, buba4e89, deskarada и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.704
    Допаѓања:
    14.012
    Пол:
    Машки
    Катастрофа! Секој ден ситуацијава се здобива со се поголеми размери. Под итно кривично да се гонат инволвираните. :|
     
    На _beautyy_, Billy Idol, Mrs.Sofija и 4 други им се допаѓа ова.
  3. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Овај да ти бил министер појма нема што му се случува, али важно седнато му е столчето и не го пушта
     
    На _beautyy_, Billy Idol, Lima24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    379
    Ауу министерот:x
     
    На _beautyy_ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Колку подобро се изразуваат новинарите отколку министерот. Ова зборувам општо. На страна тоа што Беким вели има истрага за дали ЖМ постапувал според препораките на ФДА, Сашка мораше да му објасни на Беким Сали дека препораките од ФДА не важат тука кај нас, туку МАЛМЕД одлучува, а МАЛМЕД не одлучиле ништо за хф. Еве јас не сум го најјасно знаела тоа, ама министер да не знае е ужас. Па што знаат министрите?
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.704
    Допаѓања:
    14.012
    Пол:
    Машки
    Министерот како да залажува деца од петто одделение. :|
     
    На _beautyy_, Billy Idol, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  7. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Човекот не е соодветен за позицијата која му е подарена велам подарена затоа што не е заслужена, за да бидиш министер треба да знаеш што се случува, а не новинар да ти објаснува тоа што е твоја надлежност. После ова можи комотно да продолжи да биди стоматолог доволно слушнавме
     
    На _beautyy_, Billy Idol, Ahoy и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    379
    Искрено страв ме фаќа за новинарите..овие на функции сите матни ликови:|
     
    На Lima24 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  9. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.704
    Допаѓања:
    14.012
    Пол:
    Машки
    Не можам веќе да го слушам, мозочни клетки ми изумреа… (facepalm)
     
    На _beautyy_, Lima24, Misskirova и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Зошто Беким Сали го потврдува секое обвинение за корупција, нефункционалност, криминал како да не е министер со вистинска моќ да направи промена? Не мо жам. (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На _beautyy_, deskarada, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    7.433
    Edno ne mi e jasno zosto zdravstveniot fond isplaka paushalno sredstva na godishno nivo vo privatnite bolnici namesto da se razviva drzavnoto zdravstvo?
     
    На cresa-jagoda и Miss666 им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.135
    Пол:
    Женски
    Изменети фактури, наплаќање за операции кои не биле извршени, наплаќање непостоечки дополнителни трошоци...супер, овие што му се клањаат нека му кажат фала што ги крадел. :)
     
    На _beautyy_, Billy Idol, Munchmallow20 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    И Сашка, и водителот, па и госпожава од фонд му објаснија на министерот која му е работа и што може да направи во врска со ситуацијава, ама министерот како што некој кажа во коментарите, он нисам одавде. 8-|
     
    На _beautyy_, buba4e89, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    31.477
    Зошто фондот му исплаќа пари на приватните клиники?
    Не знаев дека државата секоја година му дава пари на приватните клиники, а државните се оставени без персонал, без сретства....браво.
     
    На H.VAGA и mira.mira им се допаѓа ова.
  15. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ааа како министеров ќе вработува кадар, сите со 62 т.е 64 ќе ги прател во пензија, веќе имал кадар да вработи, така претходно изјави, само кој да му објасни дека треба специјалисти, а не општи лекари. Досега целиот квалитет го избркаја од државата, не знам кој ќе остани да работи. Ако има некој совесен во оваа држава нека смени се што е на раководна функција и нека спроведи правда, затоа што ова што се дозволило е страшно. Кога дојде новинар што не му е медицина струка да му објаснува на министер веќе знаеме што ќе испадни од ова...
     
    На _beautyy_, Billy Idol, deskarada и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    5.182
    Не сакам ни да помислам на прашањето дали тие луѓе воопшто излегле од таа ‘болница’ со сите органи во нивните тела…
    Кога ја гледав првата епизода мислев дека сум јака личност, ама верувајте ми се плачи ми се вришти. Овие треба сите да се запалат јавно, а ние да ги гледаме.
     
    На _beautyy_, Lima24, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    23.625
    Ова за тие со ковид или сите?:|
     
  18. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Точно, МАЛМЕД издава одобренија, ама не само тоа, секој што учевствува во клиничкото испитување треба да биде информиран дека се работи за клиничко испитување и да потпише информирана согласност каде се наведени сите последици и ризици кои може да настанат.
    И да не наплаќа на пациентот за третманот.
    А не да го користи како добар ден и тоа со пакети од 3000, 4000 или 5000евра.
     
    На _beautyy_, Waverly Raven, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Сите. Имаше човек сега во подкастот што се изјасни за неговиот родител и колку операции му правеле во рок од само 6 дена, без речиси никаква консултација со кардиохирургот. Кога починал му дале изјава да потпише дека нема да го дадат на обдукција, како услов да му го дадат телото.

    Сашка на тоа дополни дека луѓето кои им се јавиле со нивните приказни добивале идентичен документ.
     
    На _beautyy_ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Соопштение од Жан Митрев клиниката. Малку друга страна на приказната.

    Во однос на досегашните напади и обвинувања со кои се соочуваме овие денови, би сакале да го истакнеме следното:
    Во Клиничката болница Жан Митрев Скопје не се вршени клинички испитувања, а објавената публикација не е и не може да претставува клиничко испитување. Всушност, станува збор за научен труд со сублимирани лабораториски резултати и искуства од употреба на оваа метода за лекување.
    Клиничко испитување на медицинските средства претставува откривање, односно потврдување на безбедноста на медицинските средства, нивната корисност и усогласеност со општите и посебните услови во согласност со намената дефинирана од страна на прозиводителот, а спонзорот на клиничкото испитување или неговиот овластен претставник е должен да го пријави клиничкото испитување во Малмед. Во овој контекст, Клиничка болница Жан Митрев Скопје ниту вршела проверка на безбедноста на медицинското средство за хемофилтрација (бидејќи тоа е обврска на производителот на медицинското средство), ниту пак е спонзор или овластен претставник за да може да пријавува, да бара или добива дозволи за вршење на клинички испитувања.
    Употребата на медицинското средство за хемофилтрација е начин на лекување, а секоја употреба на медицинско средство не е и не може да претставува клиничко испитување.
    Пред се, ние лекувавме пациенти од последиците предизвикани од КОВИД-19 вирусот со сите дозволени ресурси, меѓудругото и со помош на хемофилтрација -метода која е меѓународно сертифицирана.
    За употребата на ова медицинско средство (филтри), Клиничката болница Жан Митрев Скопје има соодветни дозволи и одобренија од страна на надлежните органи, кои ги набавила како купувач согласно склучен договор за купопродажба, и ги употребувала како купувач – за лекување, а не како спонзор.
    Според договорот за купопродажба на медицинското средство, Клиничката болница Жан Митрев Скопје не е определена како истражувачки центар, за што е потребно да има посебен договор со продавачот за клиничко испитување согласно соодветниот Правилник од Министерството за здравство, ниту пак е овластен подносител на пријава за клиничко испитување согласно законските прописи.
    Од продавачот на медицинското средство (апаратот) на Клиничката болница Жан Митрев Скопје му е предадено и Решение со кое се дозволува продажба и користење на тоа средство, што подразбира дека продавачот/производителот обезбедил соодветен документ за сообразност.
    Оттаму, Клиничката болница Жан Митрев Скопје како и другите здравствени установи кои купиле и користат вакво средство не се надлежни да вршат било какво испитување на ова средство чија употреба претходно веќе ја одобрил надлежен државен орган.
    Потенцираме дека податоците извадени од веб-страници во други дражви и други здравствени системи не се предвидени како доказ дека се врши клиничко испитување според прописите за клиничко испитување во РСМ. Без оглед на тоа како некој сака да ги толкува нашите објавени стручни трудови и споделени искуства од лекување, тоа не претставува системско клиничко испитување.
    Во однос на интрахоспиталните инфекции (ИХИ), појаснуваме дека Клиничка болница Жан Митрев Скопје, ги исполнува сите пропишани обврски за заштита на населението од заразни болести во однос на ИХИ односно: има донесена Одлука за именување на членови на Kомисија за интерхоспитални инфекции, има донесено Програма за контрола и превенција на ИХИ за 2021 до 2023 година, има изготвени Критерими за иницирање на истрага на ИХИ, врши контрола на хигиената, има изготвен План за контрола на ИХИ, Методологии за надгледување на ИХИ, систем за надзор на ИХИ, и ги поседува сите други пропишани поединечни акти според прописите за заштита на населението од заразни болести.

    Клиничка болница Жан Митрев Скопје веќе 22 години работи согласно законите и прописите на оваа држава и така и ќе продолжи.
    Затоа сме згрозени од ваквиот исцениран јавен напад, со кој се злоупотребува трагедијата на одредени семејства, креирајќи комплетно искривен приказ на КОВИД19 третманот на пациентите, медицинскиот пристап и институциите кои згрижувале тешко болни пациенти во време на пандемија.
    Напоменуваме дека, во нашата здравствена установа се лекувани голем број на пациенти од КОВИД-19, а само кај дел од нив е користена хемофилтрација, по оцена на одговорните лекари за секој конкретен случај одделно. На пациентите кај кои не е вршена хемофилтрација им се вратени претходно авансираните парични средства за хемофилтрација, за што постои уредна книговодствена документација. Навистина не ни е јасно зошто не се пишува за сите оние успешно излекувани пациенти од КОВИД – 19 кои биле примени со најтешка клиничка слика, а токму поради лекувањето со хемофилтрација нивните животи биле спасени.
    Продолжуваме крајно професионално и одговорно да ја извршуваме здравствената дејност во интерес на нашите пациенти. Ги охрабруваме сите инспекциски органи, како и многупати досега да ги извршат сите потребни контроли и надзори, на кои ќе им биде доставена целокупната документација со која располагаме, со цел надлежните стручни органи да ги побијат сите невистини и небулози кои беа изнесени во јавноста.
    Со почит,
    ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев Скопје

    https://zmc.mk/event/soopshtenie-3/...vzwN9yz5gOnN6pMB9fhK5codC44FYZJ9yO0_tPijS-YdY

    Дел од коментарите на Фејсбук. Имиња не споделувам, но лични искуства со клиниката и лекувањето од Ковид.

    „Благодарност до целиот медицински и помошен персонал
    Ќе јажам кратко и јасно
    Јас сум еден од пациентите кој беше со тешка клиничка слика со 30,000 дидимери и кај кого беше применета хемо филтрација, која беше барање начин да се спасат пациенти со Ковид.
    Тие што не биле не знаат колку пожртвувани беа сите.
    Хигиена на високо ниво
    Ако не можеш да одиш до купатило секојдневно во кревет ќе те измијат избришат пресоблечат избричат
    Секој што ќе изгуби близок може да биде гневен
    На кого д,а се лутиме ние истиот тој ден кога мене ме носеа во Жан Митрев клиника мајка ми почина во Ковид центарот во Гевгелија
    Изгувивме брачен партнер мајка ќерка поради НЕ Грижа на Клиники, Министерство за Здрвство и министри
    Фонд за Здравство и комисии за Ретки болести поради поништување тендер за лек и чекање 2 год доцнење на секој лек по 2 години“

    „Мои членови од потесно семејство се спасени благодарение на Вашите вешти срце,ум и раце-дел фондовски,дел приватно,изборот беше наш.
    Длабок поклон до сите вас кои пожртвувано си ја работите оваа бесценета хумана професија.
    Сведочам за многу убаво искуство во Вашата клиника.Моите членови од семејство вклучувајќи ме и мене сме во одлична здравствена состојба благодарение на вашата стручност како и на стручноста на Вашиот тим.
    Поздрав.“

    Безброј коментари на Фејсбук, кои ја прикажуваат другата страна. Таа позитивната.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.