1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не знам како, но го изгубив!

Дискусија во 'Разделби' започната од One-Girl, 22 јули 2012.

  1. One-Girl

    One-Girl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Заедно бевме 1 година. Поминавме низ кавги, низ среќни и не толку среќни мигови. На почетокот се затрескав во него, за разлика од него-тој не ме сакаше онака како што јас го сакав. 2 месеци бевме разделени и тоа беше доволно за тој да ме засака онака како што јас сакав. Ме обожаваше, правеше се за мене, ми попушташе, беше слатко љубоморен, ме запозна со неговите и јас со моите... Но, овојпат јас не бев толку загреана, како да сакав да му вратам за ,,лошиот почеток``. Му водев инат, за се му се лутев, некогаш ми беше одбивен, но длабоко во мене знаев дека го сакам и дека без него нема да можам. Последниот месец се се смени..тој стана толку нервозен што за секој мој лош збор се нервираше (порано ми попушташе), почна да се нервира за колегите на работа, почна да се нервира за се. Сфатив дека претерав и почнав да се однесувам поинаку, покажував дека го сакам и дека ми е убаво со него. Еден ден му се слошило и заминал на болница, на психијатрија-докторката му рекла дека мора да се оттргни од мене барем некое време инаку ке полуди. Ми го кажа тоа, ми рече месец-два да не се гледаме, прифатив, знаев дека сум виновна. Но, таа вечер требаше да се слушниме за последно, тој не се јави. Му ѕвонев, но ми исклучваше..дознав дека др ден пак бил на болница(потоа дознав дека бил на контрола), се уплашив и упорно го барав. Ми се јавуваа негови ваљда братучеди кои ми се закануваа и ми велеа како јас го уништив! Ме избриша и ме блокира на фб, ме избришаа и неговите другари. Него го нема, само ми се јави еднаш и ми рече- крај е, готово е меѓу нас, морам да исклучам. Кажете ми што да правам, дали да чекам и да се надевам дека пак ќе сме заедно или пак да го заборавам? Чувтвувам дека ме сака и дека му е тешко или...не знам! ПОМОШ!
     
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Прво маста си му ја извадила на детето, и после си сфатила дека не треба така.
    И не знаеш како го изгуби? Стварно? :D |(
    Ќе му враќала она оти он на почеток не ја сакал.
    Оди седни си таму на газот и остај го човекот да дише, не ти се ова шпански серии па после опоравување да ти се фрли в прегратки. Опамети се. |(
    И друг пат пред да отвориш тема провери, имаш теми каде што си можела да го пишеш мислењево.

    НЕ ГО БАРАЈ И ОСТАВИ ГО ДА ЖИВЕЕ.
    Јас да сум на негово место не би сакал да те погледнам после ова што си му го правела. |(
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. spasovskaa

    spasovskaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Мислам дека треба многу да се размислува како си го изгубила.
    Остави го дечкото да ужива во животот ако го сакаш толку како што кажуваш.
     
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Искрено, ти дека имаш дел во вината, имаш, ама до толку човек да полуди не ќе да е само до тебе. Му фалело на него некоја даска уште од порано, ти само си ја прелила чашата најверојатно, заедно со колегите од работа. Стресот денеска знае да направи многу глупости и мислам дека нема место за неговите да те обвинуваат тебе за неговата состојба. И би ти препорачала да го заборавиш, да се тргнеш од него, утре којзнае може и рака да дигне на тебе, не дека дискриминирам ама се знае дека таквите психички лабилни личности се склони кон насилство.
    А ако на почетокот ти „си му ја вадела маста“ како што вели Џинџер, тој можел слободно да ти раскине за да не мора да го „расипеш“.
     
  5. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ако стварно го сакаш како што велиш докажи му го тоа, не го беарај, остави го, ако тој те сака верувај ќе те побара кога тогаш, не биди упорна и остави го да се опоравува, остави го да живее, знам тешко е но ако сакаш да е среќен тоа ти е единственото решение...
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека те излажал дека бил на психијатар и дека го советувале некое време да не се гледате, бидејки не знаел како да ти каже дека не сака да биде веке со тебе, ниеден психијатар така не советува посебно не ако станува збор за вакви, да кажам несериозни проблеми.. Не може од толку проблеми што имал, колеги на работа, итн. докторката да те посочи ТЕБЕ како причинител на неговата лоша психичка состојба! А и остави ти тоа другари негови што ти кажувале дека ти си крива, кога машко сака да прекине а нема муда, и не знае како, тогаш е спремен на секакви глупости, па и да ги натера другарите да ти се јават и да ти кажат така. :)

    Ова е само мое мислење немора да значи дека е така, изблефирај го кажи му дека знаеш дека не бил на психијатар, и види како ке се однесува. :)
     
    На Miss.Ricci, cvetce93, Micheleljubov и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Јас искрено не верувам во сите тие срања со болниците и психијатрот, па и со тоа дека мора да се отргне од тебе. Абе ајде. Можеби на него му скиснало од тебе и од твоето понашање па не знаел како да ти раскине и го наведол оваа како причина. Сепак јас велам можеби, не дека тоа сигурно е така. Тој најубаво знае што е и како е. Мислам дека сега ќе е најдобро да се тргнеш на страна барем 1-2 недели и да видеш што ќе се случува. Можеби ќе дознаеш што е вистина што не и можеби ќе добиеш уште една шанса. Сега олади малку. Ако ти побарал да го остаиш направи го тоа.
     
  8. One-Girl

    One-Girl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Извинете но нова сум на форумот, денес се регистрирав за да го напишам ова. Фала ви премногу за мислењата, многу ми значат. Премногу сум виновна, знам! Ќе почнам нов живот, без него секако. А за тоа со болницата, сигурно бил, проверив сама. Поз до сите
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    99.742
    Пол:
    Женски
    Сериозно имаш 20 години????По мене нема нормален човек кој би ја сакал играта топло-ладно-топло.Си грешела во однесувањето пеки.Си се поправила пеки.Исто и тој.И каде е сега грешката?Мене ова ми личи на добро испланирано сценарио да се оддалечи од тебе.И мислам дека ниеден психијатар не може на некого да му каже што да работи. А тој можеби си има и други проблеми за кои ти не знаеш.Можеби само му укажал на фактот од каде потекнува неговиот стрес.Е сега доаѓаме до она најважното.Тој сфатил дека ти и твоето однесување сте му стресни.Прашањето е зошто не сака да го поправи квалитетот на врската.И каков е тој човек кој на сите труби за своите проблеми а не е доволно маж сам да се фати во костец со истите.Јас мислам дека овде нема леб драга моја!Продолжи си понатаму...
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Искрено не гледам причина зошто повторно би биле заедно.Извини ама ти ми делуваш на многу размазена девојка која секогаш сака да биде центар на внимание и се да биде по нејзино.Во една врска двајцата треба да бидат подеднакво важни и да се почитуваат еден со друг .Љубовта и меѓусебната толеранција се она од што една врска се храни и опстојува.Топло-ладно играта е за мали деца ,а возрасните кои ја играат лошо завршуваат . Веројатно твојот бивши си имал и некои други проблеми како на работа така можеби и дома ,па му била потребна подршка која за жал не ја добивал од тебе и му пукнал филмот . Мислам дека е најдобро сега да го оставиш ,да се среди и зацели ,а не да го бараш. Тоа што те избришал од се сигурно има добра причина и ако воопшто некогаш си го сакала во име на тоа испочитувај ја неговата волја. За во иднина потруди се да научиш кои се темелите на една врска и како таа се развива и одржува. Поздрав и секое добро
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    А чекај! ти стварно веруваш во тие приказни дека бил на психијатар, па на болница па му рекле да не се гледа со тебе?! девојко, отвори ги очите, тие се само изговори, некој ако сака ке биде со тебе ке биде и точка!
    Туку, нема начин како да го вратиш, едноставно помири се со фактот дека он не те сакал и сврти нов лист..
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека бил на психијатар. Премногу си била себична спрема него и самата си свесна, и свесно си го изгубила. Не би сакала ни мене некој да ме измачува како ти него. Секој се врзува различно за работите особено кога станува збор за личност и љубов. Секогаш има компромис очигледно ти не си знаела што е тоа. Ова ти е лекција на која треба да учиш како да ги цениш луѓето, и не можеш да си играш со некој. Чим сите групно изреагирале на твојот однос спрема него вината е твоја, тој сега се заштитува од тебе и си бара мир и дај му го. Ако сака да биде со тебе, сам ќе те побара.
     
    На AIT и julie77 им се допаѓа ова.
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    И да бил на психијатар сигурно не го собетувал баш тоа, да се оддалечи од тебе! Како не бе, па на секој може да му се случи дечкото / девојката да го игнорира, да не биде толку заинтересиран па нема одма тоа да не советува некој. Не е ова некој толку сериозен проблем, односно тоа што ти си го правела не е толку сериозно за да добие таков совет, туку едноставно дечкото незнаел како да ти каже дека не сака да биде со тебе повеќе. Заборави го, ова не води никаде. А за тоа како си го изгубила.. сериозна си дека не знаеш?! Тој прво не те сакал толку, после ете почнал да се однесува подобро што не мора да значи дека те засакал туку може пробал да води нормална врска и токму тогаш ти си му враќала за предходно. Крајно детска постапка. Ама ајде, барем памет за друг пат.
     
  14. One-Girl

    One-Girl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Знаете што се случи?! Пред некое време се разминавме во едно кафуле и јас нормално не му зборнав бидејќи тој сакаше да го оставам на мира. Но, дојде тој, се насмеа онака слатко како во старите добри времиња, се поздрави со мене и ми рече ''арна си? не правиш муабет'' јас само реков ''не те видов'' и замина. Беше некако како усрамен како да не знаеше што да ми речи и како одвај да чекаше да замини. Си велам, ако ова претходно му беше начин да се отараси од мене тогаш зошто дојде да ми зборни. А и по неколку дека ми се јави со непознат број и ми рече ''еј, јас сум. Ти да не ми ѕвонеше пред малку?'' Ми падна толку чудно и му реков не не и само чао чао и толку. Ете помина една седмица од тогаш. Кажете ми, овие знаци ли се некои или?
     
  15. LusijanaLusi

    LusijanaLusi Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Девојкооо девојкоо..извини ама и ти и он мене ми личите на 2ца мали од 14 год.Си сакала да му вратиш за на почетокот нз шо абе ајде каква психијатрија какви бакрачи имаш 20 год не ми се верува.. Ја немам влакна на јазикот и ке бидам искрена како шо гледам и тебе еднаш ти иска еднаш ти стиска си се однесувала како мало девојче си се лутела нз шо и тој ти попуштал и потоа се се сменило па детето се разболело од тебе како да нееее...мижи Митро тулумби паѓаат..И потоа прашуваш нз како го изгубив..леле земјо голтни ме...си се однесувала детски и размазено искрено кажено...По мое детето тебе не те ни сакало можеби поради секс бил со тебе од кај да знам и потоа ти се закануваат неговите пријатели како да не..извини само сум си искрена може некој нема да се согласи со мене ама секој има право на мислење :)
     
  16. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Јас мислам дека воопшто не бил на психијатар, туку измислил за да може полесно да те откачи .