Нечиста крв - истражувачка сторија за методите на лечење на Жан Митрев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mikha4, 17 јули 2022.

  1. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски

    Разликата е само илјадници евра, продадени станови, коли, куќи.
     
    На Victorian, _beautyy_, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.627
    Пол:
    Женски
    Еве некој си текст од перспектива на некој што го брани Жан Митрев.

    32ef510af8ca90dc54f8000a2e2b61b7.png

    Иако мислам дека сите сме во бунило поради тоа што човекот навистина спасил животи од една страна, не можам да се согласам воопшто со напишаново и отфрлање на сите докази што се прикажани во емисијата. Дури и е дрска госпоѓава со тоа величење на ЖМ и како треба сите да сме му благодарни.

    Коса ми се крева кога ќе прочитам тоа дека сами сме си криви, цело време сме си за нешто криви ама еве во темава сме криви како народ што ова смеело да се случува, во текстов сме криви што уништуваме доктори со клевети. (facepalm)

    Не знам како да и објаснам на женава дека тоа што е добар кардиохирург не му дава за право и не го исклучува криминалот на такви нехумани клинички испитувања. „Клеветите“ не доаѓаат само од надворешни извори, самиот човек беше седнат на интервју и не знаеше (не сакаше) да одговори зошто во извештаи не ги напишал бактериите присутни кај пациентите.
     
    На mira.mira, _beautyy_, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Па кога му рече новинарката, извештаите ги пратил во странство каде што сакал пациентот да го продолжи лекувањето, во странство ги пратил без наведено дека ги има бактериите.
    Па уште луѓето комуницирале и по телефон, сигурно, еве, им кажал он по телефон дека ќе им прати човек со пет бактерии во него.(facepalm)
    Затоа извештаи официјални се пишуваат, за другото онака лабаво, по телефон да си кажеш.
     
    На mira.mira, Oneo, Mr. Scratch и 17 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Што го величат дека спасувал животи па сега му е се дозволено? А овие што ги убил? Или ај фифти фифти сме сега.
    Синкир без пари праеше операции па Бог ќе го правиме.
     
    На mira.mira, Oneo, Mr. Scratch и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.551
    Допаѓања:
    13.894
    Кога излезе за мазутот, падна тема на муабет со жена што работи истражувачко, ама таа работи обични теми, не чепка по криминали, за да не ја влечат по судови, и само рече дека не сака да коментира работа на колеги, ама не е како што народот мисли и ми посочи дека се поклопи сторијата со проблем на граница, царина со мазут, така нешто. Дали и сега во муабетите за некои клиники, тајминг, рекети, и тоа што се коментира има нешто или е случајност, обичниот народ нема да знае. Останува на институциите. Времето ќе покаже.
     
    На 9797 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Што ќе ѝ објаснуваш. Од величење на луѓе и правење идоли од нив си патиме.
    Ако ја гледала сторијата ќе видела уште на почеток дека државата му отстапува милиони средства, зграда и персонал за тој да си ја покаже добрината спрема нас, еееј (facepalm) не дека е дебело платен за истото.
    Исто така, барале да потврдат во Германија тоа што наши весници го пишувале пред да се врати, као некој голем експерт бил таму, ништо не нашле за да ја поткрепи репутацијата која ја набилдува овде.
     
    На Oneo, Mr. Scratch, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    19.728
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека тоа што тогашниот министер и премиер молчеа за методите на Жан и не превземаа ништо имаа корист. Кај што бургија не буши пара буши..За интрахоспитслни бактерии си има протокол строг протокол како се постспува кога ќе се откријат. Несомнено е дека се " донесени" од страна т.е од друга болница, неиспитани пациенти примени кој ги шират тие бактерии. Тука се мисли за неправилна и недоволна хигиена на болницата и медицинскиот персонал ( менување на раквици и опрема после работа со еден пациент, значи мора нов пар ракавици за секој пациент да се има) што не верувам дека баш се држеле до тоа. Зошто не правеле самоконтролни брисеви во болницата во делот каде се наоѓаат ковид пациентите зошто при вакви ситуации има голема можност да се размножат. Зошто не пријавиле дека имаат интрахоспитални бактерии, зошто немаат комисија за тоа како болница и зошто не превземале ништо си има протоколи за тоа. Дали ги игнорирале или не ги знаеле што би било чудно. Не за џабе во многу држави нема приватни клиники, зошто најчесто се пералници за пари. Дека ќе одговара Жан и тие што замижале на сево ова не верувам.
     
    На mira.mira, Victorian, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    И што викаш, да си ја чуваат во фиока ако не. Нека си молчат сите новинари во земјата и нека пишуваат само за хороскоп.
    Стварно ли мислите дека без докази и документи ќе објават вакво нешто.
    И ако било нешто измислено и со намера објавено во друга сторија, мислиш дека немаше да ги тужат. Или си објавуваат без консултации и правен тим?
    Во самата сторија цитираат наоди од фда и производителите на машините за хемофилтрација дека се ствараат бактерии при користење на истите и е една од причините зошто методата ја препорачуваат само кога сите други опции се искористени, односно кај пациенти во тешка состојба. Додека на шалтер при прием на пациенти кај ЖМ ги продаваат како пакети иако овие сеуште не прегледани од доктори.
     
    На CameliaMiller, Oneo, KateKane и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.551
    Допаѓања:
    13.894
    Во Македонија се може да се направи, не ми е чудно, но ако евентуално се работи за хајка, не можеме да знаеме, нити тврдам, хајка не се прави без поддршка од некој. Пријателката моја има и награди за истражувачко, ама нема никогаш да чепне кај некој како Жан Митрев. Дали е до храброст, грб, ич не знам.
     
  10. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.869
    Допаѓања:
    60.030
    Пол:
    Женски
    Само што го изгледав цело видео. Страшно.
    Најголемото разочарување ми е дека сите тие диплоими и титули му биле купени...многу поразително, многу..;(
     
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.832
    Допаѓања:
    18.667
    Пол:
    Женски
    Нека си ги фрли наградите штом не истражува вакви стории.
    Не е хајка, вистина е поткрепена со факти. Академик со потврда од Благоевград, од установа која не ја признава државата. Доктор кој не пријавил клинички бактерии и не знае дека не се пријавени. Ке проверел. Доктор што ке прати пациент на лекување во друга држава без да наведе 5 бактерии од кои 2 многу опасни.
     
    На CameliaMiller, Oneo, Pixi5 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.869
    Допаѓања:
    60.030
    Пол:
    Женски
    па ова е следна тема за размислување!!! Кој е навистина човеков? кој сите го продржуваат со сите политичари исликан..а и новинариве овие во емисијава дали имаат грб или навистина си земаат огромен терет?? многу прашања, многу...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.832
    Допаѓања:
    18.667
    Пол:
    Женски
    Му дале 24 милиони германски марки и објект. Си дошол сам да каже дека е најдобриот во Германија и сите си зеле здраво за готово дека е.
     
    На mira.mira, KateKane, lovely91 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    12.261
    Пол:
    Женски
    Секаде личностите што се занимаваат со истражувачко новинарство се под постојана закана, дури има и случаи каде што се убиени, затоа секој не влегува во такви води. Кај нас темите кои што ги начнуваат како Лупевска не се толку сериозни, можеби имаат закани, но не навлегуваат во вакви криминали каде некој си игра сериозно со здравје. А за грб сигурно имаат, не е ништо случајно, затоа нека институциите посериозно поработат со овие обвинувања. Не верувам дека не се точни, сепак се поткрепени со докази. Никој не би ризикувал да објавува онакво нешто без сигурен доказ и тоа на национален медиум, МРТ не е приватна телевизија па да кажиме еве некој пикот му го има земено на Митрев, знаејќи дека ќе биди кривично гонет со оглед на сериозноста на случајов
     
    На stranger2, Oneo, Reina.Gitana и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.551
    Допаѓања:
    13.894
    Само како пример го спомнав Жан Митрев, тој е сега тема. Не би се чепнала со никој криминалец или моќник. Таа истражува на пример за невработеност кај Роми, Ромки кои немаат матичен гинеколог, земјоделски субвенции, и кажува дека бара многуу ангажман. Таа може да се чепне, ама да не биде после стан да продаде за отштета да плати и без кров над глава да си остане. Општо зборувам, знаеме што судство имаме.
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.359
    Допаѓања:
    90.279
    Пол:
    Женски
    Дека не е добар доктор колку што беше политичар знаев уште од почетокот,кога му почина пациент во првите операции, а операцијата успешна.
    Љупчо Г точно кажуваше за Ж.М.
    Е сега тука има повторно политичка игра.
    Новинарите не би го објавиле без заштита од некого.
    Ова е потоп и клуч за болница која бесплатно ја доби овој уништувач на јавното здравје во МК.
    Следна сторија не е лошо и за Систина.
     
    На mira.mira, CameliaMiller, Sofronko и 5 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Шо мислите, ќе одговараат инволвираните во криминалов, или не?

    Јас мислам дека нема.
    И дека ќе се заборај, ко секоја друга трагична случка во државава...
     
    На mira.mira, lovely91, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ButterflyQueen

    ButterflyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Жалам, но медицинската мафија иде многу подлабоко, него ли само што се прикажува. Жан Митрев е само barely scratching the surface. Што побрзо ги откачите белите мантили, толку во иднина поверојатно дека ќе си спасите нервози, страдање, финансиски средства, и најбитно, вашите блиски.

    upload_2022-7-18_12-9-23.png

    https://www.facebook.com/zoran.trpc...Wm1EgNxgidSXCj9RbUeLXChHRscPtRUdC4T3Hw6ufzzMl
     

    Прикачени фајлови:

    На Harper, mira.mira, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Хорор преживеан од страна на пациентите;(
    Многу луѓе изгубија цели имоти, кредити и што ти не, само да се спасат, и на крај пак ништо.
    Нечовечен и нехуман однос, стока невидена испадна ЖМ.

    Само ме интересира на кој му згазна на жуљ и ја нарача емисијава против него ?!
    Дали е ова некоја медиумска војна, бидејќи се слуша дека Зоќи и Филипче сакаат да ја купат Ремедика?
     
    На lovely91, nextredstyle, Directioner005 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Точно....истражувачко новинарство подбутнато.
    Ако бил толку добар доктор,како што многу сведочат, тогаш несомнено знаел дека експериментите што ги прави се обична представа....веројатно бил уценет,можеби токму со лажните титули што си ги доделил...или којзнае што..
    Парите си ги делеле секако...огромни пари се свртија за време на пандемијава...многу лекари си ја продадоа својата чест,некои додуша излегоа обични незналици, ретки само останаа смирени и достоинствени во својата професија...

    За новинарството,не ми се ни зборува....

    Како и да е, ова "разоткривање" нешто говори.....да се надеваме дека не решиле да ги исчистат траговите.
    Убаво би било болницата државна да стане, обичниот човек да се лекува во неа...
     
    Последна измена: 18 јули 2022
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.