1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Не)исполнети ветувања...

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 26 јуни 2010.

  1. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите? Си стоите ли на својот збор?
    Ретко, всушност и воопшто не сакам да ветувам-сакам само да ја направам вистинската работа. Се раководам по она „дела, а не зборови“!! Но ако треба да ветам за да верува некој во мене, ако треба да му влеам сигурност дека ќе го направам тоа, тогаш ќе ветам. Непредвидливи се ситуациите и не секогаш исходот е онаков каков што сакаме. Ми се случило да не исполнам ветување, секако по моја вина но ненамерно. После тоа се трудам да ја надополнам штетата што сум ја направила, да најдам некое (барем) приближно решение откако ќе се осигурам дека сум дала сè од себе за да си останам на зборот.

    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?
    Ме иритираат луѓе кои се јаки само на зборови, а кога ќе дојде време да се покажат на дело ги нема нигде. Бев наивна и сум добивала многу лажни ветувања, за на крај секое од нив да резултира со ново разочарување. Единствената што нема да ме изигра сум самата јас. Сè што ќе кажат другите влегува од едно, а излегува од друго уво. Не е дека воопшто не обрнувам внимание, но не го земам тоа здраво за готово, значи не се надевам и не ме погодуваат веќе скршените ветувања.
    На крај она што е најважно се делата, тие прават една личност да биде комплетна!
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Да ја сум личност што секогаш ги исполнува своите ветувања и секогаш го одржувам дадениот збор,инаку многу ме нервираат неорганизирани луѓе што едно ветуваат а друго остваруваат :!:
     
  3. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ?
    Си стоите ли на својот збор?

    Најмногу себеси си ветувам,а многу ретко си ги исполнувам.Ама,на другите ретко ветувам,но кога ке ветам,ветено е,чим давам збор го исполнувам.Може да се брои на прсти колку пати сум ветила нешто,ама секогаш сум стоела на зборот.Ако неможам да го исполнам ветувањето,не давам лажна надеж.
    Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат?
    Повеке не верувам кога некој нешто ке ми вети дека ке го исполни.Подобро да каже искрено туку да дава лажна надеж.
    Досега многу им сум згрешила на некои,но никогаш не им сум ветила туку сум кажала дека ако можам ке го направам тоа,а на крајот ми викаат дека сум ветила,а јас всушност ништо не сум ветила и ова стварно многу не нервира. :)
     
  4. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .... :!: .....одсекогаш сум сакала фер игри....мразам лажење и дволичност..... :!:
    .. :^) ..да, секогаш ги исполнувам моите ветувања,а ветувам само ако можам да ги исполнам...ако не можам не ветувам ништо и на никого.......
    ... :?: .нормално дека очекувам и од другите исто.. :sweat: ..ама не е така...додуша ретко ми треба помош и имам потреба од ветувања,ама сакам тоа што ќе ми се вети и да се исполни....
    .....луѓе кои ми биле најблиски и сум ги сакала многу,многу,не исполниле ниедно ветување,така да нештата почнав да ги правам самата....а ако не можам не барам поќе помош и ветувања од други туку се помирувам со фактот дека тоа е така и крај... :fubar: .
     
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сум го исполнувала тоа што ќе го ветам и мразам лажни ветувања и разни надежи!!
     
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Во повеќето случаи кога ќе ветам нешто на некој, го исполнувам тоа. Но се случувало и некои ветувања и pinky promise да не ги исполнам, не за некоја друга причина туку поради тоа што не биле толку битни и на двете личности.
    Сакам кога некој нешто ќе ми вети, обожавам ветување од друга личност. Сакам да знам дека некој нешто ќе исполни, се става под заклетва за мене, значи му значам. Така го сметам тоа јас.
    А доколку некој не исполни ветување страшно многу се разочарувам и ја губам сета доверба што сум ја имала, без око да ми трепне.
    Ништо посебно, само ветувањата ги сфаќам сериозно.
     
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Како и секој студент си ветив дека ќе учам ама не го исполнив тоа и сега ми е мака. |(
     
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Јас сум личност што ги исполнува своите ветувања,но и ветувањата на другите.Страшно ме иритираат личности што не ги исполнуваат ветувањата,па и се обидуваат да се оправдаат со лаги и манипулации.
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Секогаш ама баш секогаш тоа што ке го ветам ке го исполнам,не сум тип кој манипулира и од куртоазија ветува а тоа не го мисли сериозно туку само на муабет,кај мене такво не постои,јас сум човек со дела а не со празни муабети.
     
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Моите ветувања секогаш ги исполнувам, и ако ветам и некоја банална работа, секогаш ќе ја исполнам.
    Затоа вероватно и очекувам и другите тоа да го прават, а бидејќи не го прават, се разочарувам.
    Ама што е тешко ако ми речат тогаш и тогаш тоа ќе правам, тогаш ќе ти се јавам, или што и да било, тоа да го исполнат? Или барем благовремено да ме известат дека нема тоа да го направат од х причини.
    Што знам, мене ми тоа доаѓа исто ко лажење... Чекаш нешто што некој ти кажал, а од него ни трага ни гласа...
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Кoга станува збор за ветувања што сум ги дала сама на себе, ако ме фати неодлучност знам да одложувам и да ја баталам работата. :D
    Aма кога се работи за ветување кон некој друг, како прво не ги сметам ти ветувам за зборови кои лесно се кажуваат во било каква ситуација. Пред да ги изговорам, помислувам дали навистина ќе можам да го остварам тоа, и секогаш се трудам да си стојам на зборот.
    Ме нервираат неодговорни луѓе што лесно ветуваат, а уште полесно забораваат на ветеното.
    Затоа мислам дека подобро да не ветиш нешто доколку не си сигурен дека ќе го исполниш тоа, отколку да оставиш на цедило и да разочараш некого. :)
     
  12. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Често пати сум си ветила нешто себеси но не сум успела да си го одржам ветувањето, но ако дадам збор на друг ќе го исполнам па и на глава ако треба да стојам. Премногу ме иритираат луѓе што не си го исполнуваат дадениот збор, најверојатно дека јас не сум таква, па тоа страшно ме нервира и одма ги откачувам несакам со такви личности да си имам работа
     
  13. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    30.789
    Пол:
    Женски
    Кога и да сум ветила нешто,давам се од себе за тоа да го исполнам.Знам како е кога некој дава лажно ветување и колку боли што нњ било исполнето. :)
     
  14. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Уххх...мене ова од памет ме вади искрено. :tmi:
    Толку многу луѓе ми ветиле нешто,а не исполниле,ехехеееее...не можам да ги добројам. :D
    Можеби изгледа смешно,ама за мене тоа е како некој прекршок.
    Секогаш кога ми ветува некој нешто му велам да не ми симнува ѕвезди и дека кога ќе дојди време ќе го направи тоа ветеното без да ми вети претходно.
     
  15. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Признавам дека сум ветила многу кафиња на момци кои ме начекале во тесно и сум немала каде , а после мистериозно ме снемувало и никогаш не сум го исполнила ветувањето :tmi:

    За се друго сум максимално одговорна , ама стварно :!:
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.803
    Пол:
    Женски
    Одржувам ветувања од типот и да ги имам дадено пред 10 години. За такво конкретно и се сеќавам (се разбира одржувам ветувања на кои се сеќавам), беше пред многу години, им ветив на моите нешто и јас уште го одржувам и знам пред година дена тие заборавија на тоа и кога ги потсетив само ме гледаа зачудено како уште го одржувам ветувањето.
    Одржувам ветувања ама неможам да лажам и дека доста пати немам одржано.
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Моите родители од трето одделение ми кажуваа дека ќе сум добиела куче ако на крај на година ми се сите 5ки. :D И јас учев само за куче, а сега ќе земеме куче и вака и така. :rofl: Ама, не велам дека не вределе сите тие лаги. Поточно тие лаги ме натераа да сум поуспешна. :wasntme:
     
    На LittlePinky и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  18. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Ветувања кои не сум ги исполнил се личните... На пример... од утре седнувам учам...и еве веќе 6 години го чекам утрето. А да ветам нешто на друг стварно се трудам да го исполнам како знаам и умеам.

    А за некој што не исполнил ветување... Моите дома... Синко учи и ќе ти купиме компјутер (ова кога бев 6то одд) и јас учам учам и на крај ништо... (можи ова е причината што уште го чекам утрето кога ќе учам) :rofl:
     
  19. Madonna7

    Madonna7 Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Не ги исполнувам ветувањата кои си ги давам сама на себе.
    Голем душман сум си.И постојано си ветувам,се убедувам самата себе дека нема веќе да се занемарувам,дека ова,дека она...и на крај ништо.
    Кога ветувам на друг нешто,добро се подразмислувам дали можам да го исполнам ветеното.Ако не можам,не ветувам .
    А колку луѓе ми имаат ветено се и сешто ,па на крај ниту В од ветувањето.
    Ама од ветување куќа не паѓа.
     
  20. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    ветувањата кои си ги давам сама на себе,понекогаш не ги исполнувам,за жал...ако ветам нешто на некој друг,се трудам да го исполнам ветувањето,или пак воопшто не ветувам ако не планирам да си стојам на својот збор...Tатко ми понекогаш знае да вети нешто,ама ќе се изначекам додека да го исполни ветеното... :D