1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Не)исполнети ветувања...

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 26 јуни 2010.

  1. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Премногу ме иритираат луѓе од типот, "ахам важи" и после ни трага ни глас, пу пу не важи, тоа ми се луѓе без карактер, луќе без почит. Кога неко му му ветувам нешто секогаш исполнувам, но само ако сум ветила, пред да превземам некоја одговорност секогаш размислувам дали може истото да го реализирам. Како што јас не сакам некој да ме извиси, не сакам ни некој да биде извисен од мене. Кога во нешто не сум сигурна велам, ахам ок, ќе се договориме, ќе видиме друг пат. Кога нешто сум ветила исполнувам, било тоа да е за себе, или за некој друг :)
     
  2. LightOFF

    LightOFF Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    72
    Се трудам да ги исполнам ветувањата што сум ги дала, но некогаш фаќав кривини, ќе дадам ветување но кога ке треба да го исполнам сфаќам дека е надвор од моите граници,и затоа сега ветувам само нешто што ке можам да го исполнам, со тоа јас се чуствувам добро, а од блиските никој не е разочаран :)
     
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Пред да дадам ветување, прво помислувам дали можам да го исполнам! Се трудам да си стојам на зборот.
    Па, доколку не можеш да исполниш ветуање, зошто ми кажуваш дека можеш?! Мразам такви луѓе кои се како нишало, еднаш се бројка, друг пат се глава.., па не можат да си отстојат на зборот! :)
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Секогаш се случува јас да се пренемагам додека него исполнам ветувањето и тоа што сум рекла заради што сум добра ученичка,другарка,девојка а и ќерка. Но, кога е мој ред за да ми биде исполнето тоа што ми го ветиле другите, секогаш нешто излегува да не е така и ме ваѓа од такт, и се чудам како може луѓето да се толку неодговорни и да немаат грижа на совест за моите чувства.. Како и да е,во такви ситуации гледаме кој би направил се а кој не :) :hai:
     
  5. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Се трудам да го исполнам 95% од тоа што сум ветила го исполнувам,Ако сум сигурна дека нема да можам да го исполнам ни пола воопшто и не ветувам никому ништо.А за второто прашање,па да ме вадит од такт и има многу луге околу мене дури и најблиски што ми ветиле а не исполниле,али неможам ништо да направам тука.Тоа си е до самиот човек дали сака да ти помогни или не.
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?


    Да. Кога нешто сум кажала, кажано е. Ретко давам ветување.

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?

    Не би се потпрела и ретко верувам на нечии ветувања. До сега сум имала доволно искуство до такви личности за да сфатам дека значењето на овој збор избледе исто како и на те сакам или извини.
     
  7. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    истиот случај го има и кај мене своите ветувања понекогаш не ги исполнувам а кон другите сум секогаш верна.Искрено многу ме иритираат лугето кои кога ке ветат нешто не го исполнуваат подобро е да кажат дека ке побат,дека ке се обидат отколку само да им даваат лажна надеж на другите
     
  8. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Аууу многу ме нервира кога некој се утепува од ветување а знае нема да го исполни. Разбирам дека може некогаш оправдано да се случи ама нон стоп или за глупости :@
    Затоа ја скоро никогаш ништо не ветувам, за се викам ќе видиме, ќе гледам да завршам ама НЕ ветувам...
    Боље така отколку напразно да се праам нешто
     
  9. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    кога сум сигурна дека можам да завршам работа, па и да имам некој проблем, ќе се трудам да го направам ветуваното па и да е последното нешто што ќе го направам !
    А кога некој не го прави тоа за мене, само знам дека не можам пак да се потпрам на тој човек.
     

    Прикачени фајлови:

  10. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Ретко ветувам ама кога ветувам си го одржувам зборот.Мразам кога некој нешто ке вети и не исполнува.
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Кога ќе ветам нешто настојувам да го исполнам. Ако знам дека нема да исполнам нешто, тогаш зошто да ветувам и да давам лажна надеж?
    Инаку, сум била жртва на неисполнети ветувања и многу е непријатно, многу боли. :( После тоа се прашував како сум можела да верувам...
    Многу ценам луѓе кои си стојат на зборот и кога ќе ветат нешто навистина исполнуваат.
     
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Често знам да си зацртам цел, ветување.
    Некогаш кога сум доста мотивирана, исполнувам.
    Се случувало и сеуште се случува негогаш да не исполнам.Ама ако не исполнам не значи дека се пропаѓа во вода, па да се затворам во соба и да плачам. Ке се трудам колку-толку да одам до крај.

    Ретко давам ветувања на други, ама кога е ветено-исполнето е!
    Сум била изиграна неколку пати, да ми било ветено, а не било исполнето, па повеќе не барам ветувања ниту верувам во нив.
    Prove it! :smoke:
     
  13. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203

    Своите ветувања кон другите ги исполнувам,секогаш се трудам,зошто знам колку мене ми смета кога некој ќе ме изигра!
    Своите ветувања кон себе,можам да кажам делумно ги исполнувам,зависи од можностите.Битно ги исполнувам оние кои се реални и побитни во одредено време.
    Ме иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања,уште повеќе кога ќе ветат по своја иницијатива и пак на крај ништо!! :swear: Многу пати сум поверувала на ветување и сум била изиграна и поради тоа не штедам зборови да им кажам колку ме разочарале. :!:
     
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    мразам мразам мразам највеќее мразам неисполнети ветувања :devil:
    боље не ми кажувај ако не мислиш да го исполниш.. !
     
  15. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?

    Ако зависи само до мене го исполнувам. Не сакам на луѓето да им ветувам нешто ако не сум 100% сигурна дека можам да го исполнам, бидејќи не сакам да ги разочарувам. А, ветувањата кон самата себе и не си ги исполнувам баш. :tmi:

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?
    Уфф не да ме нервираат.. Многу мразам кога некој не си стое на зборот.. Па и за најситната работа нека е бре несакам да ме лажат!!! :@
     
  16. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    На прашањето дали ги исполнувам ветувањата и барањата што ги давам ќе речам НЕ.
    Бидејќи тоа е едноставно лигавење по Скопски (лижење гз) простете на издраз.
    Издразот ја изгуби смислата исто како што ја изгуби смисла фразата : ДА ГО ЗНАЕШ ОВА КАКО ОЧЕ НАШ!
    Кога ќе ни речеше некој постар ..особено учен во време на комунизам :puke: ...
    ДАЛИ ЈА ЗНААТ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ ШТО СЕ ТЕПААТ НА КАЛЕ ЗА ЦРКВАТА ОЧЕ НАШ ?! 8)
    Ај запрашајте се па после делете секакви етикети ...
    А додека мојте желби према останати биле ЖЕЛБИ а не барања и во најмала рака УЛТИМАТУМИ и уцени ..дури уцени кажани со империјалистички говор...скрае да е...не сум таков не барам ништо од никој на таков начин туку ако сакам нешто ќе му се всадам во психата..ќе го натерам да биде опседнат со мене .. зашо се е во животот градено на доверба и пари и позамјици во психолошки и материјален смисол па и духовен.. :swear: толку од мене да не бегам од темата.
     
  17. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?


    Никогаш не го ветувам она што неможам да го исполнам. Секогаш стојам на зборот (мислам дека нема исклучоци) и го исполнувам тоа што сум го ветила. Поубаво нема да го ветам и веднаш кажувам не, не ветувам дека ќе го направам, ама ќе се потрудам отколку да кажам ветено, а да не го исполнам, затоа што не е во ред да му даваш лажна надеж на некого и на крај да го разочараш. :!:
    До тука зборував кога ветувам на други луѓе, а за ветувањата кон самата себе.. :?: не ги исполнувам баш секогаш, но тоа е што е. :)

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?

    Да, ептен ме иритираат и неможам да ги поднесам. Многу мразам кога нешто ќе ти ветат, а потоа ги нема тоа да го исполнат. :| :envy:
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас нема многу да дебатирам и филозофирам на оваа тема, само ќе речам:
    За мене човек кој не држи/не си стои на зборот,за мене не е човек.
     
  19. Bok

    Bok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    кога ке дадам ветување секогаш го исполнувам..бидејки нешто што највеке ме иритира е лажно ветување.
    ми се случило тоа да ми го направат и не зборувам со таа личност сега иако ми мнг.значи..
    но..тоа не беше обично ветување. :|
     
  20. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    да јас ги исполнувам ветувањата но страшно сум изиритирано од возрасни луѓе кои не ги исполнуваат и уште се понашаат како деца!!!!да е дете некој ќе го сватам некако...ама една особа никако не можам да ја сватам во животов!!! ЗОШТО дава лажни ветувања кои не може да ги испони??? ШТО се случува со него???...нели му е срам???...не знма немам коментар!!!и се согласувам со SNOW QUEEN за мене човек кој не си стои на ветувањата не е човек!!! и ако продолжи оваа личност со истото темпо како и секогаш....ќе свртам нова страна колку и да е тешко тоа!!!
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.