Нечиста крв - истражувачка сторија за методите на лечење на Жан Митрев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mikha4, 17 јули 2022.

  1. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Се напна човече. Што сакаш да постигнеш со копирањето? Никој не оспорува дека докторот, академикот и што ти ја знам што уште е добар лекар и дека има спасено многу животи. Не ти пишувам што правел и како правел ете баш во екот на короната, оди изгледај го видеото уште еднаш, двапати, 100пати се дур не почне тоа главата да ти размислува малце поправилно. Да ти се случеше вакво нешто во фамилијата сигурно пак ќе бараше позитивни коментари на фејзбук наместо правдина. Аха |(
     
    На _beautyy_, sparklie, Waverly Raven и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    И ние толку плативме за брат ми, се оперираше крај април...
    ковид тест 200 евра...
    Што би рекол мм, пишете ја операцијата 10 илјади повеќе, ковид тестот нека си е 2 илјади, срам да не ве јаде
    ама тоа е тоа
     
    На _beautyy_, lovely91, Lima24 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    [Ама сте се запнале за државното здраство. Јас колку што знам не прават експерименти на пациенти како што прави Менгеле. Па колку само сме оперирани во државна. Ни бактерија/инфекција немав/ме.
     
    На _beautyy_, buba4e89, Mrs.Sofija и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.705
    Пол:
    Женски
    Алармантно е колку луѓе го поддржуваат на фејсбук. Се надевам дека е само типично фејсбук однесување и не е реалното мнозинство.

    Јас сум секогаш да се гледа на позитивната страна, ама во овој случај не сфаќам како одлучуваме чиј живот е повреден. Ја спаси мајка ми, го спаси брат ми... океј, не се сомневам. Што со луѓето кои умреле поради неправилностите, бактериите, лажни крвни слики, забрана за обдукција, што со намерното крадење пари - за кое стварно бил казнуван 10 години, што со експериментирање?

    Овде не збориме за случајни грешки при операција па да го плукаме како хирург, збориме за криминал. Не може да се гледа на позитивната страна тука. Не можеш да бидеш добар доктор без да си хуман. Самата стручност не те прави добар доктор а уште помалце ти дава имунитет од затвор. @Abracadaver
     
    На _beautyy_, Waverly Raven, staycalm и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.497
    Допаѓања:
    7.950
    Пол:
    Женски
    200 евра ковид тест??
    Дали е нормално ова?!
    Тест којшто не е повеќе од 25 евра, наплаќаат 200?!
     
    На _beautyy_, Lady D ❤️, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.371
    Допаѓања:
    90.415
    Пол:
    Женски
    Чудна сорта луѓе испаднаа од вмро.
    Сите го бранат Жан.
     
    На WildMk, JuLleE, Mrs.Sofija и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Во последните денови од кога излезе првата емисија, со сите луѓе што се сретнувам секојдневно, го бранат "академиков"
     
  8. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Глава ставам дека копилето наместо да спрема одбрана на суд замара доктори да ѕвонат по пациенти и да го фалат по фб.Ако не го прави и самиот тоа.

    Сигурно некој нов бизнис модел со ваучеер тест за 10 илјади место за 12 при следна операција ќе им даде

    Самите коментари на фб се типични за Македонија, гледај тебе да ти е арно и да умреле/експериментирале на роднините на некој друг и им ги собрале парите, ако мене не ми се случило тоа, не ме занима.
     
    На _beautyy_, Waverly Raven, Dumbledore и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Искрено истото го помислив ама си викам не до толку...
     
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски
    https://clinicaltrials.gov/ct2/show/NCT04478539
    Ова само сакам да го прочиташ
    Иначе да не ќе даде соопштение дека е крив таман работа
    Со самото то што правел злоупотреби кажа самата директорка на фондот, без проблем платил оштета, кој ти гарантира дека не правел и понатаму? Како што рече министерот ти можиш со 200 да возиш, само ако те фатат ќе те казнат, па и ова така иди. Чим бил казнуван кој гарантира дека не си ја продолжил праксата од претходно. И не ми тупи колку спасил, кажи колку семејства уништил само за да си го набилда егото
     
    Последна измена: 23 јули 2022
    На _beautyy_, Anah, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Абе и Менгеле вил стручен за своето време, многу знаел и бил екстремно интелигентен… ама шо фајде. Тоа исто ко да барате да му се прости убиство на убиец оти со сите петки бил на училиште.
     
    На _beautyy_, WildMk, Waverly Raven и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.807
    Допаѓања:
    23.070
    Ајде едно одговори ми.
    Зашто не давале обдукција? Според тебе?
     
    На _beautyy_, Miss666, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.739
    Допаѓања:
    8.985
    Пол:
    Женски
    Тоа е типичен македонски синдром.
    Се жалиме дека немаме новинари и дека нема кој да истражува и да открива вакви циркузи и кога ке имаме и ке се истражува не им веруваме...типично МАКЕДОНСКИ.
     
    На _beautyy_, WildMk и mira.mira им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Убаво праша новинарот, дали одолговлекувате само за да се заборави целава работа? Нормално дека е тоа стратегијата, како и секогаш.
    Нити знаеше министеров да каже нешто, нити кажа нешто. Брука.

    Овие што пишуваат коментари по фб, како не им е срам? Имаат ли трошка емпатија во себе?
    Благодарни биле што им спасил некој, а овие другиве што им убил некој што треба да направат, да се скријат во дупка зашто ете, спасил некој друг?
    Треба да се засрамат со изјавите и да помислат како би им било да не им го спасил тој некој туку да му правел клиничко истражување без да знае и да го умре на крајот.

    Емпатија, што ли беше тоа.
     
    На _beautyy_, WildMk, M.B. и 19 други им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.100
    Допаѓања:
    117.980
    Пол:
    Женски
    А ако нема бегано од часој за херој ќе го прогласиме :rofl:

    Не е смешно :|
     
    На _beautyy_ и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.679
    Допаѓања:
    25.246
    Пол:
    Женски
    Ќе ги гонат ли кривично? Никогаш повеќе не сум сакала да се иселам од државава. Не сме возможни стварно еј.
     
    На _beautyy_, WildMk, FridaodaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.579
    Допаѓања:
    13.970
    На подкастот зошто не го викнале докторот? Требало. Ни го знам, ни познавам, ни ме плаќа некој, ама со резерва земам се, затоа што знам каде живеам. Јас имам миоптија, и мене државните доктори ќе ме оќореа да не отидев на приватен. Додуша делумно ми нарушија вид со утнување диоптрии. Реално јавното здравство е штала, подрум. Ако сите знаеле дека прави грешки зошто оделе и давале илјадници евра? По постовите тука ќе испадне сите знаете некој што дал, почнавте со 2.000 па отидовте на 15.000 евра. Да е за мене или мој близок, за срце би отишла кај Жан, корона не се лечи. Знам само двајца што се задоволни од докторот. Да не беше тој, во рај ќе беа досега.

    Соопштенијата на Жан Митрев не ги пренесуваат воопшто, освен еден или два портали. Да почекаме, не сме ни научници, ни експерти за хемофилтрација. Имаше луѓе кои пишале дека им земале, па им вратиле пари, затоа што крвната слика не била погодна за хемофилтрација.
     
    Последна измена: 23 јули 2022
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Очекував многу повеќе медиумско внимание. Ама освен на форумов, на друго место ми изгледа ко никој да не се замара.

    Таков народ сме. Апатичен, незаинтересиран, ќути - секогаш може полошо, чим не ме засега мене - трај си - терај си, има и полошо... Тука сме само за трачарење.

    Порадо би кликнале на наслов: ќе се изненадите со кој дечко е Лила на одмор. И внатре во статијата објавен пост од инстаграм со Лила и мачката. Отколку на вакви наслови.
    Тој ни е степенот на созревање, тој ни е лимитот. Не ни давај нешто повеќе. Не сме способни да испроцесираме и изреагираме соодветно на нешто покомлицирано.

    Според изјавите во видеава, единствено фондот за здравство бил запознаен со криминалиите и праќал казни. Дури и јавни проговори за претходни случаи, додека другите институции биле у подрум.
    Ме интересира дали фондот за здравство тоа го правел само за да си ги поврати парите или не ни смеел нешто поголемо да преземе... Повеќе ми личи на второво.
     
    На _beautyy_, Miss666, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    А што да правиме ние? Се знае кој треба да работи во случајов.

    И одговорните во фондот се исто така одговорни и треба да одговараат, како тоа му исплаќале толкави суми на непокриени трошоци и фиктивни фактури?
     
    На Just.do.it и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Миленко Неделковски (потпишан како Миленко Македонски кирилично) со жесток напад на новинарите, кои стојат позади документарецот.

    Ќе го цитирам постот во целост објавен на неговиот јавен Фејсбук профил. Тоа е негов личен став и негово авторско право. Јас само цитирам.

    „Само малоумен би поверувал на било каква сторија од курвештиите на Велија Сашка Цветковска и Маја Јовановска.
    Многу кратка меморија, бе! Заборавивте кога цркаа по полицајците пред влезот на рекетарската А1 дека се наводно удрени?!
    Било каква летимична анализа на нивниот "проект" открива апсолутна лага, непрофесионалност и рекетарство.
    Како и Велија на времето, користат трагични човечки судбини за бескрупулозно рекетарство“.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.