1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нешто лошо сте направиле,а при тоа не ве откриле

Дискусија во 'Насмевка' започната од stefigirl, 4 април 2012.

  1. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    123
    Епа ја прва да пишам
    хмм..
    Eднаш со дрштво преку лето се зафативме ај кје полниме балони со вода и кје ги маваме лугево
    хахаха тоа и го нарпаивме едно недела дена тоа го праивме и не не фатијаа хахаххахахаххахахахха
    EVIL!!
     
  2. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    25
    Во училница имаше една стаклена чаша која беше навистина убаво украсена.Јас со другарите и другарките игравме со топче и несакајќи топчето летна и право во чашата.Таа падна и се скрши,а чашата беше на децата од нижите одделенија. Никогаш не се дозна кој ја скрши чашата. :D
     
  3. barbiegirlll

    barbiegirlll Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    19
    Ме изнервираа домашните и им варев кафе и на сите им се исплукав во филџаните.:D:D:D:D
    поубаво здравје :))
     
    На GymGirl❤, buba4e89, Osamena devojka и 10 други им се допаѓа ова.
  4. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    Во второ одделение,наставникот праша кој знае да шета в чаршија |( И јас и една другарка (таа одвај 3 пати од дома излезена) Креваме рака и не виде,и ни вели да одиме да му купиме лекови...И ни објаснува каде е аптеката а ни јас ни таа ништо не свакаме :sweat: :sweat: тераме низ чаршија(инаку незнаеме каде ама ајде)И ни беше срам да му кажеме дека не знаеме каде е аптекава..И мене ми текна да му речеме дека било заклучено :D :D Се вративме и му рековме дека е заклучено.Тогаш прати едно друго дете..Ние се препотивме,што ке велиме сега?!Исе врака детево и вика „Наставниче заклучено беше"..ЕЕЕ ТОГАШ ДУРИ ДУША МИ ДОЈДЕ!Нашата лага била вистина :D :D Можеби ова не е кизнај каков лошотилак ама..
     
    На buba4e89, sugarlips, angelche16 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Му е намачкав на професорот кредата со коректор,и тој незнаеше дека сум јас.
    А еднаш во основно и истурив сок или вода незнам што беше,на учителката на столот и пак незнаеше дека сум јас.
    :D :D :D :D :rofl: :rofl:
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Во основно заедно со една другарка на вратата од кабинетот по музичко напишавме со големи букви ПОРОДИЛНО :lol: Нормално наставничката не ни помисли на петкашките од прва клупа :D И така фино лепо обвини еден школски багабонт кој беше принуден со сунѓерот да ја брише вратата, убаво да ја истрие ништо да не се познава :| А вистинските виновници се смешкаа придружени од цел клас :rofl:
    тоа му беше враќање за многуте клоци што ги имаме јадено од него :devil:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ако веќе збориме за школски глупости, јас на сите што не ги мирисав им лепев на столче од оние евтинине и ептен лепливи мастики Taxi, ако ги паметите. Цели пет денари беа!
    Така, полека, подмукло, ќе си се провлечев уз смешка и убаво ќе ја залепев, ќе им ја шљакнев на столче онака мераклиски.
    На тие со кратка коса ја лепев долу, за да си ги залепат панталоните, а на другиве ја лепев горе, на потпирачот за грб. Ма, мајстор бев за камуфлажа! И после сакаш ли ми ти урлање и шишање.
    Ако некоја случајно се препознае - поздрав, не било без причина. :hai: :D

    На професорот по физика му бев ставила притискач оти неќеше да ми пише петка дури не решам, како што тој милуваше да ги вика - задачка, а неговите задачки цели 45 минути се решаваа. |(
    Го откачив од хамер и му го лупнав на столче. Иде човеков, седна и - се здрви.
    Пробуваше да не направи гримаса или да викне, ама фацата го издаде. Е, не. 8)
    Школски што често се расправаше со него, настрада поради мене.
    А знаеше дека сум јас, ама не ме издаде. Само и ден-денес кога ќе ме види, ми префрла и се смееме.

    Ова не е мое, туку е на мајка ми, ама при секое спомнување, рака и’ пружам за стореното.
    И ден-денес е таква налудничава и иновативна, ама на младост била паљевина. :lol:
    Имала дечко што претерано го сакала, а тој бил така малце дигнат и многу милувал да добива внимание од повеќе женски истовремено. Ама нашол со кого да ја игра таа игра.
    И нормално, пар како пар, мајка ми го викнала да излезат заедно, ама тој се правел не му е добро и демек дома ќе останел, а таа да си излезела сама. Но како што на лагата и’ се кратки нозете, се начекале господава на исто место.
    Типчево позеленело, не знаело како да се правда, а мама наместо да изреагира бурно ко и повеќето, таа смирено, полека му рекла дека нема врска и дека не му се лути, па уште и се понудила таа да купи пијалок за да покаже демек дека не е лута. Секако, типов сиот среќен прифатил.
    Дури да се врати мама, тој веќе играл со друга! :!:
    Оваа само ладно му го дала пијалокот (вино чинам беше) и го фатила да играат. По 15ина минути типот почнал да прави гримаси, да се влече, да се витка...и ко да видиш што е проблемот, му течел пролив по нозе, се` околу се усмрдело!
    Големото откритие: Нели пред 20+ години, порано почнувале тие нивни излегувања, па се` било отворено. На мајчево му светнала идеја и си отишло фино, лепо до аптека, купила некакво масло за протерување и му ставила во пиењето.
    На крај го опцула и така го оставила изруган и посерен!
    Типов, јасно, не знаел од што го протерало, ама и после толку години кога ќе ја види низ град, се мршти. Непребол! :rofl:
    Мајче... :bow:
    Е тоа ви е беља во секоја смисла на зборот. :lol:
    Камо јас да бев барем 10% на неа за тие работи, ќе цветав на секое поле. :D
     
    На buba4e89, Leo girl, Dr.Zzz и 20 други им се допаѓа ова.
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    И ги запалив цвекињата на професорката по историја :D
    Постара жена, пред пензија, а многу сакаше цвекиња, цела училна цвекиња попрво би рекол цвеќара е не училница.
    Нон стоп не реметеше да ги поливаме, обично машкиве и истураа вода по подот демек да се лизнела.
    Знам имавме физичко па историја, и приметив машки спреј на клупа, и фино лепо си земав упаљач, шприцам од тоа спрејот палам со упаљач и цвекињата за минутка пожолтеа :D
     
    На Dr.Zzz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    еднаш имавме гости дома (јас имав 13 години) и се ај кафе јас да однесам и чекам мајка ми да наполни и јас запнав да дувам во една од кафите и како дував плунката во кафата....а кафата за еден стар човек никој не откри..... ]:)
     
    На Twetty.swetty му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Па искрено доста глупости сум направила а важев за мирно дете... :)

    1. Како мали со другарка ми во еден двор ги искинавме сите цвеќиња бидејки жената што живееше таму секогаш ни викаше да одиме да играме на друго место сме правеле многу галама. :lol: Сите деца од маалото ја мразеа а оваа цел месец неможеше да се совземе од случката. :rofl:
    2. На училиште правевме некоја вежба па потребниот материјал требаше да се нарача од една продавница. Јас бидејќи не си нарачав отидов во продавницата и се претставив како да сум нарачала. И нормално за мене имаше а за една што си нарачала немаше. Се испокараа со другарка и оти мислеше дека намерно не и порачала а јас пукав сеир... (која идиотка сум била) :tmi:
    3. Во средно откако професорката ни ги подели тестовите видов дека ми фалело многу малку за повисока оценка па си допишав уште едно прашање а оваа мислеше дека навистина е нејзина грешка и ми пиша повисока... :party:
     
    На La.Reina.Del.Sur, Glossy-girl и Alesii им се допаѓа ова.
  11. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    хехехехе не да се фалам дека немам направено лошо, ама има еден случај кога бев помала некаде 10 години и игравме надвор собрани деца и една вечер крадевме цреши :$ ,и не виде жената и не караше и појдовме другата ден и сите цвеќиња и ги искинавме, а таа обожаваше цвеќиња :lol:
     
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    На братучедка ми кога бев кај неа на гости и стигна порака, и јас и ја прочитав, и после се јавува таа што и ја пратила и ќе се испокараа на телефон, зашто нели откога ќе ја прочиташ не ти се покажува. :tmi:
    На едно девојче и ги избришав сите слики со Џастин Бибер од телефон. :rofl:
    Во школо имавме час во кабинет техничко, и искршивме клупа, ама среќа не не открија. :whew:
    Пред 2,3 години на едни офци им го хакнав фб-то, и после урлаа, се дереа, се прашуваа кој им го хакнал, ама на мене не им текна, среќа. :wasntme:
     
  13. Caitlin

    Caitlin Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    26
    Братучет ми остави пари на масата за после дека ќе одел негде со девојката.Беа над 1000 денари :!: Ја љубопитна гуска со цел памет ги земам парите и го отварам прозорот и мафтам со раката:Гледајте,вриам од пари,милионер..И одеднаш да ми паднат парите :fubar: Тогаш иде братучет ми а ја шпринт во соба.Ѕиркам од вратата (подотворена) а он цел изнервиран со парите во рака и вика кој ги фрлил парите?Пола од нив биле изгубени пошто имало и ситни :D
     
    На GymGirl❤ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    910
    Дома имаше едни роднини, ама јас баш тие не ги сакам и ме нервираат и наместо шеќер во кафето им ставив сол :lol:
     
  15. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Ах за вакви глупоштини меѓу првите сум.. добро, не бев до толку палава и немирна како дете, ама со брат ми како мали свашта сме правеле..леле кога ќе ми текне...море уште сме си ние такви у паметот, ама не не личи со годините :D
    Прва работа што ми текна е, една од подобрите, ќе ги земевме тие малецките златни ласерчиња што беа во мода, тие што цуцето на крајот им се менуваше па се ставаа други такви на ласерот и имаше форма, срце, маче, гола женска итн итн :D , ама ние го користевме обичното, и бидејќи живееме на 5ти спрат, ќе излезевме со брат ми навечер на тераса, и ќе им светевме на луѓето што поминуваат доле :D резил. Кое смеење паѓало неможам да опишам :D свети пред нив луѓево се вртат, се чудат што се случува..едни погледнаа нагоре, али ние нормално се скривме... :lol: за други ќе пишам друг пат
     
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Во основно, таму негде 2ро-3то одделение, со најдобрата другарка, меѓу себе си се викавме „Лошка“ :D а и имавме причина за така да си се викаме.

    Имено, не се дружевме со никој од одделението, и секогаш сплетки им правевме на сите. Ми текнува еднаш, на еден школски му ги украдовме сликичките од фудбал (од оние албумите што се пополнуваа) и и ги подметнавме на една што ич не ја сакавме, во ранец и ги ставивме демек таа ги украла. Школскиов за коса кога ја грабна... леле пуздер :D
    Друго, обично девојчињата од клас, си носеа ЦД-иња во школо за на одмори да си слушаат музика и си измислуваа кореографии. И така еднаш, додека другиве уште беа во трпезарија на ручек, на другаркава и текна да го изгребе со пенкало ЦД-то за да не им свири :rofl:
    После им крадевме од гумичките, и им ги криевме на катедра кај наставничката или ги фрлавме низ прозор. :lol:
    Им праќавме писма на некои од машките, во име на други девојчиња :D среќа не не откриле :D

    Е, уште нешто што стварно нема да го заборавам, и до ден денес се смееме со другаркава за ова.

    3то одделение, на екскурзија во Преспа мислам бевме, и сега на враќање, пола деца собрани во автобусот, кога на другаркава и текнува да се врати до хотелот, демек заборавила нешто. За 15тина минутки, се враќа, жива среќна :D окезена од 6ка до 6ка. Ја прашувам што е што се смее, и следи одговор: „На *другарот што не го љубевме многу* му го зедов клучот од неговата соба, го скрив во на *школската што не ја сакавме* собата, нема да го најдат таму“ и си се пукна од смеење :D после следуваа расправи со наставничкиве, и со собаркиве од хотелов, па школскиов плаќаше казна дека го изгубил клучот, другаркава мува не ја лазеше :D


    Другачке ако се препознаеш - Поздрав! :lol:
     
  17. Lily52

    Lily52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    36
    Има мнн :)
    Ама ајде ке го кажам овоа ..
    Кога бев мала мев скршла рамката у децката и некав на никојј, а исто така и чаша за Шампајнско :)
     
  18. Lily52

    Lily52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    36
    Има мнн :)
    Ама ајде ке го кажам овоа ..
    Кога бев мала мев скршла рамката у децката и некав на никојј, а исто така и чаша за Шампајнско :)
     
  19. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Со моите другари бутавме канти низ сокаците и никогаш не не открија :D

    Се сеќавам отидовме во еден темен сокак каде што нема жив човек,и сите канти што ке ни се најдеа на патот ги бутнавме,но утрото дента ко ништо да не е било луѓето си го собрале ѓубрето :D
     
  20. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Истуривме вoдa и јa сoпнaвме нaстaвничкaтa тaјa пaднa јa скрши рaкaтa и не не oткри декa сме ние (fingers):whew: