у право си ветувањето за мене не е само збор што сме го кажале, ептен ми значи затоа секад сум настојувал да го исполнам ветеното макар да било тоа и против мене и затоа пазам што ветувам доколку осетам дека ке неможамда си останам на зборот не ни ветувам
јас ретко знам де ветам нешто,ама кога ке ветам го исполнувам.....до сега се сум исполнила што сум ветила,се надевам дека така ке биде и во иднина....
Скоро никогаш не ветувам, зашто не сум 100% сигурна дека ќе го остварам. И баш заради таа моја особина многу мразам кога некој ќе вети нешто а не го исполнува Подобро е да не се ветува вопшто, отколку да се прекрши ветувањето
Добро сум позната по тоа што ќе ветам дека морам да го исполнам денес го исполнив ветеното од пред некој ден. Но многу ретко исполнувам ветување за себе си секогаш себе си се ставам во втор план иако знам дека многу губам поради тоа ете посилно е од мене. Личностите кои ми ветиле нешто а не го исполниле ветеното не им покажувам дека сум навредена меѓутоа тие личности иако постојат во мојот живот едноставно не се ни замарам со нив,бидејќи тоа се личности со слаб карактер
Ретко ветувам но кога се случува тоа си го исполнувам ветувањето. И најмногу мразам кога некој ќе ми вети нешто а не го исполнува тоа. Едноставно тоа се неодговорни личности!
Ако нешто не можеш или не сакаш да исполниш,зашто да даваш празни ветувања.Многу се нервирам кога некој ке ми даде лажна надеж,бидејќи тогаш разочарувањето е многу поголемо.Што не можеш да испониш,едноставно не ветувај!!!!
Многу пати ми ветувале,а не го исполниле нештото,па сум останала разочарана.Јас кога ветувам нешто и кажам дека така ќе биди и така е .Кога знам дека нештото нема да можам да го исполнам тогаш не ни ветувам нешто.Многу ме нервира кога некој ќе речи дека ќе го исполни ветувањето,а потоа не го прави истото. Е тоа ме вади од такт
Јас мразам ветувања бидејќи многу пати сум се разочарала и од туѓите ветувања, а и од сопствените. Поради тоа не сакам никој да ми ветува било што, ниту пак јас сакам некому да ветам нешто. Често се случило да ветам нешто, а да не го исполнам, најчесто нешто што сум си го ветила себе си и тоа многу ме нервира. А за другите баш и не ми е гајле ако не го исполнат ветеното, се навикнав веќе да ти даваат лажни ветувања.
Секогаш се трудам да ги исполнам моите ветувања што им ги давам на други луге, доколку заклучам дека неможам да исполнам нешто, не го ни ветувам бидејки не сакам да давам лажна надеж. Многу пати се имам разочарано од туги ветувања и знам како сум се чувствувала и затоа несакам другите така да се чувствуваат за моите ветувања
Најчесто ништо не ветувам, а ако ветам не зборувам во детали, поточно не давам голема надеж, но штом ветам исполнувам... А што се однесума за ветувањата што си ги давам на самата себе, ме прелажува да не ги исполнувам... Бидејки многу често барам големи нешта...
.. ...ретко ветувам,ама само ако знаам дека можам да исполнам.......ако не можам не ни ветувам... ...оние кои ветуваат а ништо не исполнуваат неќам да ги помирисам во моја близина а не пак да се дел од мојот живот.....додуше си имам се и ретко барам услуги или помош,ама очекувам од тие што ќе ми ветат и да си исполнат ветување.. ..до сега не се случило такво нешто сите заборавиле што ветиле а за исполнување ич,....сепак фала на бога сум успеала и без нивните ветувања и неисполнувања...
Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ? Си стоите ли на својот збор? Кога се работи за мене, знам често да не го исполнам она што сум си го ветила сама на себе, но кога се работи за други, секогаш се трудам да го ветам тоа што стварно мпжам да го исполнам, ако нешто неможам си кажувам отворено Извини јас тоа неможам и готово. Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат? Секако дека ме нервираат вакви луѓе, што се удараат у гради еее видете ме јас ова можам, јас она можам тикви можиш ти кажи бре отворено НЕ МОЖАМ.
Се трудам да не ги извисувам луѓето. Ветувањата што си ги давам на самата себе порано си ги исполнував со мака, ама сепак кога ќе си кажев нешто се држев до тоа. Сега некако ми опадна тој ентузијазам да си бидам верна на себе. Инаку многу е добро ако го следите тој патоказ, што ќе си зацртате да исполните. А ме нервираат такви луѓе што многу се фалат и ветуваат. Од тие ништо не бива. Ако е машко такво одма го бришам од листа.
Јас досега се што сум ветила на смамата себе а и на друѓите сум ѓи исполнила ветувањата.Секогаш си стојам на збор,што и да кажам тоа правам...
Да што и да ветам ке исполнам ако се работи за некого мора да го исполнам по секоја цена,бидејки занм како би се чувствувала јас кога некој нема да ми исполни нешто за кое ми ветил,но за ветувањата кон себеси знам да направам исклучок.
Ako jas dadam zbor i toa mora da go ispolnam za bilo sto da se raboti.Mozebi i najmala sitnica da bide ama za mene toa e golema rabota.Ama dokolku nekoj (a ima mnogu)gledam deka ne go ispolnuva vetuvanjeto mu stavam delete
Не ветувам многу, а досега се што сум ветила сум исполнила. Се надевам, така ќе биде и во иднина. Многу негативна и одбивна работа ми е ако некој ветува,а не исполнува. За пример ќе земам една блиска другарка која ми е се нај, нај, ама многу пати и се има случено да вети, па на крајот да не исполни. Мислам дека луѓето кои ветуваат, а не ги исполнуваат ветувањата имаат голема маана.
Сакам луѓе со став. Луѓе кои си стојат на зборот и кога нешто ќе ветат, ќе сторат се да го исполнат. Сепак, ова денес е реткост и се' почесто води до разочарување и од оној кој ветил-не исполнил и од самите себе!
Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ? Си стоите ли на својот збор? -Не. Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? -Не Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат? ...