(Не)исполнети ветувања...

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 26 јуни 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?


    Кога се работи лично за мене, знам понекогаш да ескивирам, ќе си ветам нешто дека ќе го направам или не, а не си стојам на зборот. Но, кога се работи за другите луѓе, не сакам да ги лажам па затоа ветувам некому нешто само кога сум 100 посто сигурна дека можам да го исполнам кажаното. Не сакам да ги залажувам луѓето и да давам лажни ветувања.

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?

    Мене од такт ме вадат вакви луѓе! Кажи си фино лепо не можам да го направам тоа, не сметај на мене, а не вака да прават филмови а ни трошка од ветеното не исполнуваат. Зар не ги е срам!?
     
    На dankee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?

    Кога она што сум го ветила зависи од мене и само од мене, тогаш е исполнето со сигурност. Некогаш ќе скратам дури ако треба и од личните задоволства за да го извршам она што сум го ветила. Себеси не си ветувам никогаш ништо, за да не се разочарам подоцна.
    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?
    Уф леле колку ме нервираат вакви луѓе. Дури и да не е ништо посебно, се работи за моето време и за мојата доверба во нив. А тие тоа туку-така залудно си го протркалале. Не можам да разберам како ама ич не ги боли што изиграле некого и си стојат така ладни како ништо да не било.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.088
    Пол:
    Женски
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?


    Кога се работи за ветување нешто на некого од моја страна - правам се што можам и се што треба за да го одржам тоа ветување, без оглед на тоа што ќе ме чини. Порано без проблем ветував се и сешто, па ми беше криво кога нешто не ќе можев да исполнам само затоа што некои фактори не зависеа од мене. Затоа сега сум повнимателна, си ги знам можностите и кога ветувам нешто некому, прво се преиспитувам дали можам да го направам тоа или не. Ако можам, правам се што треба.
    Она што ќе си го ветам себеси, поретко го исполнувам - ескивирам по малку, но не би требало. Треба да се ценам себеси колку што ги ценам другите луѓе, нели? Ама кога си ветувам нешто себеси, тогаш тоа се некои драстични ветувања, до кои се трудам да се држам по секоја цена.

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?

    Лажни ветувања - ех, колку само сум добила такви, особено во последниве четири години - така научив да не им верувам на луѓето, ништо не земам здраво за готово, секое ветување го прифаќам со резерва, скептично би се рекло. И кога знам дека постои можност некој да не исполни нешто што ми ветил, се трудам да го притиснам да го одржи ветувањето. Ама тоа обично важи за луѓе кои ми се блиски, и на кои можам со денови да им висам над глава :lol: за да го исполнат тоа што ми го ветиле.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.382
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?


    Секогаш. Понекогаш ми се случува во брзање да ветам нешто што е можеби надвор од мојот лимит, но дури и тогаш го исполнувам ветеното.
    Кога станува збор за себе, ни небото не ми е граница за тоа што сум си го ветила. :lol: Ќе превртам и небо и земја да си го остварам ветеното.

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?

    Порано да, сега веќе не. Со текот на времето научив дека можам да се потпрам исклучиво само на себе. Дури и кога некој ми ветува нешто, сомничава сум , не очекувам, ниту се надевам премногу. Животот ме научи дека јас и само јас можам да си ги исполнам соништата и желбите.
     
    На LightOFF му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Секогаш си стојам на зборот,ги исполнувам ветувањата дадени кон другите,затоа што не сакам некого да го изиграм,да го оставам на цедило,кој можеби очекува од мене да си го исполнам ветувањето.Секогаш имам време за другите,покрај ветувањата,доколку некој ме побарал пример и на телефон или порака да ми пратил,нема шанси да не му одговорам,затоа што сум свесна дека ме побарал,а и затоа што не сум таков човек.Страшно ме иритираат луѓе кои неможат да си го исполнуваат ветувањето кон другите,ме вадат од кожа,ми се случило мене некој нешто да ми вети,а не го исполнува ветувањето,само сепак нивно е дали и кому ќе ветат нешто,никој не ги присилува,туку самите се принудуваат себе си,да исполнат нешто за кое што се свесни дека нема да го остварат,смешно ми е кога некој нешто ќе ми вети,мисли дека ќе ме изигра,а јас знам дека ме мафта и воопшто не обрнувам внимание на неговото ветување.Секако знаејки го човекот каков е,можам да проценам дали стои на збор или не.Само доколку сметаш дека даденото ветување неможеш да го исполниш,извини се,не биди лицемерен,биди отворен и искрен,затоа што незнаеш какви се очекувањата на другите.
     
  6. Oluska

    Oluska Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    22
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?


    Кога станува збор за себе се трудам да си го исполнам ветенето но не секогаш успевам во тоа.Што се однесува до другите давам ветување само ако сметам дека можам да го исполнам.Значи ветувам само во границите на моите можности.Не сакам да ветувам нешто колку само да се рече а после да не го исполнам.Секогаш си стојам на зборот.Ветено-исполнето :)

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?

    Иако некој ќе ми вети нешто не се потпирам на него со потполна сигурност.Од секого се очекувам.А нормално дека ме иритираат оние кои ветуваат "кули,вили планини" а од тоа ништо.Само празни ветувања.Подобро ќути си трај си.Ако знаеш дека нешто не можеш да исполниш шо се петлемиш :P
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.674
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?

    - Ветувањата што си ги давам на себе не ги исполнувам секогаш,но кога се работи за другите никогаш не ветувам нешто што знам дека не можам да го направами секогаш си стојам на зборот.
    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?
    - Ме иритираат такви луѓе премногу,а за жал морам секојдневно да слушам празни верувања бидејќи има многу такви луѓе во моја околина,но не се потпирам на нив.Еднаш ме изиграле,втор пат нема. ;)
     
  8. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    1.172
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?

    Да,секогаш ги исполнувам.Поради тоа и не ветувам многу често и не се залетувам со непромислени ветувања,туку само кога речиси не постои шанса да направам утка.Е сега,за разлика од повеќето,како и овде така и во реалниов живот,јас не можам да си дозволам да си го изневерам сопственото ветување,невозможно е такво нешто.Затоа и самата себе не си ветувам нешто за кое не сум сигурна дека можам да си го исполнам,ама ако нешто е ветено нема бегање,мора да си го исполнам или да умрам трудејќи се :) ,зашто и во сонот ќе ме прогонува и нема да имам мир.Сериозно,свеста или потсвеста,или што и да е ,е многу строга во тој поглед кај мене,па морам да се придржувам до ветеното,без оглед дали сум си го дала себеси или на некој друг.
    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?
    Не ме иритираат веќе,не сега кога ја разбирам природата на нивното функционирање.Кога можат да си се залажуваат сами и да не си ги исполуваат сопствените ветувања,која сум па јас за мене да се трудат по секоја цена.Од таа причина и не се ослонувам на туѓи ветувања,дури и кога некој се колне во се и сешто,го примам со резерва.И подобро е така,пријатно можам секогаш да бидам изненадена,непријатно скоро никогаш.
     
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    За мене давањето ветување е голема работа во било која смисла на зборот.Ако дадеш или дадам некое ветување дефинитивно треба да се исполни.Ако не планираш да го исполниш зошто воопшто си го дал,нели??

    Многу пати во животот ми се случило ради срам и наивност да прифатам да направам нешто,а потоа се каам зошто не знам да одбијам.Тоа е веќе застарен дел од мојот живот.Ако нешто не можеш да го направиш не го ветувај,подобро е така. :)
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  10. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Секогаш кога ќе ветам нешто гледам и се трудам истото да го исполнам.
    И да многу ме иритираат луѓе кои ветуваат нешто а знаат дека не можат да го исполнат или воопшто не се трудам.Мразам да бидам изиграна од страна на некого
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.842
    Секогаш си стојам на кажаното и ги исполнувам ветувањата. Ако не можам нешто да исполнам не ветувам. Иако ретко одбивам и ми е тешко да го исполнам сепак наоѓам време и за тоа.
     
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Пред да одговорам на прашањава ќе кажам нешто:

    Никогаш не ветувај ништо кога си среќен и не се откажувај од ништо кога си тажен.

    Е сега...
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?


    Ако можам да го исполнам - ќе ветам. Ако се двоумам или ако не сум во можност да го исполнам - воопшто не ветувам. А ветеното секогаш го исполнувам, дали порано или подоцна - не е важно, но факт е дека секогаш стојам цврсто зад својот збор.


    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?

    Се обидувам да се научам многу да не верувам на ветеното од страна на другите луѓе. Колку повеќе се надевам, толку повеќе ќе се разочарам, зашто секогаш она во кое се надеваме е многу поголемо од вистинското што ќе се оствари(или нема). Така да... никогаш не се потпирам и не зависам од нечии ветување. Секогаш си имам backup plan - или нашински: план Б!
     
    На Flow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    73
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?


    За жал знам понекогаш и да не ги исполнам моите ветувања, највеќе оние малите.. кога ке се договорам за нешто, на пр да искочам, да правам било што, во 5 до 12 може да ми текне дека мене баш и не ми се прави тоа во моментот па да откажам, и тоа знае да ги нервира тие околу мене.. :worried:
    Меѓутоа, кога станува збор за нешто навистина важно сакала нејкела да го правам тоа никогаш не отстапувам од своите ветувања и колку и да не ми одговара во даден момент да правам нешто ке си го направам ко попче, зошто сум ветила.

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?

    Аууу да!!! Посебно кога некој од старт знае дека нешто што за тебе е од големо значење дека нема да може да го исполни.. Е тоа ме вади од кожа! Иначе за мали работи, кога ке ме извиси некој, не можам баш да се лутам зошто и јас го имам направено истото на повеќе наврати. :wasntme:
     
  14. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    814
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?

    Мој збор-мое злато. Не памтам да сум прекршила некое ветување.И кон себе и кон другите.Ако не можам нешто неможам и не ми е проблем да ти го кажам тоа. Но ако ти ветам нешто знај дека е направено.Ете дури и мама ме фали за ова..а верувајте РЕТКО ме фали :D


    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?
    Порано многу верував. Но откако останав без превоз среде ноќ во недела во непознато место ми дојде умот. Сега секогаш гледам со резерва на ветеното.Единствено тато е закон за ветувања! 1000000000 % ке го направи тоа за кое ветил..друг никој... :?: ај може и мажулето мое ама 99 % нека е тој..уште нема диплома за ветувања земено :D
     
  15. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    623
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?

    *Па ако ветам нешто за учејне до сега не исполнував баш се,но годинава се што ветив за училиштето го исполнив(да не е за подрек) :D а инаку друго се што ќе ветам исполнувам и на себе и на другите,ако не ги исполнам ветеното ме гризи совеста ;)

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?
    *Па зависи од ветувањето,навистина ме иритираат луѓето што ти ветуваат дека ќе ти помогнат за некоја работа или пак нешто да ти објаснат што не го знаеш и на крај нема да дојдат,па ако знам дека нема да го одржат нивното ветувајне тогаш никогаш не би се потпрела на нив
     
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.393
    Допаѓања:
    3.537
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?
    Често се трудам на почетокот ама после некако ми пука филмот. Неистраен човек ќе да сум а тоа не е така добра работа. Ама човек може да се смени, се надевам. И што е најтрагично повеќе не ги исполнувам оние ветувања што си ги давам себе си отколку на другите кои речиси секогаш ги исполнувам

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?
    Зависи за што. За некој работи навистина многу, посебно кога јас сум помогнала претходно а сега личноста не си го исполнува својот дел од договорот
     
  17. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    723
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?

    - Никогаш не ветувам ништо на никого :)
    Секогаш велам - '' Ако можам - ќе го направам тоа '' :)
    И, да - ако нешто кажам, се трудам да го исполнам тоа :)

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?
    - Секако - ме иритираат :)
    Но, повеќе не ни тражам нешто од другите .. Баш заради тоа што ме имаат изиграно :)
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.733
    ако си ветам нешто го исполнувам а понекогаш и ескивирам хехе иако тоа се поректко се случува да ветам нешто сама на себе си

    а ако на некоја личност и ветам нечто дека ке и помогнам на билокој начин секогаш си стојам на зборот, и го исполнувам тоа што сум го ветила
     
    На rjgdm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rjgdm

    rjgdm Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    35
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.532
    Се трудам да исполнам се што ќе ветам,но ретко ветувам и долго размислувам претходно,не сакам да се доведувам во ситуација да не го исполнам ветеното тоа го сметам за голема навреда кон личноста на која сме и дале ветување и води кон драстично опаѓање на нашата вредност во нејзините очи.
    Не респектирам луѓе кои даваат лазни ветувања,па уште ако ги фарбаат со лаги-презир е мал збор за она што кон нив чувствувам.Не се доведувам во ситуација да зависам од нечии ветувања,многу внимавам на тоа.А некои луѓе од старт знам дека не се во категорија на луѓе на кои мозеш да се потпреш,па не се ни доведувам во вакви облигациони ситуации со нив.Помалку ветувања-помалку главоболки вази за во двата правци!