1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нечиста крв - истражувачка сторија за методите на лечење на Жан Митрев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mikha4, 17 јули 2022.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    22.680
    Зашто не сум дома, видеото ќе го гледам вечер/деновиве, па ако може да кажете каде да го најдам.

    Ама вака ќе прокоментирам општо.
    Знам се сеќавам кога фатија да примаат таму ковид пациенти работата беше демек пробале на пациент кој бил во мноогу тешка состојба, на респиратор, пред умирање, наводно да пробале оти и онака друга надеж немало. И наводно човеков го вратиле од мртвите. Па после излегоа и други слични статии дека други тешки пациенти успеале да излечат со тоа. И така народов од очај идеа натака, просто беа воодушевени.
    За Жан...не знам отсекогаш сум имала одбивност према луѓе од било која сфера што немаат никаква скромност. За хирург и кого спасил не знам, ама она што зборев пред некој ден, што сакаш биди, ако на едно место си ѓубре, секаде ќе си. Значи филмов уште не сум го гледала ама гледајќи по коментарите, не ме чуди искрено.
    На луѓе им бараа мислам по 10000 евра однапред САМО за да ги примат во болница, баш многу кажуваа- го носиме, ни бараат толку и толку да почнат со лекување. А со "методов" уште толку им се пружи прилика да лапаат пари.
    А луѓе што велеа дека им ги умреле блиските намерно, будали ги правевме.

    И многу ми беше смешен (трагично смешен) кога имаше негде кажано или пишано дека сметките за струја им биле високи во болницата и едвај плаќале. Абре ај.
    Не знам зашто ама осеќам некое чудно задоволство кога доктор кој е ѓубре ќе се разоткрие од народот на велико. Оти друго се ултра богати бизнисмени кои од старт знаеме дека целта им е пари. Ама за доктори што ќе згрешат никогаш не смееме лошо оти "ама хумани", "ама платите", "ама многу учел" и мора да се почитувани под секој услов.
    Навистина ќе се радувам ако му пропадне кариерата и угледот пред цел народ ако е стварно таков каков што зборите овде.
     
    Последна измена: 18 јули 2022
    На Victorian, Dumbledore, marchi-cool и 3 други им се допаѓа ова.
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Јас сум запрепастена што новинариве не се сеуште уапсени и што им се дозволи на Мтв да го објават тоа, друго ништо не ме чуди во оваа држава. Дури и кога мислиш дека не може полошо нешто да нѐ снајде, во МаЌедоња секогаш може.
     
    На Lining и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    8.946
    Пол:
    Женски
    Работата на новинарите е да објавуваат вакви стории . Нема зошто да бидат уапсени ,секаде во светот истражувачкото новинарство е број еден , тоа што кај нас не е, е наш проблем ,нас таква ни е државата па ни е таква.
     
    На mama*rose, Oneo, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Ми се допаѓа тоа што со филмов, се отвори конверзацијата и луѓето сега имаат шанса да ги споделат лошите искуства со Жан Митрев, што досега биле принудени да ги кријат.

    Живееме во многу несигурна држава. Не знам што уште треба да се случи, за да ни стане јасно, колку е катастрофа здравството, а и општо квалитетот на живот. А и да се освестиме, не знам како би се допринело за промена. Денес Жан Митрев, утре друг ќе биде. Мислам дека колективно имаме влезено во круг, од кој никогаш нема да излеземе.
     
    На Oneo, WildMk, lovemme и 9 други им се допаѓа ова.
  5. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Женски
    57 минута.. ,, Од 2002 до 2021 година, клиниката ,,Жан Митрев'' пријавила 32 милиони евра добивка. ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ИЛИ 17 МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИВКА Е НАПРАВЕНА САМО ОД ДВЕТЕ ГОДИНИ ОД КОВИД ПАНДЕМИЈАТА, ОДНОСНО 2020 И 2021 ГОДИНА.

    Не знам што треба да се каже повеќе... профитери - НЕлуѓе!
     
    Последна измена: 18 јули 2022
    На WildMk, Reina.Gitana, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Не можам да го гледам видеото од ХХ причини судејќи според вашите мислења се работело за геноцид врз луѓето.

    Ауу страшноо
    И оди после верувај на доктор.
     
    На marlonbrando69 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Машки
    Открија дека водата е мокра па сеа народот као демек изненаден.

    Митрев треба да одговара за се (аха, мало морген), ама тој е само делот од сантата мраз кој се гледа; за да он, Камчев, Лазаров и останати пријатели го дерат народот треба и имаат институционална поддршка/политичка потпора од Заев, Филипче и ред други. Подобро да не почнуваме муабет за Пановски и Зегин, е на нив ни борците за права од УЧК не можат да им се фатат.

    Но во ред, интересно беше и треба да има се повеќе вакви истражувања, сега чекам по еден документарец за Ремедика или за државна. Или па за редовното плаќање сметки во Арачиново и инвестицискиот бум во Грчец благодарение на трговијата со брашно.
     
    На marlonbrando69 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  8. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    Да бевме една нормална држава денес ќе беше болницата Жан Митрев под клуч, и ќе беше спроведен на испрашување, затоа што она се сериозни обвиненија за кои се одзема лиценца и се оди во затвор, плус оштета на фамилиите, ама не миленикот на сите власти мува не го лази, слушнал на телевизија, од рекла казала слушнал дека е успешен методот. Сите до еден треба да одговараат од Венко до новиов назначен што и не е соодветен по струка за да води здравство али да не сум офф топик. Се надевам дека ако не постои правна правда, ќе постои божја правда и то што е можно порано. Јас сум згрозена и потресена од ова, затоа што сите познаваме барем една личност што во пандемијата почина во т.н клиника на академиков
     
    На Oneo, Reina.Gitana, Victorian и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.617
    Пол:
    Женски
    Кога ја разгледувам FB страната на Жан Митрев навистина добивам импресија на професионалност, знаење, врвна грижа за пациентите и сум воодушевена. Се сетив дека имам далечна роднина чие дете оперираше срце кај Жан Митрев, можам да кажам дека и го смени и продолжи животот со повеќе тешки операции. Тоа е за почит.

    Како да не сум разочарана, уствари прво како да си склопам во главата дека истиот човек спроведува хемофилтрирање со 3 различни цени, ко пакети за интернет? Си рекламирал магичен лек со 0 речник на изразување. Целиот имиџ на болницата е навистина некој феноменален маркетинг трик, запрепастена сум.

    И уште нешто. Тие скандали со син му... не е само до крвта, до воспитувањето и учење од пример е. Којзнае какви монструми се...
     
    Последна измена: 18 јули 2022
    На Oneo, Victorian, Dumbledore и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    379
    Не сум го изгледала филмот но го имам во план и не знам кој го поткрепил но како толкава сигурност во медиуми?Ги потврдил ли некој овие обвиненија??
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    Целиот филм е поткрепа на обвиненија. Гледај го ќе ти се разјасни.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.383
    Пол:
    Женски
    Погледни го интервјуво и кажи дали имаш ист впечаток, неелоквентнен, зборува на дијалект, не знае една просто - проширена реченица да сврзе, добиваш впечаток дека станува збор за човек кој продава чушки и френки на пазар а не најугледен кардиохирург во земјата.
     
    На cresa-jagoda и Srckata28 им се допаѓа ова.
  13. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски

    Ако е точно тоа, има врска - брат му на Заев е познат по тоа забивање нож у грб, па правење профит.

    Не го бранам Жан ни најмалку, али овде смрди нешто. Обично нашиве новинари немаат толку храборост за откривање на вакви скандали, освен ако не се добро платени. За жал .

    Немаме асално новинарство, немаме здравство, немаме лекари уште помалку институции кои го спроведуваат законот.
     
    На Victorian, zuto, Konfetka и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не е спорно дека тој е добар кардиохирург, но сѐ ми се чини дека прескапо го плаќаме. И зар само тој е во државава?

    Ми излезе ова на ФБ:
    https://nezavisen.mk/детската-кардиохирургија-се-сели-во-п/

    Затворена е скроз детската клиника и префрлена сосе кадар кај Жан Митрев. И секако ние го плаќаме сето тоа. Како може да е поисплатливо да плаќаш ваква скапа болница наместо да инвестираш во тоа што го имаш и во интерес на народот.
    Секако клиниката нема абер од реотварање на државна, затоа што некој направил бонбона зделка.

    По ова немам ни тронка сомнеж дека државното здравство е систематски уништувано во полза на приватниве профитери.
     
    На CameliaMiller, Oneo, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.285
    Допаѓања:
    37.163
    Пол:
    Женски
    Јас немам срце да го изгледам. А што е со син му на Жан Митрев што го спомнувате цело време?
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.617
    Пол:
    Женски
    Се што јас читам е дека човекот во затвор нема да оди, на страна тоа што е штитен, туку децата нема да имаат кај да се лекуваат и да прават операции. Ех.

    https://360stepeni.mk/makedonetsot-obvinet-za-terorizam-vo-germanija-e-sinot-na-d-r-zhan-mitrev/
     
    На Anah и Mikha4 им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.420
    Допаѓања:
    120.601
    Пол:
    Женски
    Инаку интересно е што семејството на човекот кој починал од бактерииве и кои го покренаа ова, е добростоечко семејство од Велес, и човеков бил стопанственик и член на Општината. Ме интересира, да не беше он тоа што беше, да немаа сила семејството да се јави и да каже се ова, дали ќе се дознаеше? Дали некој кој нема тако речи грб ќе смееше да се дигне против Жан Митрев? Одма ќе ги замолчеа.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Очигледно не ги пратиш ниту ИРЛ ниту Сашка во сѐ што имаат истражувано и објавувано во последните скоро 10 години. Таму има материјал за ЈО да се занимава уште толку, но они постојат само за криминалциве да ги бранат.
     
    На CameliaMiller, Принцезичка1, khali14 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    379
    И мене ми е чудно особено што има многу пациенти со позитивни искуства. За цените превисоки се тоа си стои.. ајде да видиме дали ќе остане само филм или ќе одговара навистина..
    Не само оваа болница, особено во почетокот на корона период цело здравство има грешки и за жал згаснати животи.. многу треба да одговараат
     
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Наводно повеќе семејства започнале процес на тужба, но сите се откажале лани.
    Се надевам сега дека ќе се охрабрат пак.

    Што и да се случи со него, а се надевам ќе скапе во затвор, не треба во никој случај да се одрази на болницата, вработените и пациентите.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.